Pustina

You might also like

Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 1

„Пустина“ е еден од најзначајните романи во македонската литература, напишан од

авторот Ѓорги Абаџиев. Во ова дело, авторот го претставува социјалниот,


психолошкиот и етичкиот развој на главните ликови, вклучувајќи ги идеите за
херојство и морал. Ликовите Арсо и Глигор, солунските атентатори, се претставени
како симболи на херојството, но секој со свој начин на изразување и интерпретација.
Херојството како тема во „Пустина“ се претставува преку двата протагонисти, Арсо и
Глигор, но и преку нивните различни приказни и карактери. Со ликот на глигор
најпрвин се запознаваме преку следиве зборови„На хероите ликот им е чист само кога
се мртви. Живите херои не се херои… Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме
создадени да го порекнуваме она што постои“.Овие зборови храбро изречени од
Глигор, ни го претставуваат како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и
со судбината на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите
живи костенливи очи, неговото тело е јадро, а кадравата косата непокорна и дива.
Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот ироничен говор уште повеќе. Тој
им вели:„Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме само
да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во
вашето блато, та луѓето што носат осетливи носеви да го сетат лошиот мирис… Само
тоа. Што можеме ние друго?“За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и
само чека да помине целиот циркус предизвикан од атентатите за конечно да дојде
пресудата и смртта која била ветена, “смрт со бесњење“. А р с о и Гл и го р с е
од с ј а ј н а х р а б р о с т а и п ож р т ву в а н о с т а . И п о к р а ј т о а ш т о т и е с е
с о с е м а с п р о т и в н и , з а е д н о с е н а д о п о л н у в а ат и го с о зд а в а ат
с о в р ш е н и о т м а ке д о н с к и о т п ат р и о т и б о р е ц .

Преку Арсо и Глигор, Абаџиев ги истражува различните аспекти на херојството и


неговите разновидни интерпретации. Тие двајца ликови претставуваат различни
начини на борба и разрешување на една егзистенцијална ситуација која се темели врз
прашањето „Зошто сме живи?“, но истовремено илустрираат заеднички квалитети на
храброст, чест и посветеност. Преку нив, Абаџиев ги поставува прашањата за
значењето на херојството, неговите ограничувања и вредности, што нè поттикнуваат
да размислуваме за нашите сопствени верувања и идеали за храброст и интегритет.

You might also like