Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 179

1

Френсис Скот Фицџералд


ГОЛЕМИОТ
ГЕТСБИ

2
Френсис Скот Фицџералд

Наслов на оригиналот
F. Scott Fitzgerald ГОЛЕМИОТ
ГЕТСБИ
THE GREAT GATSBY

3
Ако така ја придобиеш, натни го златниот
шешир
дари ѝ тајни морски длабини и златни ливади,
биди за неа тој
сѐ дур’ не викне: „Љубов моја дарежлива,
со тој златен шешир,
мора да си мој!“

Томас Парк Д’Инвилје

4
Повторно на Зелда

5
Глава 1

Татко ми ми даде еден совет кога уште бев млад и


наивен, на кој оттогаш наваму уште помислувам.
„Секогаш кога ќе сакаш да критикуваш некого“, ми
рече, „сети се дека сите луѓе на светов ја немале
предноста што си ја имал ти.“
He рече ништо повеќе, но отсекогаш сме имале
невообичаена и резервирана комуникација, така што
знаев дека со тие зборови ми кажува многу повеќе од она
што го изговараше. Така, се навикнав своите мислења да
ги чувам за себе, а таа навика ми откри многу
невообичаени нарави, но и ме направи жртва на
приличен број искусни давежи. Кога оваа особина ќе се
појави кај нормален човек, тие што се несаглам брзо ја
забележуваат и ќе ти се закатанчат, па така на факултет
неправедно ме обвинија дека сум бил политичар, затоа
што ми беа познати проблемите на разуздани и
непознати луѓе што обично беа држани во тајност.
Повеќето од оние што ми се доверуваа тоа го правеа на
сопствена иницијатива - честопати кога по некој сигурен
знак ќе сфатев дека ситуацијата станува премногу
интимна, се правев дека спијам, дека сум зафатен или ги
исмевав; зашто интимните пикантерии или барем
начинот на кој младите луѓе ги изразуваат, се обичен
плагијат и баздат на неискреност. Човек може бескрајно
да се надева ако си го задржи своето мислење за себе. Сѐ
уште по малку се плашам што сѐ ќе пропуштам ако го
заборавам тоа, како што татко ми снобовски велеше - а
јас снобовски повторувам - не сме сите родени со еднаков
минимум пристојност.
И откако вака се испофалив со својата толеранција,
чесно е да признаам дека е ограничена. Однесувањето

6
може да се засновува врз цврстина или врз лабилност, но
по извесно време не ми е гајле врз што се засновува.
Минатата есен, кога се вратив од Исток, почувствував
дека сакам светот да биде засекогаш изедначен и
морален; веќе не сакав развратни екскурзии со
привилегиран увид во човековата душа. Само Гетсби,
човекот по кој е именувана книгава, беше исклучен од
мојата реакција - Гетсби, кој претставуваше сѐ што јас
длабоко го презирам. Ако личноста е непрекината серија
од успешни гестови, тогаш имаше нешто преубаво во
него, некоја извонредна сензибилност за можностите во
животот, како да беше поврзан со некоја од оние
комплицирани направи што регистрираат земјотреси
оддалечени со километри. Оваа негова осетливост
немаше врска со млитавата способност што се велича
под називот „креативен нарав“ - туку е исклучителен дар
за надеж, романтична подготвеност каква што јас
никогаш не најдов кај ниеден друг човек и не верувам
дека некогаш повторно ќе ја најдам. He - Гетсби на крајот
излезе човек каков што треба да биде; тоа што го
демнеше Гетсби, тој смрдлив прав што лебдеше и се
закануваше да му ги задуши соништата, е она што
привремено го потисна мојот интерес во неискрената
тага и краткотрајната радост кај луѓето.

Бев пораснал во познато и имашливо семејство што


веќе три генерации живееше во овој град на Средниот
Запад. Керевејови се како клан и во семејството се
пренесува од колено на колено дека сме потомци на
Војводите од Баклу1, но вистинскиот предок на нашава

1 Војводите од Баклу - Најпознат војвода од Баклу бил Џејмс


Скот Манмут (1649-1685), водач на неуспешен бунт
против Џејмс II (1685). Протестантот Манмут сакал да го
симне католикот Џејмс од тронот; бил вонбрачен син на
крал Чарлс II и Луси Волтер.

7
лоза бил братот на дедо ми кој дошол овде во педесет и
првата година, пратил некого место него во Граѓанската
војна и почнал да продава железарија наголемо, што
татко ми го работи до ден-денес.
Никогаш го немав запознаено тој дедо, но ми велат
дека сум личел на него - особено со неговиот строг
портрет што виси во канцеларијата на тато. Дипломирав
на Њу Хејвен во 1915 г., само четврт век по татко ми, а
малку подоцна учествував во одложената Тевтонска
миграција што ја викавме Прва светска војна. Толку
многу уживав во контраофанзивата што се вратив многу
возбуден. Наместо да биде безбеден центар на светот,
Средниот Запад сега изгледаше како распартален раб на
универзумот - па така решив да отидам на Исток и да
учам за обврзници. Сите што ги знаев работеа со
обврзници, па претпоставив дека таа професија може да
издржи уште еден човек. Сите чичковци, вујковци, тетки,
стрини дискутираа како да ми бираат основно училиште
и конечно рекоа „Ајде - добро“, а на лицата им се гледаше
сериозно двоумење. Татко ми се согласи да ме издржува
една година, a пo неколку одлагања од различни
причини, конечно дојдов на Исток пролетта дваесет и
втората година - или, како што тогаш си мислев -
засекогаш.
Прво требаше да најдам соба во градот, но времето
беше топло, а јас само што имав напуштено земја со
пространи тревници и пријателски дрвја, така што, кога
еден младич во канцеларијата предложи да земеме куќа
заедно надвор од градот, тоа ми звучеше како одлична
идеја. Ја најде куќата, еден оветвен картонски бунгалов
што чинеше осумдесет долари месечно, но во последен
момент компанијата го прати во Вашингтон и јас морав
да одам сам да живеам в село. Имав куче - барем оние
неколку дена додека не ми избега - еден стар доџ и една
Финка што ми го раскреваше креветот, ми правеше
појадок и си мрмореше над шпоретот некои фински

8
мудрости.
Одвај дали два дена бев сам, а потоа едно утро се
појави еден човек, поноводојден од мене, и ме запре на
патот.
„Како да стигнам до селото Вест Ег?“ беспомошно ме
праша.
Му кажав. И понатаму веќе не бев сам. Бев водич,
извидник, вистински староседелец. Ненамерно, ми
помогна во тој крај да не се чувствувам како странец.
И така со сонцето и со експлозиите од нови лисја на
дрвјата, како што растат работи на забрзани снимки, ме
совладуваше една позната мисла дека животот во лето
почнува одново.
Прво, имаше толку многу да се прочита, толку здрав
воздух да се дише и да се наполнат убаво белите дробови.
Купив десетина книги за банкарството, кредитите и
инвестициите во хартии од вредност со црвен и златен
повез што ми стоеја наредени на по- лиците како нови
пари од ковачница и ми ветуваа дека ќе ми ги откријат
сите најголеми тајни што само Мида и Морган и Мецена2
ги знаеле. А бев многу решителен во намерата да читам и
дополнителна литература. На факултет бев многу по
книгите - една година напишав серија многу свечени
уводници за Јејл њуз - а сега сакав да им се вратам на тие
навики и да станам најограничениот од сите експерти,
„човек каков што треба да бидам“. Ова не е само епиграм
- сепак, животот многу полесно се сфаќа ако го гледаш
само од еден прозорец.
Беше чиста среќа тоа што зедов под наем куќа во една од

2 Мида бил митски крал познат по тоа што сѐ


претворал во злато. Џ. П. Морган (1837-1913) бил
американски финансиер и важен филантроп. Мецена
(околу 70-8 г. пр.н.е.) бил римски политичар и
покровител.

9
најчудните населби во Северна Америка. Се наоѓав на
танкото немирно островче што се протега источно од
Њујорк - и каде што има, меѓу другите природни
особености, две необични формации земја. Некаде на
триесетина километри од градот има чифт огромни јајца
со идентични контури, а ги одвојува само еден залив,
оформен во едно од најприпитомените соленоводни тела
на западната хемисфера, големиот и влажен Лонг Ајленд.
He се совршени елипси - исто како јајцето од приказната
за Колумбо 3 , и двата полуострова се зарамнети на
краевите - но нивната физичка сличност сигурно е
причина за константно чудење кај галебите што ги
прелетуваат. За бескрилните, поинтересен феномен е
нивната различност во секој поглед, освен во формата и
големината. Живеев на Вест Ег4, да бидам искрен -
понемонденскиот полуостров, иако тоа е релативно
површен опис на бизарната и не малку злокобна
противставеност меѓу двете. Мојата куќа беше на самиот
врв на јајцето, на педесетина метри од Саунд, напикана
меѓу два големи имота што ги даваа под наем за илјада и
двесте или илјада и петстотини на сезона. Куќата десно
од мојата беше колосална во секоја смисла - беше верна
копија на некоја општинска зграда во Нормандија, со
кула на едната страна, сосем нова, покриена со танко
веленце од бршлен, со мермерен базен, а тревникот и
градината се протегаа на повеќе од илјада и петстотини
ари. Тоа беше куќата на Гетсби. Односно, бидејќи сѐ уште
не го познавав г. Гетсби, тоа беше куќа во која живееше
господин што се викаше така. Од мојата куќа болеа очи,

3 Оние што се сомневале во неговите достигања


(откривањето на Новиот свет) Колумбо ги
предизвикувал да наместат едно јајце да стои исправено
на едниот крај. За да може да стои исправено, Колумбо го
отсекувал едниот крај од јајцето.
4 West Egg (анг.) - Западно јајце. (заб. на прев.)

10
ама така по малку, а често луѓето и не ја загледуваа,
поради што имав чист видик со поглед кон вода, а и кон
мал дел од тревникот на мојот сосед, истовремено се
наоѓав во утешна близина на милионери - и сето тоа за
осумдесет долари месечно.
Белите грандиозни куќи на монденскиот Ист Ег5 сјаеја
покрај водата од другата страна на заливот, но
приказната за летото започнува ноќта кога отидов на
вечера со семејството на Том Бјукенен. Дејзи ми беше
некаква тетка, а со Том се знаевме од факултет.
Престојувавме два дена заедно во Чикаго веднаш по
војната.
Нејзиниот сопруг, освен што беше многу привлечен
човек, беше и еден од најдобрите рагбисти во Њу Хејвен -
нешто како национален херој, човек што на дваесет и
една година толку набрзина ќе го достигне својот
максимален потенцијал, што сѐ потоа изгледа како
враќање наназад. Потекнуваше од многу богато
семејство - дури и на факултет беше за неверување колку
не внимаваше на трошењето - но сега го имаше
напуштено Чикаго и имаше дојдено на Исток како
султан; на пример, си имаше донесено цело стадо коњи
за поло од Лејк Форест6. He можев да поверувам дека
човек што е моја генерација е доволно богат за да си го
дозволи тоа.
Искрено, не знам зошто дојдоа на Исток. Претходно
престојуваа една година во Франција без никаква
причина, а потоа каде ќе ги дувнеше ветрот, односно
секаде каде што можеше да играат поло со други богати
луѓе и едноставно да си бидат богати заедно. Овде
планираат да останат засекогаш, така ми рече Дејзи на
телефон, но мене не ми се веруваше - не ја познавав Дејзи
толку добро, но чувствував дека Том е од оние луѓе што

5 East Egg (анг.) - Источно јајце. (заб. на прев.)


6 Предградие во Чикаго каде што живее високата класа.

11
сакаат засекогаш да одат кај што ќе ги дувне ветрот,
трагајќи и копнеејќи по драмата што ја носат со себе
загубените натпревари во рагби.
И така една топла ветровита вечер се одвезов до Ист
Ег да се видам со двајца стари пријатели кои речиси и не
ги познавав. Куќата им изгледаше уште пораскошна
отколку што очекував, еден џорџијански велепосед со
ведра црвено-бела фасада и со поглед кон заливот.
Тревникот почнуваше некаде од плажата и се протегаше
на половина километар, дури до влезната врата,
прескокнуваше преку сончеви часовници, ѕидови и
пламнати градини - а кога конечно се приближуваше до
куќата, ја имаше облеано со светли ползавци, како да не
можел да запре на земјата. На предната страна имаше цел
ред француски прозорци што сјаеја со златни тонови и
беа ширум отворени кон топлата ветровита квечерина,
додека Том Бјукенен, облечен во јавачка униформа,
стоеше расчекорен на предниот трем.
Се имаше сменето од времето во Њу Хејвен. Сега беше
стамен триесетгодишен човек со аристократски
перчиња, строг и надмен. На лицето му доминираа
сјајните арогантни очи и поради нив изгледаше како да е
постојано подготвен за напад. Ни нежноста на јавачката
униформа не можеше да ја скрие огромната моќ на тоа
тело - толку целосно ги исполнуваше сјајните чизми што
кај врвките rope му беа набрекнати, а движењето на
масивните мускули му се гледаше секојпат кога ќе го
помрднеше рамото под танкото палто. Тоа беше цврсто
подготвено тело - сурово тело. И гласот, малку засипнат
и рапав тенор, го дополнуваше впечатокот дека е
своеглав. Имаше некоја нијанса на татковски прекор во
тој глас, дури и кога зборуваше со луѓе што му се допаѓаа
- а во Њу Хејвен имаше такви што го мразеа од дното на
душата.
Како да велеше „не земајте го мојот став за овие работи
како крајниот збор само затоа што сум посилен и

12
поголем маж од вас“. Во последната година од студиите
бевме во исто студентско здружение и, иако никогаш не
бевме многу блиски, секогаш имав впечаток дека ме цени
и знаев дека со таа своја груба и пркосна копнежливост,
само нему својствена, сакаше да ме придобие.
Разговаравме кратко на сончевиот трем.
„Убаво е местово“, рече со немирен пробивен поглед.
Држејќи ме за раката, ме сврте и со широката рака ми го
покажуваше погледот од предниот дел на куќата, кон
италијанската градина, дваесет ари темни рози со силен
мирис и моторен чамец со чпртав нос што ги одбиваше
брановите на брегот.
„Порано беше на Димејн, трговец со нафта.“ Повторно ме
сврте, учтиво и нагло. „Да влеземе внатре.“
Поминавме низ висок ходник и влеговме во просторија
обоена со светлоцрвена боја, која со високите француски
прозорци од двете страни деликатно се поврзуваше со
куќата. Прозорците беа подотворени и блескавобели,
наспроти свежината на тревата надвор за која се чинеше
дека ќе навлезе во самата куќа. Слаб ветрец проструи низ
собата, ги развеа завесите, прво на едната, а потоа на
другата страна, како бледи знамиња, свивајќи ги нагоре
кон таванот украсен како свадбена торта, а потоа ги
брануваше над килимот црвен како вино, оставајќи на
него трага како што ветрот остава трага по морската
површина.
Единствен целосно неподвижен предмет во собата
беше огромниот кауч на кој, како на закотвен балон,
седеа две жени. Двете беа облечени во бело, a облеката
им се брануваше и се вееше, небаре ветрот штотуку ги
одвеал назад по кус лет околу куќата. Сигурно сум стоел
неколку мига и сум ги слушал шумот на завесите и
јачењето на сликата на ѕидот. Потоа се чу како Том
Бјукенен ги затвори со трескот прозор- ците, а
заробениот ветар замре и се стивна во соба- та, така што
сега завесите, килимите и двете млади жени полека се

13
спуштаа на подот како издишани ба- лони.
Помладата не ми беше позната. Целосно се имаше
спружено на својот дел од каучот и лежеше неподвижна,
само брадата и беше малку подигната, небаре балансира
на неа нешто што во секој момент ќе и падне. И да ме
видела, тоа не го покажа - а јас сепак, од изненаденост, се
фатив како мрморам некакво извинување поради тоа
што ја вознемирив со своето доаѓање.
Другата девојка, Дејзи, се обиде да стане - малку се
наведна напред, сериозна, а потоа се насмеа, кратко и
шармантно, на што јас и возвратив и влегов во собата.
„Се стопив од среќа.“ Повторно се насмеа како да
кажала нешто многу духовито и ми ја задржа раката еден
момент гледајќи ме в лице, како да сакаше да ме убеди
дека на светов не постои некој што и е помило што го
гледа. Таква си беше. Промрморе дека девојката што
балансираше се презива Бејкер. (Имав слушнато дека
Дејзи мрмори само за да ги натера луѓето да се наведнат
кон неа; безначајна забелешка што не и одземаше ништо
од шармот.)
На госпоѓица Бејкер и затреперија усните, речиси
незабележливо ја заниша главата и веднаш ја врати во
почетната позиција - предметот што го балансираше
очигледно малку се заниша и затоа се обеспокои.
Повторно изустив нешто што личеше на извинување.
Секогаш се збунувам кога некој е толку самоуверен пред
мене.
Ја погледнав братучетка ми која почна да ми поставува
прашања со тој свој тивок, возбудлив, глас. Тоа беше глас
што напрегнатото уво мора да го следи горе-долу, небаре
она што го кажува е нотен запис што никогаш повторно
нема да биде отсвирен. Изразот ѝ беше истовремено и
тажен и прекрасен, со некаква ведрина, со сјај во очите и
страст на усните, а во гласот ѝ се чувствуваше некоја
возбуда, нешто што мажите што ги привлекуваше не
можеа да го заборават. Тоа беше распеан и неодолив глас,

14
едно прошепотено „слушај“, едно ветување дека веселите
и возбудливи доживувања што таа ги овозможила токму
пред овој момент, повторно ќе се случат.
И раскажав дека на патот на исток еден ден наминав во
Чикаго и дека преку мене ја поздравија многу
познајници.
„Им недостигам ли?“ викна одушевено.
„Целиот град е паднат во очај. На сите автомобили
левите задни тркала им се бојадисани црно, како
траурни венци, а покрај целиот северен брег се слушаат
лелеци.“
„Величествено! Веднаш се враќаме, Том! Уште утре!“ По
што сосем неповрзано додаде: „Треба да го видиш
малото“.
„Да, многу би сакал.“
„Сега спие. Има три годинки. Ја немаш видено?“
„Никогаш.“
„Тогаш мора да ја видиш. Таа е...“
Том Бјукенен, кој дотогаш непрекинато се врткаше низ
собата, застана и ми ја стави раката на рамо.
„Што работиш, Ник?“
„Тргувам со обврзници.“
„За кого?“
Му кажав.
„Првпат слушам за нив“, додаде отсечно.
Me налути.
„Ќе слушнеш“, му одговорив кусо. „Ќе слушнеш ако
останеш на Исток.“
„А, да бидеш сигурен дека ќе останам на Исток“, рече
тој и го сврте погледот кон Дејзи, а потоа повторно ме
погледна мене, како да очекуваше уште нешто. „Не сум
будала да живеам на друго место.“
Тогаш госпоѓица Бејкер рече: „Се разбира!“ и тоа
толку ненадејно што се штрекнав - тоа беше првиот збор
што го изусти откако влегов во собата. Јасно беше дека и
таа се изненадила исто колку мене, по што се проѕевна и

15
со неколку брзи и вешти движења стана од каучот.
„Се здрвив“, се пожали „се заборавив на каучов.“
„Не гледај ме мене“ ѝ одговори Дејзи. „Цело попладне
се обидував да те натерам да отидеме во Њујорк.“
„Не, благодарам“, рече госпоѓица Бејкер одбивајќи
еден од четирите коктели што во тој момент ги
послужија. „Сѐ уште тренирам.“
Домаќинот ја погледна со неверување.
„Навистина!“ Ја испразни чашата како да имаше само
една капка на дното. „Никако не можам да сфатам како
успеваш да го завршиш тоа што си го намислила.“
Ја погледнав госпоѓица Бејкер прашувајќи се што е
тоа што го „завршува.“ Ми беше убаво да ја гледам. Беше
вита, со мали гради и исправено држење - а тоа го
истакнуваше зафрлајќи ги рамената назад како што
прават младите кадети. Me погледна со сивите очи,
малку подзамижани од сонцето, а на бледото шармантно
и незадоволно лице ѝ се гледаше учтива љубезност. Ceгa
ми се причини дека веќе сум ја видел некаде порано, неа
или барем нејзина слика.
„Живеете во Вест Ег“, забележа презриво. „Знам еден
таму.“
„Јас таму не познавам ни...“
„Сигурно го знаете Гетсби.“
„Гетсби?“ праша Дејзи. „Кој Гетсби?“
Пред да успеам да кажам дека ми е сосед, најавија дека
вечерата е сервирана; забивајќи си ја цврстата
мускулеста рака под мојата, Том Бјукенен ме изведе од
собата како да преместува шаховска фигура во друго
поле.
Полека и немарно, со рацете спуштени на колковите,
двете млади жени излегоа пред нас на црвено
бојадисаниот трем, свртен кон залезот, каде што на
масата ветрот го разигруваше пламенот од четирите
свеќи.
„Зошто свеќи?“ намуртено се побуни Дејзи. Ги изгаси

16
со прстите. „По две недели ќе дојде најдолгиот ден во
годината.“ He погледна весело. „Дали и вие секогаш го
чекате со нетрпение најдолгиот ден во годината и на
крајот го пропуштате? Јас секогаш го чекам и потоа го
пропуштам.“
„Мораме да смислиме нешто“, се проѕевна госпоѓица
Бејкер и седна на столот небаре легнува на кревет.
„Се согласувам“, рече Дејзи. „Што ќе смислиме?“
Беспомошно се сврте кон мене: „Што смислуваат обично
луѓето?“
Пред да успеам да ѝ одговорам, се загледа во својот
мал прст.
„Гледајте! Сум го повредила“, се пожали.
Сите погледнавме. Зглобот на прстот ѝ беше
помодрен.
„Ти си виновен, Том“, рече обвинувајќи го. „Знам дека
не беше намерно, но ти ме повреди. Така е кога ќе се
омажиш за грубијан, за голем, несмасен човечки вид...“
„Го мразам зборот несмасен“, рече налутено Том, „дури и
на шега.“
„Несмасен“, не попушташе Дејзи.
Понекогаш таа и госпоѓица Бејкер зборуваа истовремено,
ненаметливо и со некоја игрива некохерентност што
никогаш и не беше вистински разговор, туку нешто
студено, како нивните бели фустани и безизразните очи
во кои не се гледаа желби. Тие едноставно беа тука и нѐ
прифаќаа и мене и Том, учтиво напрегајќи се да нѐ
поднесуваат или да бидат поднесувани. Знаеја дека
вечерата набргу ќе заврши, дека малку подоцна и
вечерта ќе заврши и, како и обично, сѐ ќе се заборави.
Овде сѐ беше поинакво отколку на Запад, каде што
вечерата од една во друга етапа ита кон сопствениот
крај, исчезнува во непрекинатата низа неисполнети
очекувања или во страв од самиот момент.
„Покрај тебе се чувствувам нецивилизиран, Дејзи“,
признав по втората чаша доста силно француско црвено

17
вино што малку мирисаше на тапата. „Не можеш ли да
зборуваш за жетвата или за нешто слично?“
Со оваа забелешка не мислев да кажам ништо посебно, но
ја прифатија на посебен начин.
„Цивилизацијата се распаѓа“, бесно се вклучи Том. „Во тој
поглед сум станал страшен песимист. Си го читал ли
Подемот на обоените народи7 од оној Годар?“ „Па, не“,
одговорив прилично изненаден од неговиот тон.
„Многу добра книга, секој треба да ја прочита. Авторот
вели дека е доволно да сме само малку невнимателни за
да биде белата раса сосем, сосем истисната. Пишувано
врз основа на научни докази; и докажано.“
„Том станува голем мислител“, рече Дејзи безобѕирно
задевајќи го. „Чита тешки книги, полни со долги зборови.
Кој беше зборон што...“
„Да, сето тоа се научни книги“, упорно продолжи Том и ѝ
упати нетрпелив поглед. „Човекот сѐ има разработено.
Сега останува ние, доминантната раса, да бидеме
внимателни, во спротивен случај другите раси ќе го
завладеат светот.“
„Море да се сотре сето тоа“, прошепоти Дејзи и
заканувачки замижурка кон вжареното сонце.
„Вие треба да живеете во Калифорнија...“ почна
госпоѓица Бејкер, но Том ја прекина бучно преместувајќи
се на столот.
„Основната идеја е дека ние сме Нордијци. Јас, ти, тој и...“
По кусо двоумење лесно кимна со главата, со што ја
вклучи во групата и Дејзи, а таа повторно ми намигна.
„...Така, ние сме создале сѐ што ја сочинува

7 Подемот на обоените народи - погрешни се и насловот и


името на авторот. Се мисли на Надоаѓа обоен прилив
(1920) од Лотроп Стодард. Во ова дело се зборува за
нордизам и дека белците од северна Европа што живеат
во Америка стануваат малцинство поради
намножувањето на другите раси, вклучително и
медитеранската.

18
цивилизацијата... ех, и науката и уметноста и сѐ. Сфаќате
ли?“
Имаше нешто патетично во неговата сосредоточеност,
небаре самозадоволството, многу поизразено отколку
порано, веќе не му беше доволно. Кога, речиси истиот
миг, внатре заѕвони телефонот и батлерот отиде да се
јави, Дејзи го искористи кусиот прекин и се наведна кон
мене.
„Ќе ти кажам една семејна тајна“, ми шепна одушевено.
„Сакам да ти кажам нешто за носот на батлерот. Те
интересира?“
„Затоа и сум дојден вечерва тука.“
„Штом е така, тој не бил отсекогаш батлер; порано
работел како чистач на сребро кај некои луѓе во
Њујорк што имале двесте комплети сребрен прибор.
Морал да чисти од утро до мрак, сѐ додека тоа не почнало
лошо да му влијае врз носот...“
„И тогаш работите тргнале на полошо“, додаде госпоѓица
Бејкер.
„Да, работите тргнале на полошо. Толку лошо што на
крајот морал да си замине од тоа работно место.“
Во тој миг последниот сончев зрак со романтична
нежност ѝ го погали заруменетото лице и малку се
задржа; додека ја слушав, нејзиниот глас ме
принудуваше да се поднаведнам кон неа и да заборавам
да дишам додека ја слушам - потоа руменилото почна да
избледува, секој зрак светлина безволно ја напушташе,
како деца кога на самрак неволно ја прекинуваат
уличната игра.
Батлерот се врати и му промрморе нешто на увото на
Том, а тој се смршти, го оттурна столот и без збор влезе
во куќата. Небаре неговото отсуство разбуди нешто во
неа, Дејзи повторно се наведна кон мене, a гласот ѝ
звучеше како волшебна музика.
„Ник, многу ми е мило што те гледам тука. Me
потсетуваш на... роза, вистинска роза си. Нели е

19
вистинска роза?“ се сврте кон госпоѓица Бејкер да побара
согласност. „Нели?“
Немаше врска. Далеку од тоа дека личам на роза. Тоа го
рече колку да каже нешто, но притоа од неа зрачеше
некоја возбудлива топлина, како да се обидуваше да те
допре со срцето, иако беше запретано под тие
возбудливи зборови од кои запира здивот. Потоа
ненадејно ја фрли салфетата на масата, се извини и влезе
во куќата.
Госпоѓица Бејкер и јас се погледнавме зачудено. Токму
кога сакав да речам нешто, таа брзо се исправи и со глас
полн со предупредување изусти „Шшш!“ Во собата до нас
се слушаше придушено, но жолчно шепотење, а
госпоѓица Бејкер бесрамно се наведна напред обидувајќи
се да чуе нешто. Шепотењето одвај се разбираше, потоа
се губеше, па повторно возбудено се засилуваше, и на
крајот сосем престана.
„Тој господин Гетсби за кој зборувавте ми е сосед...“
реков.
„Тишина. Сакам да слушнам што се случува таму.“
„Нешто се случува?“ прашав наивно.
„Сакате да кажете дека ништо не знаете?“ рече
госпогица Бејкер искрено изненадена. „Мислев дека сите
знаат.“
„Јас не знам.“
„Па...“ колебливо рече. „Том има некоја во Њујорк.“
„Има некоја?“ повторив збунето.
Госпоѓица Бејкер ми кимна потврдно.
„Барем грам пристојност да имаше да не му ѕвони
дома навечер. Нели?“
Пред да сфатам што ми зборува, се слушна шушкање
на фустан и крцкање на кожени чизми, а Том и Дејзи
повторно се вратија на масата.
„Нема што да се направи!“ викна Дејзи со извештачена
веселост во гласот.
Седна и испитувачки погледна право во госпоѓица

20
Бејкер, а потоа и во мене, па продолжи: „Излегов надвор
и видов дека е многу романтично. На тревникот има една
птица, мислам дека е славеј што сигурно дошол со
Кјунард или со Вајт стар лејн. Ама се распеал...
Романтично, нели, Том?“ потпевна и таа.
„Многу романтично“ ѝ одговори тој, а потоа очајно ми
се обрати: „Ако по вечерата има доволно светлина, ќе те
одведам долу да ја видиш шталата.“
Во собата, за општо изненадување, телефонот
повторно заѕвони, а кога Дејзи решително одмавна со
главата кон Том, разговорот за шталата, всушност
целиот разговор, како да испари. Од фрагментите од
последните пет минути на масата се сеќавам дека
повторно ги запалија свеќите без некоја особена цел, а
бев сигурен дека сакав сите јасно да ги гледам, а мене
никој да не може да ме види. He можев да погодам што
мислеа Дејзи и Том, но се сомневам дека дури и
госпоѓица Бејкер, која изгледаше како умешен циник,
беше во состојба да ја игнорира пискливата настојчивост
на петтиот гостин. Можеби ваква ситуација би му била
интересна на некој друг - но мене интуицијата ми велеше
дека веднаш треба да се јавам во полиција.
Нема потреба да кажам дека коњите веќе никој не ми ги
спомена. Том и госпоѓица Бејкер се одвлечкаа назад во
библиотеката како да одеа да бдеат покрај вистински
мртовец, додека јас, трудејќи се да изгледам љубезно
заинтересиран, но малку глув, ја следев Дејзи низ
поврзаните веранди, сѐ до предниот трем. Во црната
темница седнавме еден до друг на плетената клупа.
Дејзи си го опфати лицето со рацете како да се
обидуваше да ја почувствува неговата убава форма,
додека постепено ги отскриваше очите зјапајќи во
кадифениот самрак. Забележав дека во неа се брануваат
силни чувства и, со надеж дека тоа малку ќе ја смири,
почнав да ја прашувам за ќеркичката.
„Јас и ти речиси не се познаваме, Ник“, ненадејно рече

21
таа. „Иако сме братучеди. He дојде ни на свадбата.“
„Не бев вратен од војната.“
„Да, така е“, се колебаше. „Знаеш, Ник, имав тежок живот
и затоа сум прилично цинична.“
Очигледно имаше причина да биде таква. Чекав, но не
кажа ништо повеќе и по неколку мига повторно почнав
да ѝ зборувам за ќерка ѝ.
„Верувам дека веќе сѐ знае да каже - дека сѐ јаде.“
„О, да“,ме погледна отсутно. „Слушај, да ти кажам што
реков кога се роди. Сакаш ли да ти кажам?“
„Да, многу ме интересира.“
„Од ова што ќе го чуеш ќе ти стане јасно како
размислувам јас за сѐ. Неполн час откако ја родив, а
немам поим каде беше Том, се разбудив од анестезијата
без никакви чувства и веднаш ја прашав сестрата дали е
машко или девојче. Кога ми одговори дека е девојче, се
свртев на другата страна и заплакав. Добро, реков, мило
ми е што е девојче. Се надевам дека ќе биде празноглава -
тоа е најдобро за женско дете, да биде празноглава
убавица.“
„Јас сметам дека денес на некој начин сѐ е страшно,
разбираш“, продолжи да ме уверува. „Секој мисли така - и
најнапредните луѓе. Додека јас тоа го знам. Секаде сум
била, сѐ сум видела и сѐ сум правела!“ Очите ѝ светнаа
пркосно, многу слично како очите на Том, па се насмеа
подбивно, по што ми стана неубаво. „Префинета...
Господе, јас сум префинета!“
Во тој момент гласот ѝ замре, веќе не ми го
привлекуваше вниманието, не звучеше убедливо, и
тогаш почувствував дека сѐ што кажа беше неискрено. Се
почувствував непријатно, целата вечер како да беше
некаков трик за да ме изманипулира. Чекав и сосем сум
сигурен дека во еден момент ме погледна и ми се
насмевна самобендисано и победнички, како да го
потврдила своето членство во некое прилично ис-
такнато тајно здружение, на кое му припаѓаа и таа и Том.

22
Пурпурната соба блескаше во полна светлина внатре
во куќата. Том и госпоѓица Бејкер седеа едниот на едната
другиот на другата страна на каучот и таа гласно му
читаше нешто од Сатрдеј ивнинг пост 8 - зборовите,
нејасни и ненагласени, се нижеа во една монотона
мелодија.
Светлината од ламбата му се одбиваше од чизмите, се
губеше во нејзината коса жолта како есенски лист и пак
блеснуваше по должината на белата хартија кога таа ќе ја
свртеше страницата со незначително поместување на
мускулите на раката.
Kora влеговме внатре, ни даде знак со рака да молчиме.
„Продолжува во следниот број“, рече и го фрли
списанието на масата.
Се исправи мрдајќи немирно со колената како да сакаше
да си го истакне телото.
„Часот е десет“, забележа, како да имаше часовник некаде
на таванот. „На умните девојчиња им е време за
легнување“.
„Џордан ќе учествува на турнирот утре“, објасни Дејзи,
„таму во Вестчестер“.
„О, па вие сте Џордан Бејкер.“
Ceгa ми стана јасно од каде ми е позната - тој нејзин
пријатен, но малку презрив поглед често сум го гледал на
многу печатени фотографии од спортскиот живот во
Ешвил, Хот Спрингс и Палм Бич. Имав чуено и некоја
приказна за неа, некоја критика, нешто непријатно, но
имав заборавено точно што беше.
„Добра ноќ“, рече благо таа. „Ќе сакате ли да ме
разбудите во осум?“
„Ако вие сакате да станете“.
„Ќе станам. Добра ноќ, господине Керевеј, ќе се видиме
пак.“

8Високотиражно американско списание за кое и самиот


Фицџералд пишувал.

23
„Се разбира“, потврди Дејзи. „Всушност, мислам дека
можам да договорам свадба. Доаѓај почесто, Ник. Јас ќе
изберам нешто, ах, што ќе ве зближи. Знаеш веќе како
одат тие работи: случајно ќе ве затворам во некое мало
сопче или ќе ве бутнам да пловите во чамец или нешто
слично.“
„Добра ноќ“, рече госпоѓица Бејкер од скалите. „Не чув ни
збор што кажавте.“
„Фина девојка е“, рече Том по некое време. „Не треба да ја
пуштаат да оди толку слободно секаде каде што ќе
посака.“
„Кој не треба?“ ладно праша Дејзи.
„Нејзиното семејство“.
„Семејството ѝ се состои од една тетка стара сто години.
Освен тоа, Ник ќе внимава на неа, нели, Ник? Ова лето ќе
помине викенди овде кај нас. Сметам дека домашната
атмосфера добро ќе ѝ влијае.“
Дејзи и Том се погледнаа немо.
„Од Њујорк е?“ брзо прашав.
„Од Луивил. Таму ги поминавме заедно безгрижните
момински години. Убави, безгрижни...“
„Му кажа ли на Ник додека седевте на тремот?“
неочекувано праша Том.
„Дали му кажав?“ Таа ме погледна. „Изгледа дека не
можам да се сетам на такво нешто, но се сеќавам дека
разговаравме за нордиската раса. Да, сигурна сум дека
разговаравме за тоа. Тоа некако само ни се наметна и
првата работа, знаеш...“
„Не верувај ѝ сѐ што ќе ти каже, Ник“, ме посоветува тој.
Одговорив немарно дека ништо и не сум чул, a пo
неколку минути станав да си одам. Двајцата ме испратија
до вратата и застанаа еден до друг во сјајниот круг
светлина. Кога го запалив моторот, Дејзи заповеднички
ми свика „Чекај! Заборавив да те прашам нешто многу
важно. Чувме дека си бил свршен за некоја од Запад.“
„Така е“, потврди Том. „Чувме дека си бил свршен.“

24
„Шпекулации. Премногу сум сиромашен за такво нешто.“
„Ама ние така чувме“, инсистираше Дејзи, а јас бев
прилично изненаден што повторно ми се отвораше како
цвет. „Чувме од тројца, значи сигурно е вистина.“
Се разбира дека знаев на што мислеа, но не бев ни блиску
до свршувачка. Фактот дека и самото озборување беше
оглас за моја венчавка, беше и една од причините што се
преселив на Исток. Од една страна, човек не може да не
се дружи со некој стар пријател поради озборување, а од
друга страна, немав намера да дозволам озборувањата да
ме принудат на брак.
Нивното интересирање прилично ми импонираше и во
моите очи ги направи понедостижно богати - сепак,
додека возев накај дома, бев збунет и малку згрозен. Ми
се чинеше дека Дејзи всушност треба да избега од куќата,
со детето в раце, но по сѐ изгледаше дека таа нема таква
намера. Што се однесува до Том, фактот дека тој имал
некоја во Њујорк секако помалку изненадуваше од фактот
дека е вознемирен поради книга. Нешто го тераше да се
интересира за бајати идеи, небаре неговиот силен
физички егоизам беше недоволен да му го храни
бесчувствителното срце.
Летото беше во полн ек, што се гледаше на покривите на
куќите и по асфалтот пред гаражите што се наоѓаа покрај
патот и каде што јасно се гледаа новите црвени
бензински пумпи што се капеа во светлина. Кога стигнав
на мојот имот во Вест Ег, го внесов автомобилот во
шупата и седнав малку во дворот на една стара машина
за косење на трева. Ветрот сега не дуваше толку силно и
оставаше зад себе една бучна, светла ноќ, со крилја што
ги растреперуваа дрвјата и непрестаен звук на оргула
што како мев од земјата ги полнеше жабите со живот. На
месечевата светлина се лелееше силуета на мачка и, кога
ја свртев главата за да ја следам, забележав дека не сум
сам - на оддалеченост од петнаесетина метри од сенката
што ја фрлаше куќата на мојот сосед, се појави фигура на

25
човек кој, со рацете во џебовите, стоеше и го
набљудуваше сребрениот сјај на ѕвездите. Нешто во
леснината на неговите движења и во цврстиот став на
нозете на тревникот, кажуваше дека тоа е сигурно
господин Гетсби, кој веројатно излегол да утврди колкав
дел од небото над нас му припаѓа нему.
Решив да го викнам. Тоа што госпоѓица Бејкер му го
спомена името во текот на вечерата беше сосем доволен
вовед. Но не го викнав затоа што одненадеж покажа дека
е сосем задоволен што е сам - чудно ги подаде рацете кон
темната вода и, колку и да бев далеку од него, би можел
да се заколнам дека се тресеше. Без да сакам, и јас
погледнав кон морето, но не можев да распознаам ништо
друго, освен една единствена зелена светлина, мала и
оддалечена, што би можела да биде на крајот на некое
пристаниште. Кога повторно погледнав кон местото каде
што стоеше Гетсби, него го немаше, а јас повторно бев
сам во неспокојната темнина на ноќта.
Глава 2
Приближно на половина пат меѓу Вест Ег и Њујорк, патот
нагло се приближува до железничката пруга и се протега
покрај неа во должина од педесетина километри, како да
сака да се оттргне од пустиот и осамен предел. Тоа е
долина на пепелишта - чудотворна нива каде што
пепелот расте како жито и образува бразди, ритчиња и
гротескни градини; каде што пепелот се оформува како
куќи, оџаци и чад што се издига од нив и на крајот со
натприроден напор оформува пепелавосиви луѓе што се
движат одвај забележливо и како да се распаѓаат во
прашливиот воздух. Повремено понекоја сива колона
автомобили ќе исползеше по невидливиот пат, ќе
зачкрипеше сенишно и ќе запреше, а веднаш потоа
пепелавосивите луѓе ќе се појавеа со тешките лопати и ќе
го разбуричкаа тестестиот сив облак што ја скриваше од
погледот нивната невидлива работа.

26
Но над сивилото на пределот и испрекинатите ленти
мрачен прав што со грчовити движења бескрајно струјат
над него, ќе ги забележите очите на доктор Т. Џ. Екелберг.
Очите му се сини и огромни - мрежниците високи еден
метар. He гледаат од некое лице, туку низ чифт огромни
жолти очила потпрени на непостоен нос. Очигледно,
некој многу досетлив оптичар со ординација во Квинс ги
поставил тука како реклама за да се збогати, но потоа
или потонал во вечно слепило или се преселил и ги
заборавил. A неговите очи, којзнае од кога неосвежени,
оттогаш бдеат над тој мрачен и валкан предел и кога
врне и кога вее.
Долината на пепелот се граничи од едната страна со
нечиста рекичка, а кога подвижниот мост преку неа ќе се
дигне за да ги пропушти баржите, може да се случи
патниците од запрените возови и по половина час да
треба да зјапаат во тажната сцена. Тука возот запира
секогаш барем една минута и токму при една таква
ситуација првпат ја сретнав љубовницата на Том
Бјукенен.
Секаде каде што го познаваа, тврдеа дека има љубовница.
Пријателите му забележуваа затоа што се појавувал со
неа во познатите кафеани каде што имал обичај да ја
остава да седи сама, да шета наоколу и да си разговара со
некој од познајниците. Од чисто љубопитство сакав да ја
видам таа жена, но не и да се запознаам со неа - сепак,
токму тоа се случи. Така едно попладне патувавме со Том
со воз за Њујорк и, кога запревме блиску до купиштата
пепел, тој скокна на нозе, ме фати за лакотот и буквално
ме истурка од вагонот.
„Слегуваме“, ми рече. „Сакам да те запознаам со мојата.“
Мислам дека доста испи на ручекот и речиси со сила ме
натера да му правам друштво. Вообразено
претпоставуваше дека во недела попладне немам ништо
попаметно да правам.
Тргнав по него преку варосаната железничка ограда и се

27
вративме назад стотина метри по патот додека доктор
Екелберг непрекинато зјапаше во нас. Единствен објект
во близина беше една градба од жолти тули на работ од
купиштата пепел. До неа водеше кратка главна улица во
чија близина немаше апсолутно ништо. Еден од трите
дуќани беше за издавање, а во другиот имаше ресторан
отворен цела ноќ, до кој водеа пепелави траги; третиот
дуќан беше гаража со натпис - Вршиме поправки. ЏОРЏ Б.
ВИЛСОН. Купуваме и продаваме автомобили - е, тука
влезе Том, a пo него и јас.
Внатрешноста на гаражата беше за никаде; единствениот
автомобил што можеше да се види беше една крнтија од
форд покриена со пепел и зафрлена во мрачен агол. Во тој
миг се сетив дека таа неугледна гаража сигурно е некаков
параван, а дека над неа се кријат раскошни и романтични
станови, кога сопственикот лично се појави на вратата од
својата канцеларија бришејќи си ги рацете со еден
партал. Беше русокос невпечатлив човек, блед и сосем
малку симпатичен. Kora нѐ виде, светлосините очи му
светнаа со притаена надеж.
„Здраво, Вилсон“, рече Том тупкајќи го весело по рамото.
„Како оди работата, човеку?“
„Не се жалам“, одговори неубедливо Вилсон. „Kora ќе ми
го продадеш автомобилот?“
„Идната недела, на поправка е.“
„Што поправка ќе беше тоа толку долго да трае?“
„Не, не трае долго“, ладно одговори Том. „Но, ако ти
изгледа така, можеби е подобро да го продадам на некој
друг.“
„Не мислев така“, брзо објасни Вилсон. „Само мислев...“
Гласот му се загуби, а Том погледна нестрпливо околу
гаражата. Тогаш чув чекори по скалите и наскоро се
појави полничка женска фигура што ја засени светлината
што допираше од канцеларијата. Имаше триесетина
години, беше малку покрупна, но тежината си ја носеше
женствено и сензуално, како што умеат само некои жени.

28
Облеката од темносин креп ѝ беше извалкана, а и немаше
убави црти на лицето, но веднаш паѓаше в очи нејзината
виталност, како да трепереше непрестајно и придушено
секое мускулче во нејзиното тело. Се насмевна благо,
помина покрај сопругот како да беше некоја призрачна
сенка и се поздрави со Том гледајќи го право в очи. Потоа
си ги навлажи усните и, без да се сврти, му се обрати на
маж ѝ со груб глас:
„Зошто не донесеш столови, нели треба луѓево да
седнат?“
„А, сега“, се согласи брзо Вилсон и се упати накај тесната
канцеларија стопувајќи се со цементната боја на
ѕидовите. Темниот костум и светлата коса му беа
покриени со пепел, како и сѐ друго наоколу, освен жена
му, која му пристапи на Том.
„Сакам да те видам“, ѝ рече интимно Том. „Тргни со
следниот воз.“
„Добро.“
„Ќе те чекам долу, на долниот кат, кај киоскот на кој се
продаваат весници.“
Му кимна со главата и се оддалечи од него токму во
моментот кога Џорџ Вилсон се појави на вратата од
канцеларијата со два стола.
Ја чекавме на патот малку подолу, на место што не се
гледаше од гаражата. Тоа беше неколку дена пред
Четврти јули. Едно сиво спечено Италијанче редеше
петарди покрај шините.
„Страшно место, нели?“ рече Том муртејќи се кон доктор
Екелберг.
„Ужасно.“
„Ѝ годи малку да побегне одовде.“
„Зар маж ѝ не ѝ прави проблеми?“
„Вилсон? Мисли дека оди во Њујорк да ја посети сестра
си. Многу е глупав, поим нема од животот.“
Така јас, Том Бјукенен и неговата љубовница заминавме
заедно за Њујорк - односно, не заминавме баш заедно,

29
зашто госпоѓа Вилсон дискретно седна во друг вагон. Том
сепак не ги потценуваше до толку жителите од Ист Ег кои
би можеле да бидат во возот.
Се имаше преоблечено и сега носеше фустан од кафеав
дезениран муслин, што силно ѝ се имаше затегнато околу
прилично широките колкови кога Том ѝ помогна да слезе
на перонот во Њујорк. Од киоскот со весници го купи
најновиот број на Таун тетл29 и едно списание за филм, а
во станичната аптека купи некаква помада и мало
шишенце парфем. Горе, на величествената бучна улица,
пропушти четири такси-возила, додека не избра еден нов
бледовиолетов автомобил со сиви удобни седишта, во кој
се извлековме од станичната турканица на румената
сончева светлина. Одеднаш нагло се сврте од прозорецот,
се наведна напред и чукна на предното стакло што
нѐделеше од шоферот.
„Сакам да купам кученце“, отворено си кажа. „Сакам едно
за во станот. Убаво е да се чува куче.“
Се вративме малку назад и застанавме пред еден белокос
старец што морничаво личеше на Џон Д. Рокфелер. Од
кошницата што му висеше на вратот ѕиркаа стуткани
десетина многу мали кутриња, личеа како мешани.
„Која раса се?“ праша госпоѓа Вилсон кога старецот се
доближи до автомобилот.
„Секакви има. Какво куче сакате вие, госпоѓо?“
„Сакам да купам полициско куче; не верувам дека имате
такво.“
Старецот погледна подозриво во кошницата, ја пикна
раката и извади едно кутре држејќи го за вратот додека
тоа се извиваше во воздух.
„Тоа не е полициско куче“, рече Том.
„Не, не е баш полициско“, рече старецот со разочарување
во гласот. „Ова повеќе личи на ерделтериер.“ Го погали по

29Таун тетл е таблоидно списание од 1920 година. (заб.


на прев.)

30
кафеавиот грб. „Погледнете му го крз ното. Видете колку
убаво крзно има. Никогаш нема да треба да се плашите
дека ќе ви настине.“
„Мило кутренце“, одушевено рече госпоѓа Вилсон. „Колку
е?“
„Ова кутре?“ старецот го погледна со восхит. „Ова кутре е
10 долари.“
Ерделтериерот имаше некаква врска со таа раса, и покрај
тоа што шепите му беа забележливо бели - го промени
господарот и се смести на скутот на госпоѓа Вилсон, која
восхитено му го милуваше густото крзно.
„Мажјак или женка?“ претпазливо праша.
„Кутрево ли? Машко е.“
„Кучка е“, отсечно рече Том. „Еве ти пари, оди и купи со
нив уште десетина кутриња.“
Стигнавме до Петтата авенија, која во тоа неделно
попладне беше топла и пријатна, речиси пасторална. He
би се изненадил и да видев големо стадо бели овци како
се појавуваат од зад аголот.
„Стојте“, реков. „Морам овде да ве напуштам.“
„Не, не мораш“, ме прекина брзо Том. „Миртл ќе се
навреди ако не дојдеш во станот. Нели, Миртл?“
„Да, одиме“, настојуваше таа. „Ќе ѝ се јавам на сестра ми
Кетрин. Луѓе што знаат што зборуваат велат дека е
убава.“
„Знаете, навистина би сакал да дојдам, но...“
Продолживме враќајќи се преку Парк во правецот на Вест
Хандредс. На 158. Улица таксито запре пред една од
белите куќи за издавање, што личеше на парче бел колач.
Фрлајќи кралски поглед наоколу кон соседните куќи,
како господарка што се враќа дома, госпоѓа Вилсон си ги
зеде кутрето и другите работи што ги купи и горделиво
влезе внатре.
„Ќе ги викнам и Мекиеви да се качат“, рече додека
влегувавме со лифтот. „А ќе ја викнам и сестра ми.“
Станот се наоѓаше на најгорниот кат и имаше мала

31
дневна соба, мала трпезарија, мала спална соба и бања.
Дневната соба беше до самата влезна врата, преполна со
тапациран и - за големината на таа соба - премногу
масивен мебел, така што движењето низ собата се
состоеше од непрекинато препнување од сцени со
госпоѓи што се лулаат во Версајските градини. Имаше
само една единствена слика што беше претерано
зголемена фотографија која личеше на кокошка како
седи врз заматен камен. Меѓутоа, ако таа слика ја
погледневте од подалеку, кокошката се претвораше во
шапка, а под неа ви се смешкаше лик на полничка стара
госпоѓа. На масата имаше неколку постари примероци од
Таун тетл и еден примерок од книгата Симон наречен
Петар30, како и неколку стари списанија за скандалите на
Бродвеј. Госпоѓа Вилсон прво му се посвети на кутрето.
Момчето што го управуваше лифтот безволно донесе
кутија полна со слама, малку млеко и кон тоа
самоиницијативно додал една кутија големи и тврди
бисквити за кучиња - еден од тие бисквити цело
попладне рамнодушно омекнуваше во чиничето со млеко.
Во меѓувреме Том зеде шише виски од заклучениот
креденец.
Само двапати во животот сум бил пијан, а вториот пат
беше токму тоа попладне; така што сѐ што се случи ми
изгледа нејасно и ми е во магла, иако, сѐдодека помина
осум часот, станот беше весело осветлен од сонце.
Седната на скутот на Том, госпоѓа Вилсон им се јави на
неколкумина да ги покани да дојдат; потоа ѝ снема
цигари, па јас излегов да купам во трафиката на аголот.
Кога се вратив, двајцата ги немаше, така што дискретно

30 Симон наречен Петар - некаде кон крајот на април 1923


г. Фицџералд пратил писмо во The Literary Digest со кое го
нападнал романот од 1921 г. на Роберт Кибл. Го опишал
романот како неморален, со што можеби сакал да го
квалификува како евтин сензационализам.

32
седнав во дневната соба и прочитав една глава од Симон
наречен Петар. He знам дали четивото беше ужасно или
алкохолот ми го имаше заматено умот, но ми беше толку
бесмислено што не можев ни збор да разберам.
Во истиот момент кога се појавија Том и Миртл (по
првата чаша госпоѓа Вилсон и јас поминавме на ти),
почнаа да пристигаат гостите.
Сестра ѝ Кетрин беше вита модерна девојка на
триесетина години. Косата ѝ беше црвена, густа и кратко
потстрижана, а лицето ѝ беше напудрено и бело како
млеко. Веѓите ѝ беа искубани, а потоа нацртани со молив
и извиени, но настојувањето на природата да ја
воспостави старата положба му даваше неуреден изглед
на нејзиното лице. Додека одеше, постојано се слушаше
ѕвечкање, зашто на раката имаше безброј безбојни
белегзии кои постојано се движеа заедно со неа. Влезе
забрзано како да е таа домаќинката, погледна наоколу по
мебелот, како да е нејзин, и дури и јас помислив дека
живее тука. Kora ја прашав, ми се изнасмеа, гласно го
повтори прашањето и ми рече дека живее во хотел со
една пријателка.
Господин Меки, кој живееше еден кат подолу, беше блед
и доста женствен маж. Беше свежо избричен и на едната
јаболчица му имаше останато сапуница. Се поздрави со
најголема почит со сите во собата. Ми рече дека е
уметник; подоцна разбрав дека бил фотограф и дека тој ја
изработил така заматено зголемената фотографија на
мајката на госпоѓа Вилсон, што висеше на ѕидот како
ектоплазма. Жена му беше вреслива, слаба, симпатична,
но страшна. Со гордост ми соопшти дека маж ѝ ја
фотографирал сто дваесет и седум пати откако се
венчале.
Госпоѓа Вилсон во меѓувреме се имаше преоблечено и
сега носеше попладневен фустан од бежов шифон што
шушкаше додека шеташе по собата. Со промената на
облеката беше се сменила и нејзината личност.

33
Интензивната виталност, што беше толку забележлива
во гаражата, сега се имаше претворено во некаква
импресивна надуеност. Нејзината смеа, движењата,
изјавите, од миг во миг стануваа сѐ пожестоки и, додека
таа се ширеше, просторот околу неа сѐ повеќе се
стеснуваше, додека на крајот не изгледаше како да се
врти на некаква бучна чкриплива оска низ задимениот
воздух.
„Драга моја“, ѝ рече на сестра си со висок неприроден
глас, „најголем дел од луѓето постојано смислуваат како
да те измамат. Само на пари мислат. Минатата недела
викнав една жена да ми ги среди стапалата и, кога ја
видов сметката, си реков женава ми средуваше стапала
или ме оперираше од слепо црево.“
„Како се викаше жената?“ праша госпоѓа Меки.
„Госпоѓа Еберхарт. Оди по куќи и им ги средува стапалата
на луѓето.“
„Ми се допаѓа вашиов фустан“, ѝ рече госпоѓа Меки,
„многу ви е убав.“
Госпоѓа Вилсон го одби комплиментот подигајќи ги
презриво веѓите.
„Ова е обичен стар партал“, рече. „Го облекувам кога не
ми е важно како изгледам.“
„Но извонредно убаво ви прилега, ме разбирате што
сакам да кажам“, продолжи госпоѓа Меки. „Кога би можел
Честер да ве фотографира вака облечена, мислам дека
фотографијата би била многу добра.“
Сите молкум ја гледавме госпоѓа Вилсон, а таа, тргајќи си
го перчето коса од очите, нѐ погледна со ведра насмевка.
Господин Меки ја накриви главата на една страна, ја
разгледуваше упорно, а потоа полека ја движеше раката
напред-назад пред лицето.
„Би требало да ја сменам светлината“, рече тој по некое
време. „Би сакал да го истакнам обликот на телото. Би се
обидел, исто така, да ја фатам целата коса одзади.“
„Мислам дека светлината не би требало да се смени“,

34
викна госпоѓа Меки. „Мислам дека...“
Маж ѝ рече само едно „Пссст...“ и сите ние повторно ја
погледнавме госпоѓа Вилсон, поради што Том Бјукенен се
проѕевна гласно и стана од местото.
„Мекиеви, напијте се нешто“, им рече. „Донеси уште мраз
и минерална вода, Миртл, додека не заспале сите.“
„Му реков на момчето да донесе мраз.“ Миртл ги подигна
веѓите во знак на очај поради мрзливоста на послугата.
„Ех, тие луѓе. Човек мора постојано да им дише во
вратот.“
Миртл ме погледна и се насмеа без причина. Потоа му се
фрли на кутрето, одушевено го бакна и побрза во кујната
како да ја чекаа десетина готвачи да им заповеда што да
прават.
„Направив неколку добри фотографии на Лонг Ајленд“,
нѐ уверуваше господин Меки.
Том го погледна безизразно.
„Долу имаме две врамени.“
„Што две?“ праша Том.
„Две студии. Едната од тие фотографии ја нареков
Монток Поинт - Галеби, а другата Монток Поинт - Море.“
Кетрин седна до мене на каучот.
„И вие живеете на Лонг Ајленд?“ ме праша.
„Во Вест Ег.“
„Навистина? Пред еден месец бев таму на еден прием. Кај
некој човек што се вика Гетсби. Го знаете?“
„Врата до врата сме.“
„Се зборува дека му е внук или братучед на цар Вилијам.
Оттаму му се сите пари.“
„Навистина?“
Ми кимна потврдно со главата.
„Страв ми е од него. Мразам да имам што и да било со
него.“
Оваа интересна информација за мојот сосед ја прекина
госпоѓа Меки која неочекувано покажа кон Кетрин.
„Честер, мислам дека би можел нешто да создадеш и од

35
неа“, изјави таа, но господин Меки само неодредено
мавна со главата и целото свое внимание му го посвети
на Том.
„Би сакал да работам нешто повеќе на Лонг Ајленд, само
кога би имал пристап таму. Барам само некој да ме
поддржи.“
„Прашајте ја Миртл“, рече Том и прсна да се смее во
моментот кога госпоѓа Вилсон влегуваше со
послужавникот. „Таа ќе ви даде писмо со препорака, нели,
Миртл?“
„Што нели?“ изненадено праша Миртл.
„Ќе му дадеш писмо со препорака на господин Меки за да
може да изработи неколку нови студии.“ Во еден момент
усните немо му се движеа додека да смисли што да рече.
„Џори Б. Вилсон од бензинската пумпа или така нешто.“
Кетрин се наведна кон мене и ми шепна на уво. „Ниеден
од нив двајцата не си го поднесува брачниот другар.“
„Навистина?“
„Воопшто не ги поднесуваат.“ Погледна во Миртл, а потоа
и во Том. „Јас им велам зошто продолжуваат да живеат со
нив ако не ги поднесуваат? Да сум на нивно место, јас би
се развела и потоа веднаш би се омажила.“
„Зар не го сака Вилсон?“
Одговорот на ова прашање дојде неочекувано. Дојде од
самата Миртл, која ме слушна што прашав, па ми
одговори луто и безобразно.
„Гледате“, викна победоносно Кетрин. Потоа гласот пак ѝ
стивна, па продолжи: „Всушност, неговата жена не им
дава да се венчаат. Таа е католичка, а тие не веруваат во
развод.“
Дејзи воопшто не беше католичка, а јас бев малку
изненаден од таа вешта лага.
„Кога ќе се земат“, продолжи Кетрин, „ќе живеат малку на
Запад, додека да се заборави случката.“
„Попаметно би било да отидат во Европа.“
„О, ви се допаѓа ли Европа?“ извика изненадено. „Тукушто

36
се вратив од Монте Карло.“
„Навистина.“
„Да, минатата година. Бев со една пријателка.“
„Долго ли останавте?“
„Не, само отидовме до Монте Карло и веднаш се
вративме. Поминавме низ Марсеј. Кога отидовме, имавме
над илјада и двесте долари, но за два дена комарџиите
сите ни ги извлекоа. При враќањето страшно си
поминавме. He можам да ви доловам. Божe, колку го
замразив тој град!“
Во еден момент низ прозорецот благото синило заличи
на море. Но потоа врекливиот глас на госпоѓа Меки ме
врати во собата.
„Јас, исто така, за малку ќе згрешев“, енергично изјави. „За
малку ќе се омажев за едно лихварче што со години
трчаше по мене. Знаев дека не е за мене. Сите ми велеа:
Лусил, тој човек не е за тебе, но да не го сретнев Честер,
тој сигурно ќе ми станеше маж.“
„Да, но слушајте“, рече Миртл Вилсон кимајќи, „барем не
се омаживте за него.“
„Знам дека не се омажив.“
„Е, гледате. Ама јас се омажив“, рече несигурно Миртл. „И
во тоа е разликата меѓу мојот и вашиот случај.“
„Зошто се омажи, Миртл?“ остро праша Кетрин. „Сосила
да не те натера некој?“
Миртл размислуваше.
„Се омажив за него затоа што мислев дека е господин“,
конечно изусти. „Мислев дека има манири, a видов дека
не е достоен нозеве да ми ги бакнува.“
„Знам, само некое време беше луда по него“, ѝ рече
Кетрин.
„Сум била луда по него!“ извика Миртл со неверување.
„Кој вели дека сум била луда по него? Исто како да речеш
дека сум била луда по човеков овде.“
Одненадеж покажа со прст кон мене и сите ме погледнаа
како да сум јас виновен за нешто. Се обидов да покажам

37
дека сум немал никаква улога во нејзиното минато.
„Бев луда што се омажив за него. Веднаш увидов дека сум
згрешила. Зајмил од некого убав костум за да се венчаме
и не ми кажал. Па така еден ден, кога не беше дома, ете ти
го човекот. О, па зар ваш е костумот? го прашав. Првпат
слушав дека е така. Но, се разбира, му го вратив, а потоа
легнав и цело попладне се убив од плачење.“
„Навистина мора да го остави“, продолжи Кетрин.
„Единаесет години живеат над таа гаража. А Том ѝ е прв
љубовник во животот.“
Второто шише виски се празнеше и сите го бараа да се
напијат, со исклучок на Кетрин, која рече дека ѝ е сосем
добро и без алкохол. Том го повика домарот и го прати да
донесе некои прочуени сендвичи кои претставуваа
комплетна вечера. Сакав да излезам и да прошетам кон
паркот, да уживам во млаката квечерина, но секојпат кога
се обидував да станам, ќе се заплеткав во мрежата на
некаква дива, бучна и непријатна расправија која како со
јажиња ме враќаше назад на столот. Нашиот ред од
жолти прозорци сигурно му изгледаше многу таинствено
на случајниот минувач по мрачните улици, па дури и јас
го видов како гледа нагоре во прозорците и се чуди. Бев
истовремено и внатре и надвор и во исто време ме
маѓепсуваше и ме одбиваше таа неисцрпна разновидност
на животот.
Миртл го доближи столот до мојот и ненадејно, додека
нејзиниот топол здив ми удираше в лице, ја истури врз
мене приказната за својата прва средба со Том.
„Се случи на двете мали седишта едно спроти друго кои
секогаш во возот остануваат последни слободни. Јас
патував за Њујорк да ја посетам сестра ми и да преноќам
кај неа. Тој носеше црн костум и лакирани чевли, а јас не
можев да го тргнам погледот од него, па секогаш кога ќе
ме погледнеше, морав да се правам како да гледам во
рекламата што му беше над главата. Кога стигнавме на
станицата, ми се приближи, а со градите ми се залепи за

38
раката. Тогаш му реков дека ќе викнам полиција, но
добро знаеше дека лажам. Толку бев возбудена кога
влегов со него во такси, што не ни забележав дека тоа
веќе не е подземен воз. Една мисла непрекинато ми се
вртеше низ главата, а тоа беше: Нема да живееш вечно,
нема да живееш вечно.“
Се сврте кон госпоѓа Меки и собата заѕуни од нејзината
извештачена смеа.
„Драга моја“, извика, „ќе ви го подарам фустанот штом се
заситам од него. Утре ќе купам друг фустан, ќе си
направам список на сите работи што ми требаат. Треба да
одам на масажа, на фризер, да купам ремен за кучето и
една од оние симпатични мали пепелници со пружина,
венец со црна свилена лента за гробот на мајка ми што ќе
трае цело лето. Треба да го запишам сето тоа за да не
заборавам што сѐ треба да направам.“
Беше девет часот. Веднаш потоа, кога пак го погледнав
часовникот, веќе беше десет часот. Господин Меки беше
заспал на еден стол со стиснати тупаници, згрчени на
скутот - личеше на фотографија на некој енергичен
човек. Го извадив шамичето и му ја избришав од образот
дамката од засушена сапуница што ме иритираше цело
попладне.
Во сосем задимената просторија кутрето седеше на
масата, уште беше слепо, иако очињата му беа отворени, а
повремено тивко ќе зајачеше. Луѓето ги снемуваше, пак
се појавуваа во собата, планираа да одат некаде, а потоа
се губеа еден со друг, се бараа и повторно се наоѓаа на
неколку чекори оттаму. Некаде кон полноќ Том Бјукенен
и госпоѓа Вилсон стоеја со лицата внесени еден во друг и
жолчно се расправаа околу тоа дали госпоѓа Вилсон има
право да го споменува името на Дејзи.
„Дејзи! Дејзи! Дејзи!“ викаше на цел глас госпоѓа Вилсон.
„Секогаш кога сакам, ќе ѝ го изговорам името. Дејзи!
Деј...“
Том Бјукенен ѝ удри толку силна шлаканица што ѝ го

39
скрши носот.
Потоа подот на бањата се наполни со крвави крпи, се
слушаа прекорни женски гласови, а најгласно се слушаше
долго испрекинато јачење. Господин Меки, сега разбуден
од дремката, во бунило се упати накај вратата. На
половина пат се сврте и ја виде целата сцена - неговата
жена и Кетрин истовремено беа и лути и ја тешеа госпоѓа
Вилсон, повремено се препинаа од пренатрупаниот мебел
во собата додека ја носеа првата помош, на каучот
госпоѓа Вилсон беше спружена во очај, обилно крвавеше
од носот и се обидуваше да постеле еден примерок од
Таун тетл врз покривката со мотиви од Версај. Потоа
господин Меки се сврте и излезе од собата. Си ја зедов
шапката што ми беше закачена на лустерот и тргнав по
него.
„Повелете некој ден на ручек“, ми предложи тој додека
слегувавме со лифтот што непријатно чкрипеше.
„Каде?“
„Каде било.“
„Не фаќајте ја рачката“, отсечно нареди момчето што го
управуваше лифтот.
„Ве молам“, рече достоинствено господин Меки, „не
забележав дека ја допирам рачката.“
„Добро“, се согласив, „ќе ми биде мило да дојдам.“
...Потоа стоев до неговата постела, а тој седеше меѓу
чаршафите облечен во долна облека, со голема чанта во
рацете.
„Убавицата и ѕверот... Осаменост... Стар бакалски коњ...
Скршен мост.“
Потоа во полусон лежев на клупа во студеното подземје
на станицата Пенсилванија и се ѕверев во утринското
издание на Трибјун додека го чекав возот што тргнува во
четири часот.

40
Глава 3
Во тие летни ноќи од куќата на мојот сосед допираше
музика. Низ неговите отмени градини, меѓу шепотот,
шампањот и сјајните ѕвезди, мажи и жени доаѓаа и си

41
заминуваа како молци. Ги набљудував неговите гости во
времето на попладневната плима како скокаат од
скокалницата на неговиот сплав или се сончаат на
жешкиот песок на неговата плажа, додека неговите два
моторни чамци ги сечеа водите на протокот влечејќи
скијачи над слаповите пена. За викендите неговиот ролс
ројс се претвораше во омнибус и ги превезуваше гостите
од градот и до градот, почнувајќи од девет часот наутро,
па сѐ до длабоко во ноќта, а неговиот карван 31
потскокнуваше како некој жолт тврдокрилец да ги
пречека сите возови. А секој понеделник осум слуги и
специјално најмениот градинар бришеа, триеја, поправаа
и поткаструваа, за да го оправат пустошот од
претходната ноќ.
Секој петок донесуваа по пет сандаци со портокали и
лимони од некој продавач на овошје во Њујорк и секој
понеделник истите тие портокали и лимони ги изнесуваа
низ задната врата во пирамида од исцедени половинки.
Во кујната имаше машина со која можеше да се исцеди
сок од двесте портокали за половина час, само што
требаше еден од слугите со прст да притисне едно мало
копче двесте пати.
Најмалку еднаш на четиринаесет дена доаѓаше цела
армија работници со по неколку стотици метри платно и
доволно разнобојни светилки за да ја претворат
огромната градина на Гетсби во новогодишна елка.
Масите од бифето беа преполни со примамливи
предјадења, од зачинета печена шунка послужена врз
разновидни шарени салати до кифлички со колбаси и
мисиркино месо што се жолтееја како старо злато. Во
главната сала имаше бар со месингова ограда полн со
разни видови ликери и други, одамна заборавени

31 Station wagon (анг.) - тип на патничко возило што во


минатото се користело како такси-возило за да превезува
патниици од станиците и до станиците. [заб. на прев.)

42
пијалаци за кои поголемиот дел од гостите беа премлади
за да можат да ги разликуваат.
Околку седум часот пристигаше оркестарот што не се
состоеше само од пет-шест инструменти, туку од голем
број обои, тромбони, саксофони, виоли, хорни, пикола и
тапани. Последните капачи беа вратени од плажа и се
облекуваа на горниот кат; автомобилите дојдени од
Њујорк беа наредени по пет во еден ред; а дворот,
салоните и тремовите веќе блескаа со веселите бои на
виножитото, со чудни нови фризури и префинети шамии.
Кај барот е многу живо - коктелите се нижат непрекинато
и се служат во градината сѐ додека воздухот не живне од
смеа и ведро жожорење, од озборувања и нови
познанства што ќе бидат заборавени уште веднаш, и од
ентузијастички средби меѓу жени што не си ги знаат ни
имињата.
Додека сонцето полека заоѓаше, светилките стануваа сѐ
посјајни, а оркестарот почнуваше да свири
порелаксирана музика, додека џагорот стануваше за
октава повисок. Сѐ почесто се слушаше смеа што
раскошно се простираше преку веселите зборови.
Групите се менуваа побрзо, се зголемуваа со
новопристигнатите гости, се растураа и истовремено се
офор муваа; наскоро се појавуваа девојки што
самоуверено лутаа од група до група, се мотаа ваму-таму
меѓу поснажните и постабилните и за момент стануваа
центар на групата, а потоа, одушевени од својот триумф,
исчезнуваа во морето од лица, гласови и бои под
светлина која константно се менуваше.
Одненадеж една од номатките во шарена облека ја
прифаќа чашата коктел од воздухот и ја испива до
последната капка за да се охрабри, па почнува да ги
движи рацете како професионална танчарка додека игра
сама на подиумот. Во истиот миг сѐ стивнува; диригентот
го менува ритамот поради танчарката и од еден на друг
почнува да се пренесува неточна вест дека таа била

43
замената на Гилда Греј од Будалштини32. Забавата почна.
Верувам дека, кога отидов првпат во куќата на Гетсби,
бев еден од неколкуте гости кои тој навистина ги имаше
покането. Луѓето воопшто не беа поканети - едноставно
сами си доаѓаа. Ќе се качеа во автомобилите што ги носеа
од Лонг Ајленд и некако ќе се најдеа пред куќата на
Гетсби. Некој што го познава Гетсби ќе ги претставеше, а
потоа се придржуваа кон правилата што владеат за секој
забавен парк. Понекогаш доаѓаа и си одеа дури и без да се
сретнат со Гетсби, доаѓаа на тие забави само за да си
поминат убаво - а тоа беше доволно како влезен билет.
Јас навистина бев поканет. Еден шофер во униформа сина
како јајце на црвеногушка, дојде преку мојот тревник
една сабота наутро со необична официјална порака од
неговиот работодавец. Пишуваше: на Гетсби ќе му биде
голема чест кога јас таа вечер би отишол на неговата
„мала забава“. Me видел неколкупати, имал намера
одамна да ме покани, но, поради чуден сплет на разни
околности, бил спречен - и долу беше потпишан со
кралски ракопис Џеј Гетсби.
Облеков бел фланелски костум и некаде по седум часот
веќе бев на неговиот тревник, шеткав наоколу
чувствувајќи се прилично непријатно во тој вител од
непознати луѓе - иако овде-онде ќе препознаев некој лик
што сум го запознал во локалниот воз. Веднаш ми падна в
очи бројот на млади Англичани што беа присутни на
приемот; сите беа убаво облечени, сите изгледаа некако
ненајадени, а сите разговараа тивко и со сериозен тон со
богатите Американци. Бев сигурен дека продаваат

32Гилда Греј (1899 - 1959) била актерка во неми филмови


и танчарка, но и ѕвезда во познатиот бродвејски мјузикл
Будалштини на Зигфелд. Греј била клучна фигура во
ерата на џезот, во 1922 г. го доживеала врвот на својата
слава, а го создала и контроверзниот регтајм танц
„шими“.

44
нешто: обврзници, полиси за осигурување или
автомобили. Секако беа болно свесни за лесните пари
што им беа на досег и беа уверени дека тие ќе бидат
нивни само ако изговорат неколку вистински зборови во
вистинското време.
Штом пристигнав, се обидов да го најдам домаќинот, но
оние два-тројца од гостите што ги прашав каде би можел
да биде Гетсби, ме погледнаа толку чудно и ми
одговорија толку агресивно дека воопшто немаат поим
каде е, што јас најнезабележливо што можев тргнав накај
масите - единственото место во градината каде што
човек дојден сам би можел да се задржува, а притоа да не
изгледа како да седи сам бесцелно.
Токму кога од пусти срам почнав да се каменосувам,
Џордан Бејкер излезе од куќата и застана на врвот на
мермерните скали, од каде што, со презрив интерес и со
главата одметната малку наназад, ги меркаше луѓето во
градината.
Добредојден или не, сметав дека е неопходно да му се
залепам некому пред да почнам да им делам
комплименти на случајни минувачи.
„Здраво“, викнав гласно додека ѝ се приближував. Гласот
ми одекна неприродно и силно низ градината.
„Помислив дека можеби ќе бидете тука“, отсутно ми
одговори таа кога стигнав до неа. „Се сетив дека сте му
сосед на...“
Отсутно ми ја држеше раката во својата како да ветуваше
дека ќе ми обрне внимание наскоро и се сврте да чуе што
ѝ зборуваат две девојки во жолти фустани што застанаа
во подножјето на скалите.
„Здраво!“ извикаа двете истовремено. „Жал ни е што не
победивте.“
Мислеа на турнирот во голф. Таа имаше загубено во
финалето минатата недела.
„Не се сеќавате на нас“, викна едната од девојките во
жолто, „се запознавме овде пред еден месец.“

45
„Сте ја смениле бојата на косата оттогаш“, забележа
Џордан, а тукушто сакав да се вклучам и јас, девојките
веќе полека се оддалечуваа, така што зборовите на
Џордан ги слушна само младата месечина која несомнено,
исто како и вечерата, беше излезена од кошницата на
некој снабдувач. Витата златеста рака на Џордан остана
во мојата додека слегувавме по скалите, а потоа и додека
шетавме низ градината. Еден послужавник со коктели
доплови до нас низ квечерината, а ние седнавме на маса
до оние две девојки во жолто и уште тројца мажи, од кои
секој ни се претстави како господин Дрндрндрн.
„Често доаѓате на овие забави?“ ја праша Џордан
девојката до која седеше.
„Последен пат бев овде кога ве стретнав вас“, ѝ одговори
девојката со жив и сигурен глас. Се сврте кон другарка си:
„И на тебе се однесува прашањето, Луси?“
И на Луси се однесуваше.
„Сакам да доаѓам“, рече Луси. „Не ми е гајле што правам,
па затоа секогаш многу се забавувам. Последниот пат
кога бев овде, си го скинав фустанот на стол, па ме праша
како се викам и каде живеам - и веќе во текот на неделата
добив пакет од Кроарие со нова вечерна тоалета.“
„Ја задржавте ли?“ праша Џордан.
„Се разбира дека ја задржав. Баш вечерва сакав да ја
облечам, но ми беше многу широка во горниот дел и
мораше да се поправа. Бојата е сина како петролеј, со
бисери со боја на лавандула. Цената ѝ е двесте шеесет и
пет долари.“
„Да не ти се верува како се однесува човеков“, додаде
живо другата девојка. „Не сака да биде во лоши односи со
никого.“
„А кој е тој што не сака?“ прашав.
„Гетсби. Ми имаат кажано дека...“
Двете девојки и Џордан се приближија една до друга како
да споделуваат тајна.
„Ми имаат кажано дека се зборува дека убил човек.“

46
Сите нѐ полазија морници. Тројцата господа Дрндрндрн
се наведнаа напред и ги начулија ушите.
„Се сомневам дека е вистина“, скептично се спротиви
Луси, „поверојатно е дека во текот на војната бил
германски шпион.“
Еден од тројцата кимна во знак на одобрување.
„Ова ми го кажа еден човек што знаеше сѐ за него зашто
пораснале заедно во Германија“, нѐ уверуваше тој сите,
сигурен во тоа што го кажува.
„О, не“, рече првата девојка, „тоа не може да е вистина. Во
војната тој бил во американската армија.“ Ѝ поверувавме,
по што таа се наведна напред и со одушевување
предложи. „Погледнете го некогаш кога мисли дека никој
не го гледа. Сигурна сум дека има убиено човек.“
Замижа и се стресе. И Луси се стресе. Сите се свртевме и
со поглед го побаравме Гетсби. Дека имаше дадено
доволен повод за романтични претпоставки, доказ беше
и тоа што за него шепотеа луѓе што сметаа дека на овој
свет има малку работи за кои треба да се шепоти.
Сега почнуваа да ја сервираат првата вечера - уште една
требаше да има по полноќ, па Џордан ме покани да му се
придружам на нејзиното друштво кое беше распоредено
околу една маса на другиот крај од градината. Имаше три
брачни двојки и придружникот на Џордан, некој вечен
студент што правеше многу непријатни алузии и
очигледно беше убеден дека Џордан порано или подоцна
ќе му се предаде. Место да се надвикуваат, друштвото
достоинствено дискутираше и се обидуваше да изгледа
како благородно друштво од внатрешноста - Ист Ег
покорно доаѓаше на посета на Вест Ег, со подготвена
одбрана од неговата шарена веселост.
„Да си одиме одовде“, шепна Џордан по половина час
поминат залудно; „ова е препристојно за мене.“
Станавме, а таа им објасни дека одиме да го побараме
домаќинот. Им кажа дека сѐ уште не сум го сретнал и дека
ми е непријатно. Вечниот студент кимна цинично и

47
меланхолично.
Барот во кој прво ѕирнавме беше преполн со луѓе, но
Гетсби не беше таму. He можеше да се види ни од врвот
на скалите, а не беше ни на тремот. Тогаш пробавме да
отвориме една впечатлива врата и се најдовме среде
висока библиотека во готски стил, украсена со резба од
англиски даб, која веројатно беше комплетно донесена од
некој разурнат дворец од другата страна на океанот.
Еден јадар средовечен човек со огромни очила поради
кои личеше на був, малку поднапиен, седеше на крајот на
големата маса и со непостојана концентрација
неодредено гледаше во полиците со книги. Кога
влеговме, се сврте, очигледно одушевен, и ја одмери
Џордан од глава до петици.
„Што мислите вие?“ брзо нѐ праша.
„За што?“
Мавна со раката кон полиците со книги.
„За ова. Всушност, не мора да се мачите да проверувате.
Јас проверив. Вистински се.“
„Книгите ли?“
Тој кимна.
„Ептен се вистински - имаат и страници и сѐ. Јас мислев
дека се убави дебели картони. Но всушност се вистински.
Имаат страници и - дојдете ваму! Еве, да ви покажам.“
Се посомнева дека не му веруваме, па брзо отиде до
полиците и се врати со првиот том од Предавањата на
Стодард.
„Гледајте!“ викна победоносно. „Ова е вистинска печатена
книга. Тоа ме залажа. Човеков е вистински Беласко33. Тоа
е успех. Каква темелност. Каков реализам! Дури знаел и
каде да запре - не ги отсекол страниците. Што друго ви
треба? Што очекувате?“
Ми ја истргна книгата од рацете и брзо ја врати на

33 Дејвид
Беласко (1853-1931) бил бродвејски продуцент
познат по реалистичната сценографија.

48
полицата, додека мрмореше дека, ако се извади една
тула, целата библиотека може да се урне.
„Кој ве довел овде?“ нѐ праша. „Или сами сте дојдени?
Мене ме доведоа. Повеќето од луѓево некој ги довел.“
Џордан го набљудуваше внимателно и весело без да му
одговара.
„Ме доведе една жена што се вика Рузвелт“, продолжи
човекот. „Госпоѓа Клод Рузвелт. Ја познавате ли? Јас
некаде ја запознав синоќа. И еве речиси цела недела како
сум пијан, па помислив, ако поседам во библиотеката, ќе
се истрезнам.“
„И, се истрезнивте ли?“
„Така малку. Сѐ уште не можам да оценам. Овде сум само
еден час. Ви кажав ли за книгите? Вистински се. Тие се...“
„Да, ни кажавте.“
Сериозно се ракувавме со него и излеговме надвор.
Надвор, на подиумот во градината, почнала игранка,
старци играа со млади девојки и ги вртеа во постојани
несмасни крутови, а повештите двојки играа според
најновата мода, болно извивајќи си ги телата напикани
по ќошињата - а имаше и голем број девојки што играа
сами или му ја олеснуваа работата на оркестарот
свирејќи де на бенџо де на тапани. Кон полноќ веселбата
стана побучна. Еден славен тенор пееше на италијански,
познат контраалт пееше нешто во џез стил, а меѓу
точките луѓето си ги покажуваа сопствените вештини
низ целата градина, додека весели празни изблици на
смеа се вивнуваа кон летното небо. Шампањ се служеше
во чаши поголеми од садовите за миење на прстите,
додека една двојка изведувачи-близнаци на сцената, за
кои се покажа дека се девојките во жолто, изведуваа
некаква комедија облечени во костими како бебиња.
Месечината веќе се имаше издигнато повисоко, a пo
протокот пловеше триаголна низа од сребрени лушпи,
кои по малку затреперуваа од пробивниот метален звук
на бенџата на тревникот.

49
Сѐ уште бев со Џордан Бејкер. Седевме на маса во
друштво на човек што беше на моја возраст и една ситна
чудна девојка што неконтролирано се кикотеше на сѐ.
Дури почнав да уживам во сето тоа. Имав испиено две
големи чаши шампањ и во моите очи сѐ наоколу беше
сменето и беше претворено во нешто значајно,
суштествено и длабоко.
Додека музиката паузираше, човекот ме погледна и ми се
насмевна.
„Познат сте ми“, ми рече љубезно. „Да не бевте во Првата
дивизија во војната?“
„Да, бев. Служев во Дваесет и осмиот пешадиски полк.“
„Јас бев во Шеснаесеттиот, и тоа сѐ до јуни илјада
деветстотини и осумнаесеттата година. Знаев дека сум ве
видел некаде.“
Некое време разговаравме за влажните сиви селца во
Франција. Очигледно живееше некаде во близина, зашто
ми рече дека тукушто купил хидроплан34 и изутрина
планира да го испроба.
„Сакате ли да ми правите друштво, пријателче? Ќе возиме
тука покрај брегот на протокот.“
„Кое време?“
„Кое време најмногу одговара?“
На врв јазик ми беше да го прашам како се вика, кога
Џордан се сврте и се насмевна.
„Пријатно ли ви е овде сега?“ праша.
„Да, многу подобро.“ Се свртев кон мојот нов познајник.
„Ова за мене е необична забава. Дури ни домаќинот не
успеав да го запознаам. Живеам онде...“ покажав со рака
кон невидливата ограда во далечината, „а овој Гетсби ми
го прати шоферот да ми донесе покана.“
За момент ме погледна како да не ме разбира.

34 Хидропланво тоа време може да се однесува и на моторен


чамец и на авион на вода. Во случајов се однесува на
второто.

50
„Јас сум Гетсби“, рече ненадејно.
„Што?“ свикав. „Ве молам, извинете.“
„Мислев дека знаете, пријателче. Веројатно не сум баш
најдобар домаќин.“
Се насмевна полн со разбирање, но и многу повеќе од тоа.
Тоа беше една од оние ретки насмевки што влеваат вечна
доверба, што може да го огреат чове ка само неколкупати
во животот. Таа насмевка се соочува со целиот бескраен
свет, а потоа со целосно пристрасна и неодолива
наклоност се концентрира само на вас. Таа насмевка
покажува разбирање онолку колку што вие сакате да
бидете разбрани, покажува доверба во вас колку што и
самите би сакале да верувате во себе и ве уверува дека
сте го оставиле најдобриот впечаток што сте се надевале
дека ќе го оставите. Но токму во тој миг насмевката
исчезна и јас останав да гледам во еден груб, но
елегантен млад човек што изгледаше како да има триесет
и една или триесет и две години; а при разговорот се
служеше со избрани формални фрази што се граничеа со
апсурд. Непосредно пред да се претстави, баш забележав
како ги избира зборовите многу внимателно.
Токму во моментот кога господин Гетсби се претстави, му
пристапи еден од слугите и го извести дека има
телефонски повик од Чикаго. Со благ поклон што се
однесуваше на сите по ред - тој се извини.
„Слободно побарајте сѐ што ќе посакате, пријателче“, ме
покани тој. „Извинете ме. Подоцна повторно ќе ви се
придружам.“
Кога си отиде, веднаш се свртев кон Џордан - морав да ѝ
кажам колку сум изненаден. Искрено, очекував господин
Гетсби да биде заруменет, јадар, средовечен маж.
„Кој е човеков?“ прашав.
„Гетсби.“
„Мислев, од каде е и со што се занимава.“
„Сега и вас почна да ве копка“, ми рече и благо ми се
насмевна. „Еднаш ми рече дека студирал на Оксфорд.“

51
Неговото матно минато почна да добива некаква форма,
но при нејзината следна забелешка сѐ избледе.
„Јас не верувам во тоа.“
„Зошто не?“
„Не знам“, ми рече Џордан. „Едноставно не ми се верува
дека студирал таму.“
Нешто во нејзинот тон ме потсети на зборовите на
другата девојка Мислам дека има убиено човек, и горев од
љупобитност да дознаам што повеќе за таа тема. Сигурно
ќе прифатев дека излегол од мочуриштата на Луизијана
или од бедата на источните предградија на Њујорк. Тоа
звучеше донекаде веројатно. Но мојата провинциска
наивност ми кажуваше дека не е можно млади луѓе од
никаде да купуваат палати на протокот во Лонг Ајленд.
„Во секој случај, приредува големи забави“, рече Џордан
менувајќи ја темата на разговорот со типичен
велеградски презир кон конкретноста. „Јас многу сакам
големи забави. Толку се интимни. На малите забави
човек нема никаква приватност.“
Тогаш некој удри по месинговиот гонг и гласот на
диригентот ненадејно одекна над џагорот во градината.
„Дами и господа“, викна тој. „По барање на господин
Гетсби, ќе ви ја исвириме најновата композиција од
господин Владимир Тостоф, која минатиот мај го
привлече вниманието на слушателите во Карнеги хол.
Ако сте читале весници, сигурно знаете дека тоа беше
голема сензација.“ Се насмевна весело и надмено, па
додаде: „Една сензација!“ На тоа сите се насмеаја.
„Делото е познато како Светска историја на џезот од
Владимир Тостоф35 “ додаде живо тој.
He ја слушнав композицијата на господин Тостоф, зашто,
кога почнаа да ја свират, го видов Гетсби како стои сам на
мермерните скали и, како задово лен домаќин, прелетува

35 Насловот е пародија и е одраз на, понекогаш заморните,


детски шеги меѓу Хемингвеј и Фицџералд.

52
со погледот од една на друга група гости. Кожата на
лицето му беше затегната и потемнета од сонцето, а
кратката коса му изгледаше како да ја потстрижува секој
ден. He можев да видам ништо мрачно во него. Се
прашував дали фактот дека тој не пиеше му помагаше да
се издвои од своите гости, зашто ми изгледаше дека
станува попристоен додека веселбата земаше сѐ поголем
замав. Кога заврши Светската историја на џезот, едни
девојки нежно ги навалија главите на рамената на своите
партнери, други се преправаа како да се онесвестувааат
во рацете на своите придружници, дури и групно го
правеа тоа, зашто знаеја дека некој ќе ги придржи - но
ниедна од нив не падна кон Гетсби, ниедна девојка со боб
фризура не му го допре рамото, а ниедно друштво не се
собра околу него да пеат гушнати некоја весела песна.
„Извинете.“
Ненадејно еден од слугите на Гетсби се најде крај нас.
„Госпоѓица Бејкер?“ праша тој. „Извинете, но господин
Гетсби би сакал да разговара со вас насамо.“
„Со мене?“ извика изненадена.
„Да, мадам.“
Таа стана полека, ме погледна со подигнати веѓи во знак
на чудење, а потоа тргна по слугата накај куќата. Тогаш
забележав дека вечерната тоалета што ја носеше, како и
сите други фустани, ѝ стоеше како спортска облека -
движењата ѝ беа лежерни, како да ги направила првите
чекори на терените за голф во свежите и ведри утра.
Останав сам речиси до два часот. Извесно време се слушаа
неразбирливи и мистериозни звуци од една соба со многу
прозорци што се наоѓаше над терасата. Успеав да му
избегам на студентот на Џордан, кој сега занесено
разговараше со две хористки нешто во врска со
породување и ме викаше да му се придружам. Потоа
влегов внатре.
Големата соба вриеше од луѓе. Една од девојките во
жолто свиреше на пијано, а до неа стоеше една висока

53
црвенокоса девојка од некој многу познат хор и пееше.
Испи многу шампањ и пеејќи - многу несоодветно - реши
дека сѐ е многу, многу тажно, така што сега веќе не само
што пееше туку и плачеше. Секогаш кога имаше пауза во
песната, ја изведуваше со испрекинато липање, а потоа ја
продолжуваше песната со растреперен сопран. Солзите ѝ
се слеваа по образите, но не слободно, зашто, кога
наидуваа на дебело премачканите трепки, добиваа боја
на мастило и продолжуваа полека понатаму образувајќи
црни поточиња. Некој шеговито ѝ предложи да пее
според нотите што ги има на лицето, на што девојката
дигна раце, се навали на една фотелја и така опиена заспа
во длабок сон.
„Се караше со еден човек што изјави дека ѝ е сопруг“, ми
објасни една девојка што стоеше до мене.
Погледнав наоколу. Поголемиот дел од преостанатите
жени се караа со мажите за кои се велеше дека им се
сопрузи. Дури и друштвото на Џордан, квартетот од Ист
Ег, беше се растурило поради несогласувања. Еден од
мажите разговараше необично внесен со млада актерка, а
неговата жена, откако се обиде гордо да се насмее на сето
тоа како да не е заинтересирана, целосно ја загуби
контролата над себе и почна со бочни напади -
одвреме-навреме ќе му се доближеше како разлутена
змија и ќе му засаскаше на уво „Ми вети!“
Премногу олабавените мажи не беа единствените што не
сакаа да си одат. Во холот имаше двајца жално трезни
мажи со нивните ужасно разлутени жени. Жените се
тешеа меѓу себе и негодуваа со малку повишени гласови.
„Секогаш кога ќе забележи дека ми е интересно на забава,
сака да си одиме дома.“
„Невиден саможивник.“
„Секогаш си одиме први.“
„И ние исто така.“
„Па ние сме речиси последни вечерва“, плашливо рече
еден од мажите. „Оркестарот си замина пред половина

54
час.“
Наспроти изјавата на жените кои се согласија дека ваква
злоба ги поминува сите граници, препирката заврши со
кратка борба, по што мажите ги изнесоа на раце во ноќта
двете жени што им клоцаа во рацете.
Додека чекав во холот да ми ја донесат капата, се отвори
вратата од библиотеката и Џордан и Гетсби излегоа
заедно. Тој го привршуваше разговорот со неа, но занесот
одеднаш се претвори во официјална љубезност кога му
пристапија неколкумина да се збогуваат со него.
Друштвото на Џордан ја викаше нестрпливо од тремот,
но таа се задржа малку колку да се ракуваат.
„Дознав нешто неверојатно“, шепна таа. „Колку долго се
задржав?“
„Па, околу еден час.“
„Беше... просто за неверување“, повтори отсутно. „Но се
заколнав дека нема никому да кажам, а еве сега ве мачам
вас.“ Ми се проѕевна отмено в лице. „Ве молам, дојдете и
посетете ме... во именикот... госпоѓа Сигурни Хауард...
тетка ми е...“ Брзаше да замине додека го велеше ова. Ми
одмавна весело со раката поцрнета од сонцето
поздравувајќи ме и им се придружи на оние од градината.
Прилично засрамен поради тоа што при првото доаѓање
останав толку долго, им се придружив на последните
гости на Гетсби што беа начичкани околу него. Сакав да
му објаснам дека го барав веднаш кога дојдов, како и да
му се извинам што не го познав во градината.
„Не враќајте се веќе на тоа“, ме прекина пријателски. „Не
мислете веќе на тоа, пријателче.“ Me викаше пријателче,
иако воопшто не се познававме. „И не заборавајте дека
изутрина одиме во 9 часот да го испробаме хидропланот.“
Тогаш слугата му соопшти преку рамо: „Ве бараат на
телефон од Филаделфија, господине“.
„Добро, за момент. Кажете им дека веднаш доаѓам... Добра
ноќ.“
„Добра ноќ.“

55
„Добра ноќ.“ Ми се насмевна - и одеднаш ми беше
пријатно, ми се стори важно тоа што си одам меѓу
последните, како тој да го бараше тоа од мене. „Добра
ноќ, пријателче... Добра ноќ.“
Но кога се слегував по скалите, видов дека забавата не
беше сосем завршена. На педесетина чекори од вратата
десетина фарови осветлуваа чудна и хаотична глетка. Во
ендекот покрај патот, со дигната десна страна нагоре, без
едно тркало, беше пропаднат нов двосед што пред
неполни две минути беше излегол од дворот на Гетсби.
Изгледа дека тркалото на кое неколку љубопитни
шофери му обрнуваа внимание отпаднало при удар во
остриот раб на ѕидот. Меѓутоа, бидејќи го имаа
блокирано патот со автомобилите, се слушаше остро и
дисхармонично свирење од автомобилите што не можеа
да поминат, што го дополнуваше и без тоа постојниот
хаос.
Еден човек во долг мантил се извлекол од уништениот
автомобил и сега стоеше на средината на патот и збунето
и зачудено гледаше де во автомобилот де во тркалото, де
во насобраните набљудувачи.
„Ете!“ објаснуваше тој. „Отиде во ендекот.“
Се чинеше дека овој факт бескрајно го чуди, а јас прво го
препознав таквиот необичен начин на чуде ње, а потоа и
самиот човек - тоа беше истиот човек што го сретнав во
библиотеката на Гетсби.
„Како се случи ова?“
Тој си ги собра рамената.
„Не знам ништо за мотори“, решително ми рече.
„Зошто се превртевте? Удривте во ѕидот?“
„Не прашувајте ме“, ми одговори човекот што личеше на
був, сакајќи да се извлече. „Јас немам поим од возење -
речиси ништо не знам. Едноставно се случи ова - ништо
друго не знам.“
„Добро тогаш, ако не знаете да возите, не требало да
возите.“

56
„Но ниту се обидов“, огорчено и врати. „Ниту се обидов.“
Насобраните присутни занемеа од страв.
„Сакавте да извршите самоубиство?“
„Имате среќа што завршило само со едно скршено тркало.
He знаел да вози, а ниту се обидувал!“
„Ама не разбирате“, објаснуваше виновникот. „Јас не
возев, во автомобилот има уште еден човек.“
Шокот на присутните од таа негова изјава се преточи во
само едно развлечено А-а-а-х! Во тој момент полека се
отвори вратата на двоседот. Масата - зашто дотогаш веќе
се имаше собрано маса луѓе - несвесно се повлече назад, а
кога вратата ширум се отвори, настана мртва тишина.
Потоа, многу полека, од уништеното возило почна дел по
дел да се појавува човек блед во лицето, што се
тетеравеше и како да ја тестираше земјата под себе со
големите танчарски чевли.
Заслепена од светлината на фаровите и збунета од
непрестајното свирење на автомобилите, таа чудна
фигура за миг застана клатејќи се, сѐ додека не го виде
човекот во мантилот.
„Шо се случи?“ го праша сосем смирено. „Останавме без
бензин?“
„Погледнете!“
Неколку показалци покажуваа кон отпаднатото тркало -
за миг отсутно гледаше во него, а потоа погледна нагоре
како да сакаше да се осигури дека тркалото не паднало од
небото.
„Испаднало тркалото“, му објаснуваа.
Кимна.
„Не ни сфат‘в дека стојме.“
Замолча. Длабоко вдиша, се исправи и решително рече:
„Знае ли некој кај има бенз‘нска у бл‘зина?“
Најмалку десетина од присутните, од кои неколкумина
беа во малку подобра состојба од него, се обидуваа да му
објаснат дека тркалото и автомобилот веќе не се споени
со никаква физичка врска.

57
„Да го извлечеме“, предложи тој по некое време. „Во
рикверц.“
„Ама без тркало е!“
Се колебаше.
„Да пробаме“, рече.
Завивањето на автомобилите ја достигна кулминацијата,
јас се свртев и тргнав преку тревникот накај дома. Само
еднаш се свртев. Полната месечина сѐ уште светеше над
куќата на Гетсби и продолжуваше да ја разубавува ноќта
надживувајќи ги смеата и гласовите од неговата сѐ уште
осветлена градина. Ми се причини дека одеднаш некоја
празнина се излева од прозорците и од големите порти, а
потоа ја обвива во целосна осаменост и фигурата на
домаќинот што стоеше на тремот со свечено дигната
рака додека мавташе за збогум.
Кога го прочитав сето ова што го имав напишано досега,
гледам дека се добива впечаток дека единствено ме
интересирале настаните што се случиле во само три
вечери во период од неколку недели. Напротив, тоа беа
само случајни настани во едно бурно лето и, сѐ додека
подоцна не се сменија работите, ми го привлекуваа
вниманието многу помалку од моите лични проблеми.
Најголемиот дел од времето го минував во работа. Во
раното утро сонцето ја фрлаше мојата сенка на запад
додека брзав низ белите ходници во центарот на Њујорк
накај банката Пробити траст. Другите чиновници и
младите продавачи на обврзници добро ги познавав и
често ручав со нив свински колбаси со пире во мрачните
преполни кафеани и пиев кафе. Дури имав и кратка
авантура со една девојка што живееше во Џерси Сити и
работеше во одделението за сметководство, но брат ѝ
почна да ме гледа напреку, па така, кога таа замина на
одмор во јули, оставив целата работа тивко да згасне.
Обично ручав во клубот Јејл - од некоја непозната
причина тоа за мене беше најтемниот дел од денот - а
потоа се качував rope во библиотеката и проучував

58
инвестиции и обврзници. Обично во клубот имаше
неколку пијаници, но тие никогаш не доаѓаа во
библиотеката, така што тоа беше пријатно место за
работа. Потоа, ако ноќта беше пријатна, ќе прошетав по
авенијата Медисон, ќе поминев покрај стариот хотел
Мури Хил, па преку Триесет и третата улица ќе стигнев
до станицата Пенсилванија.
Почнав да го засакувам Њујорк кој дури и ноќе беше полн
со живот и авантури, таа постојана мешаница од луѓе,
жени и машини беше мевлем за очите. Убаво ми беше да
шетам до Петтата авенија и да наоѓам жени во
множеството луѓе, па да си фантазирам романтично како
влегувам во нивниот живот, a за тоа никој да не дознае и
никој да не се противи. Понекогаш во мислите ги следев
до нивните станови на аглите на зафрлените улици, а тие
ќе се свртеа и ми се насмевнуваа пред да исчезнат низ
некоја врата во топлата темнина. Но одвреме-навреме
чувствував страшна осаменост во таа волшебна
велеградска темнина, а тоа го чувствував и кај другите,
кај младите чиновници кои во квечерината ги минуваа
неподносливите моменти на ноќта и животот и си го
губеа времето чекајќи пред рестораните да дојде времето
за вечера што ја јадеа сами.
Околу осум часот срцето повторно ќе ми се стегнеше кога
темните ленти на централните улички36 ќе се преполнеа
со такси-автомобили што трепереа по пет во ред брзајќи
накај театрите. Додека такси-возилата чекаа на уличните
премини, можеше да се видат лица на луѓе навалени еден
на друг, нивните запалени цигари што внатре цртаа
загадочни кругови, и да се чујат ѕвонливи гласови, како и
нивната смеа на неслушнатите шеги. Си замислував дека
и јас, исто така, брзам да се провеселам и дека ја
споделувам нивната среќа, па им пожелував сѐ најубаво.

36Forties (анг.) - улици што водат источно и западно во


центарот на Менхетен.

59
Едно време не контактирав со Џордан Бејкер, a потоа
некаде кон средината на летото повторно ја сретнав. На
почетокот бев поласкан што излегувам со неа затоа што
беше шампионка во голф и сите ја знаеја. Потоа дојде
нешто повеќе. He бев вљубен, само чувствував еден вид
љубопитност. Под отмениот израз што таа му го
покажуваше на светот се криеше нешто - изештаченоста
во најголем дел од случаите прикрива нешто, иако
можеби не е така од почетокот - а еден ден дознав што
беше тоа. Koгa бевме заедно на една домашна забава во
Ворвик, таа го остави автомобилот што го имаше зајмено
надвор на дождот со отворен покрив, а потоа го лажеше
сопственикот и јас во тој момент се сетив на приказната
за неа, на која онаа вечер кога бев кај Дејзи не ѝ обрнав
внимание. На нејзиниот прв голем натпревар во голф се
случил инцидент кој за малку не завршил во весниците -
се зборуваше дека таа во полуфиналето го удрила
топчето од погрешна позиција. Случајот можело да се
претвори во скандал, а сѐ се забошотило. Момчето што ги
носело палките ја повлекло изјавата, а единствениот втор
сведок изјавил дека можеби и тој лошо видел. Тој
инцидент и името ми останале во сеќавањето.
Џордан Бејкер инстинктивно ги избегнуваше бистрите и
остроумни луѓе, а сега јас увидов дека тоа го прави затоа
што се чувствува многу посигурна на терен на кој не
можеше ни да се помисли на отстапување од утврдените
правила. Таа беше непоправливо нечесна. He можеше да
поднесе да не биде во предност и поради тоа
претпоставувам дека многу млада почнала да се служи со
лаги за да ја задржи таа студена, пркосна насмевка пред
светот, задоволувајќи ги истовремено и желбите на
своето цврсто безгрижно тело.
Кај мене тоа не смени ништо. Нечесноста кај жените
никогаш не се осудува остро - понекогаш ми беше жал, а
потоа сѐ заборавав. На истата домашна забава водевме
интересен разговор за возењето на автомобили.

60
Разговорот беше инспириран од еден случај кога таа
поминала толку блиску до едни работници што со
браникот му скинала копче од палтото на еден од нив.
„Многу лошо возите“, протестирав јас. „Или бидете
повнимателна или не возете воопшто.“
„Внимателна сум.“
„Не, не сте.“
„Добро, другите се внимателни“, ми рече безгрижно.
„Каква врска има тоа со вас?“
„Ќе ми се тргнат од патот“, тврдеше. „За сообра ќајна
незгода се потребни двајца.“
„Да речеме дека има некој што е невнимателен исто
колку вас.“
„Се надевам дека тоа нема да ми се случи“, одговори таа.
„Мразам невнимателни. Затоа вие сте ми симпатичен.“
Нејзините сиви очи изморени од сонцето гледаа право, но
таа намерно го рече тоа и за момент помислив дека сум
вљубен во неа. Сепак, јас многу размислувам и полн сум
со некакви внатрешни закони што се како кочница на
моите желби и знаев дека прво треба да се извлечам од
обврската што ја имав дома. Еднаш неделно ѝ пишував
писма на една девојка и ги потпишував со Те сакам, Ник,
но единственото нешто што ми текнуваше во врска со
неа е како на горната усна, додека игра тенис, ѝ избива
мустаќ од пот. Во секој случај, постоеше незавршена
работа што мораше тактички да се прекине за да бидам
пак слободен.
Секој претпоставува дека поседува барем една од
основните доблести. Јас, на пример, верувам дека сум
еден од најчесните луѓе што ги знам.

61
Глава 4
Во недела наутро, додека црковните камбани доѕвонуваа
во селото по крајбрежјето, целиот свет се враќаше кај
Гетсби и се распостилаше весело на тревникот пред
неговата куќа.
„Сигурно шверцува алкохол“, велеа девојките меѓу
замелушеноста од неговите коктели и мирисот од
неговите цвеќиња.
„Убил човек кој дознал дека му е внук на Фон
Хинденбург37 и втор братучед на ѓаволот. Љубов, скини

37 Паул фон Хинденбург (1847-1934) бил германски


маршал во Првата светска војна и вториот претседател на

62
ми една роза и тури ми уште малку во кристалнава чаша.“
Еднаш, на маргините на еден возен ред, ги запишав
имињата на сите што доаѓаа тоа лето во куќата на Гетсби.
Сега тоа е еден стар возен ред во распаѓање, а на
насловната страница пишува: Овој распоред важи од 5
јули 1922 г., но и сега сѐ уште можам да ги прочитам
избледените имиња, а тие можат подобро од моите
зборови да ги опишат оние што го прифаќаа
гостопримството на Гетсби, а му се оддолжуваа
дискретно со тоа што ништо не знаеја за него.
Во тоа време во Ист Ег доаѓаа Честер Бекерови и Личови,
еден човек што се викаше Банзен, што го познавав уште
од Јејл; потоа доктор Вебстер Сивет,
кој минатото лето се удави во Мејн. Доаѓаа и Хорнбимови
и Вили Волтерс, дури и целиот клан Блекбакови кои
секогаш ќе се собереа во еден агол и, штом некој ќе им се
доближеше, ги дигаа носовите како кози. Тука беа и
Измееви и Кристиеви (или е подобро да се рече Хуберт
Ауербах и жената на господин Кристи) и Едгар Бивр, за
него зборуваа дека едно зимско попладне без некоја
посебна причина косата му станала бела како памук.
Колку што ме држи сеќавањето, Кларенс Ендив беше од
Ист Ег. Имаше дојдено само еднаш, во бели панталони, а
во градината се имаше степано со некојси неранимајко
што се викаше Ети. Од поголема далечина, на Ајленд
доаѓаа Чедлови и О. Р. П. Шредерови, Стоунвол Џексон
Абрамсови од Џорџија, како и Фишгардсови и Рипли
Снелсови. Снел беше дојден три дена пред да отиде в
затвор и тргнал по песокливиот пат толку пијан што
госпоѓа Јулисис Свет со автомобилот му ја прегазила
десната рака. Доаѓаа, исто така, и Денсиеви, и С. Б.
Вајтбејт, кој одамна ги поминал шеесеттите години, и

Вајмарската Република (1925-1934). Неговата стратегија


за војување со подморници ги вовлекла Соединетите
Американски Држави во конфликтот.

63
Морис А. Флинк, и Хемерхедсови, потоа Белуга, кој
увезуваше тутун, и неговите пријатели.
Од Вест Ег доаѓаа Полови, Малридис, Сесил Роубак, Сесил
Шен, сенаторот Галик, Њутон Оркид, кој имаше најголем
удел во филмската компанија Филмс пар екселанс,
Екхауст, потоа следуваа Клајд Коен, Дон С. Шварц (синот)
и Артур Мекарти, и сите тие на еден или на друг начин
имаа врска со филмската индустрија. Потоа Кетлипови и
Бембергови и Г. Ерл Малдун, брат на оној Малдун кој
подоцна ја задави жена си. Таму доаѓаше и основачот на
компанијата Да Фонтано и Ед Легрос, Џејмс Б. (Рот-Гат)
Ферет, Де Јонгови и Ернест Лили - тие доаѓаа да се
коцкаат, па кога Ферет ќе се најдеше во градината, тоа
значе
ше дека веќе нема ќора паричка и дека акциите на
компанијата Асошиејтед трекшн идниот ден мора да
скокнат.
Еден човек што се викаше Клипспрингер доаѓаше толку
често и остануваше толку долго кај Гетсби што го
викавме потстанарот - се сомневам дека имаше каде да
живее. Од театарот тука доаѓаа Гас Вејз, Хорас О‘Доневан,
Лестер Мајер, Џорџ Даквид и Франсис Бул. Исто така, од
Њујорк доаѓаа Кромови, Бекхисонови, Динкерсонови,
Расел Бети, Кориганови, Келехерови, Дуерсови, Скалиеви,
потоа С. В. Белкер, Смиркови, младите Квинсови, сега
веќе разведени, Хенри Л. Палмето, кој се самоуби
скокнувајќи под возот во железничката станица на Тајмс
сквер.
Бени Мекленахан секогаш доаѓаше со четири девојки.
Никогаш не беа истите четири девојки од претходниот
пат, но толку беа идентични меѓу себе што секако
изгледаше како да биле веќе тука и порано. Сум им ги
заборавил имињата - Жаклина, колку што се сеќавам, или
Консуела, Глорија, Џуди или Џун, а презимињата им беа
мелодични како имиња на цвеќиња или на месеци, или
сериозни имиња на познати американски богаташи, а ако

64
беше потребно, се претставуваа како нивни роднини.
Покрај сите овие, се сеќавам дека Фаустина О‘Браен дојде
тука барем еднаш, ќерките на Бедекер, младиот Бруер,
кој во војната го имаше загубено носот, господин
Албруксбургер и неговата свршеница госпоѓица Хаг,
Ардита Фиц-Питерс, господин П. Џевит, бивш
претседател на Американската легија, госпоѓица
Клаудија Хип со еден маж за кој се сметаше дека ѝ е
шофер и некаков принц што го викавме Војвода, чие име,
и да сум го знаел некогаш, сум го заборавил.
Сите тие луѓе во текот на летото доаѓаа кај Гетсби.
Едно утро околу девет часот некаде кон крајот на јули,
прекрасниот автомобил на Гетсби, потскокнувајќи по
камениот пат, застана кај мене пред вратата и почна да
свири со свирката која имаше само три тона. Тоа беше
првпат да дојде кај мене, иако јас ве- ќе бев на две негови
забави, се возев со неговиот хидроплан и, на негово
инсистирање, често се служев со неговата плажа.
„Добро утро, пријателче. Денес ќе ручаме заедно, па
мислев да се повозиме.“
Балансираше на педалот на автомобилот со таква
вештина во движењето својствена за Американците -
која, претпоставувам, се стекнува како последица на
отсуство на тешка работа во младоста, а можеби уште
повеќе од невкалапената убавина на нашите живи,
повремени игри. Тоа својство постојано избиваше под
неговото одмерено држење во вид на немир. Никогаш не
беше сосем мирен; секогаш или тупкаше со ногата или
нестрпливо ја отвораше и затвораше дланката.
Me забележа како му го гледам со восхит автомобилот.
„Убав е, нели, пријателче?“ Скокна од автомобилот за да
можам поубаво да го разгледам. „Не сте го виделе
порано?“
Сум го видел и порано. Сите го имаа видено порано. Беше
изразито крем, никлуваните делови му блескаа, a пo
својата огромна должина беше збогатен со стилски кутии

65
за шапки, храна и алати, испреграден со цел лавиринт од
ветробрани во кои се огледуваа десетина сонца. Седнавме
зад неколку слоеви стакло како во некој зелен кожен
стакленик и тргнавме накај градот.
Во текот на минатиот месец разговарав со него можеби
пет-шест пати и, за свое разочарување, утврдив дека не
зборува многу. Така што мојот прв впе чаток дека е човек
со извесна неодредена важност постепено избледе и тој
за мене стана едноставно сосед што е сопственик на една
многу убаво уредена куќа.
И тогаш дојде оној ден кога се возевме, што доста ме
збуни. Уште немавме стигнато до Вест Ег кога Гетсби
почна да ги остава недовршени елегантните реченици
удирајќи се нерешително по коленото, односно по
светлокафениот костум.
„Слушај сега, пријателче“, почна ненадејно тој, „какво
мислење имаш за мене?“
Малку се збунив, па почнав да го избегнувам одговорот
со општи изјави какви што заслужуваше такво прашање.
„Добро, сега ќе ти кажам нешто за мојот живот“, ме
прекина. „Не сакам да добиеш погрешен впечаток за мене
од сите приказни што кружат.“
Значи, му беа познати бизарните обвинувања што ги
зачинуваа разговорите во неговите ходници.
„Ќе ти ја кажам вистината.“ Со десната рака одеднаш се
заколна во Бога. „Син сум на богати родители од
Средниот Запад, но сега се починати. Израснав во
Америка, но се школував на Оксфорд затоа што сите мои
прадедовци се школувале таму во текот на многу години.
Тоа е семејна традиција.“
Me погледна под око и ми беше јасно зошто Џордан
Бејкер мислеше дека е лажго. Толку набрзина ги
изговори зборовите се школував на Оксфорд што личеше
како да ги голтна или како да го задушуваа и како да го
тиштеа од порано. Кога се посомневав во него при таа
изјава, целото негово тврдење се распадна, а јас се

66
прашав дали сепак има нешто мрачно во неговиот живот.
„Во кој дел на Средниот Запад?“ прашав како да е сѐ
нормално.
„Во Сан Франциско.“
„А, така.“
„Целото семејство умре, така што јас наследив многу
пари.“
Тонот му беше сериозен, небаре сеќавањето на
ненадејната гибел на неговото семејство уште му
причинуваше длабок немир. Во еден миг се посомневав
дека ме влече за нос, но кога го погледнав, се уверив во
спротивното.
„Потоа живеев кај млад раџа по сите европски
престолнини - Париз, Венеција, Рим - собирав
скапоцености, главно рубини, ловев јадар дивеч, по малку
и сликав, но само за себе, и се трудев да го заборавам тоа
што ми се случи.“
Одвај се воздржав да не се изнасмеам на тоа што го
слушав. Самите реченици му беа толку изветвени и во
мојата фантазија создадоа еден лик со турбан кој со копје
направено од четки лови некаков тигар низ Бомбајската
шума.
„Потоа, пријателче, дојде војната. За мене тоа беше
големо олеснување и навистина се обидов да умрам, но се
чинеше дека животот ми е маѓепсан. На почетокот добив
чин на поручник. Во Аргонската шума со остатокот од
митралескиот баталјон напреднавме толку многу што
бевме оддалечени речиси еден километар од пешадијата
која не можеше да се пробие. Таму останавме два дена и
две ноќи, сто и триесет луѓе со шеснаесет Луисови
митралези, a кога пешадијата на крајот дојде, најде
остатоци од три германски дивизии меѓу купиштата
трупови. Me унапредија во мајор, добив одликување од
сите сојузнички влади - дури и од Црна Гора, една мала
земја таму на Јадранско Море!“
Малата Црна Гора! Го повиши тонот кога го изговори тоа,

67
кимна со главата и се насмевна значајно. Таа насмевка ја
содржеше во себе бурната историја на Црна Гора, како и
неговото сочувство со храброста и борбеноста на
црногорскиот народ. Тој особено ги ценеше многуте
национални околности што ја нанеле Црна Гора да му го
оддаде тоа признание. Прво не му верував, но потоа ме
фасцинира. Изгледаше како да прелистуваме набрзина
десетина списанија.
Посегна во џебот и ми тутна во раката едно парче метал
закачено на врвца.
„Ова е црногорскиот медал.“
За мое изненадување, металното парче изгледаше
автентично. На него стоеше кружен натпис Орден Кнез
Данило; Црна Гора, Николас Рекс.
„Сврти го.“
На мајор Џеј Гетсби, прочитав јас, за особена заслуга.
„А еве, овде имам нешто друго што секогаш го носам.
Спомен од деновите на Оксфорд. Снимена е во Тринити -
човекот од мојата лева страна сега е гроф од Донкастер.“
Тоа беше фотографија на шест млади луѓе во спортски
блузи како безделничат под еден свод низ кој се наѕираат
многу кубиња. На фотографијата беше и Гетсби, кој
изгледаше малку, но не и многу, помлад, со стап за
крикет во раката.
Тогаш значи сѐ било вистина. Ја видов кожата на тигрите
во неговата палата на Гранд канал; го видов како отвора
кутија со рубини за да си го излекува скршеното срце со
нивниот длабок пурпурноцрвен одблесок.
„Денес имам една голема молба“, рече тој прибирајќи си
ги со задоволство спомените назад во џебот, „затоа и
мислев дека вие треба да знаете нешто за мене. He сакав
да ме сметате за никој и ништо. Обично се наоѓам меѓу
непознати затоа што лутам ваму-таму обидувајќи се да ја
заборавам несреќата што ме снајде, ме разбирате.“ Малку
се двоумеше, „За тоа ќе ви кажам токму ова попладне“.
„На ручекот?“

68
„Не, ова попладне. Случајно дознав дека сте ја повикале
госпоѓица Бејкер на чај.“
„Сакате со ова да кажете дека сте вљубен во госпоѓица
Бејкер?“
„Не, пријателче, не сум вљубен. Но госпоѓица Бејкер беше
љубезна и се согласи да зборува со вас за оваа работа.“
Немав поим што била работата, но бев повеќе
вознемирен отколку заинтересиран. He ја викнав Џордан
на чај за да разговараме за Џеј Гетсби. Бев сигурен дека
од мене бара нешто необично и во еден миг зажалив што
воопшто сум стапнал на неговиот препосетен тревник.
Тој веќе не рече ни збор. Колку повеќе се приближувавме
до градот, стануваше сѐ поодмерен. Поминавме покрај
Рузвелтовото пристаниште каде што видовме
прекуокеански бродови со црвени линии, брзо го
одминавме калдрмисаното предградие покрај кое се
протегаа темни преполни крчми со избледени позлатени
натписи од деветнаесеттиот век. Потоа од двете страни
на патот се појави долината на пепелиштата и, додека
минувавме покрај гаражата, ја видов госпоѓа Вилсон како
ја врти, задишана и со напор, рачката на бензинската
пумпа.
Со браниците раширени како крила ја осветлувавме
Асторија, но само до половина, зашто, додека возевме
меѓу столбовите на надземната железница, го чув
познатото брмчење на моторцикли и покрај нас помина
еден избезумен полицаец.
„Добро, пријателче“, викна Гетсби. Забавивме. Од
паричникот извади една бела картичка и со неа почна да
му мавта пред очи на полицаецот.
„Сѐ е во ред“, се согласи полицаецот и отпоздрави со
капата. „Идниот пат ќе ве препознаам, господине Гетсби.
Be молам простете!“
„Што беше тоа што му покажавте?“ прашав.
„Фотографијата од Оксфорд?“
„Му имам направено услуга еднаш на неговиот

69
претпоставен и оттогаш за секој Божик ми праќа
честитка.“
Потоа минавме преку големиот мост, а сонцето и
решетките на неговата ограда се менуваа со неверојатна
брзина, си поигруваа на автомобилите во движење,
додека на другиот брег беше градот, во форма на големи
бели ридови и грутки шеќер, сето тоа изградено само со
неизвалкани пари. Градот, гледан од мостот Квинсборо,
секогаш е град што го гледаш првпат, град што наивно ти
ветува дека ќе ги дознаеш сите тајни и убавини на овој
свет.
Покрај нас помина еден мртовец во погребен автомобил
натрупан со цвеќиња, во придружба на две кочии со
спуштени завеси и уште неколку нетраурни автомобили
со пријатели. Пријателите нѐ гледаа тажно, со тесните
горни усни својствени за југоисточна Европа, а мене ми
беше мило што величествениот автомобил на Гетсби
внесе малку ведрина во нивниот мрачен ден. Kora
минувавме преку Блеквелс Ајланд, покрај нас помина
една лимузина со бел шофер во која седеа тројца црнци
облечени според последната мода, двајца мажи и една
девојка. Прснав да се смеам гласно кога ги свртеа кон нас
пожолтените белки од очните јаболка со надмено
соперништво.
„Штом го поминавме мостов, веќе сѐ е можно“, помислив
„сѐ...“
Дури и Гетсби можеше да се случи и тоа не би било
големо чудо.
Бучно попладне. Во еден подрум со добра вентилација на
Четириесет и втората улица се најдов со Гетсби на ручек.
Растерувајќи го со мижуркање блескотот на улицата,
моите очи одвај го фиксираа во фоајето каде што
разговараше со еден човек.
„Господине Керевеј, ова ми е пријател, господин
Вулфшим.“
Кус Евреин со смачкан нос ја крена големата глава и

70
зјапаше во мене со две танки влакна што раскошно му
излегуваа по едно од секоја ноздра. По неколку мига, во
полутемнината, му ги открив ситните очи.
„...И така го погледнав“, рече господин Вулфшим,
сериозно ракувајќи се со мене, „и што мислите дека
направив?“
„Што направивте?“ учтиво прашав.
Очигледно не ми се обраќаше мене, зашто, штом ми ја
пушти раката, му го покри ликот на Гетсби со својот
експресивен нос.
„Му ги дадов парите на Кецпу и реков: Кецпу, ни пара да
не си му дал додека не си ја затне муцката. И веднаш
замолча.“
Гетсби нѐ фати двајцата подрака и се упати накај
ресторанот, а господин Вулфшим ја проголта новата
реченица која само што ја почна, па потона во сомнабулна
замисленост.
„Виски со сода?“ праша главниот келнер.
„Добар ресторан“, забележа господин Вулфшим додека ги
набљудуваше презвитеријанските нимфи на таванот.
„Мене повеќе ми се допаѓа отспротива!“
„Да, виски со сода“, се согласи Гетсби, а потоа се сврте кон
Вулфшим: „Таму е премногу топло“.
„Топло и тесно... да“, рече господин Вулфшим, „но со
многу спомени.“
„Кој е тој ресторан?“ прашав.
„Стариот Метропол.“
„Стариот Метропол“, замислено промрморе господин
Вулфшим. „Полн со мртви лица. И полн со пријатели кои
засекогаш си заминале. Додека сум жив нема да ја
заборавам ноќта кога таму го убија Рози Розентал. Бевме
шестмина на масата, а Рози целата таа вечер многу
јадеше и пиеше. Некаде взори келнерот дојде до него
некако многу чуден и му рече дека некој сака да
поразговара со него надвор. Добро, викна Рози и полека
почна да станува, а јас го повлеков назад на столот. Нека

71
дојдат Гадовите овде ако им требаш, Рози, немој, жити
мене, да излегуваш оттука.
Беше околу четири наутро, ако ги креневме ролетните, ќе
видевме дека се разденило.“
„Излезе ли?“ наивно прашав.
„Се разбира дека излезе“, носот на господин Вулфшим
блесна огорчено кон мене. „На вратата се сврте и ми рече:
He дозволувајте му на келнерот да ми го земе кафето!
Излезе на тротоарот, а тие му испукаа три куршуми во
полниот стомак и си побегнаа со автомобилот.“
„Четворица од нив беа погубени на електричен стол“,
реков јас потсетувајќи се на случајот.
„Петмина, заедно со Бекер.“ Ги сврте ноздрите кон мене
како да е заинтересиран и рече: „Колку што можев да
разберам, вие барате делофни фрски“.
Се вчудовидив како можеше двете реченици да ги
изговори една по друга. Гетсби му одговори место мене:
„А, не“, извика, „ова не е тој човек.“
„Не е?“ господин Вулфшим изгледаше разочаран.
„Ова ми е само пријател. Ти реков дека за тоа ќе
разговараме другпат.“
„Извинете“, рече господин Вулфшим, „моја грешка.“
Донесоа сочно исечкано месо, а господин Вулфшим,
заборавајќи ја посентименталната атмосфера во стариот
Метропол, зеде да јаде со дивјачко уживање. Во
меѓувреме погледот му луташе низ собата - и, за да го
заврши кругот, се сврте да ги види луѓето веднаш зад
себе. Мислам дека, да не бев јас, ќе ѕирнеше и под масата
на која седевме.
„Слушај, пријателче“, рече Гетсби и се наведна кон мене,
„знам дека те налутив утрово во автомобилот.“
Потоа пак се насмевна на својот посебен начин, но овој
пат не ме придоби.
„Не ми се допаѓаат мистерии“, одговорив, „и не разбирам
зошто не ми кажете отворено што сакате. Зошто тоа да
оди преку госпоѓица Бејкер?“

72
„Не се работи за ништо нечесно“ ме убедуваше. „Како што
знаете, госпоѓица Бејкер е голема спортистка и нема да
стори ништо лошо.“
Одеднаш го погледна својот часовник, скокна и брзо
излезе од просторијата, а мене ме остави да седам со
господин Вулфшим.
„Мора да телефонира“, рече господин Вулфшим следејќи
го со погледот. „Добар човек, нели? Ем убав ем совршен
господин.“
„Да.“
„Студирал на Оксфорт.“
„Аха!“
„На Колеџот Оксфорт во Англија. Го знаете Оксфорт?“
„Сум чул за него.“
„Еден од најпознатите колеџи во светот.“
„Долго време го познавате Гетсби?“ прашав.
„Неколку години“,ми одговори задоволно. „Имав чест да
го запознаам веднаш по војната. Само еден час разговор
ми беше доволен за да сфатам дека сум запознал добро
воспитан човек. Слободно може човек да го покани дома
и да го запознае со мајка си и сестра си, си реков.“ Малку
подзастана. „Гледам ми ги гледате копчињата на
манжетните“.
He му ги гледав, ама сега ги погледнав. Изгледаа како да
се од слонова коска, а обликот ми беше необично познат.
„Најубави примероци на човечки катници“, ми објасни.
„Охо!“ ги гледав внимателно. „Многу интересна идеја.“
„Да“, си ги повлече ракавите под палтото. „Да, Гетсби е
многу внимателен кон жените. Никогаш не би ја
погледнал жената на својот пријател.“
Кога предметот на инстинктивната доверба се врати и
седна на масата, господин Вулфшим го испи кафето
наеднаш и стана.
„Овој ручек многу ми се допадна“, рече „но ќе ве оставам
вас двајцата млади луѓе пред да ви здодеам.“
„Не брзајте, Мајер“, му рече Гетсби без одушевување.

73
Господин Вулфшим ја подигна раката како да сакаше да
го благослови.
„Многу сте љубезен, но јас ѝ припаѓам на другата
генерација“, свечено изјави. „Вие само седете и
разговарајте за спорт и девојки и...“ ја дополни
реченицата со некоја замислена именка мавнувајќи
повторно со раката. „Што се однесува до мене, јас сум
веќе на педесетина години и не сакам веќе да ви
додевам.“
Трагичниот нос му потреперуваше додека се ракуваше и
се свртуваше да си замине. Се прашував да не сум рекол
нешто што го навредило.
„Понекогаш е многу чувствителен“, ми објасни Гетсби.
„Ова му е еден од тие денови. Позната личност е во
Њујорк - ендемски вид од Бродвеј.“
„А што е? Уметник?“
„Не.“
„Забар?“
„Мајер Вулфшим? He, коцкар е.“ Прво малку се колебаше,
а потоа смирено додаде: „Тој ја нареди работата со
Светското првенство во бејзбол18 во 1919 г.“
„Ја наредил работата за Светското првенство во бејзбол?“
повторив.
Мислата ме поколеба. Се разбира дека се сеќавам дека
Светското првенство во бејзбол беше наместено во 1919
г., но кога би размислувал за тоа, би помислил дека тоа
беше само една во низа случки. Никогаш не би помислил
дека еден човек може да ја изигра довербата на педесет
милиони луѓе - едноставно како што крадец насилно
отвора сеф.

18Во 1919 г. коцкари го поткупиле тимот на Вајт сокс


да загуби во натпреварот против Синсинати редс.
Еклатантен пример за корупција во Америка.

74
„А како успеало во тоа?“ прашав по некое време.
„Едноставно, видел дека е добра можност.“
„А зошто не е в затвор?“
„Не можат да го фатат, пријателче. Снаодлив е човекот.“
Настојував да ја платам сметката. Кога келнерот ми го
донесе кусурот, во множеството луѓе го забележав Том
Бјукенен.
„ Дојдете малку со мене“, реков: „Сакам да поздравам
некого“.
Kогa Том нѐ виде, скокна и тргна накај нас.
„Што те нема?“ ме праша живо. „Дејзи е бесна што немаш
дојдено.“
„Господине Бјукенен, ова е господин Гетсби.“
Набрзина се ракуваа, а лицето на Гетсби доби напрегнат
невообичаен израз на збунетост.
„Како си инаку?“ ме праша Том. „Што тука на ручек?“
„Ручав со господин Гетсби.“
Се свртев кон господин Гетсби, но него веќе го немаше.
Еден октомвриски ден 1917 година... (ми раскажуваше
Џордан Бејкер тоа попладне додека седеше исправена на
еден стол со права потпирка во градината на хотелот
Плаза)... одев од едно до друго место, де по тротоар де по
тревниците. Поубаво ми беше на тревниците зашто носев
англиски чевли со гумени топчиња на ѓонот што се
вкопуваат во меката земја. Имав и една нова карирана
здолница што ветрот малку ја поткреваше, а кога ќе се
случеше тоа, црвено-бело-сините знамиња пред куќите
ќе се исправеа и правеа: ц-ц-ц-ц негодувајќи.
Најголемите знамиња и најголемите тревници беа во
куќата на Дејзи Феј. Тогаш имаше само осумнаесет
години, две години беше постара од мене и 6еше
најпопуларна девојка во Луивил. Секогаш беше облечена
во бело и имаше мал бел автомобил; телефонот кај неа
дома ѕвонеше по цели денови, а возбудените млади
офицери од Кампот Тејлор бараа да ја резервираат за таа
вечер. Или барем за еден час!

75
Kогa стигнав тоа утро пред куќата на Дејзи, нејзиниот бел
автомобил беше покрај тротоарот, а таа седеше внатре со
еден полковник што го немав видено дотогаш. Беа толку
многу обземени еден од друг што Дејзи воопшто не ме
забележа сѐ додека не се приближив на пет чекори од
автомобилот.
„Здраво, Џордан“, ме викна неочекувано. „Те молам
дојди.“
Бев поласкана што сака да разговара со мене, зашто, од
сите девојки што беа постари од мене, таа најмногу ме
одушевуваше. Me праша дали одам во Црвен крст да
правам преврски. Одев. Па дали тогаш би сакала да им
кажам дека таа е спречена да дојде? Додека Дејзи ми го
зборуваше тоа, офицерот ја гледаше онака како што сите
девојки посакуваат да бидат гледани, а бидејќи мене тоа
ми се чинеше романтично, добро ја запаметив таа случка.
Името му беше Џеј Гетсби; потоа не го сретнав повеќе од
четири години - ниту пак, кога го сретнав на Лонг Ајленд,
сфатив дека тоа е истиот човек.
Тоа беше во 1917 г. Веќе следната година и јас имав
неколку момчиња, а почнав и да учествувам на
натпревари, така што веќе не ја среќавав Дејзи толку
често. Таа излегуваше во малку постаро друштво кога ќе
излезеше. За неа наголемо се зборуваше дека една зимска
ноќ мајка ѝ ја нашла како си ги пакува работите и се
подготвува да отиде во Њујорк за да се збогува со некој
војник што требало да замине преку океанот. Успешно ја
спречиле во намерата, но затоа неколку недели не
проговорила ни збор со своите. Потоа веќе не се
забавувала со војници, туку само со неколку градски
момци, кусогледи и со рамни стапала, кои воопшто не
сакале да ги примат во војската.
Следната есен повторно беше весела како и претходно.
Првпат излезе по примирјето, а веќе во февруари се
зборуваше дека се свршила за некој човек од Њу Орлеанс.
Во јуни се омажи за Том Бјукенен од Чикаго, и тоа со

76
таков раскош и такво изобилие какви што во Луивил
никогаш порано не беа видени. Том дојде со стотина
сватови во четири приватни вагони и закупи цел еден кат
во хотелот Малбах, а еден ден пред венчавката ѝ подари
бисерен ѓердан што чинеше триста и педесет илјади
долари.
Јас бев старосватица. Влегов кај неа во собата половина
час пред невестинската вечера, ја најдов како лежи на
креветот, во цветниот фустан, прекрасна како јунска ноќ
и земја пијана. Во едната рака држеше шише сотерн, а во
другата едно писмо.
„Честитај ми“, промрморе. „Никогаш порано не сум пиела,
но ох, колку ми годи.“
„Што се случува, Дејзи?“
Бев уплашена, навистина никогаш порано не сум видела
девојка во таква состојба.
„Еве, најдрага моја.“ Почна да пребарува по кошницата со
отпадоци што беше крај неа до креветот додека не го
најде бисерниот ѓердан. „Земи го ова и врати му го на
оној на кој му припаѓа. Кажи им на сите дека Дејзи се
премислила. Речи Дејзи се премисли!“
Почна да плаче и тоа траеше. Излетав надвор, ја најдов
слугинката на мајка ѝ, па ја заклучивме вратата и ја
ставивме во када со студена вода. Никако не сакаше да го
пушти писмото. Со него влезе и во кадата, го згмечи во
топче и дури кога, така водено, почна да се распаѓа како
грутка снег, ми дозволи да го ставам во кутијата за сапун.
Но веќе не изусти ни збор. Под носот ѝ стававме
амонијак, ѝ стававме мраз на челото и со маки повторно ѝ
го облековме фустанот, а половина час подоцна, кога
излеговме од собата, бисерниот ѓердан ѝ висеше на
вратот и инцидентот беше завршен. Идниот ден во пет
часот попладне Дејзи се венча за Том Бјукенен без да
трепне и веднаш потоа отидоа на тримесечно
крстосување по Јужно Mope.
Kora се вратија, ги сретнав во Санта Барбара, ми се

77
чинеше дека никогаш не сум сретнала жена што е толку
вљубена во својот маж. Кога тој само за миг ќе излезеше
од просторијата, таа неспокојно гледаше наоколу и
прашуваше Каде отиде Том?На лицето имаше израз на
крајна отсутност, сѐ додека тој повторно не се појавеше
на вратата. Со часови можеше да седи на песокот со
неговата глава на скутот и со прстите да му го милува
лицето и да го набљудува со неизмерно уживање. Беше
пријатно човек да ги гледа заедно - глетката измамуваше
насмевки и фасцинираше. Тоа беше во август. Една
недела по моето заминување од Санта Барбара, Том една
ноќ налетал на некој камион на патот Вентура19 кој му го
откачил предното тркало на автомобилот. Фотографијата
на девојката што била со него беше објавена во
весниците зашто ѝ беше скршена раката, тоа беше една
собарка од хотелот во Санта Барбара.
Во април следната година Дејзи роди девојче, a потоа
отидоа една година во Франција. Ги сретнав една пролет
во Кан, а подоцна и во Довил, па се вратија во Чикаго каде
што останаа да живеат. Како што знаете, Дејзи беше
популарна во Чикаго. Се дружеа со една разоглавена
толпа, сите беа млади, богати и палави, но кога таа
дружба заврши, нејзиниот углед остана незасегнат.
Можеби затоа што не пиеше. Голема предност е да си
трезен меѓу тешки пијаници. Имаш контрола над јазикот,
а освен тоа, сопствените лудости можеш да ги скротуваш
сѐ додека другите не ослепат до таа мера што веќе не
гледаат, ниту водат сметка за тебе. Можеби Дејзи
никогаш не се впуштала во некои љубовни авантури - а
сепак, во тој нејзин глас имаше нешто...
Значи, приближно пред шест недели, првпат по толку
години, повторно го слушна името на Гетсби. Тоа беше

19 Калифорнискиот град Санта Барбара е поврзан со


Лос Анџелес со патот Вентура што минува по
крајбрежјето.

78
онаа вечер кога ве прашав - се сеќавате ли? - дали
познавате некој Гетсби од Вест Ег. Откако вие си
отидовте дома, дојде кај мене во собата, ме разбуди и
рече: „Кој Гетсби?“ а кога ѝ го опишав - бев сонлива - рече
со многу чуден глас дека тоа сигурно е човекот што го
познавала. И јас дури тогаш го поврзав тој Гетсби со
офицерот во нејзиниот бел автомобил.
Кога Џордан Бејкер ја заврши приказната, по половина
час ја напуштивме Плаза и со стар пајтон се возевме низ
Централ парк. Сонцето беше зајдено зад високите
апартмани на филмските ѕвезди, а ѕвонливите гласови на
дечињата што беа собрани како штурци на тревата,
одекнуваа низ жешкиот самрак:
„Јас сум шеикот од Арабија,
Љубовта твоја ми припаѓа.
Кога ќе заспиеш ноќеска,
До твојот шатор ќе дојадам полека б...“
„Каква случајност“, реков.
„Воопшто не е случајност.“
„Зошто?“
„Гетсби ја купил куќата зашто Дејзи е од другата страна
на заливот.“
Значи, онаа јунска ноќ не мечтаел само за ѕвездите.
Одеднаш ми оживеа пред очи, така исфрлен од утробата
на неговиот безначаен раскош.
„Сака да знае“, продолжи Џордан „дали би сакале едно
попладне да ја поканиме Дејзи кај вас дома и да му
дозволиме и нему да дојде.“
Бев потресен од скромноста на неговата желба. Чекал пет
години и купил луксузна куќа, каде што на случајните
молци им го нудел сјајот на ѕвездите - само за да може
едно попладне да „намине кај мене“, во градината на еден
сосем непознат човек.
„Зар беше потребен толкав вовед за да ме замоли за таква
ситница?“
„Се плаши, толку долго чекал. Мисли дека можеби ќе се

79
навредите. Сфаќате, всушност, дека е многу нормален.“
Нешто ме загрижуваше.
„Зошто вас не ве замолил да им договорите средба?“
„Сака да му ја види куќата“, објасни Џордан. „А вашата
куќа е веднаш до неговата.“
„А!“
„Мислам дека потајно се надевал дека некоја ноќ таа ќе
заталка на некоја од неговите забави“, продолжи Џордан,
„но никогаш не дошла. Тогаш почнал да ги распрашува
луѓето да не ја познаваат случајно, a јас бев првата што ја
познава. Тоа се случи онаа ноќ кога ме повика, а да знаете
колку мајсторски го изведе тоа. Се разбира, јас веднаш го
посоветував да ја покани на ручек во Њујорк - при што тој
речиси се обезуми: He сакам да направам ништо
претерано! повторуваше. Само сакам да се сретнам со неа
кај соседот.“
„Кога му кажав дека сте близок пријател со Том, сакаше
да се откаже од идејата. He знае многу за Том, иако вели
дека со години читал чикашки весници со надеж дека
случајно ќе наиде на името на Дејзи.“ Веќе беше темно и,
кога бевме под едно мовче, со раката ги опфатив
златните рамена на Џордан, ја приближив до себе и ја
прашав дали ќе сака да вечера со мене. Одеднаш веќе не
мислев на Дејзи и на Гетсби, туку на таа чиста, цврста
девојка во која беше собрана скепсата од целиот свет и
која сега, во мојата прегратка, лежерно се изви наназад.
Во вид на опојна возбуда во ушите почнаа да ми бучат
зборовите: Луѓето се делат на гонети, гонители, зафатени
и уморени.
„И Дејзи заслужува да има нешто во животот“, шепна
Џордан.
„Сака ли да го види Гетсби?“
„Не треба ништо да знае за тоа. Гетсби не сака таа да знае.
Од вас очекува само да ја поканите на чај.“ Поминавме
покрај еден темен дрворед, потоа и покрај фасадите на
Педесет и деветтата улица, a нежна, бледа светлина го

80
покриваше паркот. За разлика од Гетсби и Том Бјукенен,
лицето на мојата сакана не лебдеше бестелесно покрај
темните первази и заслепувачките реклами и затоа уште
повеќе ги стегнав рацете и уште повеќе ја приближив до
себе. На нејзините бледи, презриви усни блесна насмевка,
а јас ја привлеков уште поблиску, овој пат до лицето.

81
Глава 5
Кога се враќав таа ноќ дома во Вест Ег, во еден миг се
уплашив дека куќата ми гори. Беше два часот и целиот
дел од полуостровот како да беше во пламен, блескава
светлина нереално паѓаше врз грмушките и создаваше
издолжени одблесоци на жиците покрај патот. Кога
свртев зад аголот, видов дека тоа е куќата на Гетсби,
осветлена од подрумот до кулата на покривот.
На почетокот помислив дека повторно има забава, со
диви орди кои сега низ целата куќа играат криеница или
сардини20. Но не се слушаше никаков звук. Освен ветрот
што дуваше во круните на дрвјата што го
предизвикуваше звукот од жиците и ги палеше и гасеше
светилките небаре куќата ќе потоне во темнина. Додека
моето такси стенкаше, го видов Гетсби како ми се
приближува преку тревникот.
„Куќата ви изгледа како Градски панаѓур“, реков.
„Вистина?“ Се сврте и погледна отсутно. „Ги разгледував
собите. Ајде да одиме на Кони Ајленд, пријателче. Со
мојот автомобил.“
„Предоцна е.“
„А да се фрлиме во базенот? Летово ниту еднаш не сум се
капел.“
„Треба да си легнам.“
„Добро.“
Чекаше да проговорам гледајќи ме со воздржана желба.
„Разговарав со госпоѓица Бејкер“, реков по мала пауза.
„Утре ќе ѝ се јавам на Дејзи и ќе ја поканам на чај.“
„А, добро. He сакам да ви создавам непријатности“,
изговори како да му е сеедно.

20Сардини е игра обратна од криеница. Само еден се крие, а


сите други го бараат. Оној што ќе го најде застанува да се
крие заедно со првиот и така прават сите, со што
започнуваат да заличуваат на сардини во конзерва.

82
„Кој ден би ви одговарал?“
„Кој ден вам ви одговара?“ брзо ме поправи. „Знаете,
навистина не би сакал да ви создавам непријатности.“
„Може ли задутре?“
Малку размисли. Потоа рече колебливо, „Би сакал да ја
искосам тревата“.
Двајцата го погледнавме тревникот- имаше остра
граница онаму каде што завршуваше мојот запуштен
тревник и каде што почнуваше темното пространство на
неговата добро одржувана англиска трева. He бев
сигурен дали мисли на својот или на мојот тревник.
„А има и уште една ситница“, рече несигурно, со
колебање.
„Ако сакате, да одложиме за некој друг ден?“ прашав.
„Не се работи за тоа. Кога барем би...“ се плеткаше и
повеќепати се обидуваше да почне. „Мислам, ова... зашто...
вака, пријателче, не заработувате многу, нели?“
„Не баш многу.“
Се чинеше дека тоа го охрабри, па продолжи
посамоуверено.
„Така и мислев, простете што вака... знаете, јас работам и
една друга ситна работа настрана, еден вид споредно
занимање, разбирате. Па си мислев, ако не заработувате
баш многу... вие се занимавате со продажба на обврзници,
така, пријателче?“
„Се обидувам.“
„Значи, ова би можело да ве интересира. He би ви одзело
многу време, а би можеле да заработите добро. Но тоа е
доста доверлива работа.“
Денес сфаќам дека тој разговор, ако беше воден во некои
други околности, ќе значеше пресвртница во мојот
живот. Но, бидејќи тој на толку отворен и нетактичен
начин сакаше да ми врати за услугата што требаше да му
ја направам, немав друг избор освен веднаш да го
одбијам.
„Премногу сум зафатен“, му реков. „Ви благодарам, но не

83
мсжам да преземам дополнителни обврски.“
„Не би имале ништо со Вулфшим.“ Очигледно мислеше
дека избегнувам контакт со делофната фрска, спомената
во текот на ручекот, но го уверив дека не се работи за тоа.
Почека уште малку, со надеж дека ќе продолжам да
зборувам, но јас бев премногу обземен сам со себе за да се
впуштам во разговор, така што тој неволно си отиде
дома.
Таа вечер бев зашеметен и среќен; мислам дека само што
стапнав дома, паднав во длабок сон. Затоа не знам дали
Гетсби отишол на Кони Ајленд или уште неколку часа ги
разгледувал собите додека куќата нападно си светела.
Следното утро од канцеларијата ѝ се јавив на Дејзи и ја
поканив на чај.
„Не доаѓај со Том“, ја предупредив.
„Молам?“
„Не доаѓај со Том.“
„Кој е тој Том?“ невино праша.
На договорениот ден истураше дожд. Во единаесет часот
на мојата врата чукна еден човек во мантил за дожд кој
зад себе влечеше косачка. Рече дека господин Гетсби го
пратил да ми го уреди тревникот.
Тоа ме потсети дека заборавив да ѝ кажам на мојата
Финка тој ден да дојде, па затоа отидов во селото Вест Ег
да ја побарам меѓу белите улички, што беа калливи и
измиени од дождот, и да купам неколку шолји, два-три
лимона и цвеќиња.
Цвеќињата ги купив џабе, зашто околу два часот Гетсби
ми прати цел стакленик со безброј вази. Еден час подоцна
влезната врата се отвори несигурно и се втурна Гетсби во
бел фланелски костум, сребрена кошула и златна
вратоврска. Беше блед, а под очите му се гледаа модри
знаци на несоница.
„Дали е сѐ во ред?“ веднаш праша.
„Тревникот изгледа одлично, ако мислите на тоа.“
„Кој тревник?“ ме праша расеано. „Ааа, вашиот тревник.“

84
Погледна низ прозорецот, но, судејќи по неговото лице,
се сомневам дека виде нешто.
„Многу убаво изгледа“, забележа отсутно. „Во некои
весници пишува дека дождот ќе престане околу четири.
Мислам дека беше во Журнал. Имате ли сѐ што е потребно
за... за чај?“
Го одведов во кујната и тој ја погледна малку попреку
мојата Финка. Заедно ги разгледавме внимателно
дванаесетте колачи од лимон што ги купив од
деликатесната продавница.
„Ќе завршат ли работа?“ прашав.
„Се разбира, се разбира! Добри се!“ и додаде некако
шупливо, пријателче“.
Околу три и пол дождот се смири и се претвори во
влажна магла низ која одвреме-навреме пливаа капки
ситна роса. Гетсби зјапаше со празен поглед во еден
примерок од Економијата на Клеј, штрекнувајќи се на
секој чекор од Финката од која се тресеше подот во
кујната, и ѕиркаше низ замаглениот прозорец, небаре
надвор се случуваше нешто невидливо, но возбудливо. На
крајот стана и со несигурен глас ме извести дека си оди
дома.
„Зошто така?“
„Никој нема да дојде на чај. Премногу е доцна!“ Го
погледна часовникот небаре ќе задоцни некаде. „Не
можам да чекам цел ден.“
„Не бидете неразумен, сега е две минути до четири
часот.“
Повторно седна, несреќен, како да го турнав назад силум,
а во истиот миг се слушна брмчење на автомобил што
свртуваше на мојот коловоз. Двајцата скокнавме, а јас, и
самиот малку збунет, излегов во дворот.
Под голите јорговани од кои капеше дожд се
приближуваше голем отворен автомобил. Запре. Свртено
малку настрана под трирогата шапка со боја на
лавандула, од автомобилот ме гледаше насмеаното лице

85
на Дејзи.
„Значи, ова е таа твоја куќа, душо?“
Веселото жуборење на нејзиниот глас во тој мрачен
дожделив ден ми влијаеше необично закрепнувачки. За
миг го следев само звукот на високите и на ниските
тонови пред да ги преточам во зборови. Прамен влажна
коса беше ѝ паднал преку лицето како златна трага од
четка, а кога ѝ помогнав да излезе од автомобилот, на
влажната рака ѝ блескаа ситни, бисерни капки.
„Вљубен си во мене?“ ми шепна, „или постои друга
причина што морав да дојдам сама?“
„Тоа е тајната на Замокот Ракрент21. Речи му на возачот
да отиде многу далеку и да се врати по еден час.“
„Вратете се по еден час, Ферди.“ А потоа сериозно шепна:
„Се вика Ферди“.
„Дали бензинот му влијае лошо врз носот?“
„Не верувам“, ми одговори наивно. „Зошто?“
Влеговме. За мое најголемо изненадување, во дневната
соба немаше никој.
„Па ова е смешно“, викнав.
„Што е смешно?“
Таа ја сврте главата кон влезната врата од каде што се
слушна тивко, достоинствено чукање. Излегов и отворив.
Гетсби, бел како дух, со рацете како тегови пикнати
длабоко во џебовите на палтото, стоеше во локва вода и
беспомошно зјапаше во мене.
Сѐ уште со рацете во џебовите, вкочането помина покрај
мене и влезе во ходникот; потоа остро се сврте, како на
жица, и исчезна во дневната соба. He беше ни малку
смешно. Свесен дека и мене силно ми тупоти срцето, ја
затворив вратата пред дождот што врнеше сѐ посилно.

21 Замокот Ракрент (1800) е роман од англо-ирската


писателка Марија Еџворт (1767-1849). Напишан е во прво
лице и е приказна за падот на едно ирско семејство
поради корупција и расипништво.

86
Половина минута владееше мртва тишина. Потоа во
дневната соба слушнав нешто што звучеше како
придушено мрморење и делче смеа, следено од
извештачениот тон на Дејзи: „О, навистина многу се
радувам што ве гледам повторно“.
Пауза; траеше бесконечно. Немаше што да правам во
претсобјето, па затоа влегов во собата.
Гетсби, со рацете сѐ уште во џебовите, стоеше потпрен со
грбот на каминот и вложуваше крајни напори да се
однесува лежерно, небаре му е здодевно. Толку многу ја
имаше навалено главата што добар дел од темето му се
потпираше на предниот дел од еден одамна расипан
часовник и од таа положба обезумено гледаше надолу во
Дејзи која, уплашена, но грациозно достоинствена, беше
седната на работ на столот.
„Се знаеме од порано“, промрморе Гетсби. За миг
погледна во мене, а усните му се развлекоа во неуспешен
обид за насмевка. За среќа, во тој момент, под притисокот
на неговата глава, часовникот опасно се заниша, при што
тој се сврте, го грабна со треперливите прсти и го врати
на местото. Потоа вкочането седна на каучот со лакотот
на потпирката и си ја потпре брадата со дланката.
„Извинете за часовникот“, ми рече.
Сега јас почнав да менувам бои - ми се вжари лицето. He
бев во состојба да поврзам ни два збора од илјадниците
што ми се вртеа во главата.
„Обичен стар часовник е“, реков идиотски.
Мислам дека во тој момент сите поверувавме дека се
здроби на подот на илјада парченца.
„Со години не сме се виделе“, рече Дејзи со толку
нормален глас што не можеше да биде понормален.
„Идниот ноември ќе бидат пет години.“
Автоматскиот одговор на Гетсби не уназади барем за
една минута. Во очај ги замолив да дојдат со мене во
кујната и да ми помогнат да подготвам чај, кога во собата
влезе Финката, ѓавол да ја земе, и донесе сѐ на еден

87
подавалник.
Среде хаосот од шолји и колачи се воспостави извесен
физички ред. Гетсби се повлече настрана и, додека Дејзи
и јас разговаравме, тој со своите напрегнати, несреќни
очи внимателно гледаше де во мене де во неа. Сепак,
бидејќи смиреноста не беше сама за себе цел, во првиот
згоден момент јас се извинив и станав.
„Каде одите?“ веднаш ме праша Гетсби растревожено.
„Ќе се вратам.“
„Треба нешто да разговарам со вас пред да излезете.“
Возбудено ме следеше до кујната, ја затвори вратата и
шепна несреќно: „О Боже!“
„Што ви е?“
„Голема грешка“, рече вртејќи ја главата од една на друга
страна, „голема, голема грешка.“
„Само се срамите“, му реков и, за среќа, додадов „и Дејзи
се срами.“
„И таа се срами?“ повтори тој со неверување.
„Исто колку вас.“
„Не зборувајте толку гласно.“
„Се однесувате како мало дете“, нестрпливо избувнав. „И
не само тоа. Непристоен сте. Дејзи седи таму сама.“
Со раката ми даде знак да молчам, ме погледна со
незаборавен израз на прекор и, внимателно отворајќи ја
вратата, се врати во собата.
Јас излегов од задната врата, исто како што направи
Гетсби пред половина час заобиколувајќи ја вознемирено
куќата - отрчав накај огромното црно глуждовито дрво
чии огромни лисја формираа стреа под која можев да се
скријам од дождот. Пак почна да истура, а мојот нерамен
тревник, што градинарот на Гетсби убаво го искоси, беше
полн со калливи барички и праисториски мочуришта.
Немаше ништо во што би можел да гледам од тоа место
освен огромната куќа на Гетсби и половина час гледав во

88
неа, како Кант во црковното кубе22. Некој пивар ја
изградил пред десет години во времето кога се лудувало
по рустичниот стил, и се зборуваше дека се согласил да го
плати данокот за пет години на сите куќи наоколу ако
сопствениците ги покријат покривите со слама. Можеби
нивното одбивање да го сторат тоа го расколебало во
планот да пушти корен тука - и тоа го однело во прерана
смрт. Неговите деца ја продале куќата веднаш по
неговата смрт - заедно со посмртниот венец.
Американците, иако желни, дури и нестрпливи, да станат
кметови, секогаш упорно одбиваа да бидат селани.
По половина час сонцето повторно се појави, а
камиончето на снабдувачот со продукти за вечерата на
неговите слуги - зашто бев сосем сигурен дека Гет сби
нема ни залак да стави в уста - сврте по улицата што
водеше до куќата на Гетсби. Една од слугинките почна да
ги отвора прозорците на катот од неговата куќа,
покажувајќи се за миг на секој прозорец и, кога се потпре
на големиот централен прозорец, замислено плукна во
градината. Беше време да се вратам. Додека врнеше
дождот, ми се чинеше дека го слушам и ромонењето на
нивните гласови кои како да се засилуваа под изливите
на чувствата. Но со тишината што завладеа повторно ми
се стори дека и во куќата сѐ се смирило.
Влегов внатре - правејќи колку што е можно поголема
шум додека влегував и за малку ќе го превртев и
шпоретот - но не верувам дека ме слушнале. Седеа на два
спротивни краја од каучот, гледајќи се како да имаше
некое прашање што останало без одговор, како да
лебдеше во воздухот, но веќе немаше ни трага од
засраменост. Дејзи беше целата насолзена, a кога влегов,
скокна и почна пред огледалото да си го брише лицето со

22 Според преданијата, Имануел Кант (1724-1804),


германски филозоф, гледал во црковно кубе додека
размислувал.

89
шамичето. Но промената што ја забележав кај Гетсби
беше просто изненадувачка. Тој едноставно блескаше;
без збор или знаци на ликување, зрачеше некаква
новонајдена среќа што ја исполнуваше малата
просторија.
„О, здраво, пријателче“, рече тој како да ме немаше
видено со години. Во еден миг помислив дека ќе се
ракува со мене.
„Дождот престана.“
„Навистина?“ кога сфати за што зборувам и кога ги
забележа блескавите сончеви зраци во собата, се
насмевна како метеоролог, како восхитен покровител на
светлината и таа вест ѝ ја повтори на Дејзи. „Што велиш
за тоа? Престанало да врне.“
„Мило ми е, Џеј.“ Од нејзиното грло полно болна тажна
убавина излезе само мелодија на неочекувана радост.
„Би сакал вие и Дејзи да дојдете со мене во мојата куќа“,
рече, „би сакал да ѝ ја покажам.“
„Сигурен ли сте дека сакате и јас да дојдам?“
„Се разбира, пријателче.“
Дејзи отиде rope да си го измие лицето - предоцна ми
текна за крпите, какво понижување - додека Гетсби и јас
ја чекавме на тревникот.
„Убава ми е куќата, нели?“ ме праша. „Гледајте како
целата предна фасада е облеана од сонцето.“
Се согласив дека е прекрасна.
„Да.“ Со погледот минуваше преку целата куќа, преку
засводените врати и правоаголните кули. „Ми требаа
само три години да заработам пари за да ја купам.“
„А јас мислев дека тие пари сте ги наследиле.“
„Да, пријателче“, рече махинално „но поголемиот дел ги
загубив во големата збрка, збрката што ја предизвика
војната.“
Верувам дека одвај беше свесен што зборува, зашто, кога
го прашав со каква работа се занимава, одговори: „Тоа е
моја работа“, пред да сфати дека тоа е најнепристојниот

90
одговор.
„О, сакам да речам се занимавав со разни работи“, се
поправи. „Тргував со лекови, а потоа со гориво. Но сега не
се занимавам ни со едното ни со другото.“ Me погледна
повнимателно. „Дали сакате да речете дека сте
размислувале за тоа што ви го предложив пред некој
ден?“
Пред да успеам да одговорам, Дејзи излезе од куќата, а
двата реда месингови копченца на нејзината облека
светнаа на сонцето.
„О, огромнана куќа онде?“извика покажувајќи со прст
натаму.
„Ти се допаѓа ли?“
„Ми се допаѓа, но не знам како можеш да живееш сам во
неа.“
„Постојано ја полнам со интересни луѓе и дење и ноќе.
Луѓе што се занимаваат со интересни работи. Со славни
луѓе.“
Место да тргнеме напреку, покрај протокот, слеговме по
патот и влеговме низ големиот страничен влез. Со
восхитен шепот Дејзи се одушевуваше од овој или од оној
дел на силуетата од феудалната куќа што се оцртуваше
на небото, им се восхитуваше на градините, на
интензивниот мирис на нарцисите што се ширеше, на
пенливиот мирис на глогот и на сливовиот цут и на
бледозлатниот мирис на поканата за бакнеж на влезната
врата. Чудно беше што дојдовме до мермерните скали, а
не видовме светли фустани да влегуваат и да излегуваат,
што не се слушаше никаков друг звук освен цвркотот на
птиците по дрвјата.
А внатре во куќата, додека минувавме низ просториите
за музика и салоните во стилот на Марија Антоанета и
Реставрацијата, ми се чинеше дека зад секој кауч и зад
секоја маса се скриени гостите што добиле наредба да не

91
дишат додека ние не поминеме. И кога Гетсби ја затвори
вратата на библиотеката во стилот на колеџот Мертон23,
бев уверен дека го чув човекот со очи како на був како
почнува демонски да се смее.
Се качивме на горниот кат и поминавме низ стилски
спални обвиени со розова и виолетова свила, накитени со
свежи цвеќиња, низ собите за преоблекување и
просториите за билјард, низ бањите со ниски кади - и
влеговме во една просторија каде што еден неисчешлан
човек во пижами правеше на подот гимнастика за црниот
дроб. Тоа беше господин
Клипспрингер, потстанарот. Го видов утрото кога
шеташе изгладнет покрај брегот. На крајот дојдовме до
апартманот на Гетсби што се состоеше од спална, бања,
Адамова работна соба24, каде што седнавме и се напивме
по една чашка шартрез што го извади од креденецот.
Гетсби не го тргаше погледот од неа, а мислам дека
повторно проценуваше сѐ во својата куќа преку новата
перцепција низ нејзините сакани очи. Понекогаш се
обѕираше збунето наоколу гледајќи ги предметите,
небаре нејзиното присуство ги направило невистинити.
Еднаш за малку ќе се струполеше по скалите.
Неговата спална соба беше наједноставна од сите
простории, со исклучок на тоалетната маса што беше
украсена со тоалетен прибор од чисто темно злато. Дејзи
со восхит ја зеде четката за коса и се исчешла, при што
Гетсби седна, си ги покри очите и почна да се смее.
„Тоа е најчудната работа, пријателче“, ми рече разнежено.
„Не успевам... Kora се обидувам...“

23 Во Колеџот Мертон се наоѓа една од најстарите


библиотеки на Универзитетот Оксфорд; Гетсби,
иронично, создава стара просторија во својата сосем нова
куќа.
24 Стил што го создале шкотските дизајнери и
архитекти Роберт Адам (1728-1792) и Џејмс Адам
(1730-1794).

92
Очигледно беше минал низ две душевни состојби и сега
влегуваше во трета. Прво беше засрамен, потоа беше
обезумен од радост, а сега беше одушевен од нејзиното
присуство. Толку долго мислеше на тоа, толку имаше
испланирано сѐ во своите фантазии, од почетокот до
крајот, толку незамисливо силно ги имаше стегнато
забите. За да се отпушти како пренавиен часовник сега,
кога конечно желбата му се исполни.
Веќе во следниот миг се прибра и ни отвори два големи
ормани - преполни со негови костуми, домашни роби,
врски и кошули наредени како тули на купчиња од по
десетина.
„Имам човек во Англија што ми купува облека. Ми праќа
на почетокот на секоја сезона: напролет и наесен.“
Извади едно купче кошули и почна да ги фрла една по
една пред нас, кошули од чисто ленено платно, од тешка
свила и од убав фланел, што се раздиплуваа при паѓањето
покривајќи ја масата во шарено безредие. Додека ние се
одушевувавме, тој донесуваше уште повеќе, така што
мекиот богат куп стануваше сѐ повисок - имаше кошули
со риги, со крукчиња и коцкички со коралноцрвена,
свежозелена, лилава и бледопортокалова боја, со
темносини монограми. Одненадеж Дејзи силно списка, си
ја нурна главата во кошулите и почна силно да плаче.
„Колку се убави кошуливе“, липаше, додека гласот ѝ беше
придушен во многуте кошули. „Се натажив затоа што
никогаш порано немам видено толку - толку убави
кошули.“
По куќата, отидовме да ги разгледаме имотот и базенот,
хидропланот и летните цвеќиња - но надвор почна пак да
врне, па застанавме еден до друг гледајќи во
разбрануваната површина на протокот.
„Да немаше магла, ќе можевме да ја видиме вашата куќа
од другата страна на заливот“, рече Гетсби. „Секогаш една
зелена светилка гори по цела ноќ на крајот на вашиот
док.“

93
Дејзи ненадејно го фати подрака, но тој изгледаше како
да е сѐ уште внесен во она што го зборуваше претходно.
Веројатно му текна дека засекогаш исчезнало она
огромно значење што за него го имаше светилката. Во
споредба со големата далечина што го разделуваше од
Дејзи, таа светилка изгледаше толку близу до неа, како да
ја допираше. Изгледаше исто толку близу колку што е
една ѕвезда до месечината. Сега зелената светилка
повторно се запали на докот. Од многуте предмети што
му изгледаа како волшебни, сега еден отпадна.
Почнав да шетам по собата испитувајќи ги разните
неодредени предмети во полутемнината. Посебно ме
привлече една голема фотографија на некој постар човек
во костим за едрење што висеше на ѕидот над неговата
работна маса.
„Кој е овој?“
„Тој? Тој е господин Ден Коди, пријателче.“
Името ми беше познато.
„Починат е. Пред многу години ми беше најдобриот
пријател.“
На работната маса имаше и една мала фотографија на
Гетсби, исто така во костим за едрење - со главата
пркосно одметната назад, веројатно од времето кога
имал околу осумнаесет години.
„Е многу ми се допаѓа“, извика Дејзи. „Многу добро ти
стои помпадур25. Никогаш не си ми кажал дека си имал
помпадур - ни дека си имал јахта.“
„Погледни го ова“, брзо рече Гетсби. „Овде има куп
исечоци од весници - сите се во врска со тебе.“
Стоеја еден до друг и ги разгледуваа. Тукушто сакав да го
замолам да ни ги покаже рубините, кога заѕвони
телефонот, а Гетсби веднаш ја крена слушалката:
„Да... Па, не можам да зборувам сега... не можам сега да

25 Тип на фризура што го добила името по Мадам Помпадур,


љубовница на крал Луј XV од Франција. (заб. на прев.)

94
зборувам, пријателче... Реков Гратче... Сигурно знае што
значи гратче... Па не ни е од корист штом за него Детроит
е гратче...“
Ја спушти слушалката.
„Дојди 6рзо! “ викна Дејзи стоејќи покрај прозорецот.
Дождот сѐ уште врнеше, но на запад небото веќе не беше
мрачно, а над морето се движеа тромаво пувкави румени
и златножолти облаци.
„Погледни“, шепна таа, a пo некое време продолжи: „Би
сакала да имам еден од руменине облаци, да те седнам на
него и да те повозам“.
Тогаш се обидов да си заминам, но тие не сакаа да чујат за
тоа; можеби поради моето присуство се чувствуваа
поосамени.
„Знам што ќе направиме“, рече Гетсби, „ќе го повикаме
Клипспрингер да ни посвири на пијано.“
Излезе од собата викајќи „Јуинг!“ и насокоро се врати во
придружба на еден збунет и малку исцрпен млад човек
што имаше очила со коскена рамка и ретка руса коса. Ceгa
беше пристојно облечен, во спортска кошула отворена кај
вратот, лесни чевли и платнени панталони со неодредена
боја.
„Да не ве прекинавме во вежбањето?“ учтиво го праша
Дејзи.
„Спиев“, викна засрамено господин Клипспрингер.
„Всушност, тогаш станав, а претходно спиев...“
„Клипспрингер свири на пијано“, го прекина Гетсби.
„Нели, Јуинг, пријателче?“
„Не знам убаво да свирам. He свирам - воопшто не свирам.
Одамна не сум веж...“
„Ќе одиме долу“, го прекина Гетсби. Го запали
осветлението Сивите прозорци исчезнаа штом куќата
светна.
Во собата за музика Гетсби запали само една светилка
покрај пијаното. Со растреперен пламен на чкорче ѝ
запали цигара на Дејзи и седна до неа на каучот на

95
другиот крај од собата, каде што немаше никаква друга
светлина освен одблесокот од подот во ходникот.
Откако ја исвире Љубовно Гнезgo26, Клипспрингер се
сврте на пијанистичкиот стол и, целиот свенат, го побара
Гетсби во темнината.
„Гледате ли дека не сум во форма? Ви реков дека не знам
да свирам. Одамна не сум во фор..“
„Помалку зборувај, пријателче“, му нареди Гетсби.
„Свири!“
Наутро,
Навечер,
Убаво се забавуваме...
Надвор дуваше силен ветар и се слушаше слабо татнење
по должината на протокот. Во Вест Ег се палеа
светилките; електричните возови полни со луѓе се
пробиваа низ дождот од Њујорк накај дома. Тоа беше
тивко време во денот кога кај луѓето се случуваат
коренити промени, а во воздухот лебди восхит.
Едно е сигурно и ништо посигурно не е,
Богатите имаат повеќе, а сиромасите имаат ново дете,
А во меѓувреме,
Во едно друго време...
Koгa им се приближив да се поздравам, видов дека Гетсби
е повторно збунет, како да му се појавило сомневање за
среќата во која уживаше сега. Речиси пет години! Дури и
во ова попладне мораше да има моменти кога Дејзи не ги
исполнила неговите соништа - не поради нејзина вина,
туку поради несфатливата живост на неговата илузија.
Таа беше над неа, над сѐ. Тој ѝ се оддаваше со некаква
креативна страст, непрестајно додавајќи по нешто,
китејќи ја со сите можни сјајни пердуви на кои ќе
наидеше. Ни оган ни мраз не можат да го уништат она
што се крие во човековото срце.
Додека го набљудував, очигледно малку се прибра. И ја

26 Љубовно гнездо била популарна песна во 1920 г.

96
зеде раката во својата, а кога таа му шепна нешто во уво,
се сврте кон неа полн со нежност. Мислам дека најмногу
го занесуваше гласот со растреперената трескава
топлина, зашто ни во неговите соништа тој глас не
можеше да биде поубав - тој глас беше бесмртна песна.
Me заборавија мене, но Дејзи погледна нагоре и ми
подаде рака; Гетсби како да не ме познаваше. Ги
погледнав уште еднаш, а тие ме погледнаа како од
некаква далечина додека во нив беснееше бура од
чувства. Потоа излегов од собата, слегов по мермерните
скали на дождот, и ги оставив заедно.

Глава 6
Во тоа време еден амбициозен млад новинар од Њујорк
дојде едно утро пред вратата на Гетсби и го праша дали
сака да даде некаква изјава.
„За што сакате изјава?“ учтиво го праша Гетсби.
„За што било - изјава.“
По забуната што траеше пет минути, се утврди дека тој го
чул името на Гетсби во својата редакција во врска со
нешто што или не сакаше да го открие или го немаше
разбрано наполно. Ова му беше слободен ден и за
пофалба беше неговата самоиницијативност да побрза и
да ја „испита работата“.
Дошол на среќа, а сепак новинарскиот инстинкт го довел
на вистинското место. Озлогласеноста на Гетсби растеше
како што одминуваше летото, а тоа се случуваше
благодарејќи на стотиците луѓе што го прифаќаа
неговото гостопримство и се претвораа во „доверливи“
извори на информации за неговото минато, така што
Гетсби за малку ќе станеше и главна вест. Современите
легенди, како што беше „подземниот нафтовод во
Канада“, беа доведувани во врска со него, упорно се
прераскажуваше една приказна дека тој воопшто не
живее во куќа, туку во брод што личи на куќа и плови

97
незабележливо напред-назад покрај брегот на Лонг
Ајленд. He е лесно да се објасни зошто тие приказни му
причинуваа толкаво задоволство на Џејмс Гац од Северна
Дакота.
Џејмс Гац - тоа му беше вистинското име, барем според
документите за лична идентификација. Си го сменил кога
навршил седумнаесет години, во еден специфичен
момент што го означил почетокот на неговата кариера -
моментот кога ја видел јахтата на Ден Коди како се
закотвува во најопасниот дел од Горно Езеро. Џејмс Гац
тоа попладне шетал бесцелно по брегот во искината
зелена блуза и платнени панталони, но кога зајмил чамец
со весла и одвеслал до Туломи за да го извести Коди дека
ветрот може да го стигне и да го потопи по половина час -
веќе бил Џеј Гетсби.
Си претпоставувам дека името го смислил од поодамна.
Родителите му биле неспособни и неуспешни фармери -
во својата фантазија тој никогаш не ги сметал за свои
родители. Вистината беше дека тој го изградил ликот на
Џеј Гетсби од Вест Ег на Лонг Ајленд според Платоновата
замисла за себе. Беше син на Бога - фраза која, ако
воопшто нешто значи, значи токму тоа - тој мораше да
биде во служба на својот Татко, во служба на
несогледливата вулгарна и лажна убавина. Така тој го
измислил оној вид Џеј Гетсби што може едно
седумнаесетгодишно момче да го измисли и на таа своја
замисла ѝ остана верен до самиот крај.
Повеќе од една година работел покрај јужниот брег на
Горно Езеро вадејќи школки, ловејќи лососи, односно
каква и да било работа што му обезбедувала леб и покрив
над главата. Неговото зацврстено тело потемнето од
сонцето ги минувало тие денови на зајакнување делумно
во напорна работа делумно во работа колку да се рече.
Жените ги прочитал уште млад и, бидејќи го расипале -
ги презирал; младите наивни девојки не знаеле ништо, а
другите станувале хистерични кога се работело за нешто

98
на што тој, во својата силна обземеност со себе, ниту му
придавал значење.
Но во срцето му беснеела бура. А навечер на постелата го
прогонувале најгротескни и најфантастич ни визии.
Мечтаел и си создавал свет со неискажлив сјај додека
часовникот чукал на мијалникот, а месечината му ги
капела во влажна светлина алиштата расфрлени по
подот. Секоја ноќ си додавал по нешто во мечтите додека
сонот не ги покриел со заборав некои од најживите
сцени. Извесно време тие мечти биле прибежиште за
неговите фантазии; му давале задоволство зашто му
овозможувале да го најде нереалното во реалноста, доказ
дека темелите што му ја даваат стабилноста на светот
почиваат на крилцето на некоја самовила.
Некакво претчувство дека во иднина ќе доживее голема
слава, пред неколку месеци го довело до малиот
лутерански колеџ Свети Олаф на југот на Минесота. Таму
останал две недели, вџасен од грубата рамнодушност кон
неговата потенцијална судбина, кон судбината воопшто и
презирајќи ја позицијата на настојник на која морал да
работи за да преживее. Потоа се вратил на Горно Езеро и
оној ден кога јахтата на Дел Коди се закотвила во
плитакот покрај брегот, тој сѐ уште бил во потрага по
работа.
Коди тогаш имал педесет години, искален по рудниците
за сребро во Невада, Јукон и во сите трки за некој метал
по илјада осумстотини седумдесет и петтата година.
Трговијата со бакар во Монтана го направила
мултимилионер, уште бил физички силен, но на работ да
попушти нервно, а насетувајќи го тоа, огромен број жени
се обиделе да му го извлечат богатството. Во 1902 г. сите
сензационалистички весници пишувале за новинарката
Ела Кеј која била споредувана со Мадам де Мантено27

27 Маркизата од Мантено (1635-1719) била втората жена на


Луј XIV, кралот сонце, и често се сметало дека таа го има

99
затоа што, злоупотребу вајќи ја неговата слабост, го
натерала да плови со јахтата, што можело да има страшни
последици. Taкa тој пет години крстосувал по
гостопримливиот брег, додека судбината не го сврзала со
Џејмс Гац во Момински Залив.
За младиот Гац, кој, потпрен на своите весла, гледал гope
во оградената палуба, таа јахта претставувала нешто
најубаво и најблескаво на светот. Претпоставувам дека му
се насмевнувал на Коди - веројатно некако забележал
дека им се допаѓа на луѓето ако се насмевнува. Се
разбира, Коди му поставил неколку прашања (едно од тие
прашања го извлекло неговото ново име) и се уверил
дека е паметен и необично амбициозен. По неколку дена
Коди го одвел Гетсби во Дулут и му купил сино палто,
шест чифта бели платнени панталони и капа за едрење. А
кога Туаломи запловила во правецот на Антили и
Берберскиот Брег, и Гетсби бил качен на неа.
He бил на никоја посебна работна позиција - додека бил
со Коди, бил стјуард, прв офицер, капетан на бродот,
секретар, а еднаш дури бил и затворски чувар, зашто
трезниот Ден Коди знаел какви сѐ неконтролирани
постапки може да направи пијаниот Ден Коди и при
таквите ситуации се обезбедувал така што му доверувал
сѐ повеќе должности на Гетсби. Договорот траел пет
години и за тоа време бродот трипати го обиколил
континентот. Тоа можело да трае до недоглед ако Ела Кеј
не дојдела една вечер на јахтата во Бостон и ако, една
седмица подоцна, Ден Коди не починел во тешки маки.
Се сеќавам на неговиот портрет во спалната соба на
Гетсби - обелен, 'румен човек со цврсто и безизразно лице
- еден од оние распашани пионери кои во една фаза од
американскиот живот го вратиле на источниот брег

главниот збор околу одлуките. Коди, преку оваа алузија,


станува американскиот крал сонце, а Гетсби е
посвоениот син на монархот од Новиот свет.

100
дивјаштвото од времето на крчмите и борделите
својствено за дивиот запад. Веројатно
Коди бил заслужен за тоа што Гетсби пиеше толку малку.
Понекогаш, на веселите забави, жените имаа обичај да му
ја мијат косата со шампањ; но тој самиот се имаше
навикнато да не пие.
Од Коди ги наследил парите - наследство од дваесет и пет
илјади долари. Но не ги добил парите. Никогаш не
можеше да разбере со какви правни сплетки се
послужиле против него, но сѐ што беше останато од
милионите отишло во рацете на Ела Кеј. Нему му
останало само она што го научил на толку чуден начин;
недовршените контури на Џеј Гетсби постепено
заличувале на човек.
Сето ова тој самиот ми го раскажа многу подоцна, но јас
го изнесов овде за да ги исфрлам сите лажни слухови во
врска со неговите прадедовци, во кои нема ни малку
вистина. Што е уште поважно, ова ми го раскажа во
времето на општата збрка кога јас имав дојдено дотаму
што верував во сѐ и во ништо за него. Така ја искористив
краткава пауза додека Гетсби, така да се изразам, се
соземаше, со цел да ја разбијам низата од погрешни
сфаќања.
Тоа и за мене беше оддишка од занимавањето со
неговите работи. Неколку недели не го видов, ниту му го
чув гласот по телефон - повеќе бев во Њујорк, шетајќи со
Џордан и обидувајќи се да ја засакам нејзината
изветреана тетка - но најпосле едно неделно попладне
отидов кај него. He поминаа ни две минути кога некој
намина на по една чашка во придружба на Том Бјукенен.
Нормално дека се изненадив, но најчудното од сѐ беше
што тоа не се случи порано.
Беа група од тројца на коњи - Том, еден човек што се
викаше Слоун и една убава жена во кафеав костим за
јавање, која уште од порано доаѓаше кај Гетсби.
„Мило ми е што ве гледам“, рече Гетсби стоејќи на

101
тремот. „Мило ми е што наминавте.“
Ним многу им беше гајле!
„Седнете. Дали сте за цигара или за пура?“ Сврте брзо низ
собата и заѕвони. „Веднаш ќе ви донесат и нешто да се
напиете.“
Беше видливо возбуден поради тоа што го гледаше Том
тука. Но Гетсби и без тоа би се чувствувал непријатно
додека не ги понуди со нешто, јасно му беше дека тие
само затоа и дошле. Господин Слоун не сакаше ништо. Ни
лимонада? He, благодарам. Малку шампањ? Навистина
ништо, благодарам... Штета...
„Пријатно ли ви беше по пат?“
„Имате многу добри патеки за јавање.“
„Мислев на пристигањето овде со автомобил.“
„Аха.“
Гетсби не можеше да се воздржи да не му се обрати на
Том кој беше претставен како да е некој непознат.
„Ми се чини дека се имаме сретнато и порано, господине
Бјукенен.“
„О, да“, рече Том со нерасположена учтивост, но
очигледно не се сеќаваше. „Да, се имаме сретнато. Многу
добро се сеќавам.“
„Приближно пред две недели.“
„Да, точно е. Бевте со Ник тогаш.“
„Ја познавам жена ви“, продолжи Гетсби речиси
наметливо.
„А, така?“
Том се сврте кон мене.
„Ти, Ник, живееш тука некаде?“
„Прв сосед сум му.“
„А, така?“
Господин Слоун не учествуваше во разговорот, но се
имаше облегнато на фотелјата; ни жената ништо не рече
додека неочекувано, по две чаши виски со сода, стана
многу љубезна.
„Сите ќе ви дојдеме на следната забава, господине

102
Гетсби“, му рече. „Што велите за тоа?“
„Се разбира. Ќе ми биде особено мило ако дојдете.“
„Ќе биде многу убаво“, рече господин Слоун и, без да му
заблагодари, продолжи, „па, сега е време да си одиме.“
„Ве молам, не брзајте“, инсистираше Гетсби. Ceгa веќе се
имаше прибрано и сакаше подобро да го запознае Том.
„Зошто, зошто, на пример, не останете на вечера? He би
ме изненадило ако и некои други луѓе ни се придружат
од Њујорк.“
„Вие да вечерате кај мене“, рече одушевено госпоѓата.
„Двајцата.“
Тоа се однесуваше и на мене. Господин Слоун стана.
„Ајде, тргнувај“, рече тој - но се сврте само кон неа.
„Ама сериозна бев“, инсистираше таа. „Би сакала да
дојдете. Има многу место.“
Гетсби ме погледна во недоумица. Му се одеше, a
господин Слоун не му рече да не оди.
„Жал ми е, но јас не можам да дојдам“, реков јас.
„Па тогаш вие дојдете“, му рече таа на Гетсби.
Господин Слоун и шепна нешто на увото.
„Нема да задоцниме ако тргнеме веднаш“, рече таа гласно
и непоколебливо.
„Јас немам коњ“, рече Гетсби. „Всушност, јавав додека бев
во војска, но никогаш не купив коњ. Ќе ве следам со мојот
автомобил. Извинете ме само за момент.“
Ние другите излеговме на тремот, каде што Слоун и
госпоѓата почнаа жесток разговор.
„Боже, па тој навистина има намера да дојде“, рече Том.
„Зар не гледа дека таа не го сака тоа?“
„Но таа вели дека сака да дојде.“
„Големо друштво ѝ доаѓа на вечера, а тој никој жив не
познава таму.“ Се намурти. „Се прашувам каде, по
ѓаволите, ја запознал Дејзи? Можеби сум старомоден, но
ми се чини дека на модерниве жени многу им мрда
опашката. Се запознаваат со секакви типови.“
Господин Слоун и госпоѓата ненадејно слегоа по скалите

103
и се качија на коњите.
„Ајде“, му рече господин Слоун на Том, „доцниме. Треба да
тргнеме.“ А потоа кон мене: „Речете му дека не можевме
да го чекаме, ве молам“.
Том и јас се ракувавме, со другите разменивме студено
кимнување со главата, и тие тројцата брзо заминаа по
патеката и исчезнаа во августовските лисја токму кога
Гетсби, со шапка и со мантил в рака, се појави на вратата.
Беше очигледно дека Том го обеспокојуваа самостојните
излегувања на Дејзи, зашто веќе следната сабота дојде
заедно со неа на забавата кај Гетсби. Можеби таа вечер
поради неговото присуство владееше мачна атмосфера -
зашто на таа забава се сеќавам подобро отколку на сите
други од тоа лето. Присутни беа истите луѓе или барем
истиот вид луѓе; имаше исто изобилие шампањ, иста
разнобојна и разногласна раздвиженост, но јас, и покрај
сето тоа, чувствував некаква непријатност во воздухот,
некоја напнатост каква што никогаш порано не се
чувствувала. Или можеби веќе бев навикнат на тоа,
навикнат Вест Ег да го примам како сосем засебен свет,
како свет со свои посебни, утврдени мерила и свои
личности, свет што е најдоброто што може да биде, зашто
ни самиот не е свесен за тоа - а сега го гледав повторно,
овој пат низ очите на Дејзи. Колку е тажно со нови очи да
гледате работи на кои сте ја потрошиле сопствената моќ
за приспособување!
Пристигнаа на самрак и, додека ние шетавме меѓу
стотиците гламурозни гости, од грлото на Дејзи се
слушна мелодичното жуборење на нејзиниот глас.
„Мене сето ова многу ме возбудува“, шепна. „Ако посакаш
да ме бакнеш вечерва, повели во кое било време, Ник,
само кажи ми, ќе ми биде мило да ти го овозможам тоа.
Само изговори ми го името. Или дај ми зелена светлина.
Јас давам зелена...“
„Погледнете наоколу“, ѝ предложи Гетсби.
„Веќе гледам. Имам чудесно...“

104
„Сигурно гледате многу луѓе за кои сте слушнале.“
Со својот арогантен поглед Том помина по множеството
гости.
„Не излегуваме често“, рече „всушност, токму сега
размислував дека не познавам никој жив тука.“
„Можеби ја знаете онаа дама“, Гетсби покажа кон една
прекрасна жена што изгледаше како да не е од овој свет,
орхидеја од жена која достоинствено седеше под белиот
цут на една слива. Том и Дејзи се загледаа во неа со она
познато чувство на нереалност што се јавува при
препознавањето на некоја славна личност од светот на
филмот.
„Прекрасна е“, рече Дејзи.
„Човекот што е надвиснат над неа е нејзиниот режисер.“
Свечено ги водеше од група до група.
„Госпоѓа Бјукенен... и господин Бјукенен“, a пo кратко
колебање ќе додадеше: „играчот на поло.“
„О, не“, брзо се противстави Том првиот пат, „не сум.“
На Гетсби таа титула очигледно му звучеше добро, зашто
сѐ до крајот на вечерта Том остана играчот на поло.
„Никогаш не сум видела толку славни личности!“ викна
Дејзи. „Ми се допадна човекон... како се викаше?... Оној со
аристократскиот нос.“
Гетсби ѝ кажа како се вика и додаде дека е некој ситен
филмски продуцент.
„Мене сепак ми се допадна.“
„Јас повеќе би сакал да не ме претставувате како играч на
поло“, рече љубезно Том. „Претпочитам сите тие славни
луѓе да ги гледам... релаксирано.“
Дејзи и Гетсби танцуваа. Се сеќавам дека бев изненаден
колку отмено, старомодно тој танцуваше фокстрот -
никогаш порано не сум го видел да танцува. Потоа
прошетаа до мојата куќа и половина час седеа на скалите
додека јас, на нејзина молба, чував стража во градината.
„За случај на пожар или на поплава“, објасни таа „или
каква било друга виша сила.“

105
Токму кога ние тројцата седнавме да вечераме, Том се
врати од релаксираното гледање на славните. „Нема да
ми забележите ако вечерам со некои луѓе онаму?“ праша.
„Еден кажува многу смешни шеги.“
„Можеш, слободно“, срдечно одговори Дејзи, „а ако
посакаш да запишеш некоја адреса, еве ти го моето
златно пенкалце...“ По кратко време погледна наоколу и
ми соопшти дека девојката е проста, ама згодна, а јас
знаев дека, освен оној половина час што беше насамо со
Гетсби, не се забавува нешто многу.
Седевме на иста маса со доста пијани гости. Тоа беше моја
грешка... Гетсби го повикаа на телефон, a јас само пред
две недели одлично се забавував со истите тие луѓе. Но
излезе дека, она што тогаш ми било забавно, сега ми беше
многу непријатно.
„Како се чувствувате, госпоѓице Бедекер?“
Девојката на која ѝ беше упатено ова прашање
безуспешно се обидуваше да си ја навали главата на
моето рамо. При ова прашање стана и ги отвори очите.
Една корпулентна и рамнодушна жена, што ја наговараше
Дејзи заедно да играат голф утре во локалниот клуб,
проговори во одбрана на госпоѓица Бедекер: „О, сосем е
добра сега. Кога ќе испие пет-шест коктели, секогаш
почнува да вреска вака. И велам дека мора да престане да
пие“.
„Но јас навистина престанав“, тапо потврди обвинетата.
„Ве чувме како врескате и затоа му реков на доктор
Сивет: Еве, некому му е потребна вашата помош,
докторе.“
„Уверен сум дека таа ви е многу благодарна“, рече еден од
пријателите без да се заблагодари, „но вие ѝ ја
наводенивте целата облека кога ѝ ја брцнавте главата во
базенот.“
„Најмногу мразам кога ќе ми ја брцнат главата во базен“,
мрмореше госпоѓица Бедекер. „Еднаш во Њу Џерси за
малку ќе ме удавеа.“

106
„Тогаш значи треба навистина да престанете“, одговори
доктор Сивет.
„Гледајте си ја работата!“ разлутено се развика госпоѓица
Бедекер. „Рацете ви треперат. Никогаш не би ви
дозволила да ме оперирате!“
И така. Последното на што се сеќавам беше како стоиме
јас и Дејзи и ги набљудуваме филмскиот режисер и
неговата ѕвезда. Сѐ уште седеа под расцутената слива, а
лицата речиси им се допираа. Ги раздвојуваше само еден
танок блед месечев зрак. Се сетив дека тој цела вечер
полека ѝ се приближуваше, за да ја достигне сега таа
близина, и во моментот кога ги погледнав, видов дека го
прави и последниот чекор и ја бакнува во образ.
„Ми се допаѓа“, рече Дејзи „убава ми е.“
Сето друго не ѝ се допаѓаше - и сигурно затоа што не се
работеше за гест туку за чувство. Беше згрозена од Вест
Ег, од тоа несоодветно место што Бродвеј го имаше
создадено од едно рибарско село на Лонг Ајленд - беше
згрозена од неговата сурова сила што избиваше под
традицијата на лажната учтивост и неизбежната судбина
која ги принудуваше неговите жители да бараат скратени
патчиња од ништо до ништо. Дејзи гледаше нешто многу
страшно токму во таа едноставност што не можеше да ја
разбере.
Седев со нив на скалите пред куќата додека го чекаа
автомобилот. Тука, пред куќата, беше темно, a светлина
проникнуваше само низ стаклената врата и се мешаше со
нежната светлина на муграта. Понекогаш ќе поминеше
некоја сенка зад пердето rope во гардеробата, потоа ќе
поминеше друга, a пo неа ќе се појавеше бескрајна колона
од сенки, што си ставаа руменило и пудра пред
невидливото огледало.
„Кој е всушност овој Гетсби?“ одненадеж праша Том.
„Некој крупен шверцер?“
„Каде си го чул тоа?“ го прашав јас.
„Не сум го чул никаде. Само претпоставувам. Знаеш,

107
поголем број од овие нови богаташи се крупни
шверцери.“
„Гетсби не е тоа“, одговорив кратко.
Извесно време Том молчеше. Ситните камчиња му скрцаа
под чевлите.
„Па секако морал убаво да се намачи за да го создаде сето
ова.“
Слаб ветрец го разбранува сивилото на крзнената јака на
Дејзи.
„Барем тука има поинтересни луѓе од оние што ги знаеме
ние“, одвај изговори таа.
„Не изгледаше дека толку те интересираат.“
„Но сепак ме интересираа.“
Том се насмеа и се сврте кон мене.
„Го забележа ли изразот на лицето на Дејзи кога ја замоли
девојкана да ја одведе под ладен туш?“
Дејзи почна да пее со придушен ритмичен шепот следејќи
го ритамот и со тоа му даваше ново значење на секој збор
- значење што го немал претходно, ниту некогаш
повторно ќе го има. Додека мелодијата се издигаше
нагоре по тонската скала, гласот - како на секој контраалт
- симпатично ѝ се губеше во обид да ја следи, а секоја
промена плиснуваше во воздухот по малку од нејзината
топла човечка магија.
„Тука доаѓаат многу луѓе и неканети“, рече ненадејно
Дејзи. „И девојката беше непоканета. Едноставно си
влегуваат во куќата, а тој е премногу учтив за да ги
спречи.“
„Јас би сакал да знам кој е и со што се занимава“, беше
упорен Том. „Мислам дека ќе се посветам на тоа да
дознаам.“
„Можам веднаш да ти кажам“, му одговори Дејзи. „Имал
еден вид аптеки. Многу аптеки. Лично негови.“
Задоцнета лимузина приоѓаше по патот.
„Добра ноќ, Ник“, рече Дејзи.
Нејзиниот поглед од мене помина на осветлениот врв на

108
скалите од каде што низ отворената врата допираа
тажните звуци на валцерот на годината Во три часот
наутро. На крајот на краиштата, токму затоа што
забавите на Гетсби беа полни со непредвидени случки,
содржеа романтични можности кои во нејзиниот свет не
постоеја. Што беше тоа во песната што изгледаше како да
ја вика да се врати? Што ќе се случеше сега во овие ситни
саати полни неизвесност? Можеби ќе пристигне некој
неверојатен гостин, некоја личност која инаку многу
ретко се среќава и на која сите ѝ се восхитуваат, некоја
навистина прекрасна млада девојка која со еден свеж
поглед кон Гетсби, во еден момент на таа волшебна
средба, ќе ги избрише од неговата глава оние пет години
на непоколеблива приврзаност.
Таа ноќ долго останав буден, Гетсби ме молеше да го
чекам да се ослободи и јас се врткав низ градината сѐ
додека неизбежната група наежени и возбудени капачи
не дотрча од црната плажа и додека светилките во
гостинските соби не изгаснаа. Кога тој на крајот слезе по
скалите, кожата поцрнета од сонцето му беше необично
затегната на лицето, а очите му беа светли и уморени.
„Не ѝ ce допадна ништо од ова“, веднаш рече.
„Сигурно ѝ се допадна.“
„Не ѝ се допадна“, настојуваше. „Не ѝ беше забавно.“
Молчеше, а јас претчувствував дека е неискажливо
потиштен. „Чувствувам дека сум далеку од неа“, рече.
„Тешко е да ѝ се објасни.“
„Мислиш за танцот?“
„Танцот?“ И пукна со прстите покажувајќи дека сите
танци досега се неважни. „Пријателче, танцот ни малку не
е важен.“
Тој само сакаше Дејзи да отиде кај Том и да му рече
Никогаш не сум те сакала. А бидејќи со таа една реченица
би ги избришала четирите години, би можеле да решат
кои попрактични мерки ќе ги преземат потоа. За почеток,
на пример, бидејќи таа ќе биде слободна, би можеле да се

109
вратат во нејзината куќа во Луивил и да се венчаат -
токму како што би направиле пред пет години.
„Но не разбира“, рече. „Порано можеше да разбере.
Седевме со часови...“
Нагло ја прекина реченицата и почна да шета ваму-таму
по една патека со отпадоци од овошје, расфрлени
сувенири од забавата и изгазени цвеќиња.
„Јас не би барал премногу од неа“, реков „тоа што било
поминало, минатото не може да се врати назад.“
„Минатото не може да се врати назад?“ со недоверба
извика. „Се разбира дека може!“
Луто погледна околу себе, небаре минатото му се криеше
некаде во сенката од куќата, иако му беше на досег.
„Сѐ ќе се врати назад и сѐ ќе биде исто како порано“, рече
и решително кимна со главата. „Ќе види Дејзи.“
Долго време зборуваше за минатото и сфатив дека сака
нешто да врати назад, можеби некоја верзија од себе што
се вљубила во Дејзи. Оттогаш животот му станал збркан и
несреден, кога би можел да се врати пак на таа една точка
од која почнало сѐ и полека да помине низ сето тоа,
можеби ќе сфати што било тоа...
...Една есенска ноќ, пред пет години, оделе по улицата
додека паѓале лисјата и дошле до место каде што немало
дрвја, а тротоарот сјаел под месечевата светлина. Таму
застанале и се свртеле еден кон друг. Тоа била студена
ноќ полна со онаа таинствена возбуда што се јавува при
двете големи промени во годината. Слаба светлина се
ширела од куќите во темнината, а ѕвездите немирно
трепереле. Со аголот на окото Гетсби видел дека
камењата од тротоарите се редат еден над друт како
скали и достигнуваат до едно таинствено место над
дрвјата - тој би можел да се искачи, ако се качува сам, а
кога би се искачил, таму би можел да го вкуси еликсирот
на животот и да пие колку му душа сака од таа чудесна
напивка.
Срцето му чукало сѐ побрзо и побрзо, додека бледото

110
лице на Дејзи се приближувало до неговото. Знаел дека,
кога ќе ја бакне таа девојка и кога засекогаш ќе ги
соедини своите неискажани мечти со нејзиното овоземно
постоење, неговиот дух ќе се смири. Затоа чекал слушајќи
ја уште некоја минута интонацијата што му ја давала
неговата ѕвезда. И потоа ја бакнал. Кога неговите усни ги
допреле нејзините, таа расцветала како цвет и нивните
души целосно се споиле.
Сето тоа што го кажа, дури и неговата одбивна
сентименталност, ме потсетуваше на нешто - на некој
недостижен ритам, на некој дел од загубени зборови за
кои бегло се сеќавав дека одамна ги имав чуено некаде.
Во еден миг се обидов да оформам реченица, а гласот ме
издаде, како да сум занемел, како да морам да совладам
нешто повеќе од еден танок млаз растреперен воздух. He
успеав да изговорам ништо и она на што речиси се сетив,
остана засекогаш неискажано.

Глава 7
Една сабота навечер, на врвот на неговата популарност,
во куќата на Гетсби не се запали ниедна светилка - а
неговата кариера како Трималхион28 заврши исто толку
мистериозно како и што започна. He забележав веднаш
дека автомобилите, кои, полни со надеж, свртуваа кон
неговата куќа, се задржуваа таму само за миг, а потоа си
заминуваа незадоволни. Се прашував да не е болен, па
кога отидов да проверам, еден непознат слуга со злобен

28Трималхион бил главната цел на исмевањето на


хедонизмот во Сатирикон (54-68 н.е.) на Петрониј.
Трималхион и самиот бил нов богаташ и ослободен роб
кој организирал раскошни и декадентни банкети. Додека
работел на делото во 1924 г., Фицџералд како работни
верзии на насловот ги имал предвид Трималхион и
Трималхион од Вест Eг.

111
лик ме гледаше подозриво од вратата.
„Да не е болен господин Гетсби?“
„He е.“ A пo кратка пауза колебливо и безволно додаде,
„господине“.
„Го немам видено и прилично сум загрижен. Кажете му
дека е дојден господин Керевеј.“
„Кој?“ праша грубо.
„Керевеј.“
„Керевеј, добро, ќе му кажам.“
Силно ја тресна вратата.
Мојата Финка ми кажа дека Гетсби ги отпуштил сите
слуги од куќата уште пред една седмица и на нивно место
довел пет-шест други кои никогаш не оделе во селото
Вест Ег каде што трговците би ги поткупувале, туку по
телефон нарачувале скромни количества продукти.
Момчето што работело во продавницата изјавило дека
кујната личи на свињарник, а во селото се ширеле
слухови дека новите луѓе воопшто не биле слуги.
Следниот ден Гетсби ми се јави.
„Си одиш ли?“ го прашав.
„Не, пријателче.“
„Слушам си ги отпуштил сите слуги.“
„Сакав да најдам луѓе што нема да озборуваат. Дејзи често
доаѓа тука попладне.“
Така целиот тој карвансарај се растурил како кула од
карти затоа што нејзе не ѝ се допаѓал.
„Овие се некои луѓе за кои Вулфшим ме молеше да
помогнам. Сите се браќа и сестри. Порано воделе некое
хотелче.“
„А, така.“
Дејзи го замолила да ми телефонира - дали би сакал да
дојдам утре кај неа на ручек. И госпоѓица Бејкер ќе била
таму. По половина час и Дејзи ми телефонира и ми се
стори дека ѝ олесна кога дозна дека и јас ќе дојдам.
Нешто се случуваше. Но сепак не верував дека ќе го
изберат овој момент да направат сцена - особено не

112
онаква прилично непријатна сцена каква што Гетсби
замислуваше и што ми ја опиша во градината.
Следниот ден беше многу жешко. Беше можеби последен,
но некако најтопол ден од летото. Koга возот во кој бев
излезе од тунелот на сончева светлина, само острите
писоци од фабриката за бисквити „Нешенел бискит
компани“ ја вознемируваа зовриената пладневна тишина.
Се чинеше дека сламените седишта во вагонот ќе се
запалат секој миг; жената што седеше до мене се потеше
извесно време во белата блуза, а потоа, кога весникот под
прстите ѝ се намокри, очајно потона во големата
жештина со тажен извик. Паричникот ѝ плесна на подот.
„О Господе!“ воздивна.
Го зедов наведнувајќи се со мака иѝго подадов со
протегната рака држејќи го на самиот крај за да покажам
дека немам никакви лоши намери - но сите наоколу, а и
самата жена, се посомневаа токму во тоа.
„Жешко!“ им рече кондуктерот на тие што ги познаваше.
„Какво време... Жешко!... Жешко!... Жешко!... Да не не ви е
доволно жешко? He ви е? Многу...?“
Ми ја врати картата со негови темни отпечатоци. Никому
не би му било гајле на оваа жештина чии вжарени усни
бакнал, чија глава го навлажила џебот на пижамите близу
до срцето!
Додека јас и Гетсби чекавме на вратата, низ ходникот во
куќата на Бјукененови дувкаше слаб ветрец што го
донесе до нас ѕвонењето на телефонот.
„Телото на господарот!“ грмеше слугата во слушалката.
„Жалам, госпоѓо, не можеме да го средиме сега - пладне е,
премногу е жешко. He можеме ни да го допреме!“
Всушност, она што го рече беше: „Да... да... ќе видам“.
Ја спушти слушалката и се упати накај нас, малку светнат
од пот, да ги прифати нашите крути сламени шапки.
„Мадам ве очекува во салонот!“ викна, непотребно
покажувајќи во тој правец. Зашто на таа жештина секое
дополнително движење во голема мера ги намалуваше

113
последните сили за живот.
Преку прозорците беа спуштени темни завеси и во собата
беше мрачно и свежо. Дејзи и Џордан лежеа на еден
огромен кауч, како сребрени идоли, си ги скротуваа
здолниците од белите фустани на разиграниот ветрец од
вентилаторите.
„Не сме во состојба да се движиме“, рекоа во еден глас.
Напудрените темни прсти на Џордан Бејкер се задржаа
неколку мига во моите.
„А господин Том Бјукенен, спортистот?“ прашав.
Истовремено го слушнав неговиот груб, рапав и
придушен глас во телефонот во ходникот.
Гетсби стоеше на средината на црвениот килим и со
фасциниран поглед гледаше околу себе. Дејзи го
набљудуваше и се смееше милно, возбудливо: од
нејзините гради во воздухот се крена облаче од пудра.
„Се чини“, ми шепна Џордан, „дека на телефон е
љубовницата на Том.“
Молчевме. Гласот во ходникот раздразнето се повиши:
„Тогаш добро, воопшто нема да ви го продадам
автомобилот... немам никакви обврски кон вас... а што се
однесува до тоа што ми додевате во времето за ручек, тоа
воопшто нема да го толерирам!“
„Се преправа дека разговара на телефон“, рече цинично
Дејзи.
„Не се преправа“, ја уверував. „Тоа е вистинска зделка.
Случајно ми е познато.“
Том нагло ја отвори вратата, за миг го исполни отворот со
своето јадро тело и брзо влезе во собата.
„Господине Гетсби!“ ја подаде широката рамна дланка
вешто криејќи го незадоволството. „Мило ми е што ве
гледам, господине... Ник...“
„Подготви ни некој ладен пијалак“, викна Дејзи.
Штом тој излезе од собата, Дејзи стана и дојде до Гетсби,
му се втурна во лицето и го бакна в уста.
„Знаеш дека те сакам“, жубореше таа.

114
„Заборавате дека е присутна и една дама“, рече Џордан.
Дејзи погледна околу себе.
„Бакни го и ти Ник.“
„Колку проста вулгарна девојка!“
„Не ми е гајле!“ викна Дејзи и почна да игра пред каминот.
Тогаш се сети на жештината и седна како виновник на
каучот токму кога во собата влезе свежо испеглана
гувернанта водејќи за рака едно девојче.
„Уба-ви-ца мај-ки-на“, потпевнуваше таа со подадени
раце. „Дојди кај мајка ти која те родила и многу те сака.“
Гувернантата го ослободи девојчетко кое јурна преку
собата и срамежливо си ја нурна главата во наборите на
мајчиниот фустан.
„Уба-ви-ца мај-ки-на! Мама ти ја напудри златната
косичка? Ајде стани и речи до-бар ден!“
Гетсби и јас еден по друг се наведнавме и го фативме
малото колебливо раче. Потоа тој изненадено го гледаше
девојчето. Се сомневам дека некогаш воопшто верувал во
нејзиното постоење.
„Се дотерав пред ручек“, нестрпливо рече девојченцето
обраќајќи ѝ се на Дејзи.
„Се разбира, зашто мама сакаше да те покаже.“ Ги
доближи усните до единствениот набор на белото детско
вратче. „Кукла мамина. Ти си мала кукла на мама.“
„Да“, мирно повтори девојчето. „И тета Џордан има бел
фустан.“
„Ти се допаѓаат ли пријателите на мама?“ Дејзи ја сврте со
лицето кон Гетсби. „Убави ли се?“
„Каде е тато?“
„Не личи на татко ѝ“, објасни Дејзи. „На мене личи. Ги има
мојата коса и истиот облик на лицето.“
Дејзи повторно седна на каучот. Гувернантата се доближи
еден чекор и ја подаде раката.
„Дојди, Пеми.“
„Чао, душичке!“
Со колеблив поглед назад, добро воспитаното дете ја

115
прифати раката на гувернантата која го одвлеч ка низ
вратата токму кога Том се врати носејќи четири чаши џин
со лимонов сок во кој ѕвечкаа коцки мраз.
Гетсби го зеде пијалакот.
„Навистина е ладен“, рече со очигледна напнатост.
Лакомо пиевме големи голтки.
„Некаде прочитав дека сонцето од година на година
станува сѐ пожешко“, рече неинтелигентно Том. „Изгледа
дека многу бргу земјата ќе влета во Сонцето - или,
чекајте, обратно, Сонцето од година на година е сѐ
постудено.“
„Да излеземе“, му предложи на Гетсби, „би сакал да ви го
покажам имотот.“
Излегов со нив на тремот. По зелениот проток, мирен на
жештината, една едрилица полека ползеше по посвежото
море. Кратко време Гетсби ја следеше со погледот; потоа
ја крена раката и покажа преку заливот.
„Јас сум точно отспротива.“
„Така е.“
Погледите ни минаа преку розовата градина, преку
жешкиот тревник и преку морската трева нанесена
покрај брегот во текот на тие жешки денови. Белите
крила на едрилицата полека се приближуваа кон
студеното пространство на синото небо. Пред неа беа
разбрануваниот океан и богатите острови.
„Тоа е убав спорт“, рече Том нишајќи ја главата. „Би сакал
да сум таму со него, барем еден час.“
Ручавме во трпезаријата затемнета поради жештината и
пиевме студено пиво за да ја разбиеме напнатата
веселост.
„Што ќе правиме денес попладне?“ викна Дејзи, „и утре и
следните триесет години?“
„Не биди морбидна“, рече Џордан, „животот повторно
почнува со есенскиот скреж.“
„Но толку е жешко“, продолжуваше Дејзи готова да
заплаче, „и сѐ е многу хаотично. Ајде сите да одиме в

116
град!“
Гласот тешко ѝ се пробиваше низ жегата и се одбиваше
од неа во обид да ѝ даде значење на нејзината
бесмисленост.
„Слушнав дека од штали се прават гаражи“, му велеше
Том на Гетсби, „но јас сум првиот човек кој од гаража
направил штала.“
„Кој сака да оди в град?“ инсистираше упорно Дејзи.
Погледот на Гетсби отплови кон неа. „Ах“, викна таа,
„изгледате толку релаксиран.“
Погледите им се сретнаа и продолжија да се гледаат сами
во вселената. Дејзи со напор го спушти погледот на
масата.
„Вие секогаш изгледате толку релаксиран“, повтори
Дејзи.
Со поглед му кажа дека го сака, а Том Бјукенен го
забележа моментот. Беше вчудовиден. Устата малку му се
подотвори, го погледна Гетсби, па го сврте погледот кон
Дејзи, небаре во тој миг препозна некого што со години
не го видел.
„Ми личите на реклама за успешен човек“, продолжуваше
невино Дејзи. „Ја знаете онаа рекламата...“
„Добро“, брзо ја прекина Том. „Јас сум расположен за в
град. Ајде, сите ќе одиме.“
Том стана непрекинато молскајќи со очите меѓу Гетсби и
жена си. Никој не мрдна.
„Ајде!“ стрпливоста го издаде. „Што ви е? Ако одиме в
град, да тргнеме.“
Додека ја доближуваше кон устата последната чаша пиво,
раката му трепереше од напор да се прибере. Гласот на
Дејзи нѐ крена на нозе и нѐ извлече надвор на вжарената
патека покриена со чакал.
„Тукутака ќе тргнеме?“ се противстави Дејзи. „Тукутака?
Нема првин да испушиме по една?“
„Сите пушеа во текот на ручекот.“
„Не биди таков“, го молеше. „Премногу е топло да се

117
лутиш.“
Тој не ѝ одговори.
„Нека биде по твое“, му рече. „Ајде, Џордан.“
Отидоа гope да се подготват додека ние тројцата стоевме
надвор влечејќи ги нозете по вжештениот чакал. На запад
веќе лебдеше сребрениот месечев лак. Гетсби тамам
сакаше нешто да рече, но се премисли; Том се сврте кон
него во очекување.
„Во близина ли ви се шталите?“ праша со напор Гетсби.
„Околу половина километар надолу по патот.“
„А, така.“
Пауза.
„Не разбирам зошто да одиме в град“, бесно избувна Том.
„Што сѐ нема да им текне на жениве...“
„Да земеме нешто за пиење?“ викна Дејзи од еден од
горните прозорци.
„Ќе земам малку виски“, одговори Том. Влезе внатре.
Гетсби згрчено се сврте кон мене. „Ништо не можам да
кажам во неговата куќа, пријателче.“
„Гласот ја отскрива“, забележав. „Има призвук на...“ се
колебав.
„Има призвук на богатство“, рече ненадејно тој.
Тоа беше тоа. Никогаш порано не ми било јасно. Има
призвук на богатство - тоа беше оној неисцрпен шарм на
високите и на ниските тонови, тој ѕвон, тој звук на
цимбали... високо во белиот дворец на кралската ќерка,
златната девојка...
Том излезе од куќата виткајќи го шишето во крпа, a пo
него одеа Дејзи и Џордан со мали сребреникави шапки и
со лесни наметки префрлени преку рацете.
„Да одиме сите со мојот автомобил?“ предложи Гетсби. Ја
стави раката на жешката зелена кожа на седиштата.
„Требаше да го паркирам на сенка.“
„Каков е менувачот? Стандарден?“ праша Том.
„Да.“
„Па тогаш вие земете го мојот двосед, а јас ќе го возам

118
вашиот автомобил до градот.“
Тој предлог не му се допадна многу на Гетсби.
„Се сомневам дека има доволно гориво“, се извлекуваше
тој.
„Има доволно“, гласно рече Том. Погледна на
инструментот. „Ако треба, може да застанам кај некоја
продавничка. Во денешниве продавнички може сѐ да се
купи.“
По таа очигледно глупава забелешка сите замолчаа. Дејзи
намуртено го погледна Том, а на лицето на Гетсби се
појави недефиниран израз, што ми беше толку непознат и
непрепознатлив, како да не сум ви дел никогаш во
животот ништо слично.
„Ајде, Дејзи“, рече Том туркајќи ја со раката кон
автомобилот на Гетсби. „Ќе те возам со овој циркуски
автомобил.“
Ја отвори вратата, но таа му се тргна надвор од досегот.
„Ти вози ги Ник и Џордан. Ние ќе ве следиме со двоседот.“
Се доближи до Гетсби така што со раката му го допираше
палтото. Џордан, Том и јас седнавме на предното седиште
од автомобилот на Гетсби; Том првин направи проба со
непознатиот менувач, а потоа јурнавме во тешката
жештина оставајќи ги зад себе додека сосем не ги
загубивме од видот.
„Го видовте ли ова?“ праша Том.
„Што?“
Me погледна пробивно сфаќајќи дека Џордан и јас цело
време сме знаеле за тоа.
„Мислите дека сум прилично глупав, нели?“ нѐ
провоцираше. „Можеби сум, но понекогаш имам... имам
некое шесто сетило кое ми кажува што треба да правам.
Можеби вие не верувате, но науката...“
Замолча. Се сети на своето однесување и тоа го повлече
назад од работ на бездната на теориите.
„Се распрашував малку за пријателов“, продолжи тој,
„можев да копам и подлабоко само ако знаев...“

119
„Сакаш да кажеш дека си бил на гатачка?“ се шегуваше
Џордан.
„Што?“ збунето зјапаше во нас додека му се смеевме.
„Гатачка?“
„Поради Гетсби.“
„Поради Гетсби! He, не сум бил. Реков дека малку се
распрашував за неговото минато.“
„И откри дека бил студент на Оксфорд“, се обиде Џордан
да му помогне.
„Студент на Оксфорд!“ беше скептичен. „Приказни за
мали деца! Човекот носи розови костуми.“
„Сепак студирал на Оксфорд.“
„На Оксфорд во Ново Мексико“, презриво фучеше Том,
„или така некако.“
„Слушај, Том, кога си таков сноб, зошто го покани на
ручек?“ налутено го праша Џордан.
„Дејзи го покани; го запознала уште пред да се венчаме.
Господ знае каде!“
Сите бевме раздразливи, зашто дејството на пивото
почна да слабее и, свесни за тоа, извесно време молчевме.
Потоа, кога избледените очи на доктор Т. Џ. Екелберг се
појавија на патот пред нас, се сетив на предупредувањето
на Гетсби за горивото.
„Има доволно да стигнеме до градот“, рече Том.
„Но во близина има гаража“, се противстави Џордан. „Не
би сакала да заглавиме на оваа пеколна жештина.“
Том нервозно ја притисна кочницата и, излизгувајќи се во
правот, нагло запревме пред знакот од гаражата на
Вилсон. По неколку мига од внатрешноста излезе
сопственикот, застана на вратата и со празен поглед
зјапаше во автомобилот.
„Да наполниме малку гориво!“ викна грубо Том. „Зошто
мислите дека запревме, да се одушевуваме на погледот?“
„Болен сум“, рече Вилсон без да се помрдне од местото.
„Цел ден сум болен.“
„Што ви е?“

120
„Скапан сум.“
„Па може ли сам да наполнам?“ праша Том. „Многу добро
звучевте преку телефон.“
Вилсон со напор се помести од вратата и од стреата, па
дишејќи длабоко го одврте капакот на резервоарот за
гориво. На сончевата светлина лицето му беше зелено.
„Немав намера да ве вознемирувам во текот на ручекот“,
рече. „Но, бидејќи сум во криза со пари, сакав само да ве
прашам каква намера имате со вашиот стар автомобил.“
„Како ти се допаѓа овој?“ праша Том. „Го купив минатата
недела.“
„Убав е жолтко“, рече Вилсон со мака притискајќи ја
рачката на пумпата.
„Би сакале да го купите?“
„Одлична можност“, одвај се насмевна Вилсон. „Не, но со
оној другиот би можел да заработам некоја паричка.“
„Зошто ви се потребни пари вака ненадејно?“
„Премногу долго сум овде. Сакам да си одам оттука. Жена
ми и јас сакаме да одиме на Запад.“
„Жена ви сака?“ вџасено викна Том.
„Веќе десет години зборува за тоа.“ Малку здивна
потпрен на пумпата покривајќи си ги очите со раката. „А
сега сакала-не сакала, има да оди. Ќе ја тргнам оттука.“
Двоседот пројури покрај нас кревајќи зад себе прав, а од
него за миг блесна бела рака што мавташе.
„Колку ви должам?“ праша грубо Том.
„Токму деновиве дознав нешто многу чудно“, забележа
Вилсон. „И затоа сакам да заминам оттука. Затоа ви
додевам за автомобилот.“
„Колку ви должам?“
„Долар и дваесет.“
Жештината што не попушташе почна да ми ја мати
главата и ми требаше некое време за да сфатам дека
неговите сомневања не се однесуваат на Том. Тој открил
дека Миртл води некој живот независно од него и во
некој друг свет и од тој шок физички се разболел. Прво

121
зјапав во него, па во Том, кој пред еден час дојде до
истиот заклучок - ми падна на памет дека луѓето не се
разликуваат толку по интелигенцијата и по расата колку
што се разликуваат болните од здравите. А Вилсон беше
толку болен што потсетуваше на некој виновник на кој
никогаш нема да му биде простено - небаре му дошла
некоја кутра девојка со дете во рацете.
„Ќе ви го дадам автомобилот“, рече Том. „Ќе ви го пратам
утре попладне.“
Тоа место кај човек предизвикуваше некое неодредено
неспокојство дури и сред бел ден, па се свртев и
погледнав зад себе како да ме предупреди некој.
Огромните очи на д-р Т. Џ. Екелберг и понатаму бдееја
над купиштата пепел, но забележав дека на растојание од
само неколку метри од нас со необично внимание нѐ
гледаа други очи.
На еден од прозорците на гаражата завесата беше малку
повлечена, а Миртл Вилсон ѕиркаше долу кон
автомобилот. Толку се имаше занесено што не беше
свесна дека ја гледам додека на лицето ѝ се менуваа
бранови на возбуда, како предмети на фотографија што
при развивањето се покажуваат еден по еден. Изразот ми
беше необично познат - тоа беше израз што често го
гледав на женски лица, но на лицето на Миртл Вилсон
изгледаше необјасниво и бесмис лено сѐ додека не сфатив
дека нејзините очи полни со ужас и љубомора не беа
вперени во Том туку во Џордан Бејкер за која мислеше
дека му е сопругата.
Збунетоста кај простодушните е посебен тип на
збунетост и, додека се оддалечувавме, Том ги
чувствуваше жешките камшици на паниката. Неговата
сопруга и неговата љубовница, кои пред еден час му беа
сигурни и само негови, почнаа брзо да му се лизгаат
надвор од контролата. Инстинктивно го притискаше
педалот за гас зашто имаше двојна цел - да ја престигне
Дејзи и да го остави Вилсон назад, така што јуревме накај

122
Асторија со брзина од над 100 километри на час, додека
во пајаковата мрежа на столбовите на надземната
железница не го видовме синиот двосед.
„Во големине кина на Педесеттата улица е убаво“, навести
Џордан. „Го сакам Њујорк во летните попладниња, кога
сите се надвор од градот. Во тоа има нешто многу
сладострасно - некоја презреаност, небаре сите можни
видови овошје ќе ти паднат в рака.“ Зборот сладострасно
уште повеќе го вознемири Том, но, пред да успее да
приговори, двоседот застана, а Дејзи ни даде знак да
запреме покрај нив. „Каде ќе одиме?“ викна таа.
„Што мислите да отидеме на кино?“
„Многу е жешко“, се пожали. „Вие одете, ние ќе се
повозиме, а потоа ќе се најдеме повторно.“ Се напрегаше
да звучи духовито: „Ќе се сретнеме во некое темно ќоше.
Јас ќе бидам со две запалени цигари“.
„За ова не можеме овде да се расправаме“, рече
нестрпливо Том, додека едно камионче свиреше зад нас.
„Следете ме, ќе се најдеме на јужната страна на Централ
парк, пред Плаза.“
Неколкупати се сврте и погледнуваше назад кон нивниот
автомобил, а ако сообраќајот ги задржеше на некои
места, ќе подзабавеше додека пак не се појавеа. Мислам
дека се плашеше да не свртат нагло понекоја странична
уличка и засекогаш да ги снема од неговиот живот.
Но не го направија тоа. Сите се решивме за помалку
веројатното: да закупиме еден апартман во Плаза.
He можам да се сетам точно како течеше долгата и бучна
расправија што заврши така што се натискавме во собата,
иако ми остана во живо сеќавање дека во текот на таа
расправија, гаќите ми се виеја како влажна змија околу
нозете, a пo ‘рбетот повремено ми течеа студени капки
пот. Идејата се роди кога Дејзи предложи да закупиме пет
бањи и да се капеме во студена вода, а потоа доби

123
пореална форма како место каде што може да се напиеме
џулип29. Сите повторувавме дека тоа е луда идеја и - сите
во еден глас му зборувавме на збунетиот портир
мислејќи и вообразувајќи си дека сме забавни...
Собата беше пространа и задушлива и, иако веќе беше
четири часот, кога го отворивме прозорецот, од паркот
навлезе жешкиот здив на грмушките. Дејзи дојде до
огледалото и стоеше свртена со грб кон нас, местејќи си ја
косата.
„Апартман за мерак“, шепна Џордан со почит, a ние сите
се насмеавме.
„Отворете уште еден прозорец“, нареди Дејзи не
свртувајќи се.
„Нема други.“
„Па тогаш најдобро би било да се јавиме и да побараме
секира...“
„Најдобро би било да ја заборавиме жештината“, рече
нестрпливо Том. „Десетпати е полошо кога постојано се
зборува за тоа.“
Го одвитка шишето виски од крпата и го стави на масата.
„Како би било да ја оставите на мир, пријателче?“
забележа Гетсби. „Вие сакавте да се оди в град.“
Настапи момент на тишина. Телфонскиот именик се
лизна од држачот и тресна на подот; Џордан шепна
„Извинете“, но овој пат никој не се насмеа.
„Јас ќе го кренам“, се понудив.
„Еве јас“, Гетсби ја крена книгата и се загледа во
скинатата врвка и промрморе. „Хм!“ како да го
интересираше, па ја фрли книгата на еден стол.
„Тоа е една од вашите легендарни фрази, нели?“ остро му
рече Том.
„Кое?“
„Па она вашето пријателче. Каде сте го нашле тоа?“

29 Julep (анг.) - џулип е коктел од виски, лисја од нане, шеќер


и вода, сличен на мохито.

124
„Слушај, Том“, рече Дејзи свртувајќи се од огледалото,
„ако имаш намера да навредуваш, ни минута повеќе не
останувам тука. Викни собна послуга и нарачај мраз за
џулипот.“
Koгa Том ја крена слушалката, набиениот жежок воздух
експлодира во звук и почнавме да ги слушаме свечените
акорди на Свадбениот марш од Менделсон што доаѓаа од
салата долу.
„Замисли си, венчавка на оваа жештина!“ викна
намуртено Џордан.
„Па што... јас се венчав среде јуни“, се сети Дејзи, „Луивил
во јуни! Некој падна во несвест. Кој падна во несвест,
Том?“
„Билокси“, кратко одговори Том.
„Замисли си, човек што се вика Билокси. Блокови Билокси,
произведуваше кутии и беше од Билокси, Тенеси.“
„Го одведоа кај мене дома“, дополни Џордан, „зашто ние
живеевме веднаш до црквата. И остана три недели додека
тато не му рече дека треба да си оди. Следниот ден откако
си замина, тато почина.“ Малку потоа додаде, „Тоа
немаше никаква врска“.
„Познавав еден Бил Билокси од Мемфис“, реков јас.
„Роднина му е. Ми зборуваше за целото свое семејство
додека беше кај нас. Ми даде една алуминиумска палка за
голф, која и ден-денес ја користам.“
Музиката стивна со почнувањето на церемонијата; а
потоа низ прозорецот се слушна долго ракоплескање
проследено со повремени извици Јеа-еа-еа! и на крајот
силен звук на џез, со што почна игранката.
„Старееме“, рече Дејзи. „Зашто, ако бевме млади, сега ќе
станевме и ќе почневме да танцуваме.“
„Сети се на Билокси“, навести Џордан. „Каде си го
запознал ти, Том?“
„Билокси?“ се напрегаше да се сети. „Не го знаев. Беше
пријател на семејството на Дејзи.“
„Тоа не е точно“, спореше таа. „Никогаш порано го немав

125
видено. Дојде со прва класа.“
„Па тој рече дека се познавате. Ми раскажуваше дека
пораснал во Луивил. Аса Брд го доведе во последен
момент и замоли да го сместиме.“
Џордан се насмеа.
„Веројатно сакал на тој начин да се прошверцува во
куќата. Ми зборуваше дека ви бил претседател таму на
Јејл.“
Том и јас се погледнавме зачудено.
„Билокси?“
„Пред сѐ, немавме никаков претседател...“
Гетсби направи едно брзо и вознемирено движење со
ногата, а Том веднаш го забележа.
„Патем, господине Гетсби, слушнав дека сте студирале на
Оксфорд.“
„Не баш.“
„О, да, слушнав дека сте биле оксфордски студент.“
„Да, бев.“
Пауза. Потоа повторно се слушна гласот на Том, презрив и
навредлив: „Сигурно сте биле на Оксфорд во исто време
кога и Билокси бил на Њу Хејвен“.
Повторно пауза. Келнерот чукна на вратата и влезе со
згмечено нане и мраз, но тишината не ја нарушија ни
неговото благодарам ни тивкото затворање на вратата.
Овој исклучително важен детаљ мораше еднаш засекогаш
да биде расветлен.
„Ви кажав, сум бил на Оксфорд“, рече Гетсби.
„Слушнав, но би сакал да знам кога.“
„Во 1919 г. Останав само пет месеци. Затоа и ви реков не
баш.“
Том се сврте наоколу да види дали и на нашите лица се
гледа недоверба. Но сите ние гледавме во Гетсби.
„Тоа беше добра шанса што им беше дадена на некои од
офицерите по примирјето“, продолжи Гетсби. „Можевме
да се запишеме на кој било универзитет во Англија или
во Франција.“

126
Сакав да станам и да го потупкам по грбот. Чувствував
како ми се враќа целосната доверба во него, како што и
порано ми се имаше случено.
Дејзи стана, благо се насмевна и се приближи до масата.
„Отвори го шишето виски, Том“, му заповеда „а јас ќе ти
направам џулип. Тогаш веќе нема да изгледаш толку
глупаво... Види какво е нанево!“
„Почекај малку“, ја пресече Том, „сакам да му поставам на
господин Гетсби уште едно прашање.“
„Слободно прашајте“, учтиво му рече Гетсби.
„Каков проблем сакате да ми направите дома?“
Картите конечно се отворија и Гетсби беше задоволен.
„Тој не прави никакви проблеми“, Дејзи очајно гледаше ту
во едниот ту во другиот. „Ти правиш проблеми. Те молам,
прибери се малку.“
„Да се приберам!“ повтори Том не верувајќи што слуша.
„Претпоставувам дека последна мода е човек да седи
мирно и да допушти господин Никој и ништо да ја работи
жена му. Јас не сум по таа мода... Денес луѓето почнуваат
да им се потсмеваат на семејниот живот и на бракот како
институција, додека да трепнеш сите вредности ќе
исчезнат и ќе почнат да се склучуваат мешани бракови
меѓу црнци и белци.“
Понесен од својот разжестен говор, си замислуваше дека
е последниот бедем на цивилизацијата.
„Овде сите сме белци“, промрморе Џордан.
„Знам дека не сум нешто омилен. He приредувам големи
забави. Претпоставувам дека во модерново време човек
треба да направи свињарник од својот дом за да најде
пријатели.“
Колку и да бев лут како сите други, се борев да не се
насмеам секојпат кога Том ќе отвореше уста.
Метаморфозата од блудник во поп беше целосна.
„Имам нешто да ви кажам, пријателче...“ почна Гетсби. Но
Дејзи погоди што сакаше да му каже на Том.
„Те молам немој!“ го прекина беспомошно Дејзи. „Ве

127
молам, ајде да си одиме дома. Зошто да не си одиме
дома?“
„Добра идеја“, реков и станав. „Ајде, тргнувај, Том. Никој
не сака да пие.“
„Сакам да чујам што има да ми каже господин Гетсби.“
„Жена ви не ве сака“, рече Гетсби. „Никогаш и не ве
сакала. Me сака мене.“
„Вие сте биле луд!“ како од пушка свика Том.
Гетсби скокна целиот возбуден.
„Никогаш не ве сакала, ме слушате ли што ви велам?“
викна Гетсби. „Се омажила за вас зашто бев сиромав и не
можела да ме чека. Направила страшна грешка, но
длабоко во себе секогаш имала љубов само за мене!“
Во тој миг јас и Џордан се обидовме да си тргнеме, но Том
и Гетсби се натпреваруваа во решително то настојување
да останеме затоа што ниеден од нив немал што да крие и
дека ќе ни причинувало чест да бидеме сведоци на
нивниот излив на чувства.
„Седни, Дејзи“, Том безуспешно се обидуваше да ѝ се
обрати со татковски глас. „Што е работава? Сакам да
чујам што имаш да ми кажеш.“
„Јас ви кажав што е работата“, рече Гетсби. „Таа работа
трае веќе пет години, а вие ништо не сте забележале.“
Том нагло се сврте кон Дејзи.
„Си се гледала со овој пет години?“
„Не сме се гледале“, рече Гетсби. „Не сме можеле да се
сретнеме. Но целото тоа време сме чувствувале љубов
еден за друг, пријателче, а вие ништо не сте знаеле.
Понекогаш се смеев за тоа“ - но во очите не му се гледаше
смеа - „кога ќе помислев дека ништо не знаевте.“
„А, готово“, Том ги доближи дебелите прсти како некој
свештеник и се навали на столот. „Вие сте луд!“ избувна.
„Не можам да зборувам за тоа што се случувало пред пет
години, зашто тогаш и не сум ја познавал Дејзи, и не
можам да поверувам како можел некој како вас да ѝ се
доближи на километар, освен ако сте внесувале продукти

128
низ задната врата кај неа дома. Но сето друго е лага. Дејзи
ме сакаше кога се зедовме и ме сака и сега.“
„Не“, рече Гетсби одмавнувајќи со главата.
„Да, ме сака. Само понекогаш ѝ доаѓаат на ум секакви
лудории и не знае што прави.“ Том мудро кимна со
главата. „А и јас ја сакам неа. Одвреме-навреме ќе си
дозволам авантура и ќе направам будала од себе, но
секогаш ѝ се враќам, само неа ја сакам.“ „Одвратен си“,
рече Дејзи, по што се сврте кон мене, а гласот, понизок за
октава отколку обично, ја исполни собата со интензивен
презир: „Знаеш ли зошто си заминавме од Чикаго? Се
чудам како не стигнала до тебе приказната за неговата
авантура“.
Гетсби ѝ се приближи.
„Дејзи, сега тоа е минато“, ѝ рече загрижено. „Beќe не е
важно. Само кажи му ја вистината - дека никогаш не си го
сакала - и да завршиме со ова еднаш засекогаш.“
Дејзи го погледна безизразно. „Па како сум можела да го
сакам?“
„Никогаш не си го сакала.“
Дејзи се колебаше. Погледна во мене и во Џордан како да
бара некаква помош, како да сфати веќе што прави - и
како дотогаш воопшто да немала никаква намера да
преземе нешто. Но сега сѐ беше готово. Беше предоцна.
„Никогаш не сум го сакала“, рече очигледно безволно.
„Ни во Капиолани30?“ праша Том.
„Не.“
Одоздола, од салата, заедно со жешките бранови воздух
допираа придушени звуци.
„Ни онојпат кога те носев од Панч боул за да не си ги
наводениш чевлите?“ Во гласот му се чувствуваше груба
нежност... „Дејзи?“

30Капиолани и Панч боул се на хавајскиот остров Оаху,


тоа се места со кои се истакнуваат егзотичните и
екстравагантно богати луѓе во романот.

129
„Замолчи, те молам.“ Гласот ѝ беше студен, но во него не
се чувствуваше горчина. Го погледна Гетсби. „Ете ти, Џеј“,
рече Дејзи, но раката видливо ѝ се тресеше додека се
обидуваше да запали цигара. Одеднаш ги фрли и
цигарата и запаленото чкорче на килимот.
„Е многу бараш од мене!“ му викна на Гетсби. „Те сакам
сега, зар тоа не е доволно? He можам да го сменам
минатото.“ Почна беспомошно да липа. „И него го сакав и
тебе те сакав.“
Гетсби ги отвори и ги затвори очите.
„И мене ме сакаше?“ повтори тој.
„Дури и ова е лага“, грубо рече Том. „Не знаеше ни дали
сте жив. Има некои работи меѓу мене и Дејзи за кои вие
никогаш нема да дознаете, работи кои ниеден од нас
двајцата нема никогаш да ги заборави.“
Овие зборови како да го каснаа физички Гетсби.
„Сакам да зборувам насамо со Дејзи“, настојуваше тој.
„Сега е премногу вознемирена...“
„Дури и насамо не можам да речам дека никогаш не сум го
сакала Том“ призна таа со тага во гласот. „Тоа не би било
вистина.“
„Се разбира дека не би било вистина“, се согласи Том.
Дејзи се сврте кон сопругот. „Божем тебе тоа ти значеше
нешто“, му рече.
„Се разбира дека ми значи. Отсега ќе бидам повнимателен
кон тебе.“
„Вие не разбирате“, рече Гетсби малку испаничен. „Вие
веќе нема да бидете со неа за да треба да бидете
внимателен.“
„Нема веќе да бидам со неа?“ Том широко ги отвори очите
и се насмеа. Ceгa можеше да си допушти да се контролира.
„А како?“
„Дејзи ве напушта.“
„Глупости.“
„Сепак, те напуштам“, му рече Дејзи со видлив напор.
„Нема да ме напушти!“ зборовите на Том одеднаш се

130
надвиснаа над Гетсби. „Сигурно нема да појде за обичен
измамник кој морал да украде прстен за да ја побара за
жена.“
„Не можам веќе да поднесам!“ викна Дејзи. „Ве молам сите
да излеземе.“
„Кој сте вие воопшто? свика Том. „Вие сте дел од оние што
се влечкаат со Мајер Вулфшим. Толку сум дознал. Малку
се распрашав за вас, а утре ќе продолжам.“
„Слободно продолжете, пријателче“, рече решително
Гетсби.
„Открив што биле тие ваши продавнички.“ Се сврте кон
нас и почна брзо да зборува. „Тој и Вулфшим купиле
многу такви продавнички по споредните улички во
Чикаго, во кои нелегално продавале алкохол. Тоа се
неговите достигања. Првпат кога го видов, го оценив
како шверцер и не сум згрешил.“
„Па што дека?“ учтиво го праша Гетсби. „На вашиот
пријател Волтер Чејс не му беше под честа да се зафати со
истата работа.“
„А вие го оставивте на цедило, нели? Го оставивте цел
месец во затворот во Њу Џерси. Боже! Само да можете да
го чуете Волтер што кажува за вас.“
„Тој самиот ни се понуди зашто немаше скршена пара,
пријателче, и беше среќен што колку-толку ќе заработи.“
„Престани да ме викаш пријателче!“ свика Том. Гетсби не
рече ништо. „Всштер може да те тужи и според законот за
игри на среќа, но Вулфшим му се заканил и го замолчал.“
Лицето на Гетсби повторно го доби оној непознат, но
препознатлив израз.
„Продавничките ви биле само капка во морето“, полека
продолжи Том, „вие сега работите нешто што Волтер се
плашеше да ми го каже.“
Ја погледнав Дејзи, која уплашено гледаше де во Гетсби
де во сопругот, а потоа Џордан, која беше почнала да
балансира некој невидлив, но примамлив предмет на
врвот на брадата. Потоа повторно се свртев кон Гетсби.

131
Me изненади изразот што го имаше на лицето. Изгледаше
- а ова не го кажувам како последица на клеветничките
зборови што ги чув за него во неговата градина31 - како
да имаше убиено човек. Во еден момент изразот на
неговото лице можеше да се опише токму така.
Тоа помина и Гетсби почна возбудено да ѝ се обраќа на
Дејзи одрекувајќи сѐ, бранејќи се од обвинувањата што
уште не беа изустени. Но при секој негов збор таа сѐ
повеќе се повлекуваше во себе, така што на крајот Гетсби
замолча. Само во своите мртви соништа ја продолжуваше
борбата додека попладнето одминуваше, обидувајќи се
да го допре она што сега стана недопирливо, се бореше
очајнички во нерамна борба за загубениот глас на
другиот крај од собата.
Тој глас пак молеше да си одиме.
„Те молам, Том! He можам веќе да го поднесам ова.“
Во уплашениот поглед ѝ се гледаше дека ги имаше
загубено и храброста и намерите што ги имала
претходно.
„Вие двајцата одете дома, Дејзи“, рече Том, „со
автомобилот на господин Гетсби.“
Таа го погледна Том, сега веќе вознемирена, но тој
настојуваше со неизмерен презир.
„Ајде де. Нема веќе да ти додева. Мислам дека сфати дека
толку беше од неговото самоуверено умилкување.“
И си отидоа, без збор, како догорени свеќи, како некои
призраци, дури и покрај нашето сожалување.
Во следниот момент Том стана и почна да го завиткува
неотвореното шише виски.
„Сака ли некој да пие? Џордан?... Ник?“
Јас не одговорив.
„Ник?“ уште еднаш ме праша.
„Што?“

31 Првото клеветење во градина се случило кога змијата му


шепнала нешто на Адам.

132
„Сакаш ли?“
„Не... токму сега се сетив дека денес ми е роденден.“
Навршував триесет години. Пред мене се протегаше
патот на новата деценија, кобен и заканувачки.
Беше седум часот кога седнавме со него во двоседот и
трнавме за Лонг Ајленд. Том непрекинато зборуваше,
ликуваше и се смееше, но неговиот глас мене и на Џордан
ни беше далечен како неразбирлив разговор по улицата
по која минувавме или ромонење на надвозникот што
бучеше над нас. Човечкото сочувство има граници и ние
бевме задоволни што ги оставивме зад нас сите нивни
трагични докажувања што бледнееја заедно со градските
светилки. Триесет години - десет години осаменост, сѐ
помал број познати неоженети пријатели, сѐ помалку жар,
сѐ поретка коса. Но тука, покрај мене, беше Џордан која, за
разлика од Дејзи, беше паметна и не ги носеше со себе
заборавените соништа од една во друга животна доба.
Додека минувавме преку темниот мост, нејзиното бледо
лице мрзливо се навали на моето рамо, а страшното
сознание дека навршив триесет години исчезна кога ми ја
стегна раката во знак на охрабрување.
Така, низ свежата квечерина, се возевме во пресрет на
смртта.
Младиот Грк Микаелис, кој ја водеше кафеаната покрај
купиштата пепел, беше главниот сведок во истрагата. Ја
преспал жештината сѐ до по пет часот и потоа отишол до
гаражата каде што го нашол Џорџ Вилсон болен во
канцеларијата - бил навистина болен, бел како неговата
бела коса и целиот се тресел. Микаелис го посоветувал да
си легне, но Вилсон одбил велејќи му дека, ако си легне,
ќе испушти многу муштерии. Додека неговиот сосед се
обидувал да го убеди, над нив се слушнала силна врева.
„Ја заклучив жена ми горе“, мирно објаснил Вилсон. „Ќе
остане таму уште некој ден, а потоа ќе се преселиме.“
Микаелис се вџасил; беа четири години соседи и Вилсон
никогаш ни малку не изгледаше дека е во состојба да

133
каже такво нешто. Тој беше од оние изабени луѓе; кога не
работаше, седеше на некој стол пред вратата и ги
гледаше луѓето и автомобилите што минуваа по патот.
Кога некој ќе му се обратеше, еднакво му се смееше со
некаква пријатна, безбојна смеа. Беше нејзин човек, на
жена му, а не свој човек.
Така што, сосем природно, Микаелис се обидел да дознае
што се случило, но Вилсон не сакал да му каже ни збор.
Место тоа, почнал да му упатува на својот сосед чудни
подозриви погледи и да го прашува што правел тогаш и
тогаш тој и тој ден. Токму кога на Микаелис почнало да
му станува непријатно, некои работници поминале пред
вратата и се упатиле накај неговата кафеана - што
Микаелис го искористил за да се извлече со намера да се
врати подоцна, но не се вратил. He беше сигурен,
веројатно заборавил. Кога повторно излегол малку време
по седум часот, се сетил на разговорот зашто го чул
гласот на госпоѓа Вилсон која зборувала гласно и се
карала долу во гаражата.
„Удри ме!“ ја чул како вика. „Фрли ме на земја и тепај ме,
страшливецу беден!“
По кратко време излетала надвор во полумракот
мавтајќи со рацете и викајќи - но сѐ завршило пред да
успее тој да мрдне од вратата.
Автомобилот на смртта, како што го нарекоа
весниците, не застанал; излетал од темнината што се
спуштала, за миг се занишал трагично, а потоа исчезнал
зад следната кривина. Црномурестиот Микаелис дури и
не бил сигурен каква му била бојата - на првиот полицаец
му рекол дека бил светлозелен.
Еден друг автомобил што одел накај Њујорк застанал на
стотина метри од местото на несреќата, а возачот брзо се
вратил на местото каде што Миртл Вилсон, чиј живот
насилно гаснел, клечела на патот, а нејзината густа,
темна крв, се мешала со пепелот.
Микаелис и човекот први стигнале до неа, но кога ѝ ја

134
раскинале блузата уште водена од пот, виделе дека
левата града ѝ е откината, дека ѝ виси како партал и
немало потреба да се слушне дали ѝ чука срцето. Устата ѝ
била широко отворена, а на аглите малку раскината, како
да се задушувала по малку, испуштајќи ја огромната
животна сила што толку долго ја имаше собирано.
Видовме насобрани три-четири автомобили и многу луѓе
кога речиси се приближивме до местото.
„Судир!“ рече Том. „Добро е, конечно и за Вилсон малку
работа.“
Забави, но немаше намера да запре, меѓутоа, кога
дојдовме поблиску, тивките сериозни изрази на лицата
на луѓето што стоеја покрај влезот на гаражата
автоматски го натераа да притисне на кочницата.
„Ајде да ѕирнеме“, рече неспокојно Том, „само кратко.“
Тогаш чув еден празен глас што се слушаше како без
прекин јачи од гаражата; а кога излеговме од двоседот и
се приближивме кон вратата, тој глас се претвори во „О
Боже!“ што некој непрекинато го повто- руваше лелекајќи
задишано.
„Овде се случило нешто лошо“ возбудено рече Том.
Дигајќи се на прсти над грстот збиени глави, погледна во
гаражата што беше осветлена само со жолта светлина од
светилката закачена на металната мрежа на таванот.
Тогаш од грлото му излезе придушен крик и со жестоки
движења со силните раце се проби напред.
Кругот повторно се затвори со звук на негодување,
помина цела минута додека да успеам нешто да видам.
Тогаш се појавија новодојдени луѓе и Џордан и јас
ненадејно бевме турнати внатре во гаражата.
Телото на Миртл Вилсон, завиткано во едно, а потоа и во
друго ќебе, небаре ја тресела треска во жешката ноќ, беше
положено на масата покрај ѕидот, a Том, свртен со грб кон
нас, беше наведнат над него и стоеше така неподвижен.
Покрај него стоеше полицаец-мотоциклист кој, испотен,
со многу поправки запишуваше имиња во бележникот. На

135
почетокот не можев да откријам од каде доаѓа тоа гласно
лелекање што бучно одекнуваше во празната гаража -
потоа го забележав Вилсон како стои на поткренатиот
праг од својата канцеларија и, држејќи се со двете раце за
первазот, се ниша напред-назад. Еден човек стоеше крај
него и тивко му зборуваше нешто обидувајќи се
одвреме-навреме да му ја стави раката на рамото, но
Вилсон ни гледаше ни слушаше. Погледот полека ќе му се
спуштеше од треперливата светилка до масата покрај
ѕидот, па повотрно, со нагло движење на главата, се
враќаше кон светилката, а цело време пробивно и ужасно
викаше: „О Бо-же мој! О Бо-же мој! О Бо-же мој! О Бо-же
мој!“
Со нагло движење Том ја крена главата и, откако помина
со замаглен поглед преку гаражата, му промрморе
некаква забелешка на полицаецот. „М-а-в“, изговараше
полицаецот.
„Не, р...“ го поправаше човекот. „Мавро...“ „Слушајте ме!“
просаска бесно Том.
„р“, рече полицаецот, „о...“
„г“
„г...“. Погледна во Том кога неговата широка дланка му се
спушти на рамото. „Што сакаш, човеку?“ „Што се
случило?... Ете тоа сакам да знам.“
„Ја удрила кола. Наместо ја убила.“
„Наместо ја убила“, повтори Том со неверување.
„Истрчала на патот. Ѓубрето не застанало.“
„Две коли“, рече Микаелис, „една наваму, друга натаму,
разбираш?“
„Каде натаму?“ праша остро полицаецот.
„Секој на своја страна. Па она...“ покажа со рака кон
ќебињата, но на половина пат ја запре и ја спушти.. „она
истрча и колата од Њујорк право у неа лупна, возеше
накај сто-стодваес на саат“.
„Како се вика ова место?“ праша полицаецот.
„Нема име.“

136
Се приближи еден блед убаво облечен црнец.
„Жолт беше автомобилот“, рече „голем жолт автомобил.
Нов.“
„Го виде ли судирот?“ праша полицаецот.
„Не, но возилото помина покрај мене, возеше повеќе од
сто-сто и дваесет.“
„Дојди поблиску да ти го запишам името. Полека. Да го
запишам името.“
Некои зборови од разговорот сигурно стигнаа и до
Вилсон кој уште се нишаше на вратата од својата
канцеларија, зашто една нова тема ненадејно најде израз
во неговото лелекање: „Нема потреба да ми кажувате
каков бил автомобилот! Знам каков бил тој автомобил!“
Гледајќи го Том, забележав дека под палтото му се
напрега сноп мускули. Брзо отиде кај Вилсон и, стоејќи
пред него, цврсто го зграпчи за мишките.
„Мораш да се прибереш, човеку“, рече со груб смирувачки
тон.
Вилсон го погледна Том; се крена на прсти и ќе
колабираше ако Том не беше покрај него да го задржи.
„Слушај“, рече полека Том тресејќи го. „Јас дојдов овде
пред една минута од Њујорк. Ти го донесов оној спортски
автомобил за кој разговаравме. Жолтиот автомобил што
го возев попладнево не е мој... Me слушаш ли? He сум го
видел цело попладне.“
Само црнецот и јас бевме доволно блиску за да слушнеме
што зборува, но полицаецот наслушна нешто и го
погледна остро.
„Што тоа?“ праша.
„Јас сум му пријател.“ Том ја сврте главата кон
полицаецот, но не го испушти Вилсон од рацете. „Вели
дека го знае автомобилот што ја прегазил... Бил со жолта
боја.“
Некој неодреден нагон го натера полицаецот да го
погледне подозриво Том.
„А каква боја има твојата кола?“

137
„Син двосед.“
„Тукушто дојдовме од Њујорк“, реков јас.
Тоа го потврди и еден човек што возел веднаш зад нас, па
полицаецот се сврте.
„Сега ајде точно да го запишам името.“
Кревајќи го Вилсон како кукла, Том го внесе во
канцеларијата, го седна на стол и се врати.
„Нека дојде некој ваму и нека седи со него“, отсечно рече
тој заповеднички. Гледаше околу себе додека двајца што
беа најблиску се погледнаа и неволно влегоа во
просторијата. Том ја затвори вратата и слезе од прагот
свртувајќи го погледот да не гледа кон масата. Кога
минуваше покрај мене, прошепоти: „Ајде, си одиме“.
Одев по него додека со снажните раце несигурно се
пробиваше низ толпата што сѐ уште се зголемуваше,
поминавме покрај еден лекар што иташе со кожената
чанта зашто некој со пуста надеж го викнал пред
половина час.
Том возеше полека додека не ја поминавме кривината -
тогаш притисна силно на гасот и двоседот почна да јури
низ ноќта. Малку подоцна слушнав тивко, засипнато
јачење и видов дека му се слеваат солзи по лицето.
„Страшливец еден!“ липаше. „Воопшто не запрел.“
Одеднаш низ лисјата што шушкаа пред нас се појави
куќата на Бјукененови. Том запре пред тремот и погледна
кон вториот кат каде што се наѕираше светлина низ
прозорците покриени со винова лоза.
„Дејзи е дома“, рече. Додека излегувавме од автомобилот,
ме погледна и малку се намурти.
„Требаше да те оставам во Вест Ег, Ник. Вечерва ништо не
можеме да сториме.“
Беше некако сменет и зборуваше сериозно и решително.
Додека одевме накај тремот по патеката од чакал
осветлена од месечината, тој со неколку реченици ја
реши ситуацијата.
„Ќе викнам такси да те однесе дома, а додека чекате, со

138
Џордан може да отидете во кујната, да ви подготват
нешто за вечера - ако сакате.“ Ја отвори вратата.
„Влезете.“
„Не, благодарам. Но би сакал да ми викнеш такси. Ќе
чекам надвор.“
Џордан ме фати подрака.
„Нема ли да влезеш, Ник?“
„Не, благодарам.“
He се чувствував добро и сакав да бидам сам. Но Џордан
уште се колебаше.
„Часот е само девет и пол“, рече таа.
Мислев дека сам ќе си пресудам ако влезев, за еден ден
ми беше доста од сите нив, одеднаш тука спаѓаше и
Џордан. Таа сигурно забележа нешто од ова во изразот на
моето лице, затоа што брзо се сврте, истрча по скалите од
тремот и влезе во куќата. Седев неколку минути држејќи
си ја главата со рацете, додека не чув како некој ја дига
слушалката на телефонот и гласот на слугата кој
повикуваше такси.
Тогаш тргнав полека по патеката, подалеку од куќата, со
намера да чекам покрај портата.
He бев поминал ни дваесетина метри кога чув како некој
ме вика, а меѓу две грмушки се појави Гетсби и излезе на
патеката. Сигурно во тој момент сум бил во прилично
чудна состојба, зашто не бев способен да мислам на
ништо друго освен на неговиот розов костум што сјаеше
на месечината.
„Што правиш тука?“ го прашав.
„Едноставно стојам, пријателче.“
Некако тоа што го правеше ми се чинеше како многу
бедно. Според сето она што го знаев за него, ми се стори
дека ќе влезе да краде во куќата. Немаше да се изненадам
ако зад него видев некои зли ликови во темнината,
ликови од Бандата на Вулфшим.
„Дали по пат наидовте на некој судир?“ ме праша по мала
пауза.

139
„Да.“
Гетсби се колебаше.
„Почина?“
„Да.“
„Така и си мислев: ѝ реков на Дејзи. Подобро е веднаш да
чуе сѐ. Доста добро го поднесе тоа.“
Изгледаше како да му е најважно како ја поднела Дејзи
несреќата.
„Отидов во Вест Ег по споредниот пат“, продолжи Гетсби.
„Автомобилот го оставив во гаражата. He верувам дека
некој нѐ видел, но, се разбира, не сум сигурен.“
Толку го мразев тогаш што сметав дека не е нужно да му
кажам дека греши.
„Ја знаеш ли жената?“ ме праша.
„Се презива Вилсон. Гаражата е на маж ѝ. Како успеавте?“
„Се обидов да го свртам воланот.“ Одеднаш замолча и јас
знаев што е работата.
„Дејзи возеше, нели?“
„Да“, рече Гетсби по кратко време. „Но се разбира дека ќе
речам дека јас возев. Знаеш, кога излеговме од Њујорк,
беше многу вознемирена и мислеше дека, ако вози, ќе ѝ
биде подобро - а жената истрча токму во моментот кога
го поминувавме автомобилот што доаѓаше од
спротивната насока. За секунда се случи сѐ, но сепак ми се
причини дека жената сакаше да ни каже нешто, како да
нѐ познаваше. Па, Дејзи прво се обиде да ја избегне
жената, но кога тргна накај дру- гиот автомобил, се
уплаши и пак сврте кон жената. Истата секунда кога го
фатив воланот, го почувству- вав ударот - сигурно ја убил
наместо.“
„Беше целата растргната...“
„Не можам да слушам, пријателче.“ Се стресе. „Во секој
случај, Дејзи го притисна гасот, се обидов да ја натерам да
застане, но не можеше, па јас ја кренав рачната кочница,
по што Дејзи се онесвести и јас само продолжив да возам.“
„Ќе биде како нова до утре“, веднаш ми рече. „Ќе чекам

140
тука да видам дали Том ќе ја вознемирува поради
непријатната случка попладнево. Се заклучи во собата, а
ако тој се обиде да биде груб, Дејзи ќе ми даде знак со
палење и гасење на светилката.“
„Нема со прст да ја допре“, му реков. „Тој не ни мисли на
неа.“
„Не му верувам, пријателче.“
„Колку ќе чекаш тука?“
„Ако треба и цела ноќ. Секако додека не си легнат.“
Одеднаш ми дојде на ум нова мисла. Да претпоставиме
Том да открие дека возела Дејзи. Би можел да помисли
дека има некаква поврзаност - би можел сѐ да помисли.
Погледнав кон куќата; на долниот кат имаше два-три
осветлени прозорци, а одозгора, од собата на Дејзи на
вториот кат, допираше румена светлина.
„Чекај тука“, му реков. „Јас ќе видам дали се случува
нешто лошо.“
Се вратив назад по крајот на тревникот, преминав тивко
преку чакалната патека и на прсти се искачив по скалите
на тремот.
Завесите во салонот беа тргнати и видов дека собата е
празна.
Го премнав тремот каде што вечеравме пред три месеци,
во онаа јунска ноќ, и дојдов до еден мал четириаголен
осветлен прозорец кој, како што погодив, беше прозорец
од шпајзот. Завесата беше спуштена, но меѓу штицата од
прозорецот и завесата имаше малку простор.
Дејзи и Том седеа еден спроти друг на кујнската маса, а
меѓу нив стоеја чинија со ладно пилешко месо и две
шишиња пиво. Тој внимателно зборуваше нешто преку
масата и во својата сериозност ја стави раката врз
нејзината. Таа повремено погледнуваше нагоре кон него
и кимнуваше потврдно со главата.
He изгледаа среќни, а ни едниот ни другиот не посегаа ни
по пилето ни по пивото - но сепак не можеше да се рече
дека се несреќни. Таа глетка оддаваше впечаток на

141
природна интимност и секој би рекол дека матат нешто.
Додека се оддалечував на прсти од тремот, слушнав дека
моето такси се приближува по темниот пат до куќата.
Гетсби ме чекаше на патеката, точно каде што го оставив.
„Во ред ли е сѐ?“ ме праша загрижено.
„Да, сѐ е добро“, се колебав. „Подобро е да си отидеш дома
и да поспиеш.“
Тој одмавна со главата.
„Сакам да чекам тука додека Дејзи не си легне. Добра ноќ,
пријателче.“
Си ги врати рацете назад во џебовите на палтото и
повторно почна да гледа внимателно во куќата, небаре
моето присуство ја одземаше светоста на неговото
бдеење. Затоа си заминав и го оставив да стои таму на
месечината и да стражари над ништо.
Глава 8
Цела ноќ око не склопив, а некаква сирена завиваше
непрекинато некаде кај протокот; се превртував
полуболен не можејќи да ја разликувам гротескната
реалност од дивите страшни соништа. Рано во мугрите
слушнав дека некое такси оди по патот накај куќата на
Гетсби. Веднаш срипав од креветот и почнав да се
облекувам, чувствував дека имам нешто да му кажам, да
го предупредам за нешто, а ако чекам до изутрина, ќе
биде доцна.
Додека го преминував тревникот за да стигнам во
неговата куќа, видов дека влезната врата е сѐ уште
отворена и тој се потпираше на масата во ходникот сосем
премален од потиштеност или од ненаспаност.
„Ништо не се случи“, ми рече мрачно. „Чекав и околу
четири часот Дејзи се доближи до прозорецот, постоја
малку и ја изгаси светилката.“
Неговата куќа никогаш не ми изгледала поголема од
онаа ноќ кога баравме цигари низ големите соби. Ги
тргавме завесите што личеа на знамиња и во темнината

142
ги пипавме огромните ѕидови во потрага по електрични
прекинувачи - а еднаш дури се сопнав од клавишите на
едно сенишно пијано и паднав. Насекаде имаше многу
прав, а просториите беа задушливи, како да не беа
проветрени повеќе денови. На една необична маса најдов
кутија со две стари исушени цигари. Ширум ги
отворивме француските прозорци од дневната соба и
седевме и пушевме во темнината.
„Треба да си одиш оттука“, реков. „Прилично е сигурно
дека ќе ти го најдат автомобилот.“
„Зар сега да си одам, пријателче?“
„Појди на една недела во Атлантик Сити или во
Монтреал.“
He сакаше ни да чуе за тоа. Веројатно не можеше да ја
остави Дејзи сѐ додека не ѝ ги чуе намерите. Грчовито се
држеше за некоја последна надеж, а мене срцето не ми
даваше и таа да му ја одземам.
Таа ноќ ми ја раскажа чудната приказна за својата
младост со Ден Коди - ми ја раскажа зашто Џеј Гетсби се
скрши како стаклен предмет кога удри во упорната злоба
на Том, а спектакуларната претстава обвиена со
мистерија сега беше кон крајот. Бев убеден дека е
подготвен апсолутно сѐ да ми признае, без да скрие
ништо, да не надвладееше желбата да зборува за Дејзи.
Таа била првата фина девојка што ја сретнал. На разни
начини, што не ми ги откри, ми кажа дека воспоставувал
контакт со такви луѓе, но секогаш меѓу него и нив како
да постоела невидлива бодлива жица. Дејзи му била
возбудливо привлечна. Прво доаѓал во нејзината куќа
заедно со другите офицери од Кампот Тејлор, а потоа
сам. Нејзиниот дом го одушевувал - никогаш дотогаш
немал влезено во толку убава куќа. Но она што на таа
куќа ѝ давало некоја посебна магија била Дејзи. Таа куќа
за Дејзи била исто толку природна како што и за него
бил животот во логорскиот шатор. Целата куќа била
малку таинствена и навестувала дека на горниот кат има

143
спални соби што се поубави и посвежи од другите
спални, дека по ходниците се случуваат весели и
незаборавни работи и дека романтичните средби не се
заборавени меѓу страковите лавандула, туку, нап ротив,
се свежи, лелеави и мирисаат на новите автомобили и на
игранките, чии цветови уште не беа почнале да венат. Го
привлекувало и тоа што многу момчиња веќе биле
вљубени во Дејзи - тоа ја зголемувало нејзината вредност
во неговите очи. Чувствувал дека тие се присутни
насекаде во куќата, дека го исполнуваат воздухот со
нијанси и изливи на чувства што сѐ уште трепереле.
Но Гетсби многу добро знаел дека благодарејќи на чиста
среќа влегол во куќата на Дејзи. Колку и да му беше
светла иднината како Џеј Гетсби, тогаш бил млад човек
без скршена пара, без минато, и во секој миг
невидливиот превез што го носел како униформа можел
да му се лизне од плеќите. Затоа го користел секој миг од
своето време. Земал сѐ што можел да земе, ненаситно и
безобѕирно - и така во една октомвриска ноќ ја зел Дејзи,
ја зел затоа што навистина немал никакво право да ѝ се
приближи.
Можел во такви моменти да се презира, зашто секако го
сторил тоа со задни намери. He сакам да речам дека ѝ
зборувал за своите лажни милиони, но промислено ѝ
влеал извесно чувство на сигурност, дозволил да му
поверува дека му припаѓа на истиот општествен слој
како и таа и дека е сосем способен да се грижи за неа. Но
вистината била дека тој не- мал никакви можности -
немал богато семејство што би го поддржало, а зависел
од каприцот на една безимена влада која можела да го
фрли во кој и да било дел од светот.
Но не се презирал себе, иако ништо не излегло како што
планирал. Веројатно имал план да земе сѐ што може да
земе и да си замине - но сега сфатил дека се чувствува
како да тргнал во потрага по Светиот грал. Знаел дека
Дејзи е необична девојка, но не можел ни да помисли

144
колку може да биде навистина необична една фина
девојка. Дејзи исчезнала во сво јата раскошна куќа, во
својот богат и штедар живот, не оставајќи му на Гетсби
апсолутно ништо. Тој се чувствувал како да е оженет за
неа, но тоа било сѐ.
Kora пак се сретнале по два дена, Гетсби бил тој на кој му
застанал здивот, што се чувствувал како измамен.
Тремот во нејзината куќа бил осветлен и свечено
украсен; столот од плетени прачки отмено скрцнал кога
Дејзи се свртела кон него, а тој ја бакнал во привлечните
убави усни. Била настината и поради тоа гласот ѝ бил
засипнат, но подлабок и позанесен отколку обично, а
Гетсби бил сосем свесен дека богатството ја заробува
младоста и ја одржува таинственоста, бил свесен за
свежината на безбројните алишта и бил свесен за Дејзи,
која сјаела како сребро, безбедна и недопрена од
жестоките борби што ги носи сиромаштијата.
„Не можам да ти опишам колку бев изненаден кога
сфатив дека сум се вљубил во неа, пријателче. Едно
време дури се надевав дека ќе ме напушти, но не го стори
тоа, зашто и таа ме сакаше. Сметаше дека знам многу,
зашто ѝ кажував работи што ѝ беа непознати... И така, ги
заборавив сите амбиции, од минута на минута бев сѐ
повљубен во неа и одеднаш ништо друго не ме
интересираше. Каква полза од големи дела, кога ми беше
многу подобро да ѝ раскажувам што сѐ ќе направам?“
Последното попладне пред да замине во странство ја
држел Дејзи во прегратка и долго седеле така без да
изустат ни збор. Тоа било студен есенски ден, во каминот
горел оган, а образите на Дејзи биле вжарени.
Одвреме-навреме ќе се помрднела, па и тој ја менувал
положбата на раката. Еднаш ја бакнал во темната сјајна
коса. Тоа попладне биле малку помолчаливи, како да
сакале да си го задржат во трајно сеќавање, зашто
следниот ден им донесувал долга разделба. Никогаш во
текот на едномесечната љубов не се почувствувале толку

145
блиски еден со друг, никогаш не се разбирале подобро
отколку во моментот кога таа молчејќи го допрела со
усните на рамото, a тој нежно ѝ ги допрел врвовите на
прстите како да е заспана.
Во војната Гетсби необично добро се истакнал. Пред да
замине на фронтот бил капетан, a пo битката кај
Аргонската шума станал мајор и го командувал
митралескиот одред. По примирјето очајнички
настојувал да се врати дома, но, место тоа, поради некоја
компликација или некое недоразбирање, го пратиле на
Оксфорд. Го загрижувале раздразливоста и очајот во
писмата на Дејзи. He можела да сфати зошто тој не може
да се врати. Чувствувала дека светот ја притиска и сакала
да го види, да го почувствува покрај себе и тој да ја увери
дека постапува правилно.
Дејзи била млада, нејзиниот извештачен свет мирисал на
орхидеи и на пријатен весел снобизам; бил исполнет со
оркестри што свиреле најнови мелодии во кои ги
прикажувале тагата и сензуалноста во животот.
По цели ноќи саксафоните тажно ја извивале
безнадежната приказна на „Бил стрит блуз“32 додека
стотици чифтови позлатени и посребрени чевли за
танцување дигале сјаен прав. Дури и во попладневното
сивило секогаш имало соби што непрекинато трепереле
од таа тивка, слатка треска додека ваму-таму лебделе
свежи лица како розови цветни ливчиња што тажните
труби ги разнесувале наоколу.
По некое време Дејзи почнала пак да излегува; одеднаш
пак закажувала состаноци со пет-шест мом
32 Beale Street Blues е позната песна од 1917 г. Beale Street

се наоѓа во Мемфис, Тенеси, и станува позната како


улица на црвените фенери.
чиња на ден. Взори дремејќи одела да си легне, а крај
креветот ѝ биле расфрлени овенати орхидеи и вечерниот
фустан со светли украси. Нешто во неа непрекинато било
во потрага по некакво решение. Сакала да му даде облик

146
на својот живот, веднаш - а тоа решение морало да се
донесе со помош на некаква сила што ѝ е при рака - било
со љубовта, било со парите, било со беспорна
практичност.
Таа сила го добила својот облик некаде кон средината на
пролетта со пристигањето на Том Бјукенен. Имало
некаква здрава масивност и во неговата личност и во
неговата општествена позиција, а Дејзи се почувствувала
поласкана. Сигурно тука постоела и некоја внатрешна
борба и извесно олеснување. Гетсби го добил писмото
уште додека бил на Оксфорд.
Сега на Лонг Ајленд веќе почнуваше да се разденува и
отидовме да ги отвориме и другите прозорци на
приземјето, што ја исполни куќата со некаква сивозлатна
светлина. Сенката на едно дрво одеднаш падна преку
росата и сенишни птици почнаа да пеат меѓу сините
лисја. Лесно и пријатно поддувнуваше ветрец што
ветуваше свеж и пријатен ден.
„Не верувам дека воопшто некогаш го сакала.“ Гетсби се
сврте од прозорецот и ме погледна подготвен да го чуе
спротивното. „Мораш да имаш на ум, пријателче, дека
вчера попладне беше многу вознемирена. Тој ја исплаши
со начинот на кој ѝ ги кажуваше работите - и ѝ
изгледаше дека јас сум обичен измамник. Сѐ и се собра и
затоа не ни знаеше што зборува.“
Гетсби седна намуртен.
„Се разбира, може и да го сакала некое кратко време,
непосредно откако се венчале - но и тогаш мене повеќе
ме сакала, разбираш ли?“
Одеднаш кажа нешто многу чудно.
„Во секој случај“, рече „тоа беше нешто многу лично.“
Како би можело ова поинаку да се објасни, освен како
сомневање во неговото сфаќање на нештата, што не би
можело ни да се измери.
Се вратил од Франција кога Том и Дејзи сѐ уште биле на
свадбено патување и со последните пари што му

147
останале од војничката плата, заминал на тоа тажно
патување до Луивил, од кое не можел да се откаже. Таму
останал една недела, шетајќи по истите улици по кои
нивните чекори одекнувале во ноемвриските ноќи,
повторно ги посетил местата надвор од градот до кои се
возеле со нејзиниот бел автомобил. Исто како што куќата
на Дејзи секогаш му се чинела потаинствена и повесела
од другите така сега целиот овој град, иако Дејзи веќе не
била таму, му изгледал некако меланхолично убав.
Го напуштил градот со чувство дека, ако бил поупорен во
потрагата, можеби и ќе ја најдел - чувствувал дека ја
напушта. Вагонот од третата класа - зашто веќе немал ни
скршена пара - бил неподносливо жежок. Излегол на
отворената платформа и седнал на помошното седиште,
гледал како станицата исчезнува и како одминуваат и
последните познати куќи. Потоа низ раззеленетите
полиња ги стигнал еден жолт трамвај полн со луѓе кои
можеби случајно ја сретнале некогаш иѝго виделе
бледото волшебно лице минувајќи по некоја од улиците.
Железничката линија се свила и сега се оддалечувала од
сонцето, кое тонело сѐ пониско и изгледало како да го
благословува градот што се губел во далечината каде
што некогаш живеела Дејзи. Во очајот, Гетсби ја подал
раката како да сака да досегне само малку светлина, да
спаси еден дел од тоа место во кое поминал прекрасни
мигови со неа. Но сѐ му минувало пребрзо пред
насолзените очи и знаел дека засекогаш го губи
најубавиот и најсвежиот дел од својот живот.
Беше девет часот кога завршивме со појадокот и
излеговме на тремот, преку ноќта времето нагло се
сменило и во воздухот се чувствуваше мирисот на есента.
Градинарот, последниот останат од претходните слуги
на Гетсби, дојде до почетокот на скалите.
„Денес ќе ја испуштам водата од базенот, господине
Гетсби. Лисјата наскоро ќе почнат да паѓаат, секогаш ни
прават проблеми, ни ги затнуваат цевките.“

148
„Немојте денес“, му одговори Гетсби. Се сврте кон мене
извинувајќи се: „Знаеш ли, пријателче, дека цело лето
ниеднаш не влегов во тој базен?“
Јас го погледнав часовникот и станав.
„Има уште дванаесет минути додека да ми дојде возот.“
He сакав да одам в град, не бев способен за работа, но
поважно од тоа беше што не сакав да го оставам Гетсби
сам. Го пропуштив тој воз, а потоа и вториот, додека
најпосле не успеав да заминам.
„Ќе ти се јавам“, му реков на одење.
„Јави се, пријателче.“
„Околу пладне.“
Полека слеговме по скалите.
„Се надевам дека и Дејзи ќе ми се јави.“ Me погледна
загрижено, како да се надеваше дека ќе му го потврдам
тоа.
„Веројатно.“
„До гледање.“
Се ракувавме и јас тргнав. Токму кога се приближив до
живата ограда, се сетив на нешто и се свртев.
„Тие се расипани луѓе“, викнав од тревникот. „Ти вредиш
повеќе од сите нив заедно.“
Подоцна, секогаш ми беше убаво кога ќе се сетев дека му
го реков тоа. Тоа ми беше единствениот ком плимент
што му го имав упатено, зашто не се согласував со него
од почетокот до крајот. Првин само учтиво кимна со
главата, а потоа лицето му се разведри во таа негова
насмевка полна со разбирање, како да сме се согласувале
којзнае колку добро. Прекрасниот розов костум му се
истакнуваше како освежителен зрак боја на белите скали
и јас се сетив на ноќта кога првпат отидов во неговиот
семеен дом пред три месеци. Тревникот и патот беа
полни со гости што ширеа слухови за неговите наводни
пороци, а тој стоеше на скалите вешто прикривајќи ја
својата непорочна љубов додека се збогуваше со нив
мавтајќи им.

149
Му заблагодарив за гостопримството. Секогаш му
заблагодарувавме за тоа - и јас и другите.
„До гледање“, викнав. „Уживав во појадокот, Гетсби.“
Во градот извесно време се трудев да ги запишувам
курсевите за голем број акции, а потоа сум заспал на
столот. Токму пред дванаесет часот ме разбуди
телефонот, се стресов, а на челото ми се појавија јадри
капки пот. Тоа беше Цордан Бејкер; често ми се јавуваше
во тоа време зашто јас не можев да ја најдам на друг
начин затоа што не знаев дали е во хотел, во некој клуб
или во нечија приватна куќа. Обично гласот по телефон ѝ
звучеше свежо и пријатно како шушкањето на тревата на
зелените игралишта за голф. Но тоа утро ѝ беше груб и
сув.
„Веќе не сум кај Дејзи“, ми рече. „Сега сум во Хемпстед, а
денес попладне заминувам за Саутхемптон.“
Веројатно ѝ беше паметно тоа што си заминала откај
Дејзи, но таа нејзина постапка сепак ме разлути, a
следната нејзина забелешка навистина ме здрви.
„Синоќа не бевте многу љубезен со мене.“
„Зар во тој момент тоа беше важно?“
По куса пауза рече: „Сепак сакам да ве видам“.
„И јас би сакал да ве видам.“
„А што мислите да не заминам за Саутхемптон денес,
туку да дојдам кај вас во градот?“
„Не денес попладне.“
„Добро тогаш.“
„Денес попладне е невозможно. Разни...“
Извесно време разговаравме така, а потоа одеднаш
прекинавме. He знам кој од нас двајцата ја спушти
налутено слушалката, но знам дека ми беше сеедно. Тој
ден не можев да се видам со неа, па макар и никогаш веќе
да не ја видам на овој свет.
По неколку минути му свртев на Гетсби, но линијата
беше зафатена. Се обидов четири пати; на крајот
централата ме извести дека линијата не е слободна

150
поради меѓуградска врска со Детроит. Го извадив
возниот ред и го заокружив местото каде што стоеше
возот што тргнуваше во три и педесет минути попладне.
Потоа се навалив на столот и се обидов да размислувам.
Беше пладне.
Koгa минував тоа утро покрај купиштата пепел, намерно
поминав од другата страна на вагонот. Претпоставував
дека таму цел ден ќе има љубопитна маса луѓе, момченца
ќе трчаат барајќи по пепелот темни дамки од крв, а некој
зборлест човек ќе раскажува непрекинато за тоа што се
случило, сѐ додека целата приказна дури и на самиот
него не му стане невистинита, така што и самиот веќе
нема да може да ја прераскажува и така сѐ додека не се
заборави трагичниот крај на Миртл Вилсон. Cera сакам
да се вратам малку назад и да раскажам што се случило
во гаражата откако ја напуштивме минатата ноќ.
Им било доста тешко да ја најдат сестра ѝ Кетрин.
Сигурно таа ноќ го прекршила ветувањето и доста се
напила, зашто, кога пристигнала, била целата отапена од
пиење и не била во состојба да сфати дека амбулантното
возило веќе заминало за Флашинг. Откако ја убедиле во
тоа, веднаш се онесвестила, како да бил тоа
најнеподносливиот дел од целата случка. Некој, дали од
љубезност или од љубопитност, ја однел со својот
автомобил да го чува телото на сестра си.
До доцна по полноќ се собирале луѓе во групи што се
менувале пред влезот на гаражата, додека Џорџ Вилсон
внатре се клател напред-назад на каучот. Кусо време
вратата од канцеларијата била отворена и секој што ќе
влезел во гаражата, не можел да се воздржи да не
погледне во канцеларијата. На крајот некој рекол дека
тоа е срамота и ја затворил вратата. Микаелис и уште
неколку други мажи биле со Вилсон. На почетокот биле
четири-пет, а подоцна останале само два-тројца. Сепак,
Микаелис подоцна дури бил принуден да го замоли
последниот од присутните што му бил непознат да

151
почека уште петнаесетина минути додека да отиде во
својата кафеана да свари канче кафе. Потоа останал сам
со Вилсон до зори.
Околу три часот изутрина неповрзаното мрморење на
Вилсон се сменило - се потсмирил и почнал да зборува за
жолтиот автомобил. Кажал дека знае како да го најде
сопственикот на тој автомобил, а потоа одеднаш
раскажал дека пред неколку месеци жена му дошла од
градот со модринки по лицето и со отечен нос.
Ho кога се слушнал самиот како го изговара тоа, се
стресол и пак почнал да вика „О Боже мој!“ со ист глас
полн со тага. Микаелис невешто се обидувал да му го
оттргне вниманието.
„Колку време бевте во брак, Џорџ? Ајде, обиди се да се
смириш и да ми одговориш. Колку време бевте во брак?“
„Дванаесет години.“
„Имавте ли деца? Ајде, Џорџ, смири се - те прашав нешто.
Имавте ли деца?“
Тврди кафеави бубачки постојано удирале по слабата
светилка и, секогаш кога Микаелис ќе чуел како некој
брзо вози по патот, му се чинело дека го слуша
автомобилот што не запрел пред неколку часа. He сакал
да влегува во гаражата, зашто масата на која било
положено телото била облеана со крв, така што се врткал
по канцеларијата - а до зори веќе го знаел секој предмет
во неа. Одвреме-навреме ќе седнел до Вилсон и ќе се
обидел да го смири.
„Одевте ли в црква понекогаш, Џорџ? Можеби одамна не
сте биле в црква. Можеби можам да се јавам во црквата и
да го замолам свештеникот да дојде за да поразговарате.“
„Не одам во ниедна црква.“
„Би требало да одиш во некоја црква, за случаи како што
е овој. Сигурно некогаш сте биле в црква. Слушај, Џорџ,
слушни ме. Зар не сте се венчале в црква?“
„Тоа беше многу одамна.“
Напрегањето да одговори му го нарушило ритамот на

152
клатењето и по кратко време се смирил. Набргу истиот
полусвесен и полузбунет поглед му се вратил во
испиените очи.
„Провери во фиоката“, му рекол на Микаелис
покажувајќи му кон работната маса.
„Во која фиока?“
„Онаа - онаа таму.“
Микаелис ја отворил фиоката што му била најблиску до
раката. Во неа немало ништо друго освен една мала
скапа кожена алка за куче украсена со сребрена плетка.
Изгледала како да е нова.
„Ова ли?“ прашал Микаелис и ја подигнал.
Вилсон погледнал и кимнал потврдно со главата. „Ја
најдов вчера попладне. Миртл се обиде да ми објасни, но
јас знаев дека нешто не е како што треба.“
„Сакаш да речеш дека жена ти ја купила?“
„Ја чуваше завиткана во танка хартија на својата
тоалетна масичка.“
Микаелис не видел ништо необично во тоа и му изнел на
Вилсон десетина причини поради кои можеби жена му ја
купила таа алка. Ho по сѐ изгледа, Вилсон веќе имал
чуено дел од тие причини од самата Миртл, зашто
повторно почнал да офка и да шепоти О Боже мој! - така
што неговиот утешител оставил неколку од причините
недокажани.
„Потоа ја уби“, рекол Вилсон и устата одеднаш му се
отворила.
„Кој?“
„Знам како да го најдам.“
„Не ти е добро, Џорџ“, му рекол пријателот. „Не си во
состојба да размислуваш како што треба, не знаеш што
зборуваш. Најдобро ќе биде да не правиш ништо до
изутрина.“
„Тој ја уби.“
„Беше несреќен случај, Џорџ.“
Вилсон одмавнал со главата. Очите сосем му се собрале, а

153
устата малку му се подотворила и тој таинствено и
значајно рекол „Хм!“
„Знам“, рекол решително. „Јас сум од оние луѓе што
секому му веруваат. Никому не му мислам лошо, но ако
треба нешто да дознаам, го дознавам. Тоа бил човекот во
оној автомобил. Истрчала нешто да му каже, но тој не
сакал да застане.“
И Микаелис го видел истото, но не помислил дека тоа
има некакво значење. Бил уверен дека госпоѓа Вилсон
истрчала надвор за да избега од сопругот, a не за да запре
некој автомобил.
„Како можела да направи нешто такво?“
„Беше многу страсна жена“, рекол Вилсон како да било
тоа одговор на прашањето. „Ах-х-х.“
Пак почнал да се клати, а Микаелис стоел превртувајќи ја
алката меѓу прстите.
„Џорџ, имаш ли некој пријател што можам да го викнам
да дојде?“
Воопшто не се надевал, бил речиси сигурен дека Вилсон
нема ниеден пријател: не бил доволен ни за жена си.
Малку подоцна се развеселил кога забележал промена во
собата; низ прозорецот се наѕирало синилото на денот
што се раѓал и тој сфатил дека зората е близу. Околу пет
часот веќе било толку разденето што можеле да ја
изгаснат светилката.
Стаклестите очи на Вилсон се насочиле кон купиштата
пепел, каде што се појавувале сиви облачиња што
создавале чудесни форми леткајќи ваму-таму носени од
слабиот утрински ветрец.
„Зборував со неа“, промрморел Вилсон по долга пауза. „И
реков дека мене може да ме прави будала, но не може да
го прелаже Господ. Ја одведов до прозорецот“, со напор
станал, се приближил до задниот прозорец и си го
потпрел лицето на стаклото, „ѝ реков, Господ знае што си
правела. Мене можеш да ме мамиш, но Господа не
можеш!“

154
Стоејќи зад него, Микаелис одеднаш забележал дека тој
гледа во очите на доктор Т. Џ. Екелберг, кои токму во тој
миг се појавиле, бледи и огромни, излегле од ноќта што
исчезнувала.
„Господ гледа сѐ“, повторил Вилсон.
„Тоа е реклама“, го уверувал Микаелис. Нешто го
натерало да го тргне погледот од прозорецот и да
погледне наоколу во собата. Но Вилсон стоел таму долго
време, со лицето залепено на стаклото, кимал со главата,
а погледот му бил вперен во полумракот.
Во шест часот Микаелис веќе бил истоштен и
почувствувал големо олеснување кога слушнал звук на
автомобил како запира пред вратата. Тоа бил еден од
оние луѓе што внимавале на Вилсон претходната ноќ и
што ветил дека ќе се врати. Така тој направил појадок за
тројца, што го изеле Микаелис и тој другиот. Сега Вилсон
бил потсмирен и Микаелис си отишол дома да прилегне.
Кога се разбудил четири часа подоцна, побрзал назад во
гаражата, но Вилсон веќе не бил таму.
Подоцна се утврдило дека пеш стигнал до Порт Рузвелт,
а потоа и до Гедс Хил каде што купил сендвич што не го
изел и едно кафе. Сигурно бил многу изморен и одел
полека, зашто во Гедс Хил стигнал дури напладне. Дотука
не било тешко да се дознае во кое време каде бил, затоа
што многу деца виделе човек што се однесувал како да е
луд, а го виделе и шофери во кои тој гледал чудно одејќи
по крајот на улицата. Потоа цели три часа никој не знае
каде бил. Полицијата претпоставувала, според тоа што
тој му го рекол на Микаелис, дека знае како ќе го најде,
дека тој го злоупотребил тоа време во одење од гаража
до гаража и распрашување за жолтиот автомобил.
Меѓутоа, никој од механичарите од гаражите не рекол
дека го видел и можеби тој нашол посигурен и полесен
начин да го дознае она што сакал да го дознае. Околу два
и пол часот веќе бил во Вест Ег каде што замолил некого
да му го каже патот до куќата на Гетсби. Тоа значи дека

155
дотогаш веќе дознал кој е Гетсби.
Во два часот Гетсби го облекол костимот за капење и му
рекол на слугата, ако некој го бара по телефон, да му ја
пренесат пораката кај базенот. Влегол во гаражата да го
земе гумениот душек, кој лете служел за забава на
неговите гости, а шоферот му помогнал да го напумпа.
Потоа наредил отворениот автомобил никако да не го
вадат од гаражата, а тоа било чудно зашто требало да му
се поправи предниот десен калник.
Гетсби го префрлил душекот преку рамо и тргнал накај
базенот. Еднаш подзастанал и малку го подместил, а
шоферот го прашал дали му треба помош, на што тој
одмавнал со главата и истиот миг исчезнал меѓу
поджолтнатите дрвја.
Тоа попладне никој не го побарал на телефон, но слугата
не отишол да спие, туку чекал до четири чаcot, кога веќе
одамна немало никој на кој би му ја предал пораката,
дури ѝ да стигнела. Мислам дека ни Гетсби не верувал
дека некој ќе го побара, а можеби и му било сеедно. Ако е
точно тоа, тогаш сигурно се чувствувал небаре стариот
свет веќе не постои за него и дека платил превисока цена
за тоа што толку долго живеел само со еден единствен
сон. Сигурно гледал низ застрашувачките лисјата во
непознатото небо и се стресол кога сфатил колку е
гротескна розата и колку се груби сончевите зраци кога
ќе паднат врз штотуку никната трева. Се појавил нов
свет, материјален но нереален, по кој талкаат кутрите
сеништа вдишувајќи соништа место воздух... слични на
онаа фантастична сива фигура што крадешкум му се
приближувала низ безобличните дрвја.
Шоферот - кој беше еден од штитениците на Вулфшим -
ги чул истрелите - но подоцна кажа само дека не им
придал никакво посебно значење. Од станицата отидов
право кај Гетсби, а моето загрижено трчање по главните
скали беше првата работа што некого го вознемири. Но
јас цврсто верувам дека тие веќе знаеле. Речиси без збор,

156
ние четворицата - шоферот, слугата, градинарот и јас -
побрзавме накај базенот.
Водата се движеше слабо, незабележливо, зашто свежа
вода влегуваше од едниот крај, а излегуваше од другиот.
Иако бранчињата одвај можеше така да се наречат,
гумениот душек заедно со него нерамномерно пловеше
по базенот. Слабиот ветрец што одвај ja брануваше
површината на водата, сепак беше доволно силен за да го
смени случајниот правец во кој пловеше душекот со
случајниот товар. Купче лисја во водата му го смени
правецот и тој полека почна да се врти оставајќи танка
црвена трага по водата.
Дури после, кога тргнавме со телото на Гетсби накај
куќата, градинарот го забележа телото на Вилсон малку
потаму во тревата; и така смртта го затвори својот круг.

Глава 9
И сега, по две години, се сеќавам на останатиот дел од тој
ден, таа ноќ и следниот ден, само како на една
бесконечна збрка од полицајци, фотографи, новинари,
кои во непрекината низа влегуваа во куќата на Гетсби и
излегуваа од неа. Преку главниот влез имаше оптегнато
јаже, а еден полицаец го вардеше влезот од љубопитни
луѓе, но децата набргу сфатија дека може да влезат преку
мојот двор и постојано стоеја по неколку околу базенот
со подзинати усти. Некој приземен човек, веројатно

157
детектив, го употреби изразот: „улав човек“ стоејќи тоа
попладне наведнат над телото на Вилсон. Утредента во
весникот беше објавен напис чија содржина беше под
влијание на случајниот авторитет на неговиот глас.
Најголем број од тие написи беа кошмарни - гротескни,
неосновани, тенденциозни и невистинити. Кога
Микаелис при сослушувањето изјави дека Вилсон се
сомневал во жена си, помислив дека целата приказна ќе
продолжи како сочен пасквил, но Кетрин, која можеше да
каже што и да било, не кажа ни збор. Се зачудив колку се
покажа тогаш како карактер - под нацртаните веѓи го
гледаше вештакот со решителен поглед и се заколна
дека сестра ѝ никогаш не се сретнала со Гетсби, дека
била сосем среќна со сопругот и дека немале никакви
непријатности. Дури и самата си веруваше во тоа и
плачеше притискајќи си го шамичето на устата, како да
не можеше да ја поднесе ни самата помисла на такво
нешто. Така Вилсон беше обележан како човек на кој
„болката му го заматила умот“ за да го завршат
поедноставно целиот случај. И остана на тоа.
Но сето тоа изгледаше далечно и неважно. Само јас се
најдов на страната на Гетсби, и тоа сосем сам. Откако ја
известив по телефон Општината Вест Ег за несреќата,
мене ми се обраќаа со сите претпоставки за него и со
сите неопходни прашања. На почетокот бев изненаден и
збунет; но потоа, додека тој лежеше неподвижно во
својата куќа, без да пушти глас, без да вдише, да издише,
сѐ повеќе ме обземаше уверувањето дека јас сум
одговорен за сето тоа, зашто немаше никој што би бил
заинтересиран - сакам да речам дека немаше никој што
би чувствувал некаков длабок личен интерес, на кој на
крајот секој од нас има некое неодредено право.
Ѝ се јавив на Дејзи по телефон половина час откако го
најдовме, ѝ се јавив инстинктивно и без размислување.
Но таа и Том дента рано заминале и носеле куфери со
себе.

158
„Не оставија некоја адреса?“
„Не.“
„Кажаа ли барем кога ќе се вратат?“
„Не.“
„Да не знаете каде се случајно, како можам да ги најдам?“
„Не знам. He можам ништо да ви кажам.“
Сакав да убедам некого да седи со него. Сакав да отидам
во собата каде што лежеше и да го утешам: „Ќе најдам
некој да те чува, Гетсби. He грижи се. Само кажи ми кој, а
јас ќе најдам некој...“
Во именикот не можев да го најдам името на Мајер
Вулфшим. Слугата ми ја даде адресата од неговата
некогашна канцеларија на Бродвеј, па преку
Информации побарав да ми го дадат бројот, но кога го
добив, веќе беше поминало пет часот, така што никој не
ми се јави.
„Ќе сакате ли да се обидете уште еднаш?“
„Веќе трипати ѕвонев.“
„Многу е важно.“
„Жалам. Но таму нема никој.“
Се вратив во салонот и во еден момент ми се стори дека
сите тие официјални лица што ја исполнија собата, се
случајни посетители. Но кога тие го тргнаа чаршафот и
гледаа запрепастено во Гетсби, ми се причини дека го
слушам како негодува: „Слушај, пријателче, мораш да
најдеш некој да ми се најде. Мораш повеќе да се
потрудиш. He можам сам да го издржам сето ова“.
Некој почна да ми поставува прашања, но се извлеков и,
кога се качив гоpe набрзина, почнав да пребарувам низ
отклучените фиоки - Гетсби никогаш категорично не ми
кажа дека родителите му се починати. He најдов ништо,
само фотографијата на Ден Коди ме гледаше од ѕидот,
како симбол на заборавено насилство.
Утредента го пратив слугата во Њујорк со писмо за
Вулфшим во кое го молев за информации и инсистирав
да дојде со првиот воз. Koгa ја напишав молбата, ми се

159
стори одвишна. Бев сигурен дека, кога ќе прочита во
весниците, веднаш ќе дојде, исто како што бев сигурен
дека уште претпладне ќе дојде телеграма од Дејзи - но не
дојдоа ни телеграма од Дејзи ни господин Вулфшим.
Никој не дојде, освен полицијата, фоторепортерите и
новинарите. Кога слугата се врати со одговорот од
Вулфшим, во мене почна да се распламтува пркос,
некаква презрива солидарност со Гетсби против сите
нив.
„Драги господине Керевеј.
Ова е еден од најстрашните удари во мојот живот. Тешко
ми е да поверувам дека ова е вистина.
Налудничавото дело што го сторил тој човек, би требало
сите да не замисли. Ceгa не можам да дојдам затоа што
сум ангажиран со една многу важна работа. Ако има
нешто што можам да сторам малку подоцна - ве молам,
известете ме со писмо по Едгар. Кога ќе чујам за вакви
работи, просто не знам каде сум и затоа се чувствувам
сосем исцрпен.
Со почит,
Мајер Вулфшим“
А подолу набрзина додал:
„Јавете ми кога ќе биде погребот, итн. He познавам
никого од неговото семејство“.
Кога заѕвони телефонот тоа попладне и ми јавија дека
имам меѓуградска линија со Чикаго, помислив дека тоа
конечно е Дејзи. Но кога се воспостави врската, чув
машки глас, многу танок и далечен:
„На телефон е Слегл...“
„Молам?“ Името ми беше непознато.
„Гадно писмо нели? Ја доби ли мојата телеграма?“ „Не
пристигнала ниедна телеграма.“
„Малиот Парки е во невола“, рече брзо. „Го фатија кога ги
продавал обврзниците на благајна. Само пет минути
пред тоа добиле циркуларно писмо од Њујорк во кое
биле назначени броевите. Знаеш ли нешто за тоа? Во тие

160
провинциски градови никогаш не се знае...“
„Ало!“ го прекинав без да земам воздух. „Слушајте, на
телефон не е Гетсби. Господин Гетсби е мртов.“
На другиот крај на линијата настана долга тишина, а
потоа се слушна извик... потоа некој чуден звук и
линијата се прекина.
Мислам дека на третиот ден дојде телеграма со потпис
Хенри Ц. Гац од некој град во Минесота. Во телеграмата
стоеше дека праќачот веднаш тргнува, а погребот да се
одложи додека да пристигне.
Тоа беше татко му на Гетсби, старец со сериозен изглед,
многу беспомошен и збунет, завиткан во некакво долго и
евтино палто, иако беше топол септемвриски ден. Од
возбуда постојано му течеа солзи, a кога му ги позедов
патната торба и чадорот, почна да си ја скубе ретката
бела брада, така што со мака успеав да му го соблечам
палтото. Беше толку онемоштен, што во секој момент
можеше да се онесвести, па го одведов во музичката соба,
го натерав да седне и побарав да му донесат нешто за
јадење. Но не сакаше да јаде, а чашата со млеко ја истури
зашто раката силно му се тресеше.
„За ова дознав од чикашките весници“, рече. „Сѐ беше во
чикашките весници. Веднаш тргнав.“
„Јас не знаев како да ве најдам.“
Неговите очи, не гледајќи всушност ништо, непрекинато
кружеа по собата.
„Тој бил некој лудак.“ рече. „Сигурно бил луд.“
„Сакате ли кафе?“ го понудив.
„Не сакам ништо. Сега ми е сосем добро, господине...“
„Керевеј.“
„Да, сега ми е добро. Каде е Џими?“
Го одведов во салонот, каде што беше положено телото
на син му, и го оставив таму. Неколку дечиња имаа
дојдено до скалите и ѕиркаа во ходникот; а кога им кажав
кој дошол, безволно се оддалечија.
По некое време господин Гац ја отвори вратата и излезе,

161
устата му беше подотворена, во лицето беше малку
поцрвенет, а од очите му капнуваше одвреме- навреме
понекоја солза. Беше во оние години кога смртта веќе не
изгледа како сенишно изненадување. Кога погледна овој
пат наоколу, првпат забележа колку е висок ходникот и
колку е раскошен, колку се огромни сите соби, дека низ
нив се поминува во други соби, па болката почна да му се
меша со восхит и гордост. Го одведов во една спална на
горниот кат и, додека ги соблекуваше палтото и елекот,
му реков дека сите подготовки за погребот се одложени
до неговото доаѓање.
„Не знаев што ќе сакате, господине Гестби.“
„Не Гетсби, Гац.“
господине Гац. Мислев дека можеби ќе сакате
да го однесете телото на син ви на Запад.“
Тој одмавна со главата.
„Џими отсекогаш повеќе сакаше на Исток. Тој се издигна
на оваа положба, тука, на Исток. Вие му бевте пријател на
моето чедо, господине...?“
„Бевме блиски пријатели.“
„Знаете, го чекаше светла иднина. Беше млад, но имаше
доста овде.“
Со прстот впечатливо покажа кон главата, а јас кимнав
потврдно.
„Да останеше жив, ќе станеше многу голем човек. Човек
каков што е Џемс Џ. Хил33. Ќе придонесеше за развојот на
земјата.“
„Вистина“, реков јас со извесна неугодност.
Ја допре везената покривка и се обиде да ја тргне од
креветот, а потоа легна целиот вкочанет и веднаш заспа.
Таа ноќ се јави на телефон и еден очигледно уплашен

33 Хил (1838-1916) бил железнички тајкун. И тој, како


и Фицџералд, бил од Сент Пол, Минесота. Неговата
компанија Нортерн секјуритис пропаднала поради
законите за спречување на монополизацијата во 1904 г.

162
човек и, пред да си го каже името, бараше јас да се
претставам.
„Господин Керевеј е тука“, реков.
„Ох!“ извика како да му олесна. „Овде е Клипспрингер.“
Но и мене ми олесна зашто поверував дека уште некој ќе
се најде покрај гробот на Гетсби. He сакав тоа да биде
објавено преку весник и да привлече љубопитна маса и
затоа јас лично повикав само неколкумина. Беше тешко
да ги најдам.
„Погребот ќе биде утре“, реков. „Во три часот. Овде, во
куќава. Ќе им пренесете ли на сите заинтересирани?“
„О, се разбира“, рече брзо тој. „Веројатно нема да сретнам
никој познат, но ако сретнам, ќе кажам.“
Неговиот начин на зборување ми се стори сомнителен.
„Се разбира дека и вие ќе дојдете.“
„Па, секако ќе се обидам. Јас всушност се јавив за...“
„Чекајте малку“, го прекинав. „Зошто отворено не кажете
дека ќе дојдете?“
„Па, тоа е работата - ако сакате да ја знаете вистината,
сега сум тука со некои луѓе во Гринвич34 и тие би сакале
да останам со нив и утре. Всушност, некој пикник има
тука. Се разбира, ќе се обидам на секаков можен начин да
се извлечам.“
He можев да се воздржам да не викнам „Оф!“ a тој
сигурно ме чул, зашто продолжи вознемирено:
„Јас всушност се јавив поради еден чифт чевли што ги
заборавив таму. He знам дали ќе ви биде тешко да ми ги
пратите по слугата. Знаете, тоа се чевли за тенис, а јас без
нив не можам да живеам. Мојата адреса е В. Ф...“
He го чув целото име зашто ја спуштив слушалката.
Потоа се чувствував малку засрамен поради Гетсби - така
еден господин кому му се јавив ми рече дека тој си го

34 Богат град во Конектикат, северно од Њујорк, создаден


од колонизатори.

163
добил тоа што го заслужил. Меѓутоа, тоа беше моја
грешка, зашто тој беше еден од оние што уживаа да му се
потсмеваат на Гетсби охрабрени од неговиот алкохол и
јас не требаше воопшто да му се јавам.
Следното утро, на денот на погребот, отидов во Њујорк
кај Мајер Вулфшим, зашто очигледно не можев да го
добијам на никаков друг начин. На вратата што ја
отворив по совет на момчето што го управуваше лифтот
стоеше натпис Компанија Прекршен крст и на почетокот
не изгледаше дека внатре има некој. Но кога
неколкупати напразно викнав здраво, се слушна некаква
расправија зад една преграда и набргу на внатрешната
врата се појави една убава Еврејка испитувајќи ме со
црните непријателски очи.
„Никој нема“, рече таа. „Господин Вулфшим замина за
Чикаго.“
Првиот дел од тоа што го рече очигледно не беше
вистина, зашто внатре некој почна да ја свири со уста
Молитва, но сосем без слух.
„Ве молам, кажете му дека господин Керевеј сака да се
види со него.“
„Но не можам да го доведам од Чикаго дотука, нели?“
Во тој момент еден глас, што бездруго беше на Вулфшим,
се слушна од другата страна на вратата „Стела!“
„Запишете овде како се викате“, брзо ми рече таа. „Ќе му
го дадам кога ќе се врати.“
„Но јас знам дека е тука.“
Таа ми пристапи еден чекор и фати налутено со рацете
да си ги мазни колковите.
„Вие младите луѓе мислите дека во секое време може да
влезете тука“, се лутеше. „Веќе ни е здодеано од тоа. Кога
велам дека е во Чикаго, тогаш е во Чикаго...“
Го споменав Гетсби.
„Ооо!“ повторно ме погледна. „Ќе сакате ли, ве молам...
Како рековте дека се викате?“
Исчезна. За миг Мајер Вулфшим се појави свечено на

164
вратата подавајќи ми ги двете раце. Me повлече во
својата канцеларија забележувајќи со глас полн со почит
дека на сите ни е многу тешко и ми понуди пура.
„Се сеќавам кога првпат го сретнав“, рече тој. „Беше млад
мајор кој штотуку излегол од војската, a целиот нареден
со медали што ги добил во војната. Беше толку
сиромашен што мораше да ја носи униформата зашто
немаше пари да си купи никаква цивилна облека. Првпат
го видов кога дојде во салата за билјард кај Вајнбернер
на Четириесет и третата улица и бараше работа. Немаше
јадено веќе неколку дена. Ела со мене на ручек, му реков.
За половина час изеде храна за повеќе од четири
долари.“
„Вие ли го воведовте во работата?“ го прашав.
„Дали сум го вовел? Јас го создадов.“
„О!“
„Јас го подигнав, го извлеков од калта. Веднаш видов
дека е млад човек што изгледа многу отмено, имаше
држење на господин и, кога ми кажа дека студирал на
Оксфорт, знаев дека ќе ми биде многу корисен. Го
натерав да влезе во американската легија35 и таму имаше
висока функција. Веднаш сврши една работа за еден мој
клиент во Албени. Бевме многу блиски соработници“, и
ги подигна двата ковчести прста - „секогаш заедно“.
Се прашував дали тоа нивно партнерство ја опфаќало и
трансакцијата за Светското првенство во 1919 г.
„Сега е мртов“, реков по кратка пауза. „Вие му бевте
најблизок пријател, затоа знам дека би сакале попладне
да му дојдете на погребот.“
„Би сакал да дојдам.“

35 Американската легија била основана во 1919 г. и била


најважната организација за воените ветерани.
Членството зависи од завршувањето на воениот рок.
Вулфшим очигледно сакал Гетсби да се вклучи во
Легијата за да прати јасна порака за својот интегритет.

165
„Па тогаш дојдете.“
Влакната во ноздрите малку му затреперија, а кога
одмавна со главата, очите му беа полни со солзи.
„Не можам... не можам да се вмешувам таму“, рече.
„Нема во ништо да се мешате. Сега сѐ е готово.“
„Кога е убиен човек, никогаш не сакам на никаков начин
да се вмешам во тоа. Ќе бидам настрана. Кога бев помлад,
беше друго... Кога ќе умреше некој мој пријател, не е
битно како, останував покрај него до крајот. Можеби за
вас тоа е сентименталност, но навистина беше така -
останував до самиот крај колку и да беше лош.“
Ми стана јасно дека од некои свои лични причини решил
да не доаѓа, па затоа станав.
„И вие сте студирале?“ праша ненадејно.
За миг помислив дека има намера да ми понуди делофна
фрска, но тој само ја заниша главата и ми ја стегна
раката.
„Да научиме да им го покажуваме пријателството на
луѓето додека се живи, а не кога ќе умрат“, ме поучи.
„Потоа, моето правило е да се тргнам настрана.“
Koгa заминав од неговата канцеларија, небото беше
темно и, додека се враќав во Вест Ег, почна да врне ситен
дождец. Се преоблеков и отидов отспротива, го најдов
господин Гац како возбудено шета во ходникот. Сѐ
повеќе се гордееше со сина си и со неговото богатство, па
сега сакаше нешто да ми покаже.
„Оваа слика ми ја прати Џими.“ Со треперливи прсти го
извади паричникот. „Еве.“
Тоа беше фотографија на куќата; прекршена на
ќошињата и извалкана од често држење в раце.
Нестрпливо ми го покажуваше секој детаљ. „Гледајте го
ова!“ А потоа во моите очи бараше восхит. Толку често ја
имал покажувано што мислам дека и сега му беше
пореална од самата куќа.
„Џими ми ја прати. Мислам дека сликата е многу убава. Сѐ
се гледа убаво.“

166
„Одлично. Го гледавте ли во последно време?“ „Дојде да
ме види пред две години и тогаш ми ја купи куќата во
која живеам сега. Се разбира, бевме без скршена пара
кога побегна од дома, но сега гледам дека имал причина
за тоа. Знаел дека го чека светла иднина. И откако успеа,
секогаш беше многу дарежлив кон мене.“
Се чинеше дека се колеба дали да ја врати фотографијата
во џебот. Ми ја држеше уште некоја минута пред очи.
Потоа ја врати во паричникот, а од другиот џеб извади
еден распартален примерок од книгата со наслов
Хополонг Касиди36.
„Гледајте, оваа книга ја читаше кога беше дете. Тоа ви
кажува сѐ.“
Ја отвори задната корица и ми ја подаде да видам на
последната чиста страница на која со печатни букви
беше напишан зборот Распоред37 и датум 12 септември
1906 г. А под тоа:
Станување 6 часот наутро
6.15 - 6.30
Вежбање со тегови и качување по ѕид
7.15 - 8.15
Учење за електричната енергија итн.

36 Популарен измислен лик на каубој кој во истоимениот


роман го создал Кларенс Малфорд во 1910 г. Се работи за
неконзистентност. Романот за Гетсби е пишуван во 1906 г.
Фицџералд го користи Хопалонг Касиди како ироничен
контрапункт на неговата референција за Бенџамин
Френклин.
37 Пародија на Шемата на редот од Бенџамин Френклин

(1706- 1790) во вториот дел од неговата Автобиографија


(1791 г.; прво целосно издание на англиски јазик 1868 г.).
Френклин, кој бил научник, политичар и писател, напишал
распоред за самоподобрување во кој секоја задача имала
одредено време.

167
Работа 8.30 -16.30
Бејзбол и спорт 16.30 -17.00
17.00 -18.00
Вежбање на убаво изразување и држење

Проучување на потребни изуми 19.00 - 21.00

Општи одлуки
♦ Да не се денгуби кај Шефтерови или
(името е нечитливо)
♦ Да не се пуши или да се џвака тутун.
♦ Капење секој втор ден.
♦ Неделно да се прочита по една добра
книга или списание.
♦ Да се заштедат пет долари (ова
прецртано) - три долари неделно.
♦ Подобар однос кон родителите.
„Случајно наидов на ова“, рече старецот. „Ова покажува
точно каков беше Џими, нели?“
„Да, така е.“
„Џими мораше да успее. Секогаш донесуваше вакви или
слични одлуки. Забележавте ли што сѐ правел за да стане
попаметен? Секогаш се истакнуваше во такви нешта.
Еднаш ми рече дека јадам како свиња, а јас го истепав.“
Му беше тешко да ја затвори книгата и секој ред ми го
читаше гласно, а потоа ме гледаше со сјај во очите.
Мислам дека очекуваше да го препишам тоа за да се
служам со него.
Малку време по три часот пристигна лутеранскиот
свештеник од Флашинг, а јас почнав да гледам
нестрпливо низ прозорецот дали ќе дојде некој друг

168
автомобил. Истото го стори и татко му на Гетсби. Но,
бидејќи времето одминуваше, а слугите влегоа и стоеја
чекајќи во претсобјето, тој почна да трепка со очите и да
зборува за дождот потиштено и загрижено. Свештеникот
неколкупати си погледна во часовникот, па јас го тргнав
настрана и го замолив да почека уште половина час. Но
залудо беше. Никој не дојде.
Околу пет часот нашата процесија, што се состоеше само
од три автомобили, пристигна до гробиштата и застана
пред влезот. Силно врнеше дожд. Прво застана
автомобилот со мртовецот, страшно црн и влажен. Потоа
господин Гац и свештеникот и јас во лимузината, a пo нас
во караванот на Гетсби четири-пет слуги и поштарот од
Вест Ег, сите утоп мокри. Кога се упативме низ влезот
накај гробиштата, чув како застанува некој автомобил и
потоа како некој шлапка по раскашавената земја
следејќи нѐ. Се свртев, а тоа беше човекот со очила како
на був што една ноќ пред три месеци го видов во
библиотеката како им се одушевува на книгите на
Гетсби.
Оттогаш воопшто го немав видено. He знаев како дознал
за погребот, а не му го знаев ни името. Дождот му се
слеваше по дебелите очила, а тој ги вадеше и ги бришеше
за да го види заштитното платно што го вадеа од гробот
на Гетсби.
Тогаш за миг се обидов да мислам на Гетсби, но тој веќе
беше предалеку. Во мислите ми дојде само Дејзи, која
ниту прати цвеќиња ниту се јави, но јас не ѝ се лутев.
Нејасно слушнав како некој мрмори „Бла гословени се
мртвите врз кои врне дожд“, а потоа човекот со очи како
на був тврдо рече „Амин“.
Брзо се довлечкавме по дождот до нашите автомобили.
Кај портата, човекот со очи како на був ми се обрати.
„Не можев да дојдам до куќата“, ми рече.
„Не дојдоа ни другите.“
„Навистина?“ се изненади. „О Господе Боже, па таму се

169
вртеа со стотици.“
Ги извади очилата и пак ги избриша и однадвор и
однатре.
„Што судбина го снајде“, рече.
Еден од најживите спомени ми е враќањето дома на
Запад за божичните празници, прво од училиштето, а
подоцна од колеџот. Оние што патуваа подалеку од
Чикаго ќе се собереа на старата темна железничка
станица на улицата Јунион во шест часот во декември, со
неколку пријатели од Чикаго кои веќе беа празнично
расположени, кои доаѓаа да им посакаат набрзина среќен
пат. Се сеќавам на девојките во бунди што се враќаа од
некој избор на нешто нај, брбореа за неважни работи
додека здивот им замрзнуваше, се сеќавам и на рацете
што мавтаа над главите штом ќе видеа оддалеку некој
стар познајник и на меѓусебните довикувања: „Одите ли
кај Ордвејови? или кај Херсиеви? или Шулцови?“ се
сеќавав и на долгите зелени билети што ги држевме во
рацете со ракавици. И на крајот се сеќавав на
потемнетите жолти вагони на железницата што ги
поврзуваше Чикаго, Милвоки и Сент Пол38, кои изгледаа
празнично така застанати на шините покрај портата.
Koгa ќе тргневме во зимската ноќ и кога вистински снег,
нашиот снег, ќе почнеше да врне покрај нас и да светка
одбивајќи се од прозорците на возот и кога ќе ги
одминевме придушените светилки на малите
висконсински железнички станици, во воздухот ќе се
почувствуваше некаква остра и жива напнатост. Додека
се враќавме од вечера низ студените ходници, длабоко
ги вдишувавме тие сцени, неискажливо свесни дека во
тој необичен час и ние и оваа земја сме едно, пред да се
стопиме и да исчезнеме во неа.

38 Оваа железница ги поврзувала Чикаго и Сент Пол во


Минесота каде што бил роден Фицџералд.

170
Тоа е мојот Среден запад - не неговата пченица или
прериите или зафрлените градови на шведските
доселеници, туку тие возбудливи враќања со воз во
мојата младост, уличните светилки, ѕвончињата на
санките во ледениот самрак и сенките на божичните
венци што паѓаа на снегот низ осветлените прозорци. Јас
сум дел од сето тоа, сериозен сум како нашите долги
зими, задоволен што сум пораснал во куќата на
Керевејови во град каде што куќите веќе со децении се
распознаваат по имињата на семејствата. Ceгa сфаќам
дека ова е приказна за Западот, на крајот на краиштата -
Том и Гетсби, Дејзи и Џордан и јас, сите бевме од Запад, а
можеби сите носевме во себе некаков заеднички
недостаток што на некаков незабележлив начин не ни
дозволуваше да се приспособиме кон животот на Исток.
Дури и кога Истокот најмногу ми се допаѓаше, и кога бев
сосем свесен за неговите предности во однос на
здодевните расфрлени, пренатрупани градови подалеку
од реката Охајо, каде што само децата и многу старите
луѓе беа поштедени од бескрајни испрашувања - и тогаш
ми се чинеше дека во него има нешто изопачено. Особено
Вест Ег сѐ уште ми се појавува во почудните соништа. Го
гледам како некоја ноќна сцена од Ел Греко; стотина
куќи, исто времено и вообичаени и гротескни, стуткани
под стушеното и заканувачко небо и угаснатата
месечина. На преден план четворица мажи во свечена
облека тржествено одат по тротоарот со носилка на која
лежи пијана жена во бел вечерен фустан. Раката, што ѝ
виси преку страницата на носилката, ѝ болскоти од
студениот сјај на скапоцените камења. Луѓето траурно
свртуваат кон една куќа - не е тоа вистинската куќа. Но
никој не ѝ го знае името на жената и никому не му е
гајле.
По смртта на Гетсби, Истокот ми беше некако полн со
духови, обезличен до тој степен што моиве очи не можеа
да го поправат. И така, кога во воздухот почна да се

171
чувствува синкавиот чад од крутите лисја и кога ветрот
почна да ги вкочанува мокрите алишта на јажето на кое
беа прострени, јас решив да се вратам дома.
Требаше само уште едно нешто да завршам пред да
заминам, нешто непријатно со кое изгледа ќе беше
подобро да не се зафаќам. Но сакав да ги оставам
работите во ред, а не да се уверувам дека
исполнителното и рамнодушно море ќе скрие сѐ што сум
му фрлил. Се видов со Џордан Бејкер и разговаравме за сѐ
што ни се имаше случено на двајцата, а потоа за сѐ што
ми се случило мене, додека таа лежеше сосем мирно
облегнатаа на голем стол со потпирач и ме слушаше.
Беше облечена во опрема за голф, а јас се сеќавам дека
тогаш помислив дека изгледа како некаква добра
илустрација, со милно напрчена брада, со коса со боја на
есенски лисја, а кожата на лицето ѝ имаше добиено иста
кафеава боја како и ракавицата без прсти што ѝ беше
префрлена на коленото. Koгa завршив, ми кажа без
никакво дополнително објаснување дека е свршена за
некој човек. Се посомневав во тоа, иако имаше
неколкумина за кои таа би можела да се омажи само ако
кимнеше со главата. Но се преправав дека сум изненаден.
Во еден момент се прашав дали грешам, а потоа брзо
размислив што правам и станав да се поздравам.
„Сепак, ти ме напушти“, одеднаш рече Џордан. „Ме
напушти кога разговаравме по телефон. Сега не ми
значиш ништо, но тогаш ми беше ново искуство и некое
време бев малку зашеметена.“
Се ракувавме.
„О, а дали се сеќаваш...“ додаде „...на муабетот за возење
на автомобил?“
„Па - не сосем.“
„Ми рече дека лошиот возач е сигурен сѐ додека не
сретне друг лош возач, нели? Ете, јас сретнав друг лош
возач, нели? Мислам дека сум била многу невнимателна
штом сум направила таква грешка. Те сметав за

172
прилично чесен и отворен човек. Мислев дека тајно се
гордееш со тоа.“
„Имам триесет години“, реков. „Пред пет години можеби
и успевав да се залажувам и да го нарекувам тоа чесност.“
Џордан не рече ништо. Си отидов лут и сѐ уште малку
вљубен во неа и многу тажен.
Едно попладне кон крајот на октомври се сретнав со Том
Бјукенен. Одеше пред мене по Петтата авенија како што
единствено знаеше, брзо и пркосно. Рацете му беа малку
одвоени од телото, како да беа подготвени да одбијат
напад, а главата брзо му се вртеше ваму-таму
приспособувајќи се кон движењата на неговиот немирен
поглед. Токму во моментот кога малку подзастанав, за да
не го престигнам, и тој застана и почна намуртено да се
џари во излогот на еден дуќан за накит. Одеднаш ме
забележа и се врати со подадена рака.
„Што ти е, Ник? Зар не сакаш да се поздравиш со мене?“
„Да, добро знаеш што мислам за тебе.“
„Ти си будала, Ник“, рече брзо. „Сосем си полудел. He знам
што ти е.“
„Том“, го прашав, „што му рече она попладне на Вилсон?“
Me гледаше зачудено без да изусти ни збор и тогаш се
убедив дека моите претпоставки за тие загубени часови
беа точни. Тргнав да си одам, но тој ме зграпчи за раката.
„Му ја кажав вистината“, ми рече. „Дојде на вратата кога
се подготвувавме да тргнеме, а кога слугите му рекле
дека не сме дома, сосила пробал да се качи гope. Беше
доволно луд да ме убие ако не му кажев чиј беше
автомобилот. Додека беше внатре, раката постојано му
беше во џебот, каде што го држеше револверот.“ Пркосно
се исправи. „И што ако му кажав? Да не не заслужи оној?
Ти фрли пепел в очи исто како и на Дејзи, но не беше
таков каков што ви се претставуваше. Ја прегазил Миртл
како да е куче, па уште не ни застанал.“
Немав што друго да му кажам - освен еден факт, дека тоа
не беше вистина, но не можев да му го кажам тоа.

173
„Немој да мислиш дека јас не претрпев никаква болка -
слушај, кога отидов да го откажам станот и ја забележав
кутијата кучешки бисквити на креденецот, седнав и
плачев како дете. О Господе, страшно беше...“
He можев да му простам, ниту да имам какво било
позитивно чувство кон него, но се уверив дека тоа што го
сторил, за него беше апсолутно оправдано. Се работеше
за невнимание и недоразбирање. Том и Дејзи беа
невнимателни луѓе. Упропастуваа и предмети и луѓе, а
потоа се повлекуваа безбедно зад оградата од нивното
богатство или од неизмерната негрижа или што и да
беше тоа што ги држеше заедно, принудувајќи ги
другите луѓе да се справуваат со безредието што тие го
оставаа зад себе...
Се ракував со него; ќе беше глупаво да не се ракувам,
зашто одеднаш се почувствував како да разговарам со
дете. Потоа влезе во златарницата да купи бисерен
ѓердан - или можеби само чифт копчиња манжетни - и
засекогаш се ослободи од моето провинциско
ситничарење.
Кога заминав, куќата на Гетсби беше сѐ уште празна -
неговиот тревник беше обраснат исто како мојот. Еден
таксист од селото, секојпат кога превезуваше патници и
кога ќе поминеше покрај главната порта, ќе подзапреше
покажувајќи кон куќата; можеби беше истиот што ги
возел Дејзи и Гетсби за Ист Ег онаа ноќ кога се случила
несреќата, а можеби и самиот си имаше измислено
приказна. Јас не сакав да го слушам и секогаш го
избегнував кога слегував од воз.
Саботните вечери ги минував во Њујорк зашто ми беа
многу живо во сеќавањето блескавите гламурозни
забави на Гетсби, па сѐ уште ми се чинеше дека тивко, но
постојано, слушам музика и смеење од неговата градина,
како и брмчење на автомобили по патот пред неговата
куќа. Една ноќ чув звук од вистински автомобил и видов
како фаровите запираат пред главните скали. Но не

174
прашав кој е. Веројатно беше некој последен гостин што
бил некаде на крајот на светот и не знаел дека забавата
заврши.
Последната ноќ, кога куферот ми беше спакуван, а
автомобилот му го продадов на бакалот, отидов уште
еднаш да ја погледнам таа огромна, дисхармонична утка
од куќа. На белите скали, веројатно некое момче, со
парче тула напишало еден непристоен збор што можеше
јасно да се прочита на месечевата светлина. Го избришав
триејќи со чевелот по каменот. Потоа прошетав до
плажата и се истегнав на песокот.
Повеќето од големите куќи на брегот сега беа затворени,
а можеше да се забележи само понекоја светилка и
јасниот отсјај на патничкиот брод што пловеше преку
протокот. Додека месечината се издигаше повисоко,
неважните куќички се стопуваа во една аморфна маса,
додека постепено не се појави пред мене стариот остров
што некогаш одамна го виделе холандските морнари -
свежа, зелена пазува на Новиот свет. Неговите исчезнати
дрвја, дрвјата што ѝ го отстапиле местото на куќата на
Гетсби, некогаш шепотливо ветувале исполнување на
последниот и најголемиот од сите човечки соништа; во
еден минлив момент на занес на човек сигурно му запрел
здивот кога се нашол пред овој континент, присилен на
естетско набљудување кое тој ниту го разбирал ниту го
посакувал, последен пат во историјата соочен со нешто
што е соодветно на неговата способност за чудење.
И додека седев така и размислував за стариот непознат
свет, помислив на одушевувањето на Гетсби кога првпат
ја забележал зелената светилка на крајот на докот на
Дејзи. Поминал долг пат за да стигне до овој синкав
тревник, а неговите соништа сигурно му се чинеле толку
блиску, што одвај имало нешто што би го спречило да ги
досегне. He знаел дека сето тоа веќе останало зад него,
некаде назад во таа недогледна темнина отаде градот,
каде што мрачните полиња на републиката се протегаат

175
во ноќта.
Гетсби веруваше во зелената светлина, во
соблазнителната иднина што од година на година е сѐ
подалеку од нашиот досег. Овој пат ни избега, но ништо,
утре ќе почнеме да трчаме побрзо, ќе ги протегнеме
рацете уште подалеку... И едно сончево утро...
Така ние се пробиваме со чун спроти струјата што
непрекинато нѐ враќа назад во минатото.

176
Френсис Скот Фицџералд (1896 -1940) е
еден од најголемите автори во
американската и светската литература
на 20 век, припадник на т.н. „изгубена
генерација“ чии дела ја одбележале
ерата на џезот.
Роден е во католичко семејство од
средна класа во Сент Пол, Минесота.
Татко му бил неуспешен трговец со
мебел, алкохолчар кој постојано запаѓал
во долгови, но неговата мајка успевала да ги одржи
благодарение на нејзиното семејно наследство. Уште
како момче, соучениците и наставниците го сметале
Фицџералд за исклучително интелигентно дете особено
заинтересирано за литературата. На тринаесет- годишна
возраст, додека учел во Њу Џерси, во училишниот весник
за првпат се објавил негов расказ.
Во 1913 година се запишал на Универзитетот во
Принстон, каде што се спријателил со литературниот
критичар Едмунд Вилсон. Во студентските денови бил
вљубен во Џиневра Кинг, девојка од високите
општествени кругови во Чикаго, мошне значајна во
неговиот личен и творечки живот. Таа му била
инспирација за многу женски ликови, меѓу кои и за Дејзи
од „Големиот Гетсби“. Но поради разликата во нивните
класи, врската им била неуспешна. Следната љубовна
врска исто така го обележува неговиот живот.
Непосредно по враќањето од Првата светска војна, како
пешадиски поручник, во 1918 година се запознава со
Зелда Сејр, која станува и негова свршеница. Иако тогаш
работел во рекламна агенција, Зелда не била сигурна
дека ќе може да ја издржува, па ја раскинала
свршувачката. Очаен, Фицџералд се вратил во
родителскиот дом за да го преработи романот
„Романтичен егоист“. Со новиот наслов „Оваа страна на

177
рајот“, во 1920 г. романот му бил прифатен за издавање и
веднаш доживеал огромен успех. Истата година Зелда му
се вратила и тие се венчале.
Во 1924 година семејството се преселило во Европа, каде
што ја напишал „Големиот Гетсби“. Во Франција се
зближил со Гертруда Стајн, Џејмс Џојс, Езра Паунд и
особено со Хемингвеј, како и со други автори кои
подоцна ќе се вбројат во „изгубената генерација“.
Во 1934 г., по неуспехот на романот „Нежна е ноќта“,
Фицџералд доживеал нервен слом. По закрепнувањето
се преселиле во Холивуд, каде што работел како
сценарист. Со разнишано здравје поради
долгогодишните проблеми со алкохолот, починал во
1940 година, по два срцеви удара. Ракописот на неговиот
последен роман го завршил неговиот пријател Едмунд
Вилсон, кој го објавил во 1941 година под насловот
„Последнот тајкун“. Други познати дела на Фицџералд
кои и денес побудуваат несмален интерес се
филмуваната новела „Чудниот случај на Бенџамин
Батон“, „Привлечност“, „Повторно во Вавилон“, „Убави и
проклети“, „Нежна е ноќта“ итн.
„Големиот Гетсби“ и во 21 век е бестселер што се
продава во милионски тиражи низ светот и е вклучен во
задолжителната лектира во многу средни школи и
универзитети.

178
Ф. Скот
Фицџералд

Ни оган ни мраз не можат да го уништат она што се


крие во човековото срце.
Сместен среде раскошот на површната убавина, во
гламурозната стварност стежната од модерни имиња,
автомобили и брендови, Џеј Гетсби со сите мрачни
тајни на своето минато се обидува да ја оствари
својата љубов кон Дејзи Бјукенен. Раскажана од
перспектива на нејзиниот братучед Ник Керевеј, оваа
приказна е едно од најпознатите дела на Фицџералд,
извонреден спој на американскиот сон и моралната
декаденција во ерата на џезот.
Светот е пред морален колапс. Животот тече во
изобилство и разврат, со губење на основните
морални вредности. Парадоксалната длабочина на
постоењето која ја чувствуваме и денес, ја гледаме низ
очите на нараторот, кој се запознава со духовно
сиромашниот аристократски живот во кој најголем
антагонист е самото време.
Класика без која не може да се замисли современата
книжевност. Книга неопходна за човековото срце, без
која не ќе може да се пробие низ струјата што
непрекинато го враќа назад, во минатото.

179

You might also like