Генетика

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 58

Генетика

- Аристотел сексуално и асексуално размножување


- Гален ,,De semme”, ,,De fetus formatione”
- Луис Меркадо (16 век) ,, De morbis hereditarris”
- Л. Спаланцани и К. Баер сперматозоиди и јајце клетка
- Грегор Фридрих Мендел (1865) фактори на наследувањето
- Томас Хант Морган- Drosophilia Melanogaster
- Валдејер (1988)- хромозоми
- Вирхов – успеал да ги види под микроскоп
- Tjio и Levan- го дефинираат точниот број на хромозоми во 1956 година
Поделба на генетиката според објектот врз кој е фокусирана:

• Генетика на бактериите и вирусите


• Фитогенетика
• Анимална генетика
• Хумана генетика
Области на хуманата генетика:

• Цитогенетика- хромозоми, хромозомски варијации, хромозомски мутации, пренатална


цитогенетска дијагноза
• Молекуларна генетика- генетика на молекуларно ниво: ги изучува молекуларните
механизми на активирање или неактивност на одредени гени
• Развојна генетика- генетика на стареење, диференцијација- се однесува на созревањето
на одредени функции (имунолошкиот систем, промена на видовите на хемоглобин
постнатално и сл.)
• Дисморфологија- морфолошките промени на надворешниот изглед и нивна асоцијација
со генетски мутации
• Популациона генетика- фреквенцијата на одредени гени во одредена популација и
одредување на генски ризици за појава на одредена болест
• Имуногенетика- генетика на имунолошките механизми и трансплантацијата
• Онкогенетика- генетските механизми на онкогенезата-ги истражува гените што
предизвикуваат наследни форми на карцином
• Фармакогенетика- влијанието на одредени лекови врз организмот, интеракцијата на а.с со
организмот, особено резистенцијата кон лекови и идиосинкразијата
• Генетски инженеринг- манипулации со ДНК и РНК со цел испитување на гените или
создавање на генски продукти, трансгенични животни
• Генетика на клонирањето- создавање на нови организми (генетски идентични со
дарителот) од соматска клетка на еден организам со внесување оплодено јадро во
цитоплазмата на соматската клетка
• Протеомика- истражување на сите протеини кои во одреден момент се синтетизираат во
одредено ткиво врз основа на генска информација
• Метболомика- сплет на метаболички настани во ткивото во одреден момент базирано на
генски активности
Хемиски состав на клетката
Макроелементи
• 98% од клетката припаѓа на C, H, O, P и S
• Na, Ca, K, Mg и Cl

Микроелементи
• застапени се во помали количини (<0.01%)
• кофактори во метаболичките процеси
• Fe, Zn, Mn, I

Неоргански соединенија
Вода
• застапена е од 50-95%
• неопходна за нормално функционирање на клетката
• растворувач (хидрофилни супстанци)
• количината на вода во клетката зависи од:
- староста на организмот (со стареење се намалува количината на вода во клетката)
- метаболичката активност
- видот на ткивото

Органски соединенија
• Јаглехидрати
• Липиди
• Протеини
• Нуклеински киселини

Јаглехидрати
• содржат скелет од јаглеродни атоми за кој се врзани атомите на водород и кислород во
однос 1:2:1 и кето група карактеристична за јаглехидратите
• во воден р-р формираат прстен
• ОН група- растворливост во вода
Моносахариди
• содржат хидроксилни групи и кето или
алдехидна група
• оксидираат до јаглерод диоксид и вода
со ослободување на енергија
• според бројот на јаглеродни атоми во составот се поделени на триози, тетрози, пентози
(деоксирибоза и рибоза), хексози (глукоза, фруктоза и галактоза)

Сложени шеќери
• Олигосахариди (2-10 ковалентно поврзани моносахаридни единици- малтоза, лактоза и
сахароза)
• Полисахариди (макромолекули со голем број моносахаридни единици по пат на
кондензација- целулоза, гликоген)

Липиди
• хидрофобни органски соединенија
• составени се од три молекули на масни киселини поврзани со глицерол (прости масти)
• сложените липиди покрај глицерол и масни киселини содржат и друга компонента (пр.
фосфатна група)
• Улога на липидите:
- енергетско депо
- структурна улога (фосфолипиди)
- регулаторна улога
- заштитна улога
Фосфолипиди
• Главна структурна компонента на клеточната мембрана
• Холестерол (25%) -се наоѓа помеѓу две фосфолипидни молекули и се поврзува со своите
хидрофилни краеви за главата на едната, а со својот хидрофобен крај за хидрофобниот
опашен дел на друга фосфолипидна молекула
• холестеролот ја спречува кристализацијата и ги држи фосфолипидите на одредено
растојание
Протеини
• Изградени се од голем број аминокиселини поврзани меѓусебно со пептидна врска
• Содржат три групи:
- амино група
- карбоксилна група
- странична група (R-остаток)
Нуклеотиди
• изградени се од пентозен шеќер поврзан со азотна база со јаглеродниот атом на позиција
1’ и со фосфорна група со јаглеродниот атом на позиција 5’
• пентозен шеќер: рибоза и деоксирибоза
• азотната база може да биде пуринска и пиримидинска
• Пурински бази: аденин и гванин
• Пиримидински бази: цитозин, тимин (во деоксирибонуклеотид) и урацил (во
рибонуклеотид)
• шеќер+азотна база = нуклеозид
• Улога:
- пренос на енергија (АТР)
- основна компонента на генетскиот
материјал на клетката (ДНК, РНК)

Структурна организација на еукариотската клетка


Клеточна мембрана (плазма мембрана)
• континуиран липиден двослој меѓу кој се вградени протеини
• протеините кои со нековалентни интеракции се одржуваат меѓу липидниот двослој играат
улога на:
- Рецептори
- Носачи
- Ензими
- Структурна врска меѓу цитоскелетот и екстрацелуларниот матрикс
• Површинските протеини и дел од липидите имаат ковалентно поврзан ланец од
олигосахариди што веројатно учествува во интерклеточна комуникација
• Делот на површината на клетката богат со јаглехидрати (гликолипиди и гликопротеини)
лоцирани исклучиво екстрацелуларно (плазмалемата) или кон луменот на органелите се
нарекува гликокаликс

Цитозол

• дел од цитоплазмата надвор од клеточните органели


• опфаќа 55% од вкупниот клеточен волумен
• интермедиерен метаболизам
• протеински влакна-форма на клетка, движење на цитоплазмата и места за прицврстување
на други клеточни структури (цитоскелет)
• инклузивни телца (гранули)
• 20% од тежината отпаѓа на протеини (желатинозна маса)
• Рибозоми (рибонулеопротеински честички на кои се одвива синтеза на протеини)

Рибозоми
• голема и мала субединица
• мала субединица (вкупен коефициент на седиментација е 40S) се состои од една молекула
rRNK врзана за 33 различни протеини
• голема субединица (60S) влегуваат 3 различни молекули на rRNK и повеќе од 40
рибозомни протеини
• на рибозомите се синтетизираат протеините на цитозолот одговорни за интермедиерниот
метаболизам

Ендоплазматичен ретикулум
• Свиткана мемебрана што наликува на низ од сакули и канали
• Гранулиран ЕР- со рибозоми
• Мазен (агранулиран)-без рибозоми
• Гранулираниот ЕР наликува на збир од плоснати сакули, наместени една врз друга
(цистерни)
• Присутен е во сите клетки освен во сперматозоидите
• Овде се синтетизираат мембрански протеини и гликопротеини
• Мазниот ЕР претставува физички дел од истиот мембранозен систем, но без рибозоми и
во облик на мрежа од фини тубули
• Количината варира во различи клетки (најразвиен е во клетките специјализирани за
метаболизам на липиди на пример во хепатоцити)
• Овде се наоѓаат ензими неопходни за синтеза на холестерол
• Главна функција е производство на липиди (холестерол и фосфолипиди)

Голџи систем (Голџи везикули)

• По синтезата во гранулираниот ЕР, секреторните протеини преминуваат во Голџи системот


• Се наоѓа во близината на јадрото и е изградена од континуирана серија на плоснати,
дискоидни мембранозни цистерни
• Има два различни региони
- Cis регион во близина на мазниот ЕР со кој се фузираат везикулите
- Trans- регион кој е близу до плазма мембраната со кој се поврзани секреторните
везикули (транспорт на протеините)
• Одговорен за транспорт на макромолекулите во клетката

Лизозоми
• Мембранозни сакули со хидролитички ензими за интраклеточна разградба на
макромолекули (протеази, нуклеази, липази итн.)
• Оптимална активност при рН 5
• Цитоплазмата е заштитена од дејството на овие ензими бидејќи лизозмната мембрана е
непропустлива за истите
• Мембраната содржи транспортни протеини што користат енергија добиена со хидролиза
на АТР и пумпаат водородни јони во луменот што ја обезбедува киселата рН
• Мембраната содржи и рецептори што се препознаени од страна на специфичните
транспортни везикули непосредно пред фузијата
• Постојат 2 класи на лизозоми
- Примарни лизозоми- новоформирани и не содржат супстат за разградба
- Секундарни лизозоми- имаат различна морфологија и содржат супстрат
• Супстратот (крупни честици и молекули) со помош на ендоцитоза или фагоцитоза
навлегуваат во клетката при што се формира везикула
• Везикулата со супстратот се спојува со примарниот лизозом што содржи хидролитички
ензими и понатаму се формира секундарниот лизозом во кој се врши разградување на
внесените материи

Јадро (nucleus)
• највпечатлива, кружна органела
• Содржината на јадрото (нуклеоплазма) е одвоена од цитоплазмата со јадрена обвивка
(двојна мембрана- изградена од двослоен липид, одвоени меѓусебно со перинуклеарен
простор)
• Надворешната мембрана е во континуитет со мембраната на ЕР и често се наоѓаат
рибозоми
• Внатрешната мембрана е поврзана со надворешната со помош на јадрени пори
• Јадрената мембрана најмногу се шири при синтезата на ДНК и РНК
• Сите видови РНК и рибозомите се синтетизираат во јадрото за потоа да преминат во
цитоплазмата, додека протеините кои функционираат во јадрото се синтетизираат во
цитоплазмата и мора да се внесат во јадрото
• Се смета дека оваа размена се одвива низ јадрените пори кои се обложени со осум големи
гранули (комплекс на јадрени пори)
• Веројатно, селективно ги транспортира големите честички, односно со активен транспорт
ги транспортира новите рибозомски субединици и РНК, претходно поврзани со посебни
протеини во рибопротеонуклеински комплекси, а ги внесува големите молекули (ДНК и
РНК-полимераза) кои се издолжуваат и на тој начин се внесуваат во јадрото
• Во нуклеоплазмата се наоѓа хромозомската ДНК, која со поврзување со еднаква маса
хистонски протеини е спакувана во хромозомски влакна
• Во интерфазното јадро хромозомите се издолжени и невидливи под светлосен микроскоп,
меѓутоа јасно се воочува јадренце
• Јадренцето го формираат хромозоми со секундарни констрикции, познати под името
нуклеарни организатори.
• Основна физиолошка улога на јадрото е управување со синтезата на РНК

Пероксизоми
• Органели слични на лизозомите, создадени од ЕР
• Обвиткани се со единечна мембрана, содржат оксидативни ензими, каталаза и
пероксидаза
• Сите оксидативни ензими содржат водороден пероксид кој е токсичен,
• Каталазата го раградува до вода и кислород
• Се претпоставува дека основната функција на пероксизомите е ослободување на
топлинска енергија

Митохондрии
• Стапчести структути кои заземаат 25% од волуменот на цитоплазмата
• Обвиткани се со две мембрани што значително се разликуваат
• Надворешната содржи 50% липиди и 50% протеини, дополнително и порини, што ја
објаснува поголемата пропустливост
• внатрешната 80% протеини и 20% липиди, создава голем број инвагинации (кристи) кои
навлегуваат во централниот простор (матрикс)
• На врвот од овие кристи се наоѓаат топчести формации како ензимски систем (АТПсинтеза)
кој синтетизира АТП од АДП и П.
• Во внатрешната мембрана се наоѓаат и ензими кои учествуваат во врзување на кислородот
и транспортот на електрони и протони, како и пермеази кои ги транспортираат молекулите
АТП, АДП, фосфат и цитрат
• Воедно формираат и канали низ кои можат да поминуваат молекули во митохондриите и
надвор од нив.
• Липидниот двослој на внатрешната митохондријална мембрана содржи висок процент на
кардиолипин (фосфолипид) кој ја прави мембраната непропустлива за јони, а пропустлива
за кислород, јаглероден диоксид и вода
• Во матриксот се наоѓаат неколку копии на релативно, мали, циркуларни молекули ДНК,
наречена митохондријална ДНК
• Митохондријалната ДНК содржи информација за 5-6 клучни протеини од внатрешната
мембрана како и за митохондријалните рибозоми кои се наоѓаат во матриксот
• Меѓутоа, за голем број митохондријални протеини, генетската информација се наоѓа во
ДНК на јадрото, а нивната синтеза се одвива на рибозомите

Нуклеински киселини
• Авери, МекЛеод и Мек Карти (1940)- со внесување на т.н трансформирачки принцип кој
обезбедил бактеријата Diplococcus Pneumoniae да синтетирзира капсула се состои од ДНК
(разорена со деоксирибонуклеази)
• Херши и Чејс (1950)-испитуван е бактериофагот Т2 што ја инфицира Escherichia coli (DNK на
фагот е обележан со радиоактивен изотоп на фосфор, а протеините со радиоактивен
изотоп на сулфур-докажано е дека при инфекција влегува само ДНК на фагот, но не и
протеинската обвивка)
• Вотсон и Крик во 1953 година го откриваат просторниот модел на ДНК. Резултатите се
базирани на претходни сознанија, односно, непосредно пред нивното откритие,
Розалинда Франклин, користејќи рендгенска дифракција на молекулот на ДНК доаѓа
многу блиску до структурата, што е искористено од двајцата научници за што добиваат
Нобелова награда.

Структура на ДНК
Полимер составен од мономери-нуклеотиди.
Структура на нуклеотидот
• Органска азотна база
• Пентозен шеќер-деоксирибоза
• Фосфатна група

Шеќер
Пентоза (2’-деоксирибоза)- се јавува во циклична
(Хејвортова) и во линеарна (Фишерова) структура

Азотни бази
• Пурински бази: аденин (A) и гванин (G)
• Пиримидински бази: цитозин (C) и тимин (T)

Азотна база + Шеќер = Нуклеозид

Фосфатна група
Фосфатната група се поврзува со јаглерод 5’ од шеќерот

Полинуклеотиди

• Нуклеотидите се поврзуваат меѓусебно и градат полинуклеотиди со помош на


фосфодиестерски мостови
• Двата краја од полинулеотидот се различни
• Различна должина на полинуклеотидите

Просторна структура на ДНК


Според Вотсон и Крик, само структурата на хеликс (спирала) може да ги реши сите својства што ги
има ДНК, неопходни за да е носител на генетската информација

• Молекулот се состои од две нишки спирално завиткани една околу друга


• Азотните бази се внатре во двојниот хеликс, а шеќерот и фосфатите го градат скелетот на
молекулот
• Двете нишки се поврзани меѓу себе со водородни мостови преку азотните бази
• Азотните бази секогаш се поврзуваат меѓусебно по истиот редослед: аденин со тимин,
цитозин со гванин-принципот на комплементарност
• Димензии-едно свртување на хеликсот содржи 10 базни парови и има должина од 34 А,
што значи дека растојанието од едната до другата база е 3.4 А. Напречниот пресек е 20 А
• Двете нишки се антипаралелни, едната е во правец 3’-5’, а другата 5’-3’, што обезбедува
стабилна структура
• Двојниот хеликс има вдлабнатини-репликација и експресија
• Хеликсот е свртен надесно
• Комплементарност- аденин со тимин со двојна врска, а цитозин со гванин со тројна врска
На пример: ако на еден дел од ланецот постои редослед GACCT, на истиот дел од
соседниот ланец редоследот мора да е CTGGA
• Структурата е непроменета при репликација и се зачувува генетската информација

Видови ДНК во хуманиот геном


• Единствени ДНК секвенци
- 50 000- 100 000 структурни гени- гени кои кодираат специфични протеини, рибозомска и
транспортна РНК
- 5% од вкупната ДНК во јадрото, останатата количина не кодира протеини
- 75% кодира гени во една копија- непозната функција
• Сателитска ДНК
- 10-15% од ДНК има куси тандем поврзувачки секвенци кои кодираат рРНК и тРНК
- Должина од 170-250 нуклеотиди се повторуваат илјадници или милион пати
последователно
- Собрани околу центромерот на хромозомите, односно околу конститувниот
хетерохроматин, учествуваат во спарувањето на хромозомите
- Се појавува како сателит на главниот врв на ДНК добиен при центрифугирање
• Репетитивни ДНК секвенци
Секвенца што се повторува во многубројни копии
Се сретнува како:
- Високорепетитивна- се повторува неколку стотици до неколку милиони пати (Alu
фамилија)
- Среднорепетитивна- секвенците се повторуваат од 10 до неколку стотици пати
- Повторувачките секвенци се состојат од неколку базни парови, па се до неколку килобази

Постојат два вида репетитивна ДНК


- Од помали секвенци (до 300 базни парови) што се повторуваат 3.000 000 пати- Alu
повторувачка ДНК бидејќи рестриктивната ендонуклеаза Alu ги препознава овие секвенци
и предизвикува сечење при дигестија
- Втората класа се состои од подолги секвенци (6000 базни парови) со околу 10 0000
повторувања- 5% од вкупната геномска ДНК и се нарекува LI фамилија
- Мутации- причина за наследни болести
- Постојано се зачувува при процесот на репликација
• Митохондријална ДНК
- Циркуларна ДНК-кодира за два типа рРНК, за некои тРНК и за протеински подединици на
цитохром оксидаза и цитохром В
- Една мутација се случува на околу 10 000 години
- Се наследува само од мајкатаи целата митохондријална ДНК е по потекло од мајката
- Промени настануваат само од мутации при клеточна делба
- Мутациите не се коригираат
- Само мутациите што се јавуваат во женските герминативни клетки се пренесуваат на
потомството

Структура на РНК
• Шеќер (рибоза)
• Азотна база (пиримидини: цитозин и урацил, пурини: аденин и гванин)
• Фосфатна група
• Локализирана е во цитоплазмата и јадрото, а особено е концентрирана во јадренцето

Видови на РНК
• Информациона РНК
• Рибозомска РНК
• Транспортна РНК

Две основни разлики:


Рибозомската и транспортната РНК се финални продукти на експресија на нивните гени, што значи
дека нивните гени кодираат само за овие молекули, а иРНК поминува уште еден стадиум на
генска експресија-транслација
Стабилноста- рРНК и тРНК се многу стабилни, мРНК имаат краток полуживот- ефикасна контрола
на нивото на транскрипција.

• Информациона РНК
- ја носи информацијата за пептидната секвенца (протеинскиот молекул) до рибозомите
- Може да се јави во толку форми и големини колку што има активни гени што се
препишуваат

• Транспортна РНК
- меѓу 74 и 95 нуклеотиди
- служи за транспорт на специфична аминокиселина кон растечкиот полипептиден ланец
прикрепен за рибозомот
- Повеќе молекули на тРНК со различна структура можат да служат за трнаспорт на иста а.к
- Сите молекули на тРНК имаат форма на детелина
Aкцепторска рака
- Единствениот крак што не содржи јамка, составен од 7 комплементарни парови на бази и
низа од 4 нуклеотиди на 3 крајот од нишката. На овој крај на секоја тРНК се наоѓа
триплетот ССА во правец 5-3 за кој се врзува а.к во текот на протеинската синтеза.
- Триплетот е додаден по транскрипцијата под дејство на нуклеотидил трансфераза
Дихидроурацил јамка или Д-крак
- Содржи сегмент од 3-4 базни парови и јамка од 8-12нуклеотиди меѓу кои се наоѓа
невообичаен пиримидин дихидроурацил
Антикодонска јамка
- Содржи рачка од 5 парови на нклеотиди и јамка од 7 нуклеотиди во чија средина се наоѓа
антикодонот-триплет од нуклеотиди комплементарен на кодонот од мРНК
- Игра централна улога во декодирањето на информацијата носена од мРНК

Т крак
- Содржи спирализиран дел од 5 базни парови и јамка од 7 нуклеотиди меѓу кои се наоѓа
триплетот ТѱС кој содржи псевдоурацил, невообичаена пиримидинска база

Варијабилен дел
- Оваа јамка се наоѓа меѓу антикодонската и
јамката. Од оваа јамка и од должината на
Д-кракот зависи должината на тРНК која
варира од 74-95 нуклеотиди

Гените за синтеза на тРНК се наоѓаат во групи и


често повеќе молекули се препишуваат во
континуитет
По транскрипцијата од примарниот транскрипт се
откинуваат со помош на ензимот рибонуклеаза
Главната модификација што се случува кај тРНК е
посттранскрипционо додавање на ССА секвенцата на 3 крајот со помош на ензимот тРНК
нуклеотидил трансфераза
Покрај оваа промена, познати се и над 50 вакви промени што се случуваат на тРНК (метилација,
внатрешен реаранжман на бази деаминација и др.)

• Рибозомна РНК
- Компонента на рибозомите
- Рибозомите кај еукариотите се составени од 2 субединици (40S и 60S)
- Поголемата субединица има 3 молекули на рРНК и 49 полипептиди, а помалата еден
молекул рРНК и 33 полипептиди
- При спарувањето, на многу места гради рамки во кои се сместуваат протеинските
молекули
- Кај еукариотите има 4 различни видови рРНК (5S, 5.8S, 18S 28S)
- Потребите за рРНК се огромни и потребна е генска амплификација, што значи рРНК се
препишува во ДНК, а од неа преку транскрипција се создаваат голем број копии рРНК
Репликација на ДНК
- Голема точност (само 0.01% грешки, што е една грешка на 10 000 нуклеотиди) може да
предизвика промени што водат до бесмислена секвенца на ДНК по повеќе циклуси на делби
на пример кај бактериите
- Репликацијата се одвива во сите органи во текот на ембриогенезата и растењето
- Реликацијата никогаш не престанува во коскената срцевина, во кожата и гонадите
- Се случува и при регенерација на оштетените ткива (црнодробното ткиво има поголем
потенцијал за репликација отколку мозочното ткиво)
- Репликацијата се одвива во јадрото на клетките
- Семиконзервативно-секоја нишка од ДНК служи како матрица на која се врши репликација,
односно печатење на нова нишка по системот на комплементарност (аденин со тимин,
цитозин со гванин)
- Принципот на комплементарност се одржува и при процесот на препишување од ДНК во РНК,
но на местото на тимин се врзува урацил
- Репликацијата почнува во т.н извор на репликација каде двете нишки на ДНК се раздвојуваат
во двата правци
- За да дојде до раздвојување на двете нишки неопходен е ензимот хеликаза-поврзување на
едноверижен протеин на местото на раздвојување и неможност за повторно спарување на
нишките што доведува до репликација
- Местото каде што започнува раздвојувањето е многу важно и се нарекува репликативна
виљушка
- ДНК примаза-се создаваат мали делови од РНК наречен прајмер-што е стартна точка за
создавање на нова нишка на ДНК
- ДНК полимераза-се врзува за прајмерот дејствува само во правец 5-3 и доведува до растење
на нишката на ДНК присоединувајќи само бази комплементарни на кодирачката секвенца
- Проблем: синтезата на ДНК се движи од правец 5-3-репликацијата не се одвива еднакво на
двете нишки
- Водечката нишка овозможува континуирана репликација, а другата нишка се реплицира во
сегменти кои се синтетизираат еден по друг во должина од 100-1000 нуклеотиди- Оказакиеви
фрагменти
- Кога ќе се синтетизираат неколку Оказакиеви фрагменти потребно е да се откинат двата
прајмера под дејство на ДНК полимераза 1
- Под дејство на ДНК лигаза се спојуваат двете нишки и градат фосфодиестерски мост
- Најважен корективен механизам е својстовото за сигурносно читање што го поседува ДНК
полимераза
- Има својство да го препознае погршното сопарување на азотната база и да го коригира

Постојат протеини и ензими што се активираат доколку дојде до грешка или оштетување на ДНК,
го прекинуваат клеточниот циклус што води до апоптоза

Основно правило во генетиката


Информацијата од ДНК се пренесува кон цитоплазмата преку молекули на РНК кои обезбедуваат
оваа информација да се преведе во протеини.
Експресијата на генетската информација складирана во ДНК подразбира транскрипција во РНК, а
потоа транслација во функционални протеински молекули во кои аминокиселинскиот редослед е
детерминиран од нуклеотидниот редослед на ДНК.

Транскрипција
- Препишување на информацијата од ДНК на информационата РНК
- Создавање на молекул од комплементарни нуклеотиди при што аденинот се препишува во
урацил, а цитозинот во гванин
- Кодирачката секвенца на генот е матрица на која се синтетизира мРНК врз основа на
комплементарност
- На пример, ако кодирачката секвенца е AACGTGCTAC мРНК ќе ја има секвенцата UUGCACGAUG
која е идентична со некодирачката секвенца на ДНК во 5-3 крајот и оваа мРНК се нарекува
транскрипт
- Ензим- ДНК зависна РНК полимераза (РНК полимераза II)
- Врзување на ензимот за промоторниот регион (нуклеотидна секвенца пред генот што се
препишува)
- Го одвојува двоверижниот синџир на ДНК и ги изложува базите врз кои се врши препишување
на информацијата
- РНК полимеразата се движи по молекулот на ДНК во правец 3-5 бидејќи синтезата на мРНК се
одвива во правец 5-3
- Принцип на комплементарност-РНК молекулот има идентична структура со нишката на ДНК што
не служи како матрица-наместо тимин има урацил
- Три типа на РНК полимерази-секоја учествува во транскрипција на различна група гени

Формирање на примарниот транскрипт


1. Иницијација
- 90% од ДНК не содржи активни гени
- РНК полимеразата се врзува непосредно пред генот што треба да се препише-промотори
(куси нуклеотидни секвенци што ги препознава РНК полимеразата и од каде што почнува
транскрипцијата)
2. Елонгација
- Движење на РНК полимеразата по должината на молекулот на ДНК, континуирано
одвојување на нишките и синтеза на транскриптот
- Транскриптот е подолг од кодирачката секвенца и носи дел од лидерната секвенца од 20-
600 нуклеотиди и т.н завршна или трејлер секвенца
3. Терминација
- Се одвива со помош на палиндромски молекули (секвенца од РНК транскриптот или
на ДНК) кои се поврзуваат и создаваат структура која ја терминира транскрипцијата
- Потоа, РНК полимеразата дисоцира од ДНК и е повторно подготвена да се асоцира со сигма
субединицата и да почне нов циклус на транскрипција
- Транскриптот може да биде мРНК која нема функција, освен поврзување на генетската
информација со цитоплазмата или тРНК и рРНК кои имаат ефекторна функција во синтезата
на протеините.

Посттранскрипциона модификација
1. Capping
- На 5' крајот се додава гванин, кој се метилира на седмиот азотен атом (7-метилгванин)
- Фосфодиестерниот мост се создава меѓу 5' атомот од гванинот и 5 атомот од рибозата- 5'
капа
- Капата на 5' крајот е важна за врзување на рибозомите за мРНК во процесот на транслација
2. Полиаденилација
- Додавање на долга низа аденилни групи на 3 крајот (полиаденил полимераза)
- Препознава точно определена секвенца
- Не е позната причината за полиаденилација
- Вака создадениот препис се нарекува примарен транскрипт
3. Сплајсинг
- секвенцата на гените на ДНК не е континуирана
- Делови од секвенцата се кодирачки (егзони), значи се преведуваат во аминокиселинска
секвенца, а дел се некодирачки (интрони)
- Во процесот на транскрипција што се одвива во јадрото се препишуваат и интроните и
егзоните и се создава долг молекул на пре-мРНК
- Во јадрото доаѓа до отцепување на интроните и поврзување на егзоните во зрела мРНК
- Процесот на отцепување на интроните се нарекува сплајсинг
- Двата краја на интроните имаат точно дефинирани азотни бази - GU на 5' крајот и AG 3' крајот
- Отцепувањето се врши со помош на мали нуклеарни РНК молекули (snRNK)
- Тие делуваат заедно со протеинските молекули градејќи спласозоми
- Најмало изместување на сплајсингот може да доведе до поинаква и бесмислена
информација
- На пример, неправилен сплајсинг на интронот 2 во генот за ензимот 21-хидроксилаза
доведува до конгенитална адренална хиперплазија
- Зрелата мРНК се преведува во цитоплазмата и служи како основа за синтеза на протеини

Транслација
- Преведување на информацијата содржана во мРНК молекулите во пептиди
- Комплексен процес-основно е да се зачува информацијата на генетскиот код од јадрото кон
цитоплазмата
- За одржување се задолжени молекулите на тРНК која ја чита нуклеотидната секвенца од мРНК
транскриптот и ја преведува во протеини
- Рибозомите се прикачуваат за мРНК и мигрираат по нејзината должина синтетизирајќи
полипептиди
- мРНК обезбедува матрица за синтеза на полипептиден синџир
- МРНК стапува во интеракција со тРНК така што триплет бази на мРНК-кодонот се спојува со
антикодонот од тРНК, а рРНК ги поврзува мРНК и тРНК
- Транслацијата се состои од три фази: иницијација, елонгација и терминација.

1. Иницијација
- Прво, рибозомот иницијално се поврзува со почетниот дел на мРНК кој се нарекува иницирачки
дел и е претставен од кодонот AUG кој е специфичен за метионинот
- Потоа, рибозомот ја врзува соодветната тРНК за да обезбеди врска меѓу кодонот и антикодонот,
а тРНК носи соодветна аминокиселина диктирана од антикодонот
- Специфичната, иницијална тРНК за метионин се разликува од стандардната тРНК ја пренесува
првата аминокиселина и е единствена со способност да се врзе за малата субединица на
рибозомите во отсуство на големата субединица
- Врската тРНК-мала подединица е овозможена од еукариотскиот иницијален фактор (eucaryotic
initiation factors (eIFs))
- Вака формираниот комплекс е способен да го препознае „капа“ елементот на иРНК и со помош
на eIF4E да се врзе за него. На овој комплекс се надоврзува и eIF4G. Формираниот комплекс, со
помош на енергија од ATP, почнува да се лизга по иРНК кон нејзиниот 3` крај сè додека не стигне
до „СТАРТ“ кодонот, AUG. Кога ќе го препознае „СТАРТ“ кодонот eIFs, се ослободуваат од
комплексот и големата рибозомална единица се врзува за малата подединица. Притоа,
метионинот се наоѓа во сегментот P на големата подединица.
2. Елонгација
- Во оваа фаза се одвива синтеза на полипептидниот ланец. Бидејќи првата тРНК се наоѓа на P-
врзувачкото место, A е слободно и може да ја прими следната тРНК која е дефинирана со кодонот
на иРНК.
- Во слободната А позиција тРНКи со различни антикодони можат да дифундираат, меѓутоа само
онаа која ќе воспостави доволно јака комплементарна врска со кодонот ќе остане.
- Врзувањетона тРНК за А единицата е посредувано од факторот на елонгација (elongation factors;
EFTu). Кога и двете единици P и А ќе бидат окупирани со тРНК, тогаш ќе дојде до поврзување на
аминокиселините кои со себе ги носат.
- Притоа, карбоксилната група на аминокиселината која се наоѓа во P сегментот ќе се поврзе со
слободната амино група на аминокиселината која се наоѓа во A сегментот
- Пептидната врска помеѓу двете аминокиселини е овозможена поради активираноста на
аминокиселината која се наоѓа на P-позицијата.
- Аминокиселините со помош на ковалентни врски се поврзани за тРНК, па при близок контакт во
рибозомите ковалентната врска помеѓу аминокиселината и тРНК се заменува со ковалентна врска
помеѓу двете аминокиселини
- Оваа размена на ковалентната врска, односно додавање на аминокиселина на пептидниот ланец
е посредувано од пептидил трансферазата (peptidyl transferase), која се наоѓа во големата
подединица.
- За време на елонгацијата, C терминалниот дел на полипептидот секогаш е поврзан со
високоенегретска врска со тРНК која се наоѓа на P позиција
- Со поврзување на аминокиселината за растечкиот полипептид, рибозомот конформациски се
менува при што се лизга за еден кодон кон 3` крајот.
- Ова е посредувано од вториот фактор на елонгација, EF-G, кој се врзува за GTP и го користи како
извор на енергија во оваа реакција. Притоа, доаѓа до ослободување на тРНК, која е сместена во E
врзувачкото место, за кое сега доаѓа тРНК од соседното P место.
- Истовремено, А врзувачкото место останува празно и активно да прими нова тРНК. Со ова целиот
циклус се ресетира, а рибозомот може да ја врзе следната аминокиселина.
3. Терминацијата
- Ова се случува кога рибозомот ќе дојде до еден од „СТОП“ кодоните: UAA, UAG и UGA.
- За овие стоп кодони не постои соодветна тРНК, така што кога стоп кодонот ќе дојде до A
врзувачкото место, тоа не може да се потполни со ниту една тРНК.
- Наместо тРНК, во него влегува и го окупира ослободувачкиот фактор (release factor, RF)
- Во процесот на терминација, новосоздадениот полипептид треба да се одвои од тРНК која е во P
врзувачкото место.
- Ова се постигнува кога во рибозомот ќе навлезе третиот ослободувачки фактор RF3 кој на себе
носи молекула на GTP. Ваквиот комплекс ја хидролизира пептидил-тРНК врската при што се
ослободува пептидот.
- На ослободениот пептид се врзуваат дополнителни фактори кои му помагаат да го напушти
рибозомот. Со ова завршува транслацијата на дадената иРНК, која повторно е подготвена да влезе
во истата реакција за да се синтетизира нов сосема идентичен протеин на претходниот.
- Со терминацијата на транслацијата, двете подединици на рибозомот се раздвојуваат за да можат
да учествуваат во наредната протеинска синтеза.

При транслацијата рибозомите се движат по молекулот на мРНК и ја читаат информацијата.


Истовремено, повеќе рибозоми се движат по истиот молекул на мРНК формирајќи повеќе
полипептидни вериги одеднаш, градејќи структура позната како полирибозом.
Голем број на полипептидни вериги претрпуваат посттранслациски промени за да синтетизираат
сложени протеини или да ја добијат соодветната секундарна или терциерна структура.

Генетски код
- Правило: секвенцата на нуклеотиди се преведува во секвенца од аминокиселини
- Правилата според кои се одредува која секвенца од нуклеотиди ќе се преведе во која секвенца
од аминокиселини се нарекува генетски код
- ДНК го содржи генетскиот код кој преку транскрипција се препишува на РНК, а со нејзино
созревање се создава зрел транскрипт од кој со транслација се создава протеин
- Генетски код = шемата по која секвенца од нуклеотиди ќе се преведе во сквенца од
аминокиселини
Триплет од бази------аминокиселина
Полинуклеотид-------полипептид

Кодон -триплет од нуклеотиди кои кодираат една аминокиселина


Карактеристики на кодот
• Кодот е дегенериран-различни триплети
кодираат иста аминокиселина, а и исти
триплети кодираат различни аминокиселини
• Содржи кодони за интерпункција
- Терминациски кодони (UUA, UGA, UAG)
- Иницијациски кодони (AUG)
• Кодот не е универзален

Хромозоми
Хромозоми се структури во јадрото видливи при клеточната делба.
Метафазен хромозом- две хроматиди (сестри хроматиди), од кои едната е резултат на ДНК
репликацијата во S- фазата на клеточниот циклус.
Со кондензација на хромозомите транскрипцијата престанува, па во митотските хромозоми не се
одвива транскрипција.
Доминантно се изградени од големо количество на ДНК и протеини, формирајќи структура
наречена хроматин.
По должината на ДНК се сместени гените и генетските регулаторни елементи кои се носители на
наследните особини.
Составени се од две хроматиди поврзани со центромер. Центромерот е примарно стеснување каде
што се формира кинетохорот при клеточната делба. Тој го дели хромозот на:
- р крак (petit) пократок
- q крак

Класификација на хромозомите
според поставеноста на
центромерот:

Збирот на сите хромозоми во една клетка се нарекува кариотип (22 автосомни пара и 1 пар полови
хромозоми)
За полесна идентификација и класификација се обојуваат- кариограм (Гимза)
Сегменти со различен интетнзитет на обојување- G бандови
Местата што се обојуваат најинтензивно и се покондензирани- хроматин (комплексна асоцијација
меѓу ДНК и протеините на хромозомите, при што протеините се одговорни за специфичното
пакување на ДНК во јадрото)
Светлите ленти при боењето се состојат од еухроматин
(кодирачки еднокописки гени, додека
хетерохроматинот се состои од репетитивна ДНК)
Секој хромозом има карактеристичен распоред на G
бандовите (индикатор за анализа на хромозомски
аберации)
Секој хромозомски крак е поделен според бандовите
на региони, секој регион на подбандови, а секој
подбанд на подподбандови.

Нумерирањето започнува од центромерот кон


теломерите.

При номенклатурата се назначува бројот на хромозомот, потоа следи, па кракот, па бендот, па


подбенот и подподбендот.

Според големината, положбата на центромерот и присуството или отсуството на сателит,


хоромозомите се класифицирани.
- Група А-метацентрични (1, 2, 3)
- Група В- субметацентрични (4, 5)
- Група С-субметацентрични (6-12)
- Група D- акроцентрични (13, 14 и 15)
- Група Е- метацентричен хромозом (16) и субметацентрични (17 и 18)
- Група F-метацентрични (19 и 20)
- Група G- акроцентрични (21 и 22)

Х хромозомот е субметацентричен, а Y хромозомот е најсличен со акроцентричните хромозоми од


групата G
Центромерот има клучна улога во движењето на хромозомите во клеточната делба
Половите хромозоми го одредуваат полот кај човекот (ХХ комплементот означува женски пол, а ХY
машки пол)
Y е значително помал во однос на Х хромозомот и на него се сместени неколку гени (SRY) значајни
за развојот на тестисите и сперматогенезата.
Во метафаза хромозомите се состојат од ДНК со завршена репликација- две ДНК ќерки молекули
поврзани со центромер.
Центромерот содржи големи молекули од хистони.
Репликацијата се одвива непосредно пред митозата.
Причина за константна структура на хромозомот- теломер (репетитивни секвенци- се разликуваат
од преостанатата ДНК и играат улога во зачувување на идентичната структура на крајот на
хромозомот).
Пакување на ДНК во хромозомите
Хромозомите се мерат во микрометри (115µm)
Високоорганизиран систем на пакување на ДНК во хромозомите
Скусувањето се врши преку мали единици наречени нуклеосоми, составени од ДНК и хистони
Протеини, ДНК и хроматин
Хромозомите се состојат од ДНК и протеини
Протеинска компонента: мешавина од ДНК и РНК полимерази и регулаторни протеини
Остаток- близу асоциран со ДНК- хистонски протеини (базни протеини- содржат високо ниво на
базни аминокиселини)
Експериментално е утврдено дека подложувањето на хромозомската ДНК на ендонуклеази
покажува дека парчињата од ДНК ќе бидат со 200 бп (секои 200 бп се зашитени од ендонуклеазата
преку специфичната поставеност во хромозомот)
Со помош на електронски микроскоп било визуелизирано дека хистоните се сферични структури
нанижани на конец: конецот е ДНК, а нуклеосомите се сферичните партикли
Хистоните всушност градат октамер од хистонски протеини, по два од H2A, H2B, H3 и H4, а ДНК
молекулата е двојно завиткана околу секој нуклеосом
Нуклеосомите се основни структури на хроматинот и се изградени од ДНК и протеини
Хистоните се едноставни протеини со голема содржина на позитивно наелектризирани
аминокиселини (аргинин и лизин) кои реагираат со негативно наелектризираната фосфатна група
од нуклеотидите
Постојат 5 типови хистонски молекули (Н1, Н2А, Н2В, Н3 и Н4)
- Точно 146 бп се завиткани околу нуклеозомот
и се заштитени од дејството на ендонуклеазите
- Само линкер ДНК што се состои од 50-70 бп
меѓу два нуклеосома е подложна на дигестија
- Истовремено, за нуклеосомот и линкер ДНК се
поврзува една молекула на H1 хистонот
(хроматозом)
- На тој начин се создаваат парчиња од 200 бп со
што должината на ДНК би била 1цм по
хромозом што е се уште долга ДНК

Нуклеосомите асоцираат и градат хроматинско влакно, пакувани на ширина од 30nm


Ова влакно понатаму се извива и ја намалува должината за 7 пати при што се добива структура од
149µm (соленоидна структура-карактеристично за интерфаза)
Едното толкување е дека линкерните хистони го намалуваат растојанието помеѓу два нуклеозома,
а другото толкување е дека краевите на протеините, кои го градат октамерот, се поврзуваат помеѓу
различни нуклеозоми и ја овозможуваат кондензацијата
Најверојатно е дека и двата механизма учествуваат во создавањето на вториот степен на
спирализација.
30 nm хроматинска нишка продолжува да се спирализира (третиот степен на спирализација),
формирајќи поголеми извиткувања во форма на петелки.
Притоа се прикачува за структура од нехистонски протеини кои формираат хромозомски скафолд.
Скафолдот ја има формата на метафазниот хромозом
При процесот на клеточна делба, неопходно е дополнително кондензирање на хроматинот, така
што спирализацијата и кондензацијата продолжуваат (IV степен на спирализација) за да се постигне
максималната компактност, која е карактеристична за хромозомите во метафаза или анафаза
Покрај хистоните и топоизомеразата, за кондензираната структура се одговорни и протеините SMC
(structural maintenance of chromosomes), присутни кај сите организми
Два главни типа: кохезини (за поврзување на хроматидите) и кондензини за кондензирање на
хромозомите во клеточната делба

Хроматин
• Хроматинот може да биде во кондензирана форма-хетерохроматин и некондензирана-
еухроматин
• Еухроматин-30нм хроматинско влакно
• Со кондензација-хетерохроматин
• Најчесто е застапен во теломерот и центромерата
• Хетерохроматинот е сиромашен со гени и транскрипционо неактивен
• Позицијата на хетерохроматин во однос на гените делува на нивната активност

Градба на хетерохроматин во теломерот


- зачувување на интегритетот на ДНК во хромомзомот
- Должината на теломерот
- Теломерот се состои од кратки повторувачки ДНК секвенции.
- повторувања од шест нуклеотида, 5′-TTAGGG-3′.
- За нив се врзуваат различни групи на протеини кои влегуваат во различни процеси:
формирање на хетерохроматинска структура на краевите на хромозомот, регулација на
должината на теломерот, локализација на теломерот во јадрото (најчесто блиску до јадрената
мембрана).

Градба на хетерохроматин во центромерот


- присуство на специфичен тип на нуклеозоми кои во себе покрај класичните хистонски протеини,
H2A, H2B и H4, содржат изменета форма на H3 протеинот, кај човекот наречена CENP-A
- ДНК во центромерниот регион е составена од кратки повторувачки секвенции (higher-order
repeat (HOR))
Хуманите повторувачки секвенции се составени од уште помали повторувачки елементи кои се
големи 171 bp и се викаат αсателитска ДНК (alpha satellite DNA)
местото на создавање на центромерот, пред сè, го дефинира иницијалното поврзување на
протеините за ДНК, отколку самата ДНК секвенција
Полови хромозоми
• 1905 година Вилсон и Стивенс
• Хромозомите Х и Y се нарекуваат полови хромозоми (гоносомни) бидејќи го
детерминираат полот
• Y-хромозом кој е мал хромозом, содржи околу 2% од јадрена ДНК (58 Мб ДНК) и 70-
200 гени- клучни гени поврзани со машката сексуална диференцијација и
детерминација
• Х-хромозомот е голем хромозом кој содржи 5% од јадрената ДНК (155Мб ДНК) и 900-
1400 гени што влијаат на бројни функции
• Y-хромозомот го одредува полот кај човекот- доколку е отсутен индивидуата се
развива пасивно како женско, при што бипотенцијалното гонадно ткиво се развива во
овариум
• Ова се должи на присуството на SRY-генот од Y хромозомот локализиран на кусиот крак
под псевдоавтосомалниот регион
• Продуктот на овој ген е транскрипциски фактор кој ја почнува каскадната активација на
бројни гени неопходни за развој на тестисот и машката сексуална диференцијација
• Бидејќи овој ген е многу блиску до PAR регионот, во текот на мејозата преку
кросинговерот тој може да премине на Х-хромозомот заедно со гени од PAR
• Во ваков случај Х-хромозомот ќе го носи SRY и ќерката на која ќе се пренесе овој
хромозом ќе биде ХХ машко, додека Y-хромозомот без SRY-ген ќе предизвика појава
на женски пол кај ХY индивидуа
• Иако онтогенетски хомологни, Х и Y хромозомот тешко се спојуваат во мејозата, а
кросинговер е можен само преку PAR-регионите кои се наоѓаат на крајот на кусиот и
на долгиот крак

Клеточен циклус
Фази на клеточен циклус: G1, S, G2 и М
• Генерално, од почетокот на една клеточна делба до почеток на следната се нарекува
митотски циклус
• Митотскиот циклус е поделен на: фаза на мирување или интерфаза и фаза на делба,
односно митоза
• Најважните настани во текот на клеточната делба се репликацијата на ДНК и поделбата на
јадрото

G1 (gap)
- Кај човекот трае 12-24 часа
- Период пред почетокот на репликацијата на ДНК кога настанува застој на континуитетот на
клеточниот циклус
- Во оваа фаза настанува измена на процесите во клетката (голем број вируси и онкогени
фактори влијаат во раната фаза на G1 наречена R фаза)
- Во оваа фаза се видливи сите органели
- G1-фазата не може да заврши ако е инхибирана синтезата на РНК, односно ако настапил
прекин во синтезата на протеините
- Протеините се потребни за иницијација
- Ензимите што учествуваат во продукција на прекурсори на нуклеотиди ја зголемуваат
активноста на крајот од G1 фазата и во почетокот на S фазата

S-фаза
- Репликација на ДНК
- Најголем број клетки синхроно влегуваат во оваа фаза
- Кај човекот трае 6-8 часа
- Доаѓа до синтеза на ДНК и хистонски протеини
- Сите хомологни делови од хромозомите се реплицираат синхроно, освен Х-хромозомот

G2-фаза
- Клетката ги синтетизира сите елементи неопходни за митоза
- Процесот започнува со деспирализација на клетките
- Во просек трае 4 часа

D-фаза
Делбата на клетките се нарекува митоза при што од една клетка се добиваат две идентични
клетки.

Митоза
Профаза
• Оваа фаза трае најдолго (60% од траењето на митозата)
• се разликува рана и доцна профаза
• Во оваа фаза хромозомите се скусуваат поради:
а) губење на вода од високохидратираниот гел во кој се наоѓаат во интерфазата
б) поради спирализација на издолжените нишки на ДНК
• Нуклеолусот исцезнува, се губи разликата меѓу еухроматинот и хетерохроматинот
• Спирализацијата на нишките продолжува и стануваат видливи хроматидите
• Стануваат видливи поларните телца (центриолите во цитоплазмата)
• Тие се оддалечуваат едни од други и се
формира делбеното вретено
• Во доцната профаза јадрената мембрана се
губи, а содржината на јадрото се
распространува во цитоплазмата

Метафаза
• Хромозомите се поставени екваторијално, а
центрозомите поларно
• Центромерата (кинетохората) е видлива и игра централна улога во движењето на
хромозомите
• За центромерите се фаќаат микротубулите, а хромозомите се движат кон половите
• Од секој хромозом само по една хроматида оди во новите клетки
• Сите агенси што оневозможуваат создавање на делбено вретено ја запираат делбата во
метафаза

Анафаза
Вретеното се издолжува и ги движи хроматидите
кон половите на клетките

Телофаза
• хроматидите, половите хромозоми на новите клетки се наоѓаат на половите на новите
клетки
• Со спојување на фрагментите на ЕР се реконструира јадрената мембрана, се формираат
нуклеолуси
• Во екваторијалниот дел доаѓа до кондензација на плазмата и до раздвојување на двете
клетки
• Раздвојувањето на клетките се нарекува цитокинеза
• Хромозомите повторно се издолжуваат и стануваат непрепознатливи во јадрото
• Овој процес трае зафаќа 30% од времетраењето на метафазата

Мејоза
- Делбата на герминативните клетки (мејоза или редуктивна делба) резултира со создавање на
клетки со хаплоиден број хромозоми
- Во втората делба (мејотска митоза) паровите на хроматидите се раздвојуваат по должина и се
движат кон спротивните полови со што се задржува хаплоидниот број на хромозоми
- Во клетките на репродуктивните органи во профаза I се создаваат видливи структури, хромозоми
- Во овие клетки тие се на периферијата од јадрото, тенки и издолжени и формираат еден вид букет
од мембраната на јадрото кон неговиот центар
- Овој стадиум на профазата се нарекувс лептонема (лептотен)
- Хомологните хромозоми од мајката и таткото се приближуваат и формираат хромозомски
парови-биваленти
- Прилепувањето на хомологните хромозоми се нарекува синапсис, а делот на профазата во која
се случува- зиготен

Пахинема или пахитен


• Прилепените хромозоми се делат надолжно на своите хроматиди врзани заедно со
центромерата и се создаваат тетради
• Во оваа фаза доаѓа до размена на хомологните делови на хромозомот (кросинговер), што
резултира со рекомбинации
• На одредени места се јавуваат мостови-хијазми, преку кои доаѓа до размена на
хромозомскиот материјал меѓу несестринските хроматиди од паренталните хромозоми
• Со време тетрадите стануваат појасно видливи бидејќи хроматидите меѓусебно се
раздвојуваат и остануваат врзани само преку хијазмите
• Хијазмите се’ повеќе се терминализираат со раздвојувањето на хроматидите

Диплонема
Истовремено тетрадите се спирализираат и се задебелуваат, а со тоа се скусуваат.

Дијакинеза
Финална спирализација и дефинитивно скусување на хромозомите.

Истовремено исцезнува и јадренцето, јадрената плоча, а хромозомите се распоредуваат на


екваторијална плоча.
Секоја тетрада има по две центромери кои се придвижени кон спротивните полови на клетката-
метафаза I

Анафаза I
- Хомологните хромозоми се раздвојуваат по кинењето на терминалните хијазми и тргнуваат
кон спротивните полови на клетката-дијади
Телофаза I
- Се формираат нови клетки
- На тој начин бројот на хромозомите на новонастанатите клетки е помал за половина, но
секој хромозом содржи двојно количество генетски материјал, т.е по две хроматиди
По една многу куса интерфаза веднаш настапува уште една митотска делба, т.н мејотска митоза.
Јадрената мембрана исчезнува, а дијадите веднаш се распределуваат на екваторијалната плоча со
што профазата II е исклучително куса
Во метафаза II се делат центромерите и секоја хроматида оди во посебна клетка (анафаза II),
формирајќи монади (хромозоми)
На овој начин од секоја клетка која поминала низ мејоза, на крајот се создаваат 4 клетки со
половичен број хромозоми
Додека бројот на хромозомите се редуцира на половина во првата мејотка делба, редукцијата на
количеството ДНК настанува подеднакво во двете делби на мејозата, во анафазата I од тетрадите
настануваат дијади, а во анафаза II од секоја дијада настануваат по две монади
Гаметите содржат хаплоиден број хромозоми и со спојување на два гамета од секој пол се формира
зигот кој е диплоиден
Според тоа, основната функција на мејозата е одржување на константен број хромозоми од една
во друга клеточна делба

Основни разлики меѓу митозата и мејозата


1. Митозата е обична делба- една мајка-клетка се добиваат две ќерки-клетки со идентичен број
на хромозоми (46). Мејозата е редукциона делба со која од 46 хромозоми бројот се намалува
на 23
2. Со митоза се делат соматски клетки, со мејоза герминативни клетки од кои се добиваат гамети
3. Митозата е една делба, мејозата се состои од две последователни делби
4. Со митоза се добиваат две ќерки-клетки со диплоиден број хромозоми, со мејоза се добиваат
4 клетки со хаплоиден број хромозоми
5. Постојат големи разлики во синтезата на ДНК и РЕНК кај митозата и мејозата. S-фазата пред
првата мејотска делба е до три пати подолга митотска S-фаза. Најверојатно не е во побавната
синтеза туку во помалиот број репликациони места (репликони). Репликацијата продолжува и
во текот на профазата. Тука таа се синтетизира во долги секвенци кои можат да се
хибридизираат со било која ДНК. Ако се спречи оваа синтеза, доаѓа до спречување на
настанување на кросинговер. Синтезата на ДНК продолжува и во пахиитен, но за разлика од
зиготенот, таа сега продолжува во куси секвенци. Ако се инхибира оваа синтеза, доаѓа до
зголемен број прекини. Со завршувањето на пахитенот, фрагментите се вградуваат во
континуирани нишки.
6. Синтезата на РНК во профазата во пахитенот и диплотенот значително се зголемува за разлика
од митозата. Во текот на сперматогенезата синтезата на РНК, особено рРНК е значително
помала отколку кај оогенезата
7. Во митозата не се случува кросинговер, во мејозата тоа е еден од основните процеси

Кросинговер
Крисинговерот почнува во текот на пахитенот на степен на хромозомските тетради, а како
последица на кросинговерот во текот на диплотенот се формираат хијазми, мостови меѓу
несестринските хроматиди. Кои било од несестринските хроматиди на хомологните хромозоми
можат да си разменатделови и притоа не доаѓа до губење на хромозомскиот материјал.

На кросинговерот влијаат:
1. Кај мажите кросинговерот е многу редок
2. Со стареењето се намалува честотата на кросинговерите
3. Промената на распоредот на гените на еден од хомологните хромозоми води кон
изостанување на кросинговерот
4. Во близината на центромерата и кон теломерата се намалува фреквенцијата на кросинговерот
5. Промената на структурата на одреден хромозом било преку мутација или транслокација може
да предизвика зголемување или намалување на фреквенцијата на кросинговерите
6. Промените во температурата може да доведат до зголемување на фреквенција на
кросинговерите
7. Јонизирачките зрачења можат да ја зголемат зачестеноста на кросинговер
8. За одредени парови на врзани гени, фреквенциите на рекомбинации се релативно стабилни
9. Колку се пооддалечени два гена меѓу себе толку ќе биде поголема фреквенцијата на
кросинговерите меѓу нив што служи за пресметување на растојанието меѓу два гена, односно
за мапирање на гените
10. Како основна единица за кросинговерите се смета ако меѓу два гена процентот на
рекомбинации е 1% и се означува како 1 Морган

Гаметогенеза
Гаметогенеза е создавање на полови клетки, гамети, кај жената ооцит, кај маж сперматозоид.

Човекот го започнува животот од спојување на две хаплоидни клетки во диплоиден зигот,


организмот до половата зрелост е диплоиден, а од пубертетот почнува формирање на хаплоидните
гамети.

Оогенеза
- Оогенезата почнува првите недели од формирање на зиготот
- Од примордијалните герминативни клетки преку 20-30 митози, се формираат оогонии
- Веќе кон третиот месец на интраутериниот живот почнува нивното созревање во примарни
ооцити преку мејотски делби
- До раѓањето на женското дете сите примарни ооцити се во фаза на дихтиотен во која остануваат
до првата овулација на девојчето
- Значи еден ооцит може да биде во оваа фаза од 10 до 50 години зависно кога ќе го продолжи
созревањето до зрела јајце-клетка, односно кога хормонски ќе почне пубертетот
- На овој пролонгиран период и изложеноста на надворешните влијанија се должи улогата на
мајката, односно нејзината јајце-клетка во настанувањето на хромозомските аберации
- Во секој овулаторен менструален циклус, еден примарен ооцит ја продолжува мејозата и се
формира секундарен ооцит, кој ја задржува целата цитоплазма, а половина од хромозомите се
исфрлаат како резултат на мејозата како поларно телце
- Втората мејотска делба доведува до создавање на уште едно поларно телце и зрел ооцит
- Се смета дека долгото време во кое примарните ооцити се во јајниците, подложени на
надворешни влијанија, хемиски и биолошки се причина за појава на хромозомски аберации
поради неправилна делба на ооцитите

Сперматогенеза
- Сперматогенезата во просек трае од 60-65 дена
- Во време на пубертет сперматогониите имаат поминати 30 митотски делби и почнуваат да зреат
во примарни сперматоцити
- Со првата мејотска делба се добиваат два хаплоидни секундарни сперматоцити
- Со втората мејотска делба се создаваат уште два сперматиди кои без делба созреваат во
сперматозоиди
- Во секој ејакулат има 100-200 милиони сперматозоиди
- Веднаш со пубертетот сперматогенезата продолжува континуирано со 20-25 делби годишно

Апоптоза
- Апоптозата или програмираната клеточна смрт се состои од повеќе чекори: промени на
клеточната мембрана, на цитоплазмата и промени во јадрото односно во молекулите на ДНК
- Мембраната ги губи врските со соседните клетки, цитоплазмата се кондензира, а ДНК трпи бројни
прекини со што се дели на фрагменти и ја губи својата функција
- Во крајниот стадиум клетките се формираат како апоптотични телца кои се елиминираат од
фагоцитите, без да се предизвика воспалителна реакција
- Овој процес се разликува од некрозата која е индуцирана од повреда на клетките од инфекција
или хемиски агенси
- При некрозата доаѓа до руптура на кл.мембрана и излевање на содржината на клетката и поради
протеолитичките ензими може да дојде до воспалителна реакција
- Нормалниот апоптотичен процес се одвива во секој жив организам неговото нарушување се
поврзува со Алцхајмеровата болест, Хотчкин, автоимуните болести и канцерот
- Првата промена што се случува на мембраната е губењето на нејзината симетрија, вклучувајќи
прераспределба на фосфатидилсеринските остатоци кон надворешноста на мембраната-може да
се прикаже со annexin B кој се врзува за овие остатоци
- Еден од најраните настани е индукција на ензимите цитосолни протеази, наречени каспази-ги
разложуваат протеините и се одговорни за изгледот на апоптотичната клетка
- Потоа се активираат ендонуклеазите кои ја сечат ДНК на фрагменти, па на агарозен гел се
покажува како ,,скала за качување”
- Се смета дека апоптозата е еден од механизмите за прекин на делбата на клетките склони кон
малигна алтерација
- За апоптозата е неопходна генска експресија
- Два вида ензими учествуваат во процесот на апоптоза: каспази иницијатори и каспази егзекутори
- Изменетата апоптоза игра улога во различни болести- на пример, прекумерна апоптоза води до
атрофија на ткивото како невродегенерација или истенчување на кожата, додека
инсуфициентната апоптоза води кон хиперплазија како што е појавата на канцер
- Туморните клетки имаат инсуфициентна апоптоза и преживуваат подолго од нормалните
Хромозомски аберации
1959 год.- првата цитогенетска аберација, тризомијата 21 или Даунов синдром
Видови хромозомски аберации: вродени и стекнати
1. Нумерички
- Анеуплодија: нулисомија (2n-2), моносомија (2n-1), трисомија (2n+1), тетрасомија (2n+2)
- Полиплодија: триплодија (3n- 69), тетраплодија (4n- 92)
2. Структурни
- Транслокации: реципрочни, Робертсонови
- Делеции
- Инверзии: парацентрични и перицентрични
- Други: ринг-хромозоми, изохромозоми и др.

Стекнати хромозомски аберации

- Се случуваат во соматските клетки што бргу се делат (герминативно и хемопоетско ткиво)


- Се случуваат под дејство на различни надворешни фактори: радијација, хемиски супстанци,
биолошки фактори, малигни процеси
- Можат да се јават и во помалку активни ткива со афинитет кон штетен агенс (тироида при
нуклеарната хаварија во Чернобил)

Вродени хромозомски аберации


Нарушена редуктивна делба на герминативните клетки, но можат да се должат на нарушувања на
митозата во една од клетките на раниот зигот- појава на мозаицизам.
Според моментот на настанување се поделени на:
• Митотски промени
- Неправилна делба и нераздвојување на хромозомите во некои од хромозомските парови
резултира со две клеточни линии: една клетка со вишок, а една со недостиг на хромозом-
мозаицизам
- Може да се јави во било кое ткиво
- Ако се јави во герминативното ткиво на гонадите- абнормални гамети

• Мејотски промени
- Нееднаква распределба на хромозомите- нондисјункција (нераздвојување)
- Два хомологни хромозоми наместо да се раздвојат ќе одат во едната ќерка-клетка, а другата ќе
остане без хромозом
- Може да се случи во првата мејотска делба-
дисомични гамети кои доколку се оплодат ќе
резултира со трисомија
- Нулисомичниот гамет доколку се оплоди ќе
резултира со зигот што нема да преживее
- Нераздвојувањето може да се случи и во
втората мејотска делба по пукањето на
центромерата двете хроматиди ќе отидат во
истата ќерка- клетка, но ова поретко се
случува отколку во првата мејотска делба
Типови хромозомски аберации
Нумерички хромозомски аберации
- Нормален број на хромозоми- еуплоиден, кај човекот- два хромозоми од секој пар-диплоиден
- Изменет број- анеуплодија
- Зголемен број- хипердиплоидија
- Намален број- хиподиплоидија
- Најчесто се работи за нондисјункција на два хомологни хромозоми (акроцентричен тип)- два
гамета од кои едниот има два хомологни хромозоми, а другиот нема ниеден
- Гаметот со 2 хромозоми кога ќе се оплоди од здрав гамет се создава зигот- трисомија
- Стекнатите хромозомски аберации можат да бидат од типот тетраплоидија и полиплоидија

Структурни хромозомски аберации


1. Делеција
- Губење на дел од хромозомот (дел од кусиот или долгиот крак, со зачувана центромера)
- Малите делеции се компатибилни за живот, додека големите водат до големи нарушувања на
фенотипот манифестирани со тешки малформации на органите
2. Инверзија
- Прекршување на хромозомот на две места и до
превртување на делот меѓу местата на кршење за 180°
- Инверзиите можат да бидат перицентрични или
парацентрични
- Парацентричната инверзија се одвива на едната страна
од центромерата и не ја засега
- Перицентричната инверзија ја вклучува и центромерата
и предизвикува потешки последици бидејќи позначајно
влијае на нарушувањето на процесот на делба поради
изместување на центромерата- хомологните хромозоми
налегнуваат еден врз друг
- При инверзијата ќе се создадат јамки и
квадрирадијални фигури кои ќе ја нарушат структурата
поради нееднаков кросинговер
3. Транслокација
- Доаѓа до прекршување на хромозомот, откинување на еден дел и префрлање на друг
хромозом
- Можат да бидат реципрочни при што два хромозома си разменуваат делови (не доаѓа до
значајно губење на генетски материјал)
- Не се пројавуваат со мајорни малформации, индивидуите се
здрави, а се откриваат кога ќе добијат малформирано дете
Робертсонови транслокации
- Слепување на два акроцентрични хромозоми во регијата на
нивната центромера, без да дојде до губење на хромозомски
материјал, индивидуата е фенотипски здрава, но во
кариотипот има намален број на хромозоми
Клиничка манифестација на автосомните хромозомски аберации
- Ментална ретардација
- Фацијална дисморфија
- Застој во растот и намалена телесна тежина
- Висцерални аномалии (трисомијата 21 е придружена со атриовентрикуларен канал и
дуоденална атрезија)

Нумерички автосомни хромозомски аберации

Трисомија 21 1/700-1 000 Sy. Down


Трисомија 18 1/6 000 Sy. Edwards
Трисомија 13 1/10 000 Sy. Patau
Трисомија 8
Триплоидија

Трисомија 21 (Даунов синдром)


- Нондисјункција на хромозомот 21 кај една од
мејотските делби, при што се добива дисомичен
гамет, кој ако се оплоди резултира со трисомија
(слободна трисомија)
- Може да настане и како резултат на
Робертсоновата транслокација меѓу хромозомот
21 и еден од другите акроцентрични хромозоми
- Најчеста е транслокацијата 14; 21
- Инциденцата на синдромот се движи по 1:700 и 1:1000 живородени деца
- Слободната трисомија се јавува почесто кај повозрасните мајки поради долгата изложеност на
штетни фактори од околината на оогониите застанати во пахитен во ембрионалниот живот, па се
овулаторниот циклус кој ќе резултира со бременост
- 90% од децата со трисомија настануваат поради нондисјункција при создавање на ооцитот кај
мајката, а само 10% поради нондисјункција при сперматогенеза кај таткото
Слободна трисомија
- Во кариотипот се наоѓаат три хромозоми 21, односно кариотипот е 47, ХХ+21 за женско дете и
47, ХУ+21 за машко дете
- Нондисјункција настанува во текот на мејотската делба при што трисомијата ќе ја носат сите
клетки на плодот
- По формирањето на зиготот во една од постзиготните делби може да дојде до митотска
нондисјункција во која двата хромозома 21 ќе отидат во една ќерка клетка од која понатаму во
текот на последователни делби ќе се продуцираат трисомични клетки
Транслокациона трисомија
- Робертсонова транслокација наследена од еден од родителите
- Хромозомот 21 може да биде транслоциран на хромозомот 13, 14, 15, 22, но исто двата
хромозома од парот 21 можат да бидат транслоцирани еден на друг
- Најчеста е транслокацијата 14; 21
- Транслокационата трисомија е почеста кај деца од млади родители, а слободната е почеста кај
деца од повозрасна мајка
Клиничка слика
- генерализирана хипотонија
- Типичен фенотипски изглед на главата и на лицето (брахицефалија, бадемасти очни капаци,
зарамнет корен на носот, волуминозен јазик кој проминира од устата, кус врат, лошо оформени
ушни школки)
- Намалени имуноглобулини причина за тешка инфекција
- Забавен ментален развој
- Срцеви аномалии, дефекти на вентрикуларниот септум и дефект на ендокардните перничиња
(атрио- вентрикуларениот канал)
- Аномалии на цревата (дуоденална атрезија), глауком, наглувост, хидроцефалус
- Пубертетот кај женските деца е со нормален тек и завршува со нормален менструален циклус

Трисомија 18 (Едвардсов синдром)


- Интраутерина ретардација на растот
- Микроцефалија
- каптодактилија
- Намалена активност на плодот
- Мала мандибула и уста
- Хипоплазија на нокти
- Кус стернум
- Срцеви аномалии и бубрежни аномалии

Трисомија 13 (Синдромот на Патау)


- Многубројни малформации од кои расцепот на усните и
непцето се многу чести
- Преживувањето е најчесто еден месец
- Кардиопатија
- Полидактилија
- Микроцефалија

Структурни автосомни хромозомски аберации


- Комбинација од делеции, транслокации и инверзии
- Родителите се целосно здрави, но се носители и можат да пројават серија спонтани абортуси
- Носител на балансирана транслокација може да има здраво дете, но и деца со многу различен
патолошки фенотип
- Само неколку се препознатливи:
4 р синдром (Wolf Hicrchhorn syndrome)
5 p синдром (Cri du chat syndrome)
13 q syndrome
18 p syndrome
- можат да се јават и како микроделеции кои не можат да се детектираат со рутинска
кариотипизација
Балансирани транслокации
- Размена на хромозомски материјал меѓу два авотосомни хромозоми или меѓу автосомен и полов
хромозом
- Притоа, нема губење на ДНК, па носителот е клинички здрав
- Потомството има значаен ризик за тешко
нарушување
- постои дополнителен проблем поради фактот што
хромозомите со структурни промени во текот на
гаметогенезата не можат едноставно да налегнат на
хомологниот пар туку се создаваат квадрирадијални
фигури
- 25% здраво потомство
- 25% со балансирана транслокација
- ½ небалансирани гамети со патолошки генотип и
фенотип
Полови хромозомски аберации
- Можат да бидат нумерички и струтурни
- Нумеричките настануваат поради нондисјункција
- Моносомичниот зигот за Х-хромозомот, ХО е женска индивидуа компатибилна за живот

X Y

XX XXX XXY (Клинфелтеров синдром)

O XO OY

X Х

XY XXY XXY (Клинфелтеров синдром)


O XO XO

Аномалии на Х-хромозомот
Тарнеров синдром (моносомија Х)
- Инциденца 1:2500 жени
- Мозаицизам 46,ХХ/45 ХО
- Мал дел се носители на ХУ клеточна линија
- Фенотипски карактеристики: гонадна дисгенеза, низок
раст и специфичен изглед
- Околу 9 години нема ооцити во јајниците и тие се
претворени во фиброзни ленти
- Не продуцираат естрогени и пубертетот и
феминизацијата изостануваат
- Нормално ниво на хормонот за раст, меѓутоа резистенцијата на зоните на раст во коскеното
ткиво придонесуваат за низок раст до 140 цм
- Ниско поставени уши, широк граден кош, тесни колкови, само 15% имаат менструален циклус
- Висцерални аномалии: аномалии на аортен лак, коарктација на аорта
- Склоност кон автоимуни заболувања, хипертензија
Трипл Х-синдром
- доста чест синдром
- Имаат нормален развој, но создаваат јајце клетки ХХ или Х и можат да родат деца со трипл Х или
Клинфелтеров синдром
- Доколку се зголеми бројот на Х хромозомите (4)
менталниот развој заостанува
Клинфелтеров синдром
- 1:1000 мажи
- Кариотип 47,ХХУ
- Фенотипски: високи мажи со хипогонадизам (мали
тестиси, крипторхизам, хипоспадија) и гинекомастија
- Се открива при испитување на брачен стерилитет

Јакобсов синдром (47, ХУУ)


- хиперактивност, агресивност и блага ментална ретардација

Индикации за хромозомска анализа

- Индивидуа со препознатливи знаци на одреден синдром


- Комбинација на висцерални аномалии
- Амбивалентни гениталии
- Стерилитет
- Повеќе од еден спонтан абортус
- Мртвородени деца
- Женски индивидуи со низок раст и аменореја
- Машки индивидуи со мали тестиси и гинекомастија и
фрагилен Х-хромозом

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ГЕНЕТИКАТА


Ген- е секвенција од ДНК во која е кодирана информација за синтеза на протеин или функционална РНК
молекула. Генот е основна структурна и фунционална единица на наследувањето, со кој одредена
карактеристика се пренесува од родителите на потомството. Тие се различни според големина и
структура

Се состои од кодирачки секвенци (егзони) и некодирачки секвенци (интрони)

Локус- положба на еден ген во хромозомот

Алели – алтернативни форми на еден ген. Треба да се земе предвид дека двете алели од локусот се
лоцирани на двата хомологни хромозоми од истиот хромозомски пар

Генотип- збир на алелен пар во еден локус или збирот на сите гени кај една индивидуа

Хомозиготен локус е локус во кој двата алели се идентични, а хетерозиготен е локусот со различни
алели (сместени на автосомните хромозоми)
Фенотип-видливи или на мерливите манифестации на некоја карактеристика како: физички,
биохемиски, физиолошки, психолошки или други обележја

Доминантен ген е оној алел кој се експресира и доаѓа до израз кога е во хетерозиготна состојба.

Рецесивниот ген или алел се експресира и доаѓа до израз само во хомозиготна состојба.

Бидејќи во еден локус постојат два алела, можни се три различни генотипа за дадено својство:
а) индивидуата која поседува на двата локуса од хомологните хромозоми нормални алели, претставува
хомозигот за дадените алели и ќе има нормален фенотип
б) индивидуата која поседува на едниот локус нормален, а на другиот мутиран алел е хетерозиготна, а
фенотипот ќе биде нормален или мутиран зависно од однесувањето на мутираниот ген
в) индивидуата која поседува во двата локуса по еден мутиран алел ќе биде хомозигот за мутирани
алели и ќе има изменет фенотип

Типови наследување
1. АВТОСОМНО
- Автосомно доминантно
- Автосомно рецесивно
2. ПОЛОВО
- Х-врзано доминантно
- Х-врзано рецесивно
- У-врзано
3. НЕМЕНДЕЛОВО НАСЛЕДУВАЊЕ
Автосомно доминантно наследување
- Присуство на мутиран ген кој се пројавува во хомозиготна и во хетерозиготна состојба-неговото
дејство доминира над нормалниот ген
- Примери: ахондроплазија, отсуство на клавикули, полидактилија, хиперлипидемија со
хиперхолесторолемија
- веројатноста потомците да ја добијат генетската мутација, а со тоа и да заболат се 50%
Доминантното наследување има повеќе карактеристични белези:
- Носителот на мутацијата е болен
- Двата пола се подеднакво засегнати
- Болеста се наследува по вертикала
- Болен родител има 50% ризик за секое зачнато дете да ја има мутацијата
- Нормалните деца се и генотипски нормални како и нивното потомство
- Болните кога ќе дојдат во репродуктивен период имаат ризик за болно потомство 1:2
- Хомозиготите имаат најтешки форми на болеста (ахондроплазија-најтешки коскени дефекти, ран
инвалидитет и скусен животен век)
- Клиничката слика зависи од пенетрантноста и експресивноста на генот, односно некои
доминантни гени ако се послабо пенетрантни може да се случи прескокнување на генерација
- Експресивноста зависи од местото на генот каде што се случила мутацијата, дали е клучно за
функцијата на протеинот, типот на мутацијата (делеција, сплајсинг)

Пројавувањето на доминантните заболувања зависи од:


- Пенетрантност на генот- го дефинира процентот од индивидуите со ист генотип кај кои
соодветниот фенотип ќе дојде до израз- комплетна пенетрантност е Хантингтонова болест (во
одреден период развиваат карактеристичен фенотип)
- Од друга страна кај фамилијарниот рак на дојката, кое е, исто така, доминантно автосомно
заболување, има некомплетна пенетрантност. Утврдено е дека кај 80% од женските индивидуи со
мутација на BRCA1 генот ќе се развие рак на дојката. Слични пример за парцијална пенетрантност
се и автосомно доминантната постакцијална полидактилија
- Експресивност на генот-степенот на изразеност на фенотипот при одреден генотип. Притоа
фенотипот или симптомите поврзани со одредена мутација кај едни индивидуи можат да бидат
послабо изразени за разлика од други каде што се повеќе изразени. Кај група на пациенти со
Марфанов синдром (мутација на FBN1) симтомите се изразени во блага форма која се
карактеризира со висок раст и несразмерно долги прсти, а кај други во потешка форма каде се
забележуваат и кардиоваскуларни промени. Генетските мутации покрај тоа што можат да се јават
со варијабилна пенетрантност, можат истовремено да имаат и варијабилна експресивност.

- Како пример повторно ќе ја земеме Болест Број/1 000 000


наследната полидактилија кај која покрај Achondroplasia 100
варијабилна пенетрантност, се среќава и Acrocephalosyndactilia 6
варијација во симптомите. Односно, Dentinogenesis imperfecta 8000
полидактилијата може да е присутна на една Hypercholesterolemia 10 000
или двете раце и/или нозе и, притоа, Syndroma Marfan 15
дополнителниот прст може да е потполно Neurophybromatosis 303
развиен или, пак, да е рудиментиран. Retinoblastoma 50
Sclerosis tuberosa 10

Автосомно доминантно наследување се забележуваат во хомозиготна состојба, односно двата алела се


мутирани. Ваквата состојба настанува кога и двата родители се хетерозиготни за мутацијата. Ефектите од
хомозиготната состојба можат да бидат изразени со потешки симптоми на болеста и притоа се
манифестираат порано од вообичаено.
Автосомно рецесивни заболувања
- Се манифестираат само кај хомозиготи за патолошки гени лоцирани на некој од автосомните
хромозоми
- Индивидуите на болното дете се клинички здрави, хетерозиготни без видливи манифестации
дека поседуваат мутиран, рецесивен ген
- Родителите се преносители на мутираниот ген и на болеста
- Карактеристично за рецесивните заболувања е дека многу потешко се следат низ родословното
стебло
- Двата пола се подеднакво засегнати
- согласно Менделовото правило, веројатноста да се роди хомозиготно болно дете од
хетерозиготни родители со мутиран ген е 25%, 50% би биле хетерозиготи со нормален фенотип,
но носители на рецесивниот ген, а 25% би биле нормални деца со нормален генотип и фенотип

Болест Инциденца
(број/1 000 000)
Sy. Adr no n ta s 15
A n s us 25
F ros s yst a 270
a a tos a 25
a ass a 15
P ny tonur a 70
ay-sa 400

- Во групата на автосомни рецесивни заболувања спаѓаат поголем број од вродените грешки во


метаболизмот
- Типичен пример е болеста фенилкетонурија:
- Биохемиски, болеста настанува поради недостаток на хепаталниот ензим фенилаланин
хидроксилаза кој ја катализира конверзијата на фенилаланн во тирозин. Недостатокот или
нефункционалноста на овој ензим е резултат на мутација на генот кој директно ја контролира
биосинтезата на овој ензим
- Хетерозиготните носители на мутираниот ген се фенотипски здрави, бидејќи хетерозиготот има
еден нормален ген, доволен за биосинтеза на потребните количини од ензимот, меѓутоа во
крвта има зголемено ниво на фенилаланин
- Хомозиготите се клинички болни
- Бидејќи фенилаланинот не се конвертира во тирозин, настанува таложење и трансформирање
во фенилаланин-пирогроздова киселина и други метаболити кои се таложат и преминуват во
крвта и мокрачата
- Крвта богата со фенилаланин и фенилаланин пирогроздова киселина директно го афектира
нервниот систем и резултира со ментална ретардација
- Рецесивните заболувања се јавуваат и кога се присутни две различни мутации во еден локус
- Притоа, едниот локус кој потекнува од таткото има една мутација, а другиот локус кој потекнува
од мајката има друга мутација.
- Индивидуата носител на овие две мутации не можеме да кажеме дека е хомозиготна. Како и да
е, бидејќи и двете мутации ја нарушуваат функцијата на двата алела, крајниот резултат е
идентичен, односно рецесивната мутација доаѓа до израз и е причина за заболувањето. Типичен
пример за оваа состојба е β-таласемијата
Заболувања предизвикани од гени локализирани на половите хромозоми
- Машка индивидуа со ХУ-хемизигот, а женска индивидуа со ХХ-хромозоми е хомозигот бидејќи
има два Х-хромозоми
- У-хромозомот носи неколку активни гени од кои се најважни SRY-генот на кусиот крак, генот за
сперматогенезата на долгиот крак и генот за инхибиторот на Милеровите канали
- Х-хромозомот е носител на голем број гени кои можат да бидат нормални или патолошки и
оттаму произлегуваат бројните Х-врзани заболувања. Х-поврзаните заболувања, вообичаено, се
среќаваат само кај машките индивидуи.

Х-врзано рецесивно наследување


- Го засега машкиот пол
- Жените би требало да бидат хомозиготи за да заболат (исклучително ретко- пример: далтонизам)
- Во ретки случаи се јавува доколку има Тарнеров синдром, ако жената е со кариотип 46,ХУ (5 алфа
редуктаза дефицит) или кога при инактивација на Х-хромозомот кај жена носителка на
патолошкиот ген ќе дојде до инактивација на поголем број здрави хромозоми
- -жената носителка е здрава
- Машкото дете носител на патолошкиот ген е
болно, бидејќи нема нормален доминантен ген
- Значи, жените ја пренесуваат болеста на половина
од своите синови, а патолошкиот ген го носат и
половина од нивните ќерки
- Сите ќерки на болен маж се здрави кондуктори на
патолошкиот ген, а сите синови на болен татко се
фенотипски здрави бидејќи од таткото го
наследуваат У-хромозомот
- Болните мажи немаат болни синови, но имаат
болни внуци преку ќерките-носителки
- Здравите синови на болен маж имаат здраво
потомство
- Х-врзаните рецесивни заболувања не се ретки

Инциденца
Болест
(болни/1000000)

Hemophilia A 100-120

Hemophilia B 20-30

Agamaglobulinemia 10-15

Distrophio musculorum progresiva 200-220

Ichtyosis 200
Хемофилија А
- мутација на генот за синтеза на фактор VIII од
когулацијата
- Се работи за Х-врзана рецесивна мутација, па
машките носители имаат продолжени, тешки
крвавења при повреди
- Се манифестира на различен начин зависно од
степенот на болеста
- Тешката форма кај која факторот VIII е под 1% од
нормалната вредност се карактеризира со тешки
крвавења и по најмала повреда, средната форма со застапеност на факторот VIII од 1-5% се
карактеризира со лесни крвавења, додека кај лесната форма при количина од 5-20% крвавења
се јавуваат само при хируршки интервенции и тешки трауми
- Генот за фактор VIII се наоѓа на дисталниот крак на Х-хромозомот и има 26 егзони. Зрелиот
транскрипт се состои од 2332 аминокиселини. Околу 50% од генските промени се резултат на
хромозомска инверзија или делеција што го нарушува генот за фактор VIII, што предизвикува
тешка хемофилија. Останатите се должат на мутации
- машките индивидуи, носители на било која од мутациите ќе имаат симптоми на болеста
- Тие го наследуваат Х-хромозомот од здрава мајка-носителка и, последователно, ја наследуваат
болеста
- Мажи кои имаат хемофилија не можат да ја пренесат болеста на своите синови бидејќи го
пренесуваат Х-хромозомот, но можат да ја пренесат на своите внуци преку ќерки на кои го
пренесуваат Х-хромозомот
- Ризикот за жените да имаат два Х-хромозоми со мутација е
практично непостоечки ризик
- Кога го носат мутираниот ген, тие продуцираат 50% од
фактор VIII, што е сосема доволно за нормална функција на
протеинот
- Исклучително ретко е жена да се разболи од хемофилија
(од мајка-носач и татко хемофиличар или при инактивација
на Х-хромозомот), но и тогаш клиничката манифестација е
во средна форма

Душенова мускулна дистрофија


- Генот кодира синтеза на дистрофин кој е клучен за функцијата на сите мускули, вклучувајќи го и
срцевиот мускул
- Генот е најголем во човековиот организам и се состои од 79 егзони, вклопени во 2.3 милиони
базни парови во ДНК, што предизвикува бројни мутации
- Клиничката слика се состои во нарушување на мускулната функција
- Најголем број случаи се должат на делеции (65%) кои предизвикуваат frameshift мутации
- Доколку делецијата или дупликацијата се состои од 3 бази, настанува in-frame измена на
протеинскиот синџир и овие мутации се со полесна форма, наречена Бекерова мускулна
дистрофија, која е значително поретка
- Разликата меѓу двете болести се открива преку мерење на кератин киназата која е драстично
покачена кај Душеновата мускулна дистрофија
- Жените се вообичаено носители, единствено можат да заболат доколку се ќерки на болен татко
(со Бекерова дистрофија) и мајка-носител
Х-врзано доминантно наследување
- Се работи за поредок тип наследување
- Боледуваат и мажи и жени, кај мажите болеста е во потежок облик и умираат во рана возраст
- Болеста се пренесува по вертикала
- . Во случај доколку мајката е преносител на мутација и машките и женските деца имаат 50%
шанси да бидат заболени. Ваквиот начин на пренесување многу личи на автосомно доминантно
наследување.
- Разликата е доколку таткото е преносител, тогаш само женските деца имаат 50% шанса да бидат
заболени. Машките деца ќе бидат здрави бидејќи го наследуваат Х хромозомот од мајката, која
во случајов
- има нормалел алел.
- Примери за овој тип на наследување се Х поврзаниот хипофосфатемичен рахитис или уште
познат како витамин Д-резистентен рахитис , Х поврзаната форма на Charcot-Marie-Tooth
болеста CMTX1
- Rett синдромот, кој е поврзан со мутација на MECP2 генот

Y-врзано доминантно наследување


- Y-врзано наследување е наследување кое е поврзана со ген кој се наоѓа на Y хромозомот.
- Ова наследување се пренесува само преку таткото, притоа сите синови ќе ја поседуваат
мутацијата и ќе бидат заболени, а болеста ќе отсуствува кај сите ќерки.
- Парцијално полово-поврзано наследување (псеудоавтосомно наследување) се поврзува со гени
кои се наоѓаат на хомологните делови од краткиот крак на хромозомот Х и на Y хромозомот.
Овој хомологен дел од хромозомите се вика псеудоаутозомен регион и содржи по два генски
алела за секој белег.
- При кросинговер мутираниот ген во овој регион може да премин од Х на Y хромозомот и
обратно. Притоа се овозможува и пренесување на болеста од татко на син, што многу наликува
на автосомно доминантно
- наследување.
- Пример за овој тип на наследување е многу ретката болест L r -Weil дисхондростеосис
- Овие заболувања се многу ретки и се откриваат главно при стерилитет
Неменделово наследување
Типови на неменделово наследување

1. Митохондријално наследување
2. Тринуклеотидни повторувања
3. Епигенетски механизми- генетски импринтинг
4. Унипарентална дисомија
5. Х-инактивација
6. Комплексно (полигенетско и мултифакторно наследување)

Митохондријално наследување
- митохондријална ДНК (едноверижна и во цирклуларна
форма)
- Може да има неколку молекули на ДНК
- Секој молекул се состои од 16 569 базни парови
- Кодира две рибозомни РНК, 22 трансфер РНК и 13
полипептиди инволвирани во оксидативната фосфорилација
- Во овој процес учествуваат и 90 ДНК гени од јадрото
- Транскрипцијата се одвива во митохондриите независно од
од процесите во јадрото
- Во митохондријалната ДНК нема интрони и исклучиво се наследува од мајката
- Нема корекциони механизми- зачестени мутации
- Оксидативните радикали што се ослободуваат при оксидативната фосфорилација придонесуваат
за појава на мутации
- Постои поврзаност меѓу јадрената и митохондријалната ДНК бидејќи има автосомни гени кои го
регулираат интегритетот и количеството на ДНК-познати се синдроми асоцирани со делетирана
митохондријална ДНК кои се должат на мутации на автосомните гени
- Машките индивидуи ја наследуваат митохондријалната ДНК од мајките, но не можат да ја
предадат бидејќи во фертилизацијата учествува само јадрото од сперматозоидите
- Секое ткиво има потреба од АТП за кое е одговорна митохондријалната ДНК-ЦНС е најсензитивен
при мутации на оваа ДНК
- Во една клетка има повеќе митохондрии-може да содржи мутирана и нормална мДНК, но може
и во иста клетка да има мДНК со различни мутации-хетероплазмија
- Таа е важна бидејќи болестите ќе имаат различна манифестација поради различното учество на
мутираната ДНК во различни клетки
- нормална индивидуа поседува релативно малку митохондријални мутации (<1%), кои дел се
наследени, а дел се стекнати.
- Една од причините за ова е што при клеточната делба настанува групирање (сеграгацијата) на
митохондриите со мутирана ДНК во една клетка ќерка и спротивно сегрегација на интактните
митохондрии во другата клетка ќерка. Со овој процес се добиваат хомоплазмични клетки,
односно клетки кои ја содржат митохондријалната мутација и клетки кои не ја содржат. Доколку
бројот на мутираните митохондриите е поголем, во тој случај не може секогаш да настане
потполна сегрегација, притоа се добиваат хетероплазмични клетки ќерки
- Најдобро се проучени митохондријалните
болести кои настануваат како резултат на
missense мутации-Леберова хередитарна
оптичка невропатија (губење на видот
поради изумирање на оптичкиот нерв)
- Кај оваа болест не постои хетероплазмија,
па се наследува по правилата на
митохондријално наследување, при што
се засегнати двата пола, но жените ја
пренесуваат мутацијата
- Мутациите во една база од тРНК
предизвикува болести од типот на миоклонична епилепсија и митохондријална енцефалопатија
(хетероплазмија-различни манифестации)
- Дупликациите и делециите предизвикуваат околу 50 точкести мутации и стотина делеции и
дупликации
- Фенотипот кај различните мутации ќе зависи од количеството на АТП потребно на ткивото (ЦНС-
енцефалопатија, миопатија, ретинална дегенерација)
- Интензитетот зависи од присуството на хетероплазмија, ако се зафатени помалку митохондрии,
болеста ќе биде полесна
- Познати се околу 60 ретки митохондријални болести и синдроми, некои се со доста тешка
клиничка слика уште од рано детство, но некои се откриваат понатму, кога болниот веќе има
потомство
- Пример: Кејс-Сејров синдром-мускулна слабост, церебрално оштетување и срцева слабост
- Пирсоновиот синдром-инфантилна панкреатична инсуфициенција, панцитопенија и лактична
ацидоза
- Глувост (релативно честа) која настанува како резултат на хомоплазмија и мутација во 12S RNA,
вообичаено индуцирана од примена на аминогликозиди
- Лиова болест- настанува поради хетероплазмија при мутација на АТП-аза генот и се
карактеризира со невропатија, атаксија, ментална ретардација и лактична ацидоза
Тринуклеотидни повторувања
- Бројот може да се движи од неколку десетици до неколку стоотици
- Проблемот кај овие гени може да настане кога новоформираната нишка на ДНК при
репликацијата, кога ќе стигне до тринуклеотидните повторувања, продолжува синтеза на
тринуклеотидни повторувања повеќе од кодирачката нишка
- Во првата генерација ова продолжување ќе биде помало, па клиничката слика како резултат на
тоа ќе биде поблага, но колку што се зголемува бројот на повторувањата, толку се зголемува
ризикот во следната генерација тој да биде поголем, а генот помалку функционален
- Фенотипската експресија станува потешка од генерација во генерација и може да се предвиди
(антиципација)
- Експанзијата на тринуклеотидните повторувања е доминантно наследна, ако се случи еднаш, таа
ќе се пренесува потомството, но тежината на болеста не е константна

Болести со тринуклеотидни повторувања


Болест Ген Повторување Нормално Патогено
Huntington HTT CAG 10-35 35+
SCA 1(ataxia ATXN1 CAG 6-35 49-88
spinocerebelaris 1)
FRAXA FMR1, X CGG 6-53 230+
Миотонична CTG 5-37 80+
дистрофија 1
Фридрихова GAA 6-29 200+
атаксија

Кај Фридриховата атаксија повторувањата се во интронскиот дел од генот

Миотонична дистрофија
- важи принципот на антиципација
- Зголемувањето на CAG триплетите доведува до блага мускулна хипотонија во првата
генерација која се појавува подоцна
- Во втората генерација ќе се појави порано, со позначајно нарушување во одот и другите
активности, а во третата генерација ќе се пројави во детска возраст како исклучително
тешко мускулно затајување и ран летален исход
Фрагилен Х-хромозом
- Причина е мутација во 5` U R регионот на FMR1 генот кој е сместен на Х хромозомот.
- Мутацијата овозможува хиперметилираност на регулаторниот сегмент од генот која ја
супресира неговата транскрипција.
- FMRP се врзува за иРНК и овозможува нејзин транспорт од нуклеусот до дендритите на
нервната клетка.
- Во негова отсутност не доаѓа до формирање и развивање на синапсите помеѓу нервните
клетки
- Мутацијата со 45 до 54 повторувања се смета за премутација.
- Кај лицата со фрагилен Х хромозом овие повторувања се 230- 1000 и повеќе
- Засега 1: 4000 мажи и 1: 8000 жени
- Кај мажите кои ја пренесуваат болеста на нивните ќерки повторувањата се од 50- 230
при што оваа премутација доживува експанзија кога ќерката носител го пренесува на
синовите со над 230 повторувања и ризикот е се поголем при натамошните генерации
Хантингтонова болест
- автосомно доминантно заболување кое се каратеризира со хореа, абнормални
неволеви грчеви, деменција и прогресивна загуба на способноста за осознавање.
- Како причина за заболувањето е мутација во првиот егзон на генот H предизвикана од
амплификација на CA провторувања.
- Нормално, секоја здрава индивидуа има од 15 до 20 CA повторувања. Болеста
настанува доколку бројот на повторувањата се зголеми над 35.
- Притоа, некомплетна пенетрантност се забележува кај индивидуите носители на 36 до
39 повторувања.
- секвенцијата која се повторува е прилично стабилна, односно не се зголемува, доколку
се наследува од мајката и обратно е нестабилна и има тенденција на зголемување
доколку потекнува од таткото.
- Мутираниот H ген продуцира протеин кој поради зголемениот број на глутамин
станува нерастворлив и формира токсични агрегати во клетката
Импринтинг
- За некои својства на цицачите, фенотипот зависи од тоа од кој родител потекнува активниот алел
за својството
- Процесот при кој настанува селективна активност или инактивност на генот во зависност од кој
родител потекнува се вика генетски импринтинг.
- Генетскиот импринтинг вклучува стивнување на одредени гени во текот на создавањето на
гаметите
- Одделни гени се пројавуваат само ако се наследат од мајката бидејќи кај таткото се импринтирани
и обратно
- Се работи за епигенетски феномен, значи нема измена во ДНК, но настанува метилација на ДНК
без промена во секвенцата
- Со метилацијата доаѓа до изменување на генетската активност, односно генот стивнува и не
подлежи на транскрипција
- Процесот се случува пред фертилизацијата во овумот и сперматозоидот
- Се случува во импринтинг центар и е митотски стабилен процес, но е реверзибилен и
репрограмирањето се случува кога почнува гаметогенезата
- Импринтираните гени ќе бидат ќе бидат неактивни поради програмирањето при создавањето на
гаметите, па останува активен сам алелот од другиот родител
- Бројот на ваквите гени е ограничен, но тие се групирани во фамилии и најбројни се на
хромозомите 6, 7, 11, 14, 15
- Зависно од тоа како се маркирани гените, потомството изразува мајчино-наследен и патерен-
наследен неактивен алел, а спротивниот е активен (овој тип на пројава на гените се нарекува
моноалелна експресија)
- На клеточно ниво, импринтинг е епигенетски процес кој има три стадиуми:
- Воспоставување импринт во гаметогенезата
- Одржување на импринотот во ембриогенезата и во адултните соматски клетки
- Бришење и повторно воспоставување импринт во герминативните клетки
- Геномскиот импринт е постојан во соматските клетки, но маркирањето на алелите може да се
измени од генерација во генерација
- Импринтигот може да опфати еден ген, дел од хромозом, цел хромозом и сите хромозоми на еден
родител (инкомпатибилно со развојот на плодот)
- Комплетниот женски геном не може да произведе витален потомок поради неопходноста од
импринтираните гени од таткото
- Доколку настане мутација на алелот кој не е импрениран и покрај тоа што мутацијата е рецесивна,
истата фенотипски ќе дојде до израз.
- Нормално при рецесивна мутација, функционалниот ген е генот кој не е мутиран.
- При импринтингот, немутираниот (дивиот) ген е, исто така, нефункционален и не може да ја
преземе фукцијата, што резултира со појава на абнормален фенотип

Типичен пример за импринтинг и неговата функција се Прадер-Вили синдромот и синдромот Ангелман


Двата гена се наоѓаат блиску еден до друг на хромозомот 15
-
При делеции на хромозомот 15q11-13 можат да бидат делетирани двата гена. Во зависност од тоа
-
дали генот на хромозомот 15 ќе биде активен од таткото или од мајката клиничката слика ќе биде
сосема различна и ќе се пројави како два различни синдроми
1. PWS
- Редуцирана моторна функција, компулсивно јадење, дебелеење, ментален дефицит
2. AS
- Хиперактивност
- Необични конвулзии
- Репетитивни симетрични мускулни движења
- Ментален дефицит
Најчесто овие синдроми инволвираат мала делеција на хромозомот 15. доколку е наследен од мајката
станува збор за Ангелман синдром, а доколку е од таткото за Прадер-Вили синдром
Ако татковиот ген се инактивира поради делеција, ќе се пројави ПВС бидејќи мајчиниот ген е инактивиран
поради импринтинг.

Унипарентална дисомија
- Една индивидуа поседува два хомологни хромозоми од истиот родител и се појавува поради
мејотичка грешка, односно поради нондисјункција во овумот или сперматозоидот поради што
ќе се појави трисомичен плод кој едниот хромозом ќе го изгуби веднаш или во раните
постзиготни делби, при што остануваат два хомологни хромозоми од едниот родител

- На оваа појава се препишува 1% од синдромите Прадер-Вили, Ангелман или Беквит-Видеман


бидејќи плодот има два хромозоми од истиот родител

- ПВС освен со делеција или мутација на татковиот ПВ ген, може да се случи и ако плодот преку
процесот на унипарентална дисомија добие два хромозоми 15 од мајката кои се инактивирани
преку импринтинг

- Унипаренталната дисомија може да доведе до


манифестација на рецесивна болест кај една
индивидуа која го наследила генот од едниот
родител, но хромозомот на кој се наоѓа
мутираниот ген е присутен во две копии од
истиот родител, паа рецесивниот ген ќе биде
во хомозиготна состојба што ќе обезбеди
пројавување на болеста

- Типичен пример е цистичната фиброза која иако е рецесивна болест може да биде наследена
од едниот родител кој е хетерозиготен носител

-
Мозаицизам
- По создавањето на зиготот може да се случи митоза проследена со нондисјункција и да се
создадат две клеточни линии
- Сите клетки кои ќе настанат од трисомичната клетка се трисомични, а од моносомичната-
моносомични
- Состојбата при која организмот поседува клетки со различен генотип се вика мозаицизам.
- Колку порано ќе се случи нондисјункцијата, толку порамномерно ќе биде распределен
мозаицизмот
- Може да ги опфати герминативните клетки што ќе има влијание врз потомството, а може да се
случи и во доцната делба и ќе постои само во тоа ткиво
- Соматскиот мозаицизам дава промени само во тоа ткиво- пример е неврофиброматозата каде
што промените се локализирани само во тоа ткиво
- Х- инактивацијата кај женските индивидуи е типичен пример за мозацизам.
- За време на раната ембриогенеза еден од двата Х хромозоми кај женските индивидуи на база
на случајност се инактивира.
- Една половина од клетките имаат активен еден Х хромозом кој потекнува од едниот родител, а
другата половина од клетките го имаат активен другиот Х хромозом, кој потекнува од другиот
родител.
- Бидејќи двата хромозома можат да носат различни алели од двата родитела, клетките ќе
поседуваат различен генотип, а со тоа и организмот ќе биде мозаичен. Доколку има мутација на
некој функционален ген на едниот Х хромозом, тогаш инактивацијата е повеќе насочена кон Х
хромозомот на кој се наоѓа мутацијата.
- Друг класичен пример за мозаицизам се туморите, чии клетки содржат бројни мутации
споредбено со останатите клетки на организмот.
Полигено наследување
- Полигенo наследување е наследување на некое својство во кое учествуваат два или повеќе гени.
- Инволвираноста на поединечните гени во целокупниот фенотип може да е еднакво или
различно.
- Доколку два гена учествуваат во фенотипот станува збор за дигено (диалелно) наследување,
доколку се три за триалелно наследување, а докoлку се повеќе за полигено наследување.
- Наследување на крвните групи од АBО ситемот е, исто така, карактеристичен пример за
мултиалелно наследување.
- Мембраната на еритроцитите содржи три видови карбохидратни антигени: А, B, и О.
- Синтезата на овие антигени е поврзана со три различни алели од кои IА и IB се доминантни и
кој е рецесивен.
- АВО локусот се наоѓа на хромозомот бр. 9
- Индивидуата која е хомозиготна за ќе поседува само О антиген и се класифицира како крвна
група О.
- Индивидуата која има I A I A и I A алели е крвна група А, а, пак, индивидуата со I B I Bи I B е
крвна група B. Доколку, пак, некој ги поседува и двата доминантни алела, I A I B тогаш на
површината на еритроцитите се присутни и двата антигена, А и B.
- Овие лица поседуваат крвна група од типот АB. Феноменот кога двата алела се експресираат
кога се во хетерозиготна состојба се вика кодоминантност, а видот на наследување на овие
карактеристики е кодоминантно наследување
- Молекуларна основа во формирањето на крвните групи е во ензимите, гликозил трансферазата,
кои се кодираат од овие мултипни алели.
- Гликозил трансферазата која е кодирана од IA алелот посредува при прикачување на N-ацетил-
галактозаминот на карбохидратната основа на антигенот, а, пак, IB алелот ја прикачува
галактозата.
- Кога е присутен само еден вид на алел, тогаш се синтетизира само еден вид на гликозил
трансфераза, а со тоа се добива и еден вид на антиген.
- Доколку се присутни двата алела, тогаш двата вида на ензими се синтетизираат, а со тоа на
површината на клетките се добиваат два вида на антигени.
- алелите поседуваат мутација во гликозил трансферазата и таа е неактивна
- Присуството на антигени на површината на
- еритоцитите е проследена со присуство на антитела во крвната плазма.
Индивидуата која е крвна група А, поседува антитела против крвната група B, односно B
антитела, а, пак, индивидуата со крвна група B поседува антитела A.
Доколку некој е АB крвна група, во тој случај не поседува антитела ни против А ниту против B и
спротивно индивидуата со крвна група О ги поседува и двата типа на антитела А и Б.
- Ова е особено важно да се знае при трансфузија на крв. Индивидуите можат да примат крв од
типот кој го поседуваат, на пример, крвната група А може да се даде на лице кое е крвна група
А. Дополнително, крвната група О може да се даде на секој реципиент бидејќи нејзините
еритроцити не поседуваат специфичен антиген, а лицата кои се АB можат да примат крв од секој
тип бидејќи не поседуваат специфични антитела против ниедна од крвните групи (правилото
важи само доколку нема крв од соодветната крвна група).
- Доколку се трансфузира некомпатибилна крв, на пример, индивидуа која е крвна група А, добие
крв од тип B, во тој случај ќе настане интеракција помеѓу антителата (анти B) присутни кај
реципиентот со еритроцитите (тип B) од крвта на дарителот. Ова ќе предизвика аглутинација на
тренсфузираните еритроцити, а со тоа и до запушување на крвните садови.
- R системот на поделба на крвните групи е еден од најкомплексните поради многубројните
полиморфни алели кои учествуваат во кодирањето на R антигените.
- Поделбата е базирана од антигените C (C и ), D (D и d) и E (Еи е) кои се кодирани во два
различни локуса. Главна улога во детеминирањето на R факторот поради неговата имуногеност
има D антигенот кој е кодиран од генот D.
- Поедноставено, индивидуите можат да бидат R позитивни (R +) доколку го поседуваат
антигенот D на површината на своите клетки или R негативни (R -) доколку не го поседуваат D
антигенот.
- Притоа, D антигенот се наследува доминантно, односно индивидуата ќе биде R + доколку
поседува барем еден функционален ген D.

Генска интеракција при полигенетското наследување

- Феноменот кога ефектот на еден ген е маскиран, односно


потиснат, од дејството на друг ген се вика епистасис
( p stas s). Проширена или адаптирана дефиниција за
епистасис е состојба при која ефектот на еден ген е зависен
од активноста на друг ген

- Комплемантација ( o p ntat on) е појава кога од


родители со рецесивен фенотип се добива потомство со
нормален или див фенотип. Ова се случува поради тоа што
родителите се рецесиво хомозиготни за различни гени кои учествуваат во формирањето на еден
фенотип. При вкрстување на овие родители се добива потомство кое е хетерозиготно за двата
алела за кои родителите били хомозиготни. Со добиената хетерозиготност се овозможуваат
услови за изразување на нормалниот фенотип.
Мултифакторно наследување
- Мултифакторијалното наследување е комплексно наследување при кое фенотипот зависи од
интеракцијата помеѓу повеќе различни гени и факторите од надворешната средина.
- Подвид на мултифакторијално е полигенеско наследување, при кое фенотипот зависи само од
активноста на повеќе гени, а не и од влијанието на животната средина.
- Овој тип на наследување не подл жи на типичните Менделови правила за наследување и со
класичната анализа на фамилијарното стебло истите не можат да се објаснат.
- Со помош на мултифакторијалното наследување најчесто се објаснуваат кванитативни својства
при кои е застапен кумулативниот ефект од активноста на повеќе гени и влијанието од
надворешната средина.
- Како типични примери кои се наследуваат на овој начин се висината, тежината, интелегенцијата
(IQ), отпечатоците на прстите, крвниот притисок, бојата на кожата
- Мултифакторијално можат да се наследат и карактеристики кои не се од квантитативен
карактер, односно фенотипови кои се присутни или, пак, не се присутни кај индивидуата.
- Пример за ваков тип на фенотипови се дијабетесот, спина бифида (sp na f da), мултипна
склероза, епилепсија, шизофренија, вродени срцеви мани, хипертироидизам
- Фамилијарните корелациони студии придонесуваат во осознавањето на влијанието на
животната средина врз фенотипските карактеристики.
- Секој од родителите со своите деца има 50% иста ДНК. Ист е и процентот на генетска сличност
помеѓу браќата и сестрите. Процентот на сличност во генетскиот материјал опаѓа за 50% во
секоја наредна генерација, односно со секое наредно колено.
- Идентичноста во ДНК помеѓу дедото или бабата со внуците, односно второ колено е 25%, како
што е и сличноста со сличноста помеѓу гените на чичкото/вујкото со неговите внуци.
- Сличноста на ДНК помеќу првите братучеди е 12.5%.
- Поради ова, ако во некоја фамилија набљудуваме една од особините која се наследува
мултифакторијално, ќе забележиме дека истата е застапена пропорционално на генетската
идентичност
- Сличноста на даден фенотип помеѓу членовите на една фамилија се вика корелација.
- Таа се изразува со скала од 0 до 1, при која доколку фенотипот е иденичен корелацијата е 1, а
доколку е комплетно различен за 0.
- Корелацијата ќе биде поголема за фенотипови кои имаат доминантно генетска основа кај
членовите од поблиско сродство.
- Како пример на неколку фенотипови со кванитативен карактер кои имаат поголема корелација
помеѓу членовите на една фамилија се висината со 0.53, IQ со 0.41, отпечатоците на прстите со
0.49.
- Дополнителен пример за учеството на генетската компонента во еден мултифакторијален
фенотип може да се добие при анализа на фреквенцијата на тој фенотип во една фамилија.
Генетика на канцерот
Состојба предизвикана од генска активност или инактивност
Надворешни фактори:катран, анилински бои, азбест
Директно наследување и начинот на наследување не е докажан
Кај 10-15% од жените карциномот на града е наследен
Туморски вируси
Значаен број на ретровируси
РНК вируси што содржат ензим-реверзна транскриптаза
При инфицирање на клетката РНК се претвора во ДНК со помош на овој ензим која може да се
инкорпорира во геномот на домаќинот и да ги користи неговите регулаторни механизми
Кај вирусот на саркомот Роуз е идентификуван еден ген кој предизвикува трансформација на
клетките во култура и се нарекува онкоген
Онкогени
- Хомологни секвенци на онкогените се наоѓаат во нормалните клетки кај човекот
- Учествуваат во нормалните процеси на раст и развој-протоонкогени
- Под одредени услови можат да предизвикаат малиген процес-целуларни онкогени
- Го добиваат името според потеклото (сојот на животното) и типот на тумор што го
предизвикуваат
Онкогени и тумор-супресор гени
- Нарушената клеточна пролиферација е во основата на малигниот процес
- Еден, повеќе или сите од наведените процеси се изменети: раст, диференцијација, функција,
пренос на сигнали, делба и аппоптоза
- Нарушениот раст е поврзан со продолженото преживување-нарушена апоптоза
- Нарушена диференцијација и меѓуклеточно и интраклеточно сигнализирање
Онкогени, антионкогени, репресори
- Клеточна делба-основен процес што е нарушен
- Тумор-супресор гените се гени кои нормално ги контролираат контролните точки на клеточниот
циклус или индуцираат апоптоза. Кај нормалните клетки овие гени се
- индуцираат при оштетување на ДНК или, пак, под дејство на пролиферативно
- инхибирачки сигнални молекули од средината.
- Кога нивната функција е нарушена, контролата над клеточниот циклус е непотполна или
воопшто недостасува, а и иницирањето на апоптозата отсуствува. Поради тоа, клетката
акумулира дополнителни мутации и станува неспособна да излезе од клеточниот циклус и да
стане митотички неактивна.
- За разлика од онкогените и двата алела на тумор супресор генот потребно е да се мутирани за
комплетно да отсуствува неговата функција, а со тоа да учествува во формирањето на
канцерогениот фенотип. Бројот на гени со онкогени и туморспересор карактеристики во геномот
на човекот е голем.
- Нарушена структура и функција на регулаторите на делбата-циклини (циклини и циклин зависни
кинази (CDK). Притоа, циклините се врзуваат за циклни зависните кинази и формираат
комплекси кои имаат способност за фосфорилација на други протеини кои се неопходна алка во
каскадната реакција на клеточната пролиферација)
- Се создаваат изменети хромозоми што водат до засилена јадрена нестабилност и прогресивни
хромозомски и генски нарушувања
- Хромозомските аберации се чести, но не се специфични, но укажуваат на нарушена
дистрибуција на генетскиот материјал на клетките што се делат неправилно
Активација на онкогените
Активираните протоонкогени се доминантни гени
Активацијата може да се случи на неколку начини:
1. Мутација на протоонкогенот -ras-фамилија (c ras x-везикален карцином и c ras k-колоректален
карцином). Со мутација на протеинот кодиран од овој ген се предизвикува измена во
аминокиселинската секвенца на местото 12, 13 или 61
2. Хромозомски реаранжмани-протоонкоген доаѓа во близина на целуларни промотори при што
се формира хибридна иРНК со дејство на факторите за раст
3. Било кој начин на хиперекспресија, амплификација или засилено дејство на протоонкоген
4. Инфекција со ретровирус со долга лантентност
5. Инфекција со ретровирус што содржат онкогени
6. Рецесивни онкогени-антионкогени

Хромозомски аберации и улога во онкогенезата


Малигната клетка има неправилен циклус на делба што се манифестира преку абнормалниот кариотип
Хромозомите се задебелени и тешко се анализираат со нормални техники
Нумеричките хромозомски промени се од типот на хипердиплоидија, полиплоидија но бројот на
хромозомите е ретко правилен (2n, 3n, 4n)
Псевдодиплоидијата при која некои хромозоми се вишок, а некои недостигаат е доста честа
Структурните промени се многу чести и се јавуваат
во две форми:
• Случајни промени при што се создаваат
феномени од типот на маркер-хромозоми
што тешко се дефинираат и со најсовремени
техники
• Специфични промени кои се многу
карактеристични и се смета дека се директно
поврзани. Станува збор за транслокации што
предизвикуваат активација на целуларните
онкогени или губење на дејството на
репресорните гени
Филаделфија-хромозом
- Специфичен за хронична гранулоцитна леукемија
- Специфична улога на транслокацијата во настанувањето на малигната болест
- Се работи за специфична транслокација t (9:22) при која доаѓа до преместување на протоонкогенот
abl, кој е тирозин киназа од нормалното место на хромозомот 9q, на bcr на хромозомот 22q
- На тој начин се формира хибриден ген кој се состои од
abl и bcr
- Продуктот на овој ген е тирозин киназа со молекулска
тежина од 210 000 и зголемена активност во споредба
со нормалната тирозин киназа
- Тирозин киназата спаѓа во факторите за раст и дејствува
врз клетките предизвикувајќи интензивна
пролиферација
- Создавањето на овој ензим претставува главен и
примарен настан за појава на болеста
- Иматиниб-инхибитор на тирозинкиназната активност
Б’ркит лимфом (Burkitt)
- Балансирана транслокација, доведува до преместување на c-myc онкогенот од хромозомот 8q24 на
14q32 во близина на моќни промотори за имуноглобулинските синџири што нормално се наоѓа на
хромозомот 14 и доведува до прекумерна активација
- Мус онкогенот учествува во процесите на клеточна пролиферација, диференцијација и апоптоза
- Иако точната функција на овој протеин не е во целост откриена, докажано е дека се работи за
транскрипциски фактор со моќно влијание врз експресијата на гени значајни за клеточна
пролиферација, како и за експресијата на теломеразите

Други специфични хромозомски промени


- Нон Хочкин лимфом во 90% од случаите се носители на t (14:18), а 10% на t (14:11)
- Во првиот случај транслокацијата доведува до присоединување на генот за тешките
имуноглобулински ланци од хромозомот 14 во близина на генот bcl-2, а bcl-1 е во вториот случај
- Кај Т-лимфомите со транслокацијата 8:14 c-myc се соединува во Т-клеточниот рецепторски ген на
хромозомот 14
- Значи кај хромозомските аберации активацијата на малигната трансформација оди преку создавање
на хибридни гени чиишто продукти (фактори на раст) имаат активаторска функција или со претерана
активација на протоонкогените преку нивно приближување со промоторни гени
- Транслокација 8:21 е специфична за акутна
нелимфобластна леукемија од типот М2
- Транслокација 5:7 е типична за секундарните
леукемии предизвикани поради експозиција
на мутагени
- Цитогенетска анализа може да се изврши со
FISH метода бидејќи се следат клетките во
интерфаза

Функција на онкогените
- при засилена активација на онкогените од кој било вид се создаваат протеини што имаат слична
функција како факторите за раст
- Три од подобро диференцираните фактори за раст се PDGF (platelet derived growth factor),
epidermal growth factor (EGF), fibroblast growth factor (FGF).
- Рецепторите за овие фактори се трансмембрански протеини што имаат активност на протеини-
киназа
- Оваа активност почнува со поврзувањето на факторот за раст со рецепторот
- Малигна трансформација- резултат на хомологијата на онкогените со факторите за раст, нивните
рецептори или други елементи во процесот на клеточниот раст и диференцијација
- Автокрина и паракрина стимулација на растот со активирање на овие онкогени има улога во
туморогенезата
- Други онкогени дејствуваат како транспортери на сигналот внатре во клетката (ras)
- Еден од најчесто мутираните гени кај различните видови на канцер се гените од Ras генската
фамилија. Се смета дека и до 30% од канцерите кај човекот имаат мутација во Ras.
- Кај некои канцери, како канцерот на панкреасот, Ras е мутиран во 90% од случаите. Овие гени
кодираат вид на протеини кои учествуваат во сигналните патишта поврзани со клеточното
растење и размножување. Ras протеините се активираат кога некои од факторите на растење од
надворешната средина (пр. PD F, E F) ќе се поврзат со рецепторите на клеточната мебрана.
- Кога Ras активиран, тој се поврзува со гванозин трифосфат ( P) и како комплекс учествува во
каскадна фосфорилација на интрацелуларни протеини со кои се пренесуваат сигналот до
нуклеусот.
- Вака активираниот сигнален пат индуцира гени кои ја стимулираат клетката да расте, да се
размножува и адаптира на условите на надорешната средина.
- Кога Ras не е активен, тој е поврзан со гванозин дифосфат ( DP), односно P се хидролизира до
DP, а со тоа иитрацелуларниот сигнален пат е неактивен.
- Поради мутација на Ras се добива протеин кој е постојано активен, односно хридролизата на
P до DP е оневозможена. Во ваква состојба нуклеусот постојано, независно од факторите на
растење во надворешната средина, прима сигнали за растење и размножување, а со тоа се
создават услови за малигна трансформација на клетката
- Нуклеарните онкогени како myb, myc,ski, jun,
erbA имаат улога на активатори на
клеточниот раст со тоа што се таргет на ДНК
врзувачките протеини
- Овие гени се активираат преку врзување на
ДНК врзувачките протеини за нивните
промотори
- Малигните клетки на генетско ниво можат да
се испитуваат со стандардните техники како
и наследните болести

Тумор супресорни гени


- Учествуваат бо процесите на клеточна регулација и на тој начин спречуваат малигна трансформација
- Бидејќи се рецесивни, за разлика од онкогените кои за да предизвикаат малигна трансформација се
претерано пројавени или силно транскрибирани, тие мора да ја изгубат својата функција преку
мутација или делеција
- Функцијата на двата алела мора да биде изгубена за да се наруши клеточниот циклус
- Гените што го регулираат клеточниот циклус се нарекуваат чуваркуќи
- Постои и група гени со тумор супресорна функција кои влијаат врз репарацијата на ДНК при
репликацијата и истите се нарекуваат згрижувачи
- Мутацијата на двата алела на тумор супресорниот ген води кон можност за кумулација на генски
промени и хромозомска нестабилност, што предизвикува неконтролиран клеточен раст и појава на
тумор
- Но, носителите на една мутација, односно хетерозиготите се здрави
- Доколку се случи мутација на вториот алел доаѓа до развој на тумор
- Типичен пример е ретинобластомот
- Тумор репресорниот ген се наоѓа на
13q14. доколку настане делеција на овој
дел, а другиот алел биде инактивиран со
мутација ќе дојде до пројава на болеста
- Ретинобластомот може да се наследи
доколку родителот е хетерозигот, па
генот да го предаде на детето
- Ризикот од мутација или делеција на
другиот алел од истиот ген е огромен и
постои можност и за појава на
билатерален тумор
Р53 тумор-супресор ген
- Повеќе од 50% од хуманите канцери имаат мутиран p53 ген.
- p53 ген кој кодира транскрипционен фактор кој учествува во контрола на експресијата на повеќе
од 50 гени инволвирани во клеточниот циклус, апоптозата, репарација на ДНК, оксидативен стрес.
- На пример, при оштетување на ДНК, p53 ја оневозможува транзицијата на клетката од 1 во S или,
пак, од 2 во M фазата од клеточниот циклус сѐ додека не настане репарирање на оштетените
делови.
- Доколку оштетувањата се иреверзибилни, p53 индуцира апоптоза. При нормални услови,
вообичаено, p53 протеинот е неактивен и брзо се деградира.
- p53 се активира и акумулира при експозиција на клетката на хемиски, физички и билошки фактори
кои предизвикуваат клеточен стрес и оштетувања на ДНК.
- Некои од факторите кои предизвикуваат активирање на p53 се јонизирачките и UV зрачења,
топлотен и оксидативниот стрес, вирусни инфекции.
- При нефункционален и/или мутиран p53, клетката не е способна да го контолира оштетувањето на
ДНК, односно контролните точки при клеточниот циклус се неактивни.
- Со тоа клетката непречено се реплицира и акумулира дополнителни мутации со секоја наредна
делба.
- Ваквата состојба овозможува клетката да се трансформира во канцер клетка.

Хипотеза на два удари и клонска еволуција


- Оваа хипотеза е прифатена од 1960 година
- Се смета дека мутација на едниот алел на еден тумор репресорен ген се јавува или во
герминативните клетки и се наследува во потомството или ако е наследено се јавува како
резултат на соматска мутација
- Втората мутација мора да се случи подоцна и таа е обично соматска мутација
- Поради тоа, во семејствата каде што се случила мутација во герминативните клетки, многу е
поверојатно да се случи и друга соматска мутација , за разлика од семејствата каде што не
постои герминативна мутација
- Туморите имаат клонска еволуција
- Независно од начинот на кој една клетка почнала неконтролирано да се дели сите клетки
настанати од неа ќе имаат слични генски промени со тоа што тие ќе се кумулираат во текот на
делбите
- Пример за клонска еволуција е ретинобластомот каде што соматската мутација во една или
повеќе клетки може да доведе до развој на еден или повеќе тумори

Ретинобластом
- Околу 40% од случаите на ретинобластом се наследни каде што детето го наследува
ретинобластом локусот (RB1) преку герминативна линија
- Мутација во една клетка на ретината на другиот алел води кон инактивација на двата алели и
иницира појава на тумор
- Наследувањето е доминантно бидејќи постои голема веројатност да се случи мутација во
примордијалните ретинобласти кои многу бргу пролиферираат
- Затоа се јавуваат повеќе тумори и тоа на двете очи
- RB1 генот е мапиран на хромозомот 13 на лентата 13q14
- Кај еден дел од пациентите наследената мутација се должи на делеција или транслокација која
го инволвира овој дел
- Преостанатите 60% од случаите се спорадични
- За да се случи малигна алтерација неопходни се
две независни мутации
- Затоа се поретки и обично го засегаат едното
око
- Протеинот енкодиран од RB1 е фосфопротеин и
нивото на фосфорилација учествува во
темпирањето на неконтролирана
пролиферација на клетките од ретината

Карцином на града (млечна жлезда)


- 20%-принцип на мултифакторно наследување, а 10% имаат силна генетска компонента и се
наследуваат доминантно, како предиспозиција за канцер
- Високонаследниот канцер се јавува пред 40 и е билатерален
- Околу 5% се предизвикани со мутации на два гена BRCA1 локализиран на хромозомот 17q21 и
BRCA2 локализиран на хромозомот 13q12.3
- Генските продукти на овие два гена се нуклеарни протеини што се одоговорни за кршењето на
двоверижната ДНК во текот на нормалниот рекомбинаторен процес, но и при оштетувањето на
ДНК
- Како и кај другите тумор репресорни гени, носителите на BRCA1 и BRCA2 мораат да имаат уште
една мутација за да дојде до појава на тумор
- Согласно студиите, носителите на овие мутации имаат 60-80% ризик да развијат карцином до 70
годишна возраст
Наследен карцином на колонот
- 2-4% се должат на наследен, неполипозен канцер
- Мажите, носители на мутацијата на генот имаат ризик 90% да ја развијат болеста до крајот на
животот, а жените 70%
- Болеста се должи на мутација на MLH1 и MLH2 (корекција н а грешките при спарувањето на А со
Т и С со G при репликацијата)
- Мутираните гени не можат да извршат корекција, па ако наследената мутација се придружи со
уште една соматска мутација доаѓа до бројни мутации во синтезата на ДНК, а со тоа и до генска
нестабилност
- На ова е сензитивна особено репетитивната ДНК, се смета дека во клетката во која настанало
губење на двете копии на нормалните гени може да се јават и до 100 000 мутации во
репетитивните елементи низ геномот
- Мутација на бројни онкогени може да се јави секундарно заради овој механизам
- Особено е важна мутацијата на АРС генот, сместен на хромозомот 5q
- Тој го енкодира протеинот бета катенин кој има двојна улога: ги поврзува трансмембранските
адхезивни молекули со цитоскелетот, а дејствува и како транскрипциски фактор
- Губењето на неговото дејство води кон акумулација на слободен катенин кој се пренесува во
јадрото на клетките и ги активира гените за клеточна пролиферација како MYC онкогенот
- Дополнително, доаѓа до мутација на уште еден трансформирачки ген кој продуцира
серин/треонин киназа што го контролира растот на клетката
- Круцијална промена за прогресирање на аденомата во интермедиерна аденома е мутација на
Ras протоонкогенот. Клетките кои ги содржат двете мутации, веќе немаат способност да се
диференцираат и ниту, пак, да ја инхибираат пролиферација при контакт со останатите клетки.
- Наредниот чекор во малигната трансформација е губење на двете копии на DCC генот. Овој ген
учествува во процесот на клеточната адхезија и диференцирање.
- За на крај аденомазните клетки да добијат канцерогени карактеристики потребно е да дојде и
до губење на p53 генот
Синдромот на Ли Фројмени
• Застапени во некои фамилии
• Малигномите се јавуваат многу рано и се наследуваат авотосомно-доминантно
• Околу 70% носат мутација на генот ТР53 кој го кодира протеинот р53, ДНК врзувачки протеин,
важен за отстранувањето на оштетувањата на ДНК и дополнително има функција во почнување
на апоптозата
• Неопходен е тригер од надворешната средина

Наследени мутирани гени како предиспозиција за појава на канцер

Пренатална дијагноза
Индикации за пренатална дијагноза доколку е позната болеста во семејството
Оптоварување Методи за пренатална дијагноза

Малформации Ултразвук, фетоскопија, Ртг, алфа-фетопротеин

Хромозомопатии Амниоцентеза, кордоцентеза, биопсија на chorion fondosum

Генопатии Кордоцентеза за екстракција на ДНК, амниоцентеза, хормони за


амнионска течност, биопсија на фетални ткива преку фетоскопија

Индикации за пренатална дијагноза


- Претходно дете со малформации
- Претходна патолошка бременост
- Наследни болести во семејството
- Малформации во семејството
- Хромозомопатии во семејството
- Возраст на мајката >35 и на таткото >40
- Хронични болести кај мајката
- Инфекции и паразитни болести во бременоста
- Консангвини бракови
- Носители на балансирани транслокации
- Хетерозиготи за генски болести
- Покачен АФП кај мајката
- Лекуван стерилитет
Методи за пренатална дијагноза
Техника Гестациска Аномалии
старост

Неинвазивни
Испитување на серум од
мајката
Алфа фето протеин 16 Дефекти на неврална туба
Трипл тест 16 Sy Down
Ултразвук 18 Малформации на ЦНС, срце, бубрези, срце
Инвазивни Метаболички нарушувања
Амниоцентеза 16 Дефекти на неврална туба
Течност Хромозомски аберации
Клетки Метаболички нарушувања
Chorion frondosum 10-12 Хромозомски аберации, метаболички нарушувања,
молекуларни дефекти
Биопсија
Хордоцентеза Хромозомски аберации, хематолошки нарушувања,
Фетоскопија конгенитални инфекции, метаболички нарушувања,
крв наследни кожни дефекти
црн дроб
кожа

Неинвазивни методи
Тестирање на мајчина крв
- Алфа-фетопротеин- скрининг за откривање на дефекти на невралната туба
- Даун скрин тест-алфа фетопротеин, естрадиол и хориогонадотропин во амнионска течност и
барање нухален набор кај плодот
- 60-70% од плодови со Даунов синдром
- Ултразвук
- рутинска метода: малформации што не се должат на хромозомски или генски малформации
туку изолирани малформации на одредени органи
- Обезбедува визуелизација на помали промени на плодот како расцеп на непце, полидактилија и
сл
Инвазивни методи
Амниоцентеза
- Добивање амнионска течност од абдоминалниот ѕид во 16-18 гестациска недела (10-20 мл)
- Со центрифугирање се добива супернатант од течност и седимент од амниоцити
- Супернатантот се користи за тестирање на алфа-фетопротеин, а седиментот за хромозомска
анализа
- Хромозомската анализа се врши на амниоцитите што претставуваат клетки десквамирани од
феталната кожа и епител од уринарниот тракт
- Мал дел ќе растат во култура и затоа оваа анализа е деликатна и подолготрајна, односно,
хромозоската анализа се врши по две недели култура, а молекуларните анализи на ДНК бараат
подолго време
- Недостаток е ризик од спонтан абортус 0.5-1% и доцно терминирање на бременоста
Chorion frondosum биопсија
- Биопсија на ресичките од chorion frondosum е многу порана метода за откривање на фетални
аномалии и наследни болести во 10-11 гестациска недела
- Земањето хорионски ресички се зема под ултразвук, а биопсијата се врши трансвагинално или
низ абдоминалниот ѕид
- Се аспирираат клетки од трофобластот, а мајчините клетки од аспиратот, мора да се
елиминираат пред да се почне каква било анализа од примерокот
- Добиените ресички се состојат од брзо-делечки клетки, па може да се прави директна
хромозомска анализа што ќе даде резултати во рок од 24 часа, а за молекуларна анализа има
доволно ДНК што дава гаранција за сигурна молекуларна дијагностика
- Дијагнозата се поставува во првиот триместар
- Ризик за абортус 2-3%
Кордоцентеза
- земање примерок од крв од папокот кога е добиен невообичаен резултат од амниоцентеза
Фетоскопија
- голем ризик од абортус (3-5%)
- Внесување ендоскоп во амнионскиот простор и набљудување на присутни аномалии, земање
биопсија од црн дроб или кожата, земање крв од умбиликалната вена
- се зема во вториот триместар

You might also like