Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 15

Американски Универзитет на Европа ФОН - Скопје

Монетарната
Историја на
Османлиската
Империја
Кандидат: Стефан Младеноски
Број на индекс: 18524
Ментор: проф. др. Саво Ашталкоски
Предмет: Монетарна Теорија и Политика
Содржина
Вовед ................................................................................................................................................................ 3
Монетарната политика во Османлиската Империја ............................................................................. 4
Пари, Економија и Османлиската Империја ........................................................................................ 10
Заклучок ........................................................................................................................................................ 14
Библиографија ............................................................................................................................................. 15

2
Вовед
Отоманско Царство или Османлиско Царство исто така од современите историчари позната и
како Турска Империја претставувака мултиетничка држава што постоела во период од 1299
до 1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923
година, де јуре како држава. Во време на своето постоење таа има сменето 36 владетели.
Османлиските власти во текот на постоењето на империјата многу експертски придонесувале
за развој на своите историски престолнини Бурса, Едрене и Цариград, и ги претварале во
големи трговски и индустријални центри. Османлиската економија била тесно поврзана со
основните принципи на државата и општеството на Блискиот Исток, каде крајна цел на
државата била задржување и проширување на власта на владетелот, и начинот по кој богатите
ресурси ќе бидат искористени. Крајна цел била да се зголемат државните приходи, доколку
тоа е возможно, без да се создаваат некакви социјални безредија и немири меѓу населението.
Разработувањето и организирањето на економијата во империјата бил во најголем степен
најуспешна работа. До 17 век, Османлиското Царство била поддржана со најголем економски
развој помеѓу другите исламски империи и била меѓу најдобрите економии во Европа. Имено,
нејзинара организацијата се засновала на бирократијата. Ефективноста на овој финансиски
професионален систем стоел зад успехот на многу големи отомански државници. Една од
најголемите причини за големиот раст на економијата се согледува во геополитичката
структура на империјата. Самата местоположба на Османлиското Царство очигледно
претставувала сериозна пречка за одвивањето на трговијата меѓу Европа и Азија, но и сериозна
закана за опстанокот на христијанскиот свет. Империјата се наоѓала помеѓу истокот и западот,
со што успешно го блокирала патот кон исток на шпанските и португалските морепловци кои
патувале за откривање на нови територии и нови богатства, познати како Големите географски
откритија. Во времето кога Кристофер Колумбо во 1492 година патувал кон Бахамските
острови, Османлиското Царство било во најголем подем и неговата територија се простирала
на три континенти. Современите историчари сметаат дека промената на односот помеѓу
османлиите и Средна Европа се должи на откривањето на нови морски патишта. Ова довело
до пад на економијата на самото царство.

3
Монетарната политика во Османлиската Империја
Практично сите од државите во Стариот свет морале да се справат со голем опсег на економски
и финансиски проблеми за време на доцниот средновековен и раниот модерен период.
Најголемиот дел од овие проблеми биле директно поврзани со одржувањето на самите држави.
Како водечки проблеми на економската политика на државите можеме да ги истакнеме
следните обезбедувањето на главниот град, вооружените сили, оданочувањето, поддршката и
регулирањето на трговијата и одржувањето на стабилна понуда на пари.1

Иако капацитетот на државите да се справат со економските проблеми првично бил доста


ограничен, во текот на овие периоди се случиле важни промени во истите, како пример
можеме да ги споменеме институционалната опрема и самата природа на владите. Со помош
на овие промени се остварила трансформацијата на опсегот и ефективноста на владината
интервенција во економско-финансиските работи. Токму оваа борба за изградба на
институционално-организациона мрежа неопходна за остварување на политичките цели
довела до појава на помоќни државни апарати во поголемиот дел од Европа и делови од Азија.
Една важна детерминанта на специфичните форми преземени од економските политики била
природата на државата и односите помеѓу државата и општеството. Државните економски
политики не го прателе јавениот интерес. Наместо тоа, целите и дизајнот на економските
политики, како и институциите поврзани со нивната имплементација биле обликувани од
страна на социјалната структура, односот помеѓу државата и општеството, интересите на
различните општествени групи. Поинаку кажано, општествените актери ја обликувале
државната политика. Во некои случаи влијанието на одредена општествена група било толку
силно што државата едноставно постапила во нивен интерес со што станала нивна држава. Во
други случаи, државата била во рацете на бирократија која дејствувала независно или била
изолирана од овие општествени групи.

За да се разбере природата на османлиските економски политики, од суштинско значење е да


се испита природата на османлиската држава и нејзините односи со различните општествени
групи. До крајот на петнаесеттиот век, постоела значителна количина на тензија во
османлиското општество помеѓу турската аристократија во провинциите, која била длабоко
вклучена во територијалните освојувања, и бирократијата во центарот составена претежно од

1
Треба да се додаде дека за повеќето општества во доцниот средновековен и раниот модерен период,
тешко е да се зборува за економска сфера одвоена од политичката, административната и фискалната.

4
преобратени робови (devşirme2), при што рамнотежата на моќта често се менувала помеѓу
двете страни. Успешната централизација на султанот Мехмед II3 во втората половина на XV
век повторно го придвижила нишалото, овој пат решително. Турската аристократијата била
поразена, државната сопственост била воспоставена над приватното земјиште, а моќта се
концентрирала во рацете на централната бирократија. По оваа промена, политиките на владата
во Истанбул започнале многу посилно да ги одразуваат приоритетите. Влијанието на
различните општествени групи, не само на земјопоседниците, туку и на трговците и
менувачите на пари, врз економските политики на централната власт останало ограничено.

Државната бирократија пробала да создаде и репродуцира традиционален поредок.


Обезбедувањето на градските средини, надворешната трговија и увозот биле неопходни за
стабилноста на тој општествен поредок. Државата ги толерирала, па дури и ги охрабрувала
активностите на трговците, домашните производители, повеќе или помалку независни од
еснафите и менувачите на пари, сè додека тие ѝ помагале да се репродуцира тој традиционален
поредок.4 И покрај општиот тренд кој водел кон децентрализација на империјата во текот на
седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век, трговците и домашните производители кои биле
водечки поборници и развивачи на меркантилистичката политика во Европа, никогаш не
станале доволно моќни за да извршат доволен притисок врз османлиската влада да ги промени
или дури и да ги измени овие традиционални политики. Само во провинциите, локално
моќните групи можеле да вршат зголемен степен на влијание врз провинциските
администратори.

Историчарот Мехмет Генч во еден свој есеј ги има испитано економските функции и
приоритети на централната бирократија врз основа на долгогодишно истражување на архивите
на централната власт.5 Во истиот, тој истакнува дека тие никогаш не се појавиле во чисто

2
Данокот во крв или девширме во Османлиското Царство се состоел од собирање на најздравите деца,
од христијанската раја, кои биле водени во Цариград, воведувани во исламот и подложувани на
специјален режим на воспитување
3
Мехмед II (отомански турски: ‫ ﻣﺤﻤﺪ الثانى‬Meḥmed-i sānī, денешен турски: II. Mehmet), наречен
„Освојувачот“ (отомански турски: ‫ الفاتح‬el-Fatih, денешен турски: Fatih Sultan Mehmet) — седми султан
на Отоманското Царство. Управувал во периодите 1444-1446 и 1451-1481 година.
4
Ципола тврди дека постоел виртуелен идентитет меѓу трговците и државата во трговските градови во
средновековна Италија. „Повеќе од еднаш се чинеше дека дејството на еснафот на трговци
имплицираше афирмација, l'état c'est moi“ Османлиските трговци за време на раната модерна ера не
можеа да кажат слично тврдење. Наместо тоа, како што заклучил Удович, за трговците од Египет од
единаесеттиот век, отоманските трговци во најдобар случај можеле да прогласат ''l'etat n'est pas contre
moi''. , ''Трговци и Амири,'' 53–72.
5
Genç, M. (1898). Osmanlı İktisadı Dünya Görüşünün İlkeleri. İstanbul Üniversitesi Edebiyat Fakültesi
Sosyoloji, 3(Dizi 1), pp. 175-185.

5
економска форма, туку секогаш заедно со политичките, верските, воените, административните
или фискалните прашања. По ова, тој излегол со тврдење дека, економските прашања на
Османлиската Империја можат да се групираат во три основни приоритети.

Првиот приоритет лежи во обезбедувањето на економија вклучувајќи ја армијата, палатата и


државните службеници. Владата имала за цел да обезбеди стабилна понуда на стоки за
градската економија и за Истанбул. Бирократијата била многу свесна за улогата што ја имале
трговците во овој поглед. Со територијалната експанзија на империјата и освојувањето на
Сирија и Египет во текот на шеснаесеттиот век, трговијата и контролата на
меѓуконтиненталните трговски патишта станале сè поважни. Странските трговци биле
особено добредојдени бидејќи носеле стоки кои биле недостапни во османлиските земји.
Меѓутоа, странските трговци, исто така, придонесувале за домашниот недостиг со извоз на
дефицитарни стоки, а Османлиите морале да воведат привремени забрани за извоз.6 Акцентот
на обезбедувањето барала важна разлика помеѓу увозот и извозот. Увозот бил пожелен бидејќи
ја зголемувал достапноста на стоки на пазарите. Спротивно на тоа, извозот се дозволувал дури
откако ќе се исполнеле барањата на домашната економија. Меѓутоа, штом би се појавила
можност за недостиг од намирници, владата не се двоумела да го забрани извозот, особено на
прехранбените производи и суровини. Контрастите помеѓу овие политики и практиките на
меркантилизам во Европа се очигледни. Меѓутоа, би било погрешно да се идентификува
проблемот со обезбедувањето на градските области само со Османлиите или исламските
држави.7 Честите појави на неуспех на земјоделските култури, гладта и епидемиите во
комбинација со примитивната природа на расположливите транспортни средства довеле до
тоа скоро сите средновековни влади да се фокусираат на градското снабдување со храна и
поопшто на обезбедувањето со средства како клучен проблем на економската политика. Овие
османлиски приоритети и практики имале силни паралели во политиките на владите во
западна и јужна Европа за време на доцниот среден век, од дванаесеттиот до петнаесеттиот
век.8 Контрастите меѓу османлиската и европската економска политика се појавиле за време
на ерата на меркантилизмот во Европа.9

6
İnalcık, H. (1970). The Ottoman Economic Mind and Aspects of Ottoman Economy. In M. Cook (Ed.),Studies
in the Economic History of the Middle East (pp. 207-218). Oxford University Press.
7
Bruce, M. (1988). The Origins of Western Economic Dominance in the Middle East: Mercantilism and the
Islamic Economy in Aleppo, 1600-1750. New York University Press.
8
Cipolla, C. M. (n.d.). The Economic Polices of Governments, The Italian and Iberian Peninsulas. In M. M.
Postan , E. E. Rich, & E. Miller (Eds.), Cambridge Economic History of Europe (Vol. III, pp. 397-429).
9
Османлиите не биле свесни за меркантилистичката мисла и практика. Историчарите од почетокот на
осумнаесеттиот век, како на пример Наима, ги бранеше меркантилистичките идеи и практики и

6
Генч, како втор приоритет ги посочува фискалните приходи. Владата често интервенирала за
собирање даноци од широк опсег на економски активности. Во тој процес кој го истражувал
Генч, има објаснето дека барем на подолг рок, економскиот просперитет е од суштинско
значење за фискалната сила на државата. На пократок рок, а особено во периоди на кризи,
владата не се двоумела да ги зголеми даночните наплати на сметка на производителите.

Како трет приоритет според Генч и кој е тесно поврзан со другите два, е зачувувањето на
традиционалниот поредок. За Османлиите, постоел идеален општествен поредок и рамнотежа
помеѓу општествените групи како што се селанството, еснафите и трговците. Султанот и
бирократијата биле ставени на врвот на ова општествено уредување. Имало одредена
флексибилност во овој поглед. Идеалот на она што го сочинувал овој традиционален поредок
и социјалните рамнотежи можеби се менувале со текот на времето со промените во
економијата и општеството. Владата се погрижила да го зачува што е можно повеќе
владејачкиот поредок и општествената рамнотежа вклучувајќи ја и структурата на
вработеноста и производството. Од оваа перспектива, на пример, брзата акумулација нa
капитал од страна на трговците, членовите на еснафот или која било друга група не се сметала
за поволна бидејќи тоа би довело до брзо распаѓање на постоечкиот поредок.10

Како резултат на тоа, односот на владата кон трговците бил длабоко двосмислен. Од една
страна, трговците, големи и мали, се сметале за неспорни за функционирањето на градското
стопанство. Сепак, во исто време, нивното профитерство често доведувало до недостиг на
основни добра, што доведувало до притисок врз еснафскиот систем и генерално врз градската
економија. Така, централната администрација честопати ја сметало за своја главна задача
контролата на трговците, а не нивната заштита. Меѓутоа, во исто време, контролата на
трговците била многу потешка од контролата на еснафите. Додека еснафите биле фиксирани
на локација, трговците биле мобилни. Непотребно е да се каже дека официјалниот однос кон
финансиерите и менувачите на пари бил слично двосмислен.11

Следејќи ги овие приоритети, османлиската влада не се двоумела да интервенира во


внатрешната и меѓународната трговијата со цел да би ги регулирала пазарите и да би
обезбедила достапност на стоки за војската, палатата, граѓаните и економијата. Во споредба
со исламскиот закон и со општата практика во средновековните исламски држави, раните

тврдеше дека ако исламското население купувало локални производи наместо увозот, акцето и другите
монети ќе останат во отоманските земји.
10
Sabri, Ü. F. (1951). İktisadi İnhitat Tarihimizin Ahlak ve Zihniyet Meseleri. İstanbul Üniversitesi İktisat
Fakültesi.
11
İslamoğlu, H., & Keyder, Ç. (1977). Agenda for Ottoman History. Fernand Braudel Center 1.

7
Османлии биле дефинитивно поинтервенционистички во својот пристап. Во економските и
фискалните работи, како и во многу административни практики, тие често издавале свои
државни закони дури и ако тие биле во судир со шеријатот12. Практиките што тие ги користеле,
како што е спроведувањето на прописите (хисба) на урбаните пазари и ценовните плафони13
(нарх) потекнувале од исламската традиција, но Османлиите почесто се потпирале на нив.14

Шемата на Генч е многу корисна во анализата на приоритетите и намерите на османлиската


бирократија. Како што нагласува и самиот Генч, приоритетите и намерите треба да се
разликуваат од вистинските политики. Дали резултатите ќе успеат да го постигнат
посакуваното преку нивните интервенции зависело од нивните способности. Веќе се тврди
дека постоеле сериозни ограничувања на административните ресурси, организацијата и
капацитетот на државата во доцниот средновековен и раниот модерен период. Таа немала
капацитет да интервенира на пазарот сеопфатно и ефективно. Измешаниот успех на владините
активности неизбежно ги навел османлиските власти да ги препознаат ограничувањата на
нивната моќ. Како резултат на тоа, османлиската интервенција се оддалечила од позицијата на
сеопфатен интервенционизам како што се практикуваше за време на владеењето на султанот
Мехмед II (1444 и 1451–81) кон поселективен интервенционизам во подоцнежните периоди.

За жал, оваа еволуција и поселективната природа на владиниот интервенционизам по


петнаесеттиот и шеснаесеттиот век не е соодветно препознаена.15 Законите издадени од страна
на слултанот Мехмед II и неговите непосредни наследници продолжуваат да претставуваат
примери за владин интервенционизам во економијата. Неможноста на многу историчари да
направат пореална проценка за интервенционизмот првенствено се должи на
државноцентрираната перспектива. Покрај тоа, постојат голем број причини зошто архивските
докази ги довеле во заблуда историчарите да ја преувеличат и зачестеноста и обемот на
државната интервенција во економијата. Еден основен извор на грешка е нерепрезентативната
природа на достапниот материјал. Секоја владина интервенција обично се запишувала со
документ во форма на налог до локалниот судија или некој друг орган. Спротивно на тоа, нема
евиденција за безброј случаи кога владата дозволила пазарите да функционираат сами.
Соочени со ова, многу историчари заклулчиле дека државната интервенција и регулација биле
трајно место на повеќето пазари на повеќето локации низ империјата.

12
Шеријат (арапски: ‫شريعة‬, начин или патека) — свето право на исламот.
13
Највисоките цени кои можат да бидат поставени од страна на владата
14
Ülegner. İslam Hukuk ve Ahlak Kaynaklarında.
15
Еден забележлив исклучок е Ахмед Гинер Сајар кој укажува на промената во ставовите на
Отоманците кон нархот по 1650 година.

8
Случајот со списоците на плафоните на цени даваат одличен пример во овој поглед. Откако
собраа неколку од нив од судските архиви, многумина историчари поставиле теза дека нархот
бил траен елемент на градскиот економски живот. Всушност, неодамнешните пребарувања
низ повеќе од илјада регистри на три судови во Истанбул, оној во стариот град, галата и
ускудар од петнаесеттиот до средината на деветнаесеттиот век покажуваат дека списоците на
плафоните на цени не биле редовно подготвувани. Тие биле издадени првенствено за време на
вонредни периоди на нестабилност и неволја на пазарите на стоки и/или пари кога цените,
особено цените на храната, имаа тенденција да покажуваат остри флуктуации или нагорни
движења. Војни, неуспеси на посевите, други тешкотии во обезбедувањето на градот и
монетарни нестабилности, како што се омаловажување или реформи во ковањето монети
претствавуваат најдобри примери за овие извонредни периоди.

Друга пристрасност е поврзана со фактот дека голем дел од достапните документи


обезбедуваат докази за државна интервенција директно поврзана со економијата на главниот
град. Овој доказ довел многу историчари да претпостават дека истата шема може да се
примени и за остатокот од Империјата. Всушност, Истанбул бил единствен и по големина и
по политичко значење. Со своето население кое броело скорп половина милион, тој бил
најголемиот град во Европа и Западна Азија во текот на шеснаесеттиот век. Како што бил
случајот со големите градови на други места, владината економска политика често се вртела
околу него. Спротивно на тоа, централната власт била многу помалку загрижена за
обезбедувањето на другите градски центри, државната организација во нив не била толку
силна, а локалните власти, кои биле назначени од центарот, биле повеќе подготвени да
соработуваат со локално моќните групи, еснафите, трговците, собирачите на даноци и
менувачите на пари.

Пореална проценка на природата на отоманскиот државен интервенционизам во економијата


е одамна задоцнета. Кога ќе се земат предвид пристрасноста на архивските докази и
ограничувањата на моќта и можностите на државата, османлиската политика кон трговијата и
пазарите најдобро се карактеризира не како постојан и сеопфатен интервенционизам, туку
како селективен интервенционизам. Во подоцнежните периоди, интервенциите се користеле
првенствено за обезбедување на избрани стоки за главниот град и армијата и во вонредни
периоди кога недостигот достигнувал кризни услови.

9
Пари, Економија и Османлиската Империја
Во кованицата што ја издавале и во нивните монетарни практики, Османлиите биле под
влијание и станале носители на големите монетарни традиции на Стариот свет и особено
монетарните традиции на медитеранските земји. Меѓутоа, треба да ги разгледаме
најосновните прашања: зошто Османлиите издавале монети и зошто тие се стремеле, во текот
на многу векови, да одржат стабилен монетарен систем?

Прво, следејќи ја исламската традиција, Османлиите го прифатиле сике (монета) заедно со


хутбе (молитва во името на владетелот) како два симболи на суверенитет. Отоманскиот
историчар Али од шеснаесеттиот век, на пример, ги разгледувал хутбето и сикето, „двата
посебни божествени дарови“ и направил разлика помеѓу апстрактноста на првото и
конкретноста на второто. За него, хутбето претставувало израз на „идејата за големината на
кралскиот престиж“ и потсетник на поданиците за послушноста поради нивниот владетел,
додека сике ја пренесуваше пораката за „кралската моќ“ во јасно изразен и запишан начин.
Како што циркулираа од личност до личност, област до област, златните и сребрените монети
на тој начин сведочеа за моќта на владетелот.

Второ, на Османлиите им требале некакви пари за да соберат даноци и плаќање на војниците,


бирократите и другата администрација. Како аргументирано претходно, овој мотив, исто така,
имал свој почеток уште во антиката на медитеранот. Сепак, би било тесно толкување да се
гледа османлискиот пристап кон монетарните работи исклучиво во однос на овие два мотива.
Османлиите исто така биле свесни дека постои силна врска помеѓу достапноста на пари и
просперитетот на трговијата и економијата. Од нејзините најрани денови, османлиската
држава се наоѓала на трговските патишта на долги растојанија и трговијата секогаш
вклучувала пари од овој или оној вид. Дополнително, иако степенот на монетизација секако
варирал со текот на времето и просторот, употребата на пари не била ограничена на тесни
сегменти од урбаното население. Употребата на пари значително се зголеми во текот на
шеснаесетиот век, како поради зголемената достапност на видовите, така и поради растечките
економски врски помеѓу урбаните и руралните области. Големи делови од руралното
население почнале да користат монети, особено малите деноминации на сребреното акче и
бакарниот мангар, преку нивното учество на пазарите и поради државното оданочување на
голем дел од економските активности. Покрај тоа, во истиот период се развија мали, но
интензивни мрежи на кредитни односи во и околу урбаните центри. Во овие парични
трансакции учествувале селаните како и жителите на градот. Наспроти овие докази, несомнено

10
е дека значителен дел од отоманската економија, како и од државните финансии зависеле од
парите и монетарната стабилност, а отоманските администратори добро го знаеле тоа.16

Исто како што османлиските економски политики ги рефлектирале приоритетите и интересите


на централната бирократија, отоманските монетарни практики биле тесно поврзани со истите
приоритети и интереси. Османлиските монетарни практики, исто така, се карактеризираат со
сеопфатен интервенционизам за време на најславниот период на отоманската централизација
во втората половина на петнаесеттиот век. Меѓутоа, ограничувањата на централната власт
биле уште поочигледни во случајот на пазарите на пари. Во споредба со пазарите на стоки и
меѓународната трговија, на владите им било потешко да ги контролираат залихите на монети
и да ги регулираат цените, односно девизните курсеви и каматните стапки.17 Така,
османлиските администратори сфатиле дека учесниците во пазарите на пари, трговците,
менувачите на пари и финансиерите можеле повеќе да ги избегнуваат државните правила и
прописи лесно за разлика од оние на стоковните пазари. Набљудувајќи го мешаниот успех на
владините активности, тие дознале дека интервенционизмот на пазарите на пари не секогаш
ги дава посакуваните резултати. Во целина, османлиските монетарни практики во
подоцнежните периоди всушност се карактеризирале со извонреден степен на прагматизам и
флексибилност.

Сепак, дури и со прагматизамот и флексибилноста, воспоставувањето и одржувањето на


стабилен монетарен систем во големата империја лоцирана на раскрсницата на
интерконтиненталната трговија била комплицирана задача. Тешкотиите со кои се соочуваат
Османлиите во овој поглед бараат одреден акцент. Прво, треба да бидат разгледани
тешкотиите за воспоставување и одржување на стабилен монетарен систем за време на
средновековниот и раниот модерен период, заеднички за сите држави. Бидејќи побарувачката
за пари се задоволуваше главно со кованица од злато, сребро и други метали, постоела силна
поврзаност помеѓу достапноста на овие метали и понудата на пари. Ако некој регион доживеал
трговски дефицит, стоките се извезувале надвор и паричната маса била негативно погодена.
Слично на тоа, складирањето на благородни метали и монети поради пад на довербата или
како одговор на нестабилноста на валутата би довело до намалување на понудата на пари.
Повеќето од средновековните и раните модерни држави всушност биле предмет на повторливи

16
Достапноста и употребата на монети го достигна својот врв во шеснаесеттиот век. За споредба,
недостигот на видови и монети биле честа појава и во XV и XVII век.
17
Spufford, P. (1988). Money and its Use in Medival Europe. Cambridge University Press.

11
недостиг на стоки што имало негативни последици врз економијата.18 Османлиите се бореле
со истите проблеми.

Османлиите се соочиле и со голем број други предизвици кои произлегуваат од големината на


Империјата и нејзината локација. И покрај тоа што акцентот на некои историчари е степенот
на контрола на владата, османлиската економија не била затворена или добро контролирана.
Од Балканот до Египет, од Кавказ до Магриб, различни региони на Империјата биле вовлечени
во трговски односи со далечните делови на Стариот свет. Балканот, на пример, остваруваше
трговски врски со централна и источна Европа преку Црното Море. Египет, од друга страна,
бил поврзан со Индискиот Океан и со Јужна и Југоисточна Азија. Овие далекусежни
комерцијални врски го отежнувале контролирањето и одржувањето на монетарната
стабилност.

Дополнително, Отоманската империја се наоѓала на главните трговски патишта меѓу Азија и


Европа. Уште од откритијата на главните наоѓалишта на сребро во Бохемија и Унгарија во
дванаесеттиот век, Европа имала тенденција да увезува повеќе стоки од Азија, како што се
зачини, свила, текстил и други стоки, додека Азија барала стоки за возврат.19 Доаѓањето на
големи количини на злато и сребро од Америка не ги иницирале овие движења, но секако
додале на нивниот волумен. Кога Османлиите почнале да воспоставуваат контрола над
главните трговски патишта во источниот Медитеран во втората половина на петнаесеттиот
век, тие го поздравиле доаѓањето на стоките од запад. Сепак, тие не можеле да го спречат
одливот на стоки на исток што произлегува од трговските дефицити во таа насока.
Флуктуациите во овие стоковни и парични текови придонеле за зголемен притисок врз
османлискиот монетарен систем.20

Поопшто, се разбира, монетарните тешкотии со кои се соочиле Османлиите, исто така, биле
одраз на основната економска и фискална реалност. Со растечката економска сила и
комерцијалното присуство на европските држави, од една страна, и опаѓањето на
османлиската моќ од друга страна, било сè потешко по шеснаесеттиот век да се контролираат
големите флуктуации во цените на стоките и паричните текови и да се одржи стабилен

18
Spufford, P. (1988). Money and its Use in Medival Europe. Cambridge University Press.
19
Spufford, P. (1988). Money and its Use in Medival Europe. Cambridge University Press.
20
Во овој поглед, постојат остри разлики меѓу Османлиите и нивните современици муслимани,
Могалите од Индија. Додека Османлиите се бореле со трговскиот дефицит и нестабилноста на нивниот
монетарен систем како резултат на тоа, Могалите уживале големи трговски суфицити, прилив на стоки
и процут на монетаренот систем во текот на шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век. Контрастите помеѓу
отоманската флексибилност во монетарните работи и подготвеноста да се дозволи циркулација на
странски монети и инсистирањето на Могалот на монетарно единство и забраната за туѓи монети не
можат соодветно да се разберат без повикување на соодветните трговски биланси.

12
монетарен систем. . Отоманските тешкотии беа надополнети со повторувањето на фискалните
кризи кои правеле проблем со стабилноста на парите. Соочени со овие тешкотии,
османлиските влади немале секогаш успех во нивните обиди да ја одржат монетарната
стабилност.

Оттука, јасно можеме да дојдеме до заклучок дека монетарната историја на Османлиската


Империја не можеме да ја согледаме изолирано, туку само како составен дел на тогашната
светска економија. Таа исто така била подлежна на случувањата во неа. Кога станува збор за
монетарната политика најдобро би било да се има слика на империјата како порозна целина,
слична на сито, со лабаво дефинирани граници.

13
Заклучок
Од претходно презентираните информации можеме да заклучиме дека колку и да
Османлиската Империја била високо развиена во општественото и политичко уредување
толку е развиена и во економскиот систем. Исто така би сакал да нагласам дека општествениот
поредок бил клучната алка во донесувањето на одлуките бидејќи за високата порта (владата)
било најважно тој да се сочува.

Новите истражувања и преработка на веќе постоечките документи од страна на историчарите


дадоа покажаа дека економијата и монетарната политика на Османлиската империја е
развиена. Имено самите историчари успеале да направат доволно детален извештај за
монетарните цели и практики кои се однесувале на истата.

Токму поради ова, јас како иден економист сметам дека Османлискиот период може да ни
укаже на многу практики кои и ден денес се користат од страна на владите посебно во земјите
на источна Европа и западна Азија.

14
Библиографија
1. Bruce, M. (1988). The Origins of Western Economic Dominance in the Middle East: Mercantilism
and the Islamic Economy in Aleppo, 1600-1750. New York University Press.

2. Cipolla, C. M. (н.д.). The Economic Polices of Governments, The Italian and Iberian Peninsulas. Во
M. M. Postan , E. E. Rich, & E. Miller (Ур.), Cambridge Economic History of Europe (Том III, стр.
397-429).

3. Genç, M. (1898). Osmanlı İktisadı Dünya Görüşünün İlkeleri. İstanbul Üniversitesi Edebiyat Fakültesi
Sosyoloji, 3(Dizi 1), стр. 175-185.

4. İnalcık, H. (1970). The Ottoman Economic Mind and Aspects of Ottoman Economy. Во M. Cook
(Ур.), Studies in the Economic History of the Middle East (стр. 207-218). Oxford University Press.

5. İslamoğlu, H., & Keyder, Ç. (1977). Agenda for Ottoman History. Fernand Braudel Center 1.

6. Pamuk, Ş. (2000). A Monetary History of the Ottoman Empire. Cambridge: Cambridge University
Press.

7. Sabri, Ü. F. (1951). İktisadi İnhitat Tarihimizin Ahlak ve Zihniyet Meseleri. İstanbul Üniversitesi
İktisat Fakültesi.

8. Spufford, P. (1988). Money and its Use in Medival Europe. Cambridge University Press.

9. Ülegner. (н.д.). İslam Hukuk ve Ahlak Kaynaklarında.

10. Википедија, У. н. (2022, 5 8). Wikipedia. Повратено од Отоманско Царство:


https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0
%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%A6%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D
0%BE&oldid=4678047

11. Данок во крв. (2022, февруари 2). Повратено од Википедија, Слободна енциклопедија:
https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA_%D
0%B2%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D0%B2&oldid=4724896.

12. Мехмед II. (2022, април 21). Повратено од Википедија, Слободна Енциклопедија: Мехмед II.
(2022, април 21). Википедија, Слободна енциклопедија. Retrieved
19:41https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D0%B5%D1%85%D0%BC%D0%B5
%D0%B4_II&oldid=4761334.

13. Отоманско Царство. (2021, ноември 7). Повратено од Википедија, Слободна Енциклопедија:
https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0
%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%A6%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D
0%BE&oldid=4=678047.

15

You might also like