Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 15

СУГС ГИМНАЗИЈА ,,ЈОСИП БРОЗ ТИТО’ -СКОПЈЕ

Матурска проектна задача по предметот


Вовед во правото

Тема: Забрана за двојно судење или казнување

Ментор: Изработил:
Проф. Сузана Aндреска Нина Маринковиќ IV-7

Скопје,Март 2024
Содржина

Вовед. ........................................................................................................................................... 2

Опис на предметот ........................................................................................................................ 3

Анализа на пресудата на Апелациониот суд во Гостивар со која утврдил прекршување на


начелото Non bis in idem ...............................................................................................................5

Праксата на ЕСЧП која се поврзува со Пресудата на Апелациониот суд во Гостивар ............... 7

Заклучок ..................................................................................................................................... 13

Користена литература ................................................................................................................. 14

1
Вовед

Начелото Non bis in idem претставува суштински важно начело на кривичната постапка.
Ова начело одредува дека се забранува повеќекратно судење на исто лице за исто дело за
кое тојпретходно бил правосилно осуден. Забраната Non bis in idem е опфатена во членот 7
на Законот за кривична постапка на Република Северна Македонија, како и во членот 4 на
Седмиот протокол кон Европската конвенција за човекови права.
Цел на ова правна анализа е да ја анализирам пресудата КЖ.бр.267/18 на Апелациониот суд
во Гостивар донесена на 31.01.2019 година. Анализата посебно ќе се осврене на праксата на
Европскиот суд за човекови права во однос на членот 4 на Седмиот протокол на Европската
конвенција за човекови права, со цел да се направи споредба во однос на дефиницијата на
поимите кои се поврзуваат со начелото Non bis in idem, како и начинот на образложување на
судските пресуди во контекст на ова начело.

2
Март 2024
Опис на предметот

Во овој случај се работи за кривичен настан кој во пресудата на Основниот суд Гостивар
со број К-311/16 е квалификуван како кривично дело „Насилство“ од чл. 386 ст.3 в.в. со ст.1
од Кривичен Законик. Апелациониот суд во Гостивар во пресудата КЖ.бр.267/18 одлучувал
пожалбите покренати во однос на првостепената пресуда за овој предмет.
Основниот суд Гостивар, со обжалената пресуда К-311/16 од 23.05.2018 година, обвинетите
ги огласил за виновни за кривично дело Насилство по чл.386 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ и им
изрекол алтернативна мерка-Условна осуда, односно казна затвор во траење од по 6-шест
месеци и истовремено определил дека утврдените казни затвор нема да се извршат доколку
обвинетите во рок од 2 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.
Обвинетите биле осудени затоа што на ден 20.09.2015 година, околу 20,00 часот, пред
бутик во Гостивар, со вршење грубо насилство телесно повредиле друг и со тоа во јавноста
предизвикале чувство на несигурност, загрозување или страв на начин што пред влезната
врата пред бутикот, физички ги нападнале оштетените со летви во должина околу 1.5 од кои
удари оштетените добиле повеќе видови телесни повреди. На местото на настанот биле
присутни повеќе граѓани кои се обидувале да помогнат, но поради средствата со кои
обвинетите делувале при физичкиот напад, истите се плашеле да ги спречат во нивните
дејствија. Обвинетите преку нивниот бранител изјавиле жалба против првостепената пресуда
побивајќи ја пресудата поради суштествени повреди на одредбите од ЗКП, погрешно и
нецелосно утврдена фактичка состојба, погрешна примена на КЗ, и поради одлуката за
кривичната санкција. Главниот аргумент на нивната жалба е токму повикувањето на
обвинетите на начелото Non bis in idem со објаснување дека за истиот кривичноправен
настен тие веќе претходно биле правосилно осудени, и тоа од инстиот основен суд. Имено, со
решение на Оновниот суд Гостивар К-530/15 од 26.09.2016 година, правосилно на ден
20.12.2016 година, на обвинетите изречена им е судска опомена, согласно чл.59 ст.2 в.в. со
ст.4 од КЗ, за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, затоа што на
ден 20.09.2015 година, околу 20,00 часот во Гостивар, пред влезната врата на бутикот, телесно
ги повредиле оштетените.

3
Март 2024
Апелациониот суд во Гостивар во својата пресуда која е предмет на ова анализа, ја уважил
жалбата на обвинетите и утврдил дека „во описот на двете кривични дела за кои на
обвинетите им е судено, се гледа дека постои субјективен и објективен идентитет меѓу
кривичните дела опфатени со двете одлуки од 26.09.2016 година и од 23.05.2018 година и
обвинетите. Во описот на кривичните дела се содржани истите факти и околности од кои
прозилегуваат обележјата на кривичните дела за кои на обвинетите им е судено.“ Заради тоа,
Апелациониот суд во Гостивар утврдил дека првостепениот суд со обжалената пресуда го
повредил начелото на забрана за двојно судење или казнување од чл.7 од ЗКП, бидејќи
обвинетите за исто дело се веќе правосилно осудени.

4
Март 2024
Анализа на пресудата на Апелациониот суд во Гостивар со која утврдил прекршување
на начелото Non bis in idem

Апелациониот суд во Гостивар се повикува на членот 7 на Законот за кривична постапка


кој одредува дека „никој не може повторно да биде суден или казнет за дело за кое веќе бил
суден и за кое е донесена правосилна судска одлука“. Забраната за повторно судење за исто
дело Апелациониот суд го поврзува со правилото Res iudicata и притоа се осврнува на
објаснувањето на ова забрана: „Забраната за двојно судење и казнување забранува лицето да
биде едновремено судено или сукцесивно повторно судено и казнувано за исто кривично
дело за кое веќе веќе било судено и казнето со правосилна судска одлука. Забраната за двојно
судење и казнување се повредува ако кумулативно постои субјективен и објективен
идентитет помеѓу правосилна пресуда и новото обвинение. Главната причина за оваа забрана
лежи во дејството на res judicata-пресудена работа за која повторно не може да се води
постапка и да се одмерува санкција“. Апелациониот суд притоа се повикува на праксата на
Европскиот суд за човекови права во однос на членот 4 на Седмиот протокол кон ЕКЧП и се
повикува на стојалиштето дека овој член „мора да се толкува на начин да забранува кривичен
прогон или судење за друго „дело“ доколку тоа произлегува од исти факти или факти кои се
во суштина исти“ (КЖ.бр.267/18). Судот утврдува дека „во конкретниот случај станува збор
за пресудена работа (res judicatа). Одлуката која служи како повод за одбивање на
обвинението е кривична, правосилна, се работи за осудителна одлука и постои идентитет на
лицето и делото.“ поради што жалбата на обвинетите се уважува, а првостепената пресуда се
преиначува на начин што обвинението се одбива.
Притоа, треба да се има предвид дека и во првостепената кривична постапка, бранителот
на обвинетите се повикал токму на забраната Non bis in idem. Како што се наведува во
пресудата на Основниот суд Гостивар: „Судот ја ценеше одбраната на бранителот на
обвинетите во делот каде што истиот наведува дека во конкретниот случај имаме пресудена
работа со оглед дека за истиот кривично правен настан обвинетите биле осудени за кривично
дело Телесна поврда од чл. 130 ст1 и на истите им била иречена кривична санкција, но судот
ќе истакне дека во конкретниот случај се работи за ист кривичен настан, но не и за исти
кривични дела, и судот во конкретниот случај постапуваше по обвинителен предлог на ОЈО
Гостивар за кривично дело Насилство од чл. 386 ст3 в. в со ст1 од КЗ , и утврди дека се
исполнети сите обележја на тоа кривично дело, кое кривично дело не е исто со делото за кои
обвинетите се огласени за виновни по Решение К. бр. 530/ 15 и судот во конкретниот случај
не постапува спротивно на чл. 7 од ЗКП каде според закон е забрането двојно судење или
казнување.“ (К- 311/16) Притоа, треба да се нагласи дека Основниот суд Гостивар не се 5
повикува директно нa праксата на ЕСЧП ниту пак на Европската конвенција за човекови права
туку ја парафразира одбраната на бранителот каде тој се повикува на прекршрување на
човековите права и на меѓународните договори ратификувани во државата.
Посебно важно е да се нагласи и поздави добрата пракса воспоставена сега веќе со повеќе
пресуди во Република Северна Македонија каде што судот се повикува на праксата на
Европскиот суд зачовекови права. Од тој аспект, посебено позитивно е што и во пресудата која
е предмет на ова анализа, Апелациониот суд во Гостивар употребува толкување кое извира од
случаите пред ЕСЧП а кои се осврнуваат на начелата Non bis in idem и Res iudicata. Така, со
утврдувањето на Апелациониот суд дека „одлуката која служи како повод за одбивање на
обвинението е кривична, правосилна, се работи за осудителна одлука и постои идентитет на
лицето и делото“ всушност овој суд јасно ги обзнанил познавањата во врска со дефиницијата
на овие принципи во праксата на ЕСЧП.
Сепак, треба да се има предвид дека суштинската правна анализа на овие принципи во
рамки на самата пресуда опфаќа многу мал дел. Имено од шестте страни на пресудата на
Апелациониот суд кои главно се однесуваат на фактичката состојба, само три скромни
параграфи се осврнуваат на правното образложение на причините заради кои во овој случај
се работи за res iudicata. Пресудата би требало детално да ја анализира забраната Non bis in
idem притоа објаснувајќи што значат посебните правни поими „дело“, „повторување (bis)“ и
„исто (idem)“ од правен аспект и во врска со ова забрана. При ваков школски пример за ова
забрана, Судот би требало да се повикува директно на случаи пред ЕСЧП во кои се
дефинираат токму горенаведените поими а кои се многубројни. Затоа, овој дел од
образложението би можел да се доодработи преку повикување до повеќе извори кои би ја
збогатиле аргументацијата на образложението кое е прецизна и точна, меѓутоа, заради
отсуство на директните извори делува како површинска и општа.

6
Праксата на ЕСЧП која се поврзува со Пресудата на Апелациониот суд во Гостивар
За секој член на ЕКЧП постои посебно упатсво за толкување, кое претставува своевидно
автентично толкување на Конвенцијата од страна на самиот ЕСЧП. Така Упатсвото за Член 4
на Седмиот протокол кон ЕЧКП јасно ги дефинира сите аспекти на забраната на повторно
судење или казнување.

Во ЕСЧП, правото да не се биде осуден или казнет два пати се дефинира во следните три
става на членот 4 на Седмиот протокол кон Конвенцијата:
1. Никој не може да биде изведен пред суд или повторно осуден во кривична постапка од суд
на истата држава за дело за кое веќе бил конечно ослободен или осуден во согласност со
законот и кривичната постапка на таа држава.
2. Одредбите од претходниот став не го спречуваат повторното отворање на процесот во
согласност со законот и кривичната постапка на државата за која станува збор, доколку
постојат нови или дополнително откриени факти, или доколку е утврдено дека е направен
битен пропуст во претходната постапка, кој можел да влијае врз донесената пресуда.
З. Не е дозволено какво и да е отстапување од одредбите од овој член според член 15 од
Конвенцијата.
За исклучителната важност на ова право зборува токму третиот став кој определува дека не
е дозволено никакво дерогирање на овој член во било каква состојба.

7
Март 2024
Главните компоненти на ова право се одредени во првиот став на членот, и тие се:
1) Дали двете постапки биле кривични во својата природа?
При објаснување на ова компонента ЕСЧП прилично екстензивно ја толкува кривичната
природа на постапките. Така, според т.н. Енгел критериуми, воспоставени во Engel and Others
v. the Netherlands, правилото Non bis in idem важи за случаи во кои двете постапки кои се
воделе биле кривични според позитивното право на државата, меѓутоа како дополнителни
критериуми се набројуваат и самата „природа“ на престапот, како и нивото на строгост на
изречената санкција. Врз основа на овие дополнителни критериуми (кои не е задолжително
да постојат кумулативно со првиот), во праксата на ЕСЧП постојат многубројни случаи кога
и во дисциплински постапки, управни постапки, прекршочни постапки, итн. се утврдило
постоење на правилото Non bis in idem при колизијата на таквите постапки со кривичната
постапка. Во случајот пред Апелациониот суд во Гостивар постои чиста ситуација во однос
на тоа дека се работи за две последователни кривични постапки за истиот кривичен настан
кои дури се воделе пред ист основен суд. Повикувањето на пресудата на Енгел критериумите
би можела да стави паралела меѓу првичната постапка во која обвинетите биле осудени за
телесна повреда преку приватна кривична тужба и втората постапка во која обвинетите биле
осудени за насилство преку обвинителен предлог.

8
Март 2024
2)Дали се работи за истото дело во двете постапки (Idem)?
Во водечкиот случај Sergey Zolotukhin v. Russia ЕСЧП истакна дека во минатото овој Суд
имал разни пристапи во однос на изразот „исто дело“ содржан во членот 4 на Седмиот
протокол кон ЕКЧПа: од идентитет на фактите, без разлика на нивната правна квалификација
(idem factum, Gradinger v. Austria), преку правната квалификација прифаќајќи дека истите
факти може да опфаќаат законско битие на повеќе кривични дела (“concours ideal
d’infractions” – „идеален стек на кривични дела“, Oliveira v. Switzerland, §§ 25-29), до
присуство на „суштински елементи“ во разни кривични дела (Franz Fischer v. Austria).
Тргнувајќи од фактот што некои од овие гледишта се покажале како премногу рестриктивни
за правата на поединецот, Судот во Sergey Zolotukhin v. Russia го прифатил како водечки
ставот дека забраната за повторно судење треба да се толкува како забрана на гонење или
судење на поединецот за второ „дело“ врз основа на факти кои се суштински исти како во
првто „дело“ за кој тој веќе е правосилно осуден. Притоа, точката од која почнува
одредувањето дали се работи за „исто дело“ треба да биде изјавата за фактичката состојба за
двете дела за кои се товари обвинетиот. Овој многу значаен дел на аргументацијата на судот
одвен во Sergey Zolotukhin v. Russia е видлив и во A and B v. Norway, Ruotsalainen v. Finland,
Maresti v. Croatia, итн. Особено важни случаи кои се однесуваат токму на кривични настани
кои биле квалификувани како телесна повреда а каде е видлив токму овој пристап на судот се
Tsonyo Tsonev v. Bulgaria (no. 2) и Muslija v. BiH. И двата случаи се од регионот и се со доста
слична фактичка состојба како случајот пред Апелациониот суд во Гостивар. Притоа, треба
да се истакне дека Апелциониот суд во Гостивар многу јасно и прецизно определил дека се
работи за исти факти (idem factum) и тоа го докажал преку изјавите за фактичката состојба во
двете првостепени пресуди, повикувајќи се притоа во праксата на ЕСЧП. Сепак, со цел тоа
повикување да не остане општо, би било добро да се цитира барем водечкиот случај Sergey
Zolotukhin v. Russia, дотолку повеќе што пристапот на ЕСЧП во сите горенаведени случаи
оди во прилог на аргументацијата на Апелациониот суд во Гостивар наспроти
аргументацијата на Основниот суд кој се повикува на стек на кривични дела во својот
дискурс дека се работи за ист кривичен настан но не и за исти кривични дела.

9
Март 2024
3)Дали имало две постапки за истото дело (Bis)?
ЕКЧП забранува не само осудувување и казнување два пати за исто дело, туку и покренување
нова постапка после правослилно завршена постапка за истото дело. Притоа, во првичната
постапка обвинетиот може да бил ослободен од гонење, и сепак, втора постапка за истите
факти не е дозволена. Повтореното судење за истото дело (Bis) се утврдува преку фактот дека
првичната пресуда станала павосилна (Sergey Zolotukhin v. Russia). Така, во случај на т.н.
литиспенденца или паралелно судење по повеќе основи, Судот одредува дека нема
прекршување на правилото Non bis in idem (Garaudy v. France; Zigarella v. Italy), но кога е
јасно дека првичната пресуда станала правосилна, тогаш нова постапка за истото дело
претставува прекршување на тоа правило (Tomasović v. Croatia, §§ 29-32; Muslija v. Bosnia and
Herzegovina, §§ 36-37; Nykänen v. Finland, §§ 47-54; Glantz v. Finland, §§ 57-64). Овие случаи
би можеле да се цитираат при образложување на правосилноста на првичната пресуда за
телесна повреда како правна пречка за покренувањето на втората постапка за насилство во
случајот пред Апелациониот суд во Гостивар.

Од последата компонента произлегуваат уште три субкомпоненти на ова право:

А. Дали имало нова постапка за истото дело?


Во ова потточка Судот се осврнува на дуалноста на постапките и покрива повеќе предмети во
кои се воделе прво управни, прекрошчни или дисциплински постапки а потоа и кривична
постапка. Зависно од истоветноста на фактите кои се опфаќаат во таквите постапки, и во
врска со втората субкомпонента објаснета подолу во врска со правосилноста на пресудата,
Судот носел различни одлуки во случаите: Nilsson v. Sweden; Maszni v. Romania, Boman v.
Finland, Rivard v. Switzerland, итн.

10
Март 2024
Б. Ако да, дали првичната постапка завршила со правосилна пресуда?
Постоењето на правосилна и мериторна (осудителна или ослободителна) пресуда е
суштински значаен елемент на забраната за повторно судење за исто дело. Така, во Mihalache
v. Romania Судот одредува дека за да се воспостави мериторното ослободување од гонење, не
мора да постои правосилна пресуда, туку е доволен и акт со кој јавниот обвинител се
повлекува од натамошно гонење. Дополнително, во други случаи, временото запирање на
гонењето Судот не го сметал за целосен прекин на гонењето, па затоа и одлуката за времено
запирање на постапката не го смета за конечна одлука. Во случајот пред Апелациониот суд во
Гостивар не се работи за прекинување на гонењето од страна на јавен обвинител, ниту пак за
паралелно водење на постапки според приватна тужба и според обвинителен акт. Се работи
за чист случај на започнување на нова кривична постапка со обвинителен акт за дело
Насилство после правосилно завршена кривична постапка со осудителна пресуда по
приватна тужба за дело Телесна повреда. Ова е дополнителен аргумент за подетално
образложување на и така точната пресуда на Апелацониот суд, спротивно на видувањето на
Основниот суд во Гостивар.

11
Март 2024
В. Дали исклучокот предвиден во вториот став на членот 4 на Седмиот протокол кон ЕКЧП е
применлив?
Две се исклучоците кои доаѓаат предвид во однос на забраната за повторно судење за исто
дело:
Првиот е појавувањето на нови докази со што се уважуваат вонредните правни лекови.
Вториот е постоењето на суштински пропуст во првичната судска постапка кој би можел да
влијае во конечната одлука во тој случај. Во случајот пред Апелациониот суд во Гостивар не
постои можност за повикување на нови докази во втората првостепена постапка, имајќи
предвид дека истите докази биле употребени во врска со истата фактичка состојба. Доколку
би се појавиле нови докази, тие би можеле да се уважат во постапка по вонреден правен лек а
во врска со првичната пресуда за делото Телесна повреда. Во овој случај може евентуално да
се размисли дали постои суштински пропуст во првичната постапка кој би требало да се
корегира со втората првостепена постапка. Од тој аспект, можен пропуст би бил погрешната
квалификација на делото како телесна повреда наспроти насилството како поссодветна
квалификација. Сепак, врз основа на праксата на ЕСЧП како „суштински пропуст“ ќе се
смета исклучиво само тешкото прекршување на одредбите на кривичната постапка кое
сериозно го нарушува интегритетот на првичното судење до таа мера што би можело да го
оправда повторното судење за исто дело. Во случајот пред Апелациониот суд во Гостивар
јасно е дека немало такво суштинско прекршување на ЗКП во постапката која се водела по
приватна тужба за Телесна повреда. Јасно е дека се работело за редовно водена постапка која
не се напаѓа ниту од оштетените, ниту пак од Јавното обвинителство, кое сепак одлучило да
покрене втора постапка по обвинителен предлог за дело Насилство. Можеби
квалификацијата за дело Насилство е посеопфатна и посоодветна за овој кривичен настан од
таа за Телесна повреда, меѓутоа, јавниот обвинител бил надлежен таа квалификација да ја
направи уште кога настанот се случил, во 2015 година и пред завршувањето на постапката за
Телесна повреда со правосилна пресуда.

12
Март 2024
Заклучок
Целосната анализа на сите компоненти на правото да не се биде осуден или казнет двапати
(Non bis in idem) јасно укажува на фактот дека пресудата на Апелациониот суд во Гостивар
дал точна и прецизна квалификација на ова забрана и со право ја уважил жалбата на
обвинетите и првостепената пресуда ја преиначил на начин што обвинението се одбива.
Притоа, Апелациониот суд се повикува на општите начела на судската пракса на ЕСЧП
истакнувајќи ги главните правила на толкување на членот 4 на Седмиот протокол кон ЕКЧП,
наоѓајќи дека се работи за иста фактичка состојба и за суштинско идентичен настан,
идентични лица и за правосилна и осудителна пресуда од прв степен, и јасно идентификува
постоење на пресудена работа (res iudicata) и прекршување на забраната Non bis in idem од
страна на Основниот суд во Гостивар. Ова точна и прецизна оценка на Апелациониот суд
може дополнително да се образложи со детално разграничување на елементите на забраната
Non bis in idem преку конкретните случаи на ЕСЧП, особено тие кои се водечки, а кои се
наведни во ова анализа. За поздравување е фактот што судиите во Апелациониот суд во
Гостивар се повикуваат на начелата на ЕКЧП и судската пракса на ЕСЧП при нивното
постапување.

13
Март 2024
Користена литература:
- Д. Бајаџиев, М. Мицајков и Д.Тасковска – “Вовед во правото“- издавач Просветно дело
- ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА - Службен весник на РМ, бр. 150 од 18.11.2010
година

-Анализа на проф. д-р Беса Арифи на пресудата КЖ.бр.267/18 на Апелациониот суд во


Гостивар.

14
Март 2024

You might also like