Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

-Инструментите ги делиме на:

-ударни инструменти
-жичани инструменти
-дувачки инструменти
-инструменти со клавиатура

-Тонот кај жичаните инструменти се добива на 2 начина:


-повлекувајќи по жиците со прсти или трзалка
-влечење на гудалото по жиците

-Гудачки инструменти се:


-виолина
-виолончело
-виола
-контрабас

-Трзачки инструменти се:


-гитара
-мандолина
-харфа
-Гудачките инструменти спаѓаат во група на жичани инструменти. Со влечење на гудалото по жици се
произведува тон. Гудачките инструменти имаат иста форма но различна големина и начин на држење
на инструментот .
-Основни делови на гудачките инструменти се:
-резонантен корпус
-врат
-жици
-гудало
Гудачките инструменти се употребуваат во класичната музика, синфонискиот оркестар, народна музика,
џез и тн .
Најпознати изработувачи на гудачки инструменти биле италијанските семејства Амати, Варнери и
Страдивари .
Виолината потекнува од семејството Виола Де Брачо. Виолината има милозвучен, светол и
нежен тон. Поради големите технички и изразни можности, со виолината се изведува и на
солистички делници. Застапена е во камерен ансамбл,
гудачки, забавен, џес и народен оркестар. Италијанскиот композитор и виртуоз Николо
Пагонини бил мајстор во свирење на виолина.
-
Постојат неколку вида на виола и тоа:
-сопран, алт, тенор, виола брачо и виола дагама.
Виолата по форма е слична на виолината но малку поголема. Произведува карактеристичен
мек и потемен тон. Најчесто е оркестарски инструмент, а поретко солистички.
-Виолончело потекнува од фамилијата виола. По градба и форма е идентично со виолина и виола.
Корпусот му е двојно поголем но има подолги и подебели жици и звучи за октава пониско од виолина.
Изведувачот свири во седечка положба придржувајќи го инструментот со колениците потпрен на земја
со метална ногалка. Изведувачот се вика виолончелист. Најчесто се свири во солистичка, камерна и
оркестарска музика.
Изведувач кој свири на контрабас се вика контрабасист. Изведува во седечка или стоечка
положба и инструментот е секогаш исправен пред него кој е потпрен со кратка ногалка.
Контрабас поради големина на корпусот поседуба најдлабока звучност. Има најдебели и
најдолги жици на кои де двири со гудало. Со треперење на жиците се создавс темен тон.

Харфа се состои од следните делови:


Постамент на него се сместени педалите за прештимување на жиците. Вертикално на постаментот е
поставен шуплив столб низ чија внатрешност поминуваат полуги што ги поврзуваат педалите со горниот
дел наречен мост. Дрвено и шупливо резонанто тело, поставено на косо во однос на постољето. Има
врат во фрома на буквата Ѕ на него се поставени чивии.
Харфата има 46 или 48 жици, на кои се свири со повлекување со прстите на двете раце по жиците.
Некои жици се црвени или сини. Изведувачот свири во седечка положба, поптирајќи го инструментот на
рамо и колено.
Гитара потекнува од Шпанија и се состои од резонантен дрвен корпус, врат со чивии и 6 жици.На
вратот се поставени таканаречени прагови што ги одредуваат места на тоновите.Се свири со
повлекување на жици со прсти или трзалка.
Постојат 2 вида гитари:
- електрични
-акустични
Тонот кај акустичните гитари се создава со треперење на жиците и резонација во шупливиот корпус.
Електричните гитари немаат резонантен корпус и со тоа звукот се добива по пат на електронска
техника.
Мандолина е инструмент на фолклор во многу земји. Има врат а на горниот дел има чивии кои служат
за штимување на жиците. Тонот се добива со повлекување по двете жици одеднаш со трзалка со брзо
движење на десната рака.

You might also like