Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

СУГС Гимназија “ЈОСИП БРОЗ ТИТО” - Скопје

Матурска проектна задача по Бизнис и претприемништво

ТЕМА: “Е – продавница”

Ментор: Изработил:
Проф. Весна Црнеска Симовска Јована Угреновиќ IV-7
Март
Скопје 2024
Содржина

Вовед ........................................................................................... 2
Опис на бизнисот ........................................................................... 3
Мисија ............................................................................................. 4
Визија .............................................................................................. 4
Цели ................................................................................................ 4
Стратегии ........................................................................................ 5
Опис на производот ...................................................................... 6
Сегментирање на пазарот............................................................. 8
Анализа на конкуренција ...............................................................9
Маркетинг план .............................................................................. 9
Промоција …................................................................................... 11
Буџет за промоција ........................................................................ 12
Ефекти од промоцијата и предвидување на продажбите ........... 13
Заклучок ......................................................................................... 14

1
Вовед

The Bella Accessories.mk е македонска модна електронска продавница за


продажба на женски чанти и накит, која што е отворена во мај 2021 година.
Специјализираната продавница е создадена за продажба на женски чанти,
распоредени во четири категории:
 елегантни чанти,
 спортски чанти,
 чанти за преку рамо и
 плик-чанти.
Производите се увезени од Република Бугарија, имаат задоволувачки и
загарантиран квалитет.
Ситуацијата на македонскиот електронски пазар во моментот е поволна
за отпочнување на нов бизнис, бидејќи овој пазар има голем капацитет за
апсорпција на овие производи, што е резултат на малата понуда на квалитетни
продукти кои се продаваат преку интернет, а и ситуацијата со Ковид
пандемијата допринесе за зголемување на потребата од отварање на ваков
(електронски) вид на продавници.
Главните играчи на пазарот во Македонија во оваа дејност, во моментот
се Дуки Дасо, Trendy.mk, Brandshop.mk и Bastetnoir.mk.
Сепак, заради недоволниот број на специјализирани продавници,
купувачите најчесто купуваат чанти од продавниците за облека, како Зара,
Масимо Дути, Страдивариус и слично.
Таргет групата на The Bella Accessories.мк се девојки и жени на
возраст помеѓу 15 и 65 години, кои имаат почетни, средни и напредни
познавања од интернетот, а истовремено ги следат модните трендови или се
зависни од нив.
За да им се приближи на потенцијалните клиенти, компанијата започна
со продажба на квалитетни производи по прифатливи цени, а дистрибуцијата ја
извршува самостојно за продажбата во Скопје а за останатите градови
соработува со компанијата Бета Логистикс. Начин на рекламирање на
производите кои ги нуди на пазарот се социјалните медиуми Facebook и
Istagram.

2
The Bella Accessories.мк има сопствен деловен простор, како и сопствено
складиште кои се опремени и за кои не плаќа други издатоци. Веб продавницата
е изработена од македонска компанија, која ќе биде задолжена и за одржување
на истата.
The Bella Accessories.мк има двајца вработени, сопственик-менаџер и
редовен вработен задолжен за процесирање на нарачките и односи со
купувачите.

Опис на бизнисот

The Bella Accessories.мк е македонска модна веб продавница за


продажба на женски чанти, која што е отворена во мај 2021 година. Преку
електронскиот пазар, таа дејствува во домашната модно-текстилната
индустрија, а преку интернет, планира продажби освен на домашниот пазар и во
земјите во регионот.
The Bella Accessories.мк е компанија која се занимава со трговска
дејност, а според методологијата за класификација на дејности спаѓа во
Трговија на мало со рачни торби, куфери и слични производи.
The Bella Accessories.мк е команија во приватна сопственост, која во
моментот на отварање брои 2 вработени, менаџер - сопственик и еден вработен
за следење на нарачките.
Управувањето е хиерархиско, односно вработениот му е подреден на
менаџерот. Фирмата располага со една канцеларија и еден складиштен простор
кои се лоцирани во Скопје, во населбата Лисиче. Веб адресата е
www.thebella.accessories.mk, која што го претставува и продажниот простор на
компанијата.
Не поседува производствени капацитети и производите кои ги продава ги
набавува од друг добавувач.
Главен снабдувач е компанијата Крипсо од Бугарија, која на The
Bella Accessories.мк и испраќа онлајн каталог за разгледување и избор на
производите, и истите може да се нарачаат преку меил.
Грижата за дистрибуцијата на чантите до Скопје, паѓа на The Bella
Accessories.мк, која со сопствен превоз и трошоци ги пренесува производите до
3
складишниот простор. После набавката и складирањето на производите, во
складиштето тие подложат на класификација по категорија и добивање на
сериски број.
Продажбата на чантите се одвива преку интернет, односно преку веб
продавницата на The Bella Accessories.мк.
Компанијата The Bella Accessories.мк се стреми на своите
потрошувачи да им овозможи лесна достапност и голем избор на модерни
чанти, со што ќе и помогне на секоја девојка и жена лесно да го изрази
својот стил, притоа заштедувајќи и голем дел од нејзиното време.

Мисија
Главна мисија е преку широкиот асортиман на ултрамодерни и уникатни
чанти и брзиот начин на купување, да ги задоволи потребите на модерните и
урбани девојки и жени, со што ќе им помогне најлесно да го изразат својот
единствен стил.

Визија
Се стреми во целост да ги задоволи потребите на потрошувачи, и преку
следење на приоритет за исполнување на нивните желби и овозможување на
цврста корисничка поддршка, во рок од неколку години да стане
најпрепознатлива модна онлајн продавница на македонскиот пазар.

Цели
1. Во рок од 3 години да стане најпрепознатлива и најпосетена модна
онлајн продавница на македонскиот пазар.
2. Да понуди стабилна и сигурна интернет платформа за онлајн
купување.
3. Креирање на лесна за употреба (user-friendly) интернет продавница
која овозможува лесна навигација и едноставен процес за нарачка.
4. Осигурување на навремена и сигурна достава на производи до
купувачите.
5. Освојување на нови посетители и нивно претворање во купувачи,
зголемување на базата на купувачи и зголемување на пазарниот удел.

4
6. Креирање на доверба и лојалност кај потрошувачите.
7. Инвестиции во креирање на препознатлив бренд.
8. Понуда на широк асортиман на производи и постигнување на ценовна
конкурентност.
Стратегии
Доколку поставените цели се исполнат и The Bella Accessories.мк
функционира според планираното, односно доколку се креира стабилна и
сигурна интернет продавница, која ќе биде лесна за користење, која ќе привлече
нови посетители и ќе ги претвори во купувачи, притоа зголемувајќи ги
приходите од продажба, компанијата има четири стратегии за проширување на
активностите и постигнување поголем успех и удел на пазарот.

- Проширување на асортиманот кон модни додатоци


The Bella Accessories.мк планира да понуди поширок избор на производи,
со цел женската популација целосно да ги задоволи своите потреби за модерни
аксесоари. Новите категории на производи ќе бидат накит изработен од
медицински челик, марами, ремени и паричници.

- Проширување на асортиманот кон чевли


Понуда на чевли кои совршено ќе одговараат со избраната чанта е
стратегија која има за цел да ги комплетира во целост желбите на
потрошувачите.

- Отварање на физичка продавница


Покрај интернет продавницата, отварање на физичка продавница во
трговски центар Капитол, во Аеродром, Скопје.

- Отварање на производствен погон


Отварање на фабрика за произведување на чанти, рачни торби и куфери
на територијата на Република Северна Македонија.

5
Опис на производот
The Bella Accessories.мк продава само еден вид на производ, женски
чанти, кои се распределени во четири генерални категории:
1. елегантни чанти,
2. спортски чанти,
3. чанти за преку рамо и
4. плик чанти.
Категоријата елегантни чанти вклучува елегантни секојдневни женски
ташни кои можат да се носат во секоја пригода од формален карактер, но и во
секојдневието. Чантите од ова категорија им одговараат на елегантни дами, чиј
што стил е галантен и префинет, и кои што поголемиот дел од своето време го
минуваат облечени во фустан, здолниште, костим и слично. Овие чанти можат
да се носат на работа, на вечерни излегувања, на формални настани и слично.
Категоријата спортски ташни содржи секојдневни женски ташни кои
лесно може да се комбинираат со најразновиден вид на облека, и одговараат за
речиси секоја пригода. Им одговараат на девојки и жени со спортски дух, кои
сакаат да се чувствуваат лежерно и опуштено во секој момент. Извонредно
добро се комбинираат со патики, фармерки, маици, блузи, со еден збор-со сите
видови
на облека. Колоритните нијанси на овие чанти им даваат свежина и го
потенцираат ведриот карактер на девојката и жената која ги носи. Идеални се за
секојдневно излегување, за прошетка, за факултет, за работа и за друга пригода.
Чантите за преку рамо се уште една голема категорија која содржи
елегантни и спортски секојдневни ташни кои имаат подолги рачки и затоа
најлесно е да се носат на рамо. Им одговараат на девојки и жени кои сакаат да
се чувствуваат опуштено во секојдневните ситуации и кои не сакаат цело време
да го трпат товарот на чантата кој што понекогаш е неподнослив. Овие ташни
може да се носат секој ден, но највеќе се употребуваат при одење на училиште,
на факултет, за прошетки и дневни излегувања.
Плик чантите вклучуваат мали ташни, кои се најпогодни за вечерно
излегување. Се комбинираат со фустани, панталони, елегантни чевли и слично.
Заради нивните мали димензии не можат да соберат многу работи, но се
совршен детаљ кој дава комплетен изглед.
6
Чантите од сите категории се изработени од разни материјали како кожа,
еко кожа, антилоп кожа, лак и друго, чијшто квалитет и издржливост ќе
овозможи долгорочно употребување на купените ташни. The Bella
Accessories.мк го гарантира квалитетот на производите кои ги продава, за што
дава соодветна гаранција дека во рок од еден месец производот нема да се
оштети, скине или ќе остане без одреден дел, без вина на корисникот.
Предностите на чантите кои ги продава The Bella Accessories.мк се висок
квалитет, ниски цени, продажба преку интернет, можност за враќање,
гарантирање на квалитетот. Овие карактеристики во иднина ќе имаат клучна
улога за диференцирање на компанијата од нејзините конкуренти и успешно
опстојување на пазарот. Животниот век на производот е краток, бидејќи
трендовите во модната индустрија се менуваат за секоја сезона. Ова значи дека
The Bella Accessories.мк мора да набавува нови производи на месечна основа, за
да ги следи најновите трендови, и да изнајде начини за брза продажба на
производите на залиха кои излегуваат од мода.
Набавните цени за производите зависат од материјалот од кој се
изработени, и се дадени во следната табела:

Материјал Цена по парче Просечна цена


Кожа 18-22 евра 20 евра
Еко-кожа 8-12 евра 10 евра
Антилоп кожа 8-12 евра 10 евра
Лак 7-9 евра 8 евра

На сите производи The Bella Accessories.мк додава 150% маржа. Заради


евтините цени на набавка, компанијата може да си ги дозволи повисоките
маржи со што ќе оствари и повисок профит.

7
Анализа на пазарот
По извршената анализа на состојбата на дејноста во Македонија,
потребно е да се избере сегмент на потрошувачи кон кој ќе бидат насочени
продажните и маркетинг активностите на The Bella Accessories.мк.

Сегментирање на пазарот
Со цел да ги откриеме групите на потрошувачи кои се разликуваат една
од друга, треба да извршиме поделба на пазарот по сегменти. Сегментирањето
на пазарот ќе се изврши врз основа на следните критериуми:

- Географска сегментација.
Географските сегменти на кои може да дејствува The Bella Accessories.мк
се Република Северна Македонија, земјите од регионот и светскиот пазар.

- Демографска сегментација.
Според полот, идентификуваме два сегменти: машки и женски. Според
возраста, луѓе од 5 до 14 години, од 15 до 65 и од 65 години нагоре.

- Психографска сегментација.
Според следење на модата и модните трендови, идентификуваме три
сегменти:
- луѓе кои не се заинтересирани за мода,
- луѓе кои ги следат модните трендови и
- луѓе кои се зависни од модните трендови.

Според степенот на користење на интернет препознаваме три сегменти:


- луѓе кои не користат интернет,
- луѓе кои имаат почетни и средни познавања од интернет и
- луѓе со напредни познавања од интернет.

8
Анализа на конкуренција
Според анализата на дејноста во Македонија, увидовме дека The Bella
Accessories.мк нема директни конкуренти во нашата држава. Како главни
индиректни конкуренти ги издвоивме Дуки Дасо од физичките продавници и
Trendy.mk, Brandshop.mk и BastetNoir.mk од електронските продавници.
Во овој бизнис план ќе ја анализираме и веб продавницата Zebra-
online.com која е наш директен конкурент кој дејствува на територијата на
Бугарија. Критериумите според кои е извршена анализата на конкуренцијата се
следниве:
- производ,
- цена,
- промоција,
- дистрибуција,
- квалитет на производи,
- гаранции,
- политика на враќање на производите,
- корисничка поддршка,
- изглед на веб страната - бои, дизајн, категоризација,
- опис на производ и
- начини на плаќање.

Маркетинг план
Анализата на 4П елементите ќе овозможи подетално да се разбере
стратегијата на The Bella Accessories.мк за приближување кон целниот пазар.
Логото на компанијата е мала црна чантичка на која е испишано името на веб-
продавницата.

Цени
The Bella Accessories.мк своите ташни ги набавува од бугарски
снабдувач, по однапред определени цени. Ценовната политика која ја користи
оваа компанија е според фиксна маржа, што значи дека на набавните цени The
Bella Accessories.мк става 150% маржа и така ја добива крајната цена за
продажба. Маржата од 150% е избрана врз основа на два критериуми и тоа

9
според пазарните услови и конкурентски цени. Во моментот на пазарот можат
да се најдат ташни кои се евтини, но не се квалитетни и квалитетни но многу
скапи чанти. Врз основа на овој факт, The Bella Accessories.мк сака да понуди
ташни со добар квалитет и пристојни цени. Од аспект на конкуренцијата, сите
идентификувани конкуренти нудат чанти со просечни и просечно високи цени.
Цените на The Bella Accessories.мк ќе бидат пониски од цените на конкурентите.
Според набавните цени, дадени подолу, најскапата ташна која ќе ја има The
Bella Accessories.мк изнесува помалку од 3000 денари, што според анализа на
мислењето на потрошувачите, на јавните форуми, е нормална цена за
квалитетна кожна ташна. Тоа е помалку од цените на сите конкуренти, а
истовремено соодветствува со ситуацијата на пазарот.
Материјал Набавна Просечна Цена со Цена во
цена по набавна цена 150% маржа денари
парче
Кожа 18-22 евра 20 евра 50 3000
Еко-кожа 8-12 евра 10 евра 25 1500
Антилоп 8-12 евра 10 евра 25 1500
кожа
Лак 7-9 евра 8 евра 20 1200

Дистрибуција
Чантите кои ги нуди The Bella Accessories.мк се продаваат исклучиво на
интернет и тие не може да се подигнат од физичките простории (складиштето
или канцеларијата) на компанијата. За дистрибуција до крајните купувачи The
Bella Accessories.мк има склучено договор со компанијата Бета Логистикс.
Доставувачот Бета Логистик има за задача да ја преземе пратката од The Bella
Accessories.мк да ја товари во едно од своите превозни средства и максимум во
рок од 2 работни дена да ја достави до крајниот купувач. Бета Логистикс се
обврзува дека во рок од еден работен ден ќе ги достави производите низ
територијата на Скопје по цена од 100 денари, и во рок од два работни дена низ
територијата на Македонија по цена од 150 денари. Овој трошок паѓа на терет
на купувачот.

10
Промоција
Според карактеристиките на крајните потрошувачи на The Bella
Accessories.мк – девојки и жени од Македонија на возраст од 15 до 65 години со
познавања од интернет и заинтересирани за модни производи, компанијата ќе се
рекламира и огласува на места со кои лесно може да допре до контакт со
целната група. Избраните медиуми за комуникација се телевизија, радио и
интернет.

- Телевизија
Таргет група: сите македонски граѓани.
Цел: информирање за отварање на новата веб-продавница
Телевизијата е медиум кој сеуште е најефикасен за промоција, и покрај
подемот на интернетот. Овој медиум ќе се искористи само на почетокот на
работата на The Bella Accessories.мк и тоа еднократно, со пуштање на вест во
вестите за отварањето на новата специјализирана модна продавница. Веста во
дневникот ќе биде забележана од сите оние кои ги следат вестите а воедно нема
да биде примена како реклама туку како информација и на овој начин
купувачите ќе се стекнат со позитивни импресии кон The Bella Accessories.мк.
Како најгледан канал е избран Канал 5, а цената на ваков аранжман на оваа
телевизија е 5,5 евра по секунда, што за соопштение од 2 минути, кое ќе се
емитува во два главни дневници изнесува 660 евра, односно 40.590 денари.

- Радио
Таргет група: младата популација во Македонија, на возраст од 15 до 50
години.
Цел: информирање за постоењето на продавницата и убедување да купат
од неа.
Во првиот месец од работењето рекламен материјал ќе се пушта по три
пати дневно на радио станицата Антенна 5, која е најслушана радио станица во
Македонија. Оваа реклама ќе опфати 5-10 проценти од македонското население.
Рекламната секунда на Антенна 5 изнесува 50 денари, а за реклама од 30
секунди потребни се 1500 денари. За реклама во првиот месец од работењето ќе

11
се издвојат 30.000 денари и рекламата ќе оди на радио по два пати на ден се
додека буџетот не се потроши. Во летниот период, односно во месецот јули,
кога радиото Антенна 5 има највисок рејтинг и најголема слушаност The Bella
Accessories.мк повторно ќе се огласува за сума од 30.000 денари.

- Интернет
Целна група: Женската популација која користи интернет
Цел: постојана комуникација и интеракција.
Како најкористен медиум на 21 век, неизбежна е и реклама на интернет.
The Bella Accessories.мк ќе користи три начини на промоција преку интернет, и
тоа социјални медиуми, банери, оптимизација на пребарувачи и Google
Adwords.

- Други видови на рекламирање


На денот на отварањето на The Bella Accessories.мк во центарот на
Скопје, односно на плоштадот Македонија се поделија 250 држачи на ташни и
уште 250 на ученичките од четврта година во двете најголеми гимназии во
Скопје, Јосип Брос Тито и Никола Карев, бидејќи сметаме дека таму има
ученички кои се модерни и независни и би купувале преку интернет. Исто така,
во почетокот на мај се поделија уште 500 такви држачи во другите средни
училишта, за да се поттикне купувањето на чанти непосредно пред матурските
прослави. Држачот на ташни е метална конструкција која има мала метална
плочка од која излегува држач долг 8-10 центиметри. Металната плочка се
поставува на рамна површина како полица или плакар, а пуштената рачка паѓа
надолу од неа. На пуштената рачка може да се закачуваат чанти без притоа да
падне. Овој корисен и функционален елемент кој на плочката ќе го има логото
на The Bella Accessories.мк чини 1.5 евро по парче, а се изработува во Бугарија.
За 1000 парчиња потребни се 1500 евра, односно 92.250 денари од кои 46.475
денари во април и истата сума и во месец мај.

Буџет за промоција
Како нова команија, The Bella Accessories.мк мора добро да се рекламира
на почетокот за да се стекне со купувачи. Парите кои ќе се издвојуваат на

12
месечна основа се предвидени според проценките од текстилната индустрија врз
основ на тоа во кој период од годината продажбите се најголеми. Исто така се
очекува и компанијата да стекне нови потрошувачи од маректингот од уста-на-
уста, односно преку разговорите на пријателите за држачите за ташни кои ги
добиле, за промотивните активности на интернет, како и преку споделувањата и
„лајкувањата‟ на Фејсбук кои се јавни и кои може секој да ги види.

Период/Рек
лама април мај јуни јули август септември октомври ноември декември Вкупно
Телевизија 40590 40590
Радио 30000 30000 15000 15000 15000 105000
Фејсбук 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 13500
Држач за
ташни 46475 46475 92950
Вкупно 118565 77975 16500 16500 16500 1500 1500 1500 1500 252040

Ефекти од промоцијата и предвидување на продажбите


Со издвојувањето на голема сума на пари за промоција во првата година,
се очекува The Bella Accessories.мк да допре до 70% од целните потрошувачи, а
во исто време и константно да ги зголемува своите продажби.
Имајќи ги во предвид маркетинг активностите кои вклучуваат
телевизија, радио и интернет. The Bella Accessories.мк очекува дека продажбите
ќе бидат големи уште од првиот месец на работењето. Како што се менуваат
инвестициите во маркетнгот, така се менуваат и продажбите, но предвидено е
тие постојано да растат.

Правење порачки и нивна реализација


Персоналот за следење на порачки го сочинува само еден вработен кој е
задолжен да одговара на барањата добиени преку сајтот. Имено, вработениот е
должен да го проверува сајтот на 30 минути во работното време и доколку има
прашање поставено од страна на купувач мора веднаш да го одговори. Доколку

13
има нарачка тој мора веднаш да ја провери достапноста на производот и да го
подготви производот за испраќање. Откако ќе исконтактира со партнерот за
достава ја подготвува потребната документација, односно фактура

14
Заклучок
Започнувањето сопсвен бизнис не е ни најмалку лесна работа.
Одржувањето на пазарот и посебно можноста за развој е многу тешка
работа. Не постои начин да се елиминира ризикот од неуспех. Но, доброто
планирање и познавањето на состојбата на пазарот може да бидат предуслов за
успех.
Пред да се започне со реализацијата на некоја бизнис идеа потребно е
добро да се размисли за сопствената сила и слабости кои ги поседуваме. Да се
размисли добро дали сме спремни сами да започнеме со работа, дали сме добри
во донесувањето одлуки, дали можеме да им се допаднеме на купувачите, колку
добро умееме да планираме и да ги организираме работите и пред се колку е
силна желбата во нас да успееме во тоа што сакаме да го работиме.
Успехот не е секогаш загарантиран и голем број на ново отворени
бизниси пропаѓаат. Најчесто причина за тоа може да биде недоволно искуство,
недоволно средства, конкуренција, слаба продажба, лоша локација и друго.
Од друга страна пак, позитивно гледано е започнувањето сопствен
бизнис значи да се биде сам свој газда и целата работа и труд кој се вложува е за
лична корист и е поттик за поголемо вложување во себе за сопствен успех.

15
Користена литература

- Бизнис план за почетници - Др. Радмила Грозданиќ , 2007


- Изработка и имлементација на Бизнис план - проф. Др Борис Кузман
- Бизнис и претприемништво за IV година на гимназиско и уметничко
образование - Славица Коваческа Велкова и Зоран Златковски

16

You might also like