Soznajni Procesi 1

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

1.

Образложи на кој начин истажувањата во областа на вештачката интелигенција


влијаеле на развојот на когнитивната психологија!

- Вовела концептуализациска строгост во описот на когнитивните процеси,


јасен увид за односите меѓу деловите во системот, и ефикасно средство за
евалуација на поединечни психолошки теории и модели.
2. .Обликот на учење чие основно обележје е нереагирање на репетитивни дразби се
нарекува
- Хабитуација
3. Чија класификација на облиците на учење ги вклучува категориите
реактивни,асоцијативни,интегративни и симболички облици на учење?
- Разран
4. Миле конечно излегува да го фрли ѓубрето со цел да го запре напорното
прекорување на татко му да го стори тоа.Неговото однесување е под влијание на: --
негативно поткрепување
5. Заокружи ги хипотетичките-проблематичните облици на учење.
- втиснување,сензитизација,експозиционо учење, хабитуација, рано учење
6. Две групи стаорци се изложени на класично условување со помош на звук и
електричен шок.Кај гр 1 електричниот шок секогаш го следи звукот а кај гр 2 звукот
и шокот се појавуваат по случаен редослед.Што од наведеното има најголеми шанси
да се случи?
- Кај група 1 да се развие условна реакција, а кај група 2 ништо.
7. Го учиш своето куче да ти го донесе стапот што си му го фрлил така што му даваш
храна секогаш кога ќе ти го донесе.За кој облик учење станува збор?
- инструментално учење
8. Образложи зошто хабитуацијата има адаптивна вредност кај животните и луѓето
- Доколку не би постоела хабитуација ние би биле бомбардирани со дразби
кои не се важни и не би можеле успешно да посветиме внимание на оние
кои се значајни за нас.
9. По што се слични а по што се разликуваат моделирањето и опсервациското учење?
- Кај моделирањето ние учиме со намера, и најчесто моделот е свесен дека го
гледаме и сака да не научи, кај опсервациското не се учи со намера, тоа се
случува несвесно и незабележително, се земаат во предвид и последиците со
кој се соочува моделот и тие одредуваат дали ќе го примениме и ние тоа
однесување во иднина, и најчесто моделот не знае дека е набљудуван.
Слични се по тоа што кај двата вида на учење има модел кој се набљудува и
следи.
10. Во текот на растењето си бил сведок дека блабла,и постариот брат многу те
изнервирал а ти си голтал кнедли и не си му повишувалтон.Тоа е последица на
- идентификација.
11. Објасни го поимот научена безпомошност и наведи пример
- Научена бесмошност се јавува кога луѓето престануваат да пробуваат да
излезат од лошата ситуација, односно мислат дека нивното однесување
никако не може да влијае на исходот на ситуацијата. Пример за тоа може да
биде личност заболена од рак која не сака да прима лекови, се откажува од
својот живот и не пробува никако да си ја ублажи состојбата.
12. Според фон ресторфовиот ефект при учењето најмногу се помни кој збор?
- перцептивно истакнатиот како и оние што му претходат и следат по него.
13. Запомнувањето што си ручал пред три дена се однесува на
- епизодичко помнење
14. .Кое тврдење НЕ Е ТОЧНО
- во сензорното помнење визуелните инф се задржуваат подолго време од
слушните
15. Објасни што претставува кодирањето на информациите во краткотрајното помнење
- Кодирањето претставува промена на информациите во облик кој може да се
складира и подоцна да се пронајде.На овој начин информациите се
подготвуваат за складирање во долготрајната меморија.
16. Оштетувањето на хипокампусотке предизвика
- неможност да се складираат нови факти
17. Алцхајмеровата болест се карактеризира со
- проблеми со семантичкото помнење.
18. Наведи 3 мнемонички техники
- Ритам и рима, групирање, семантичко елаборирање, акроними,
визуализација, метод на локација, клучни зборови, зборови- клинови.
19. Која е разликата помеѓу алгоритмот и хевристиката како стратегии за решавање
проблеми?
- Алгоритмот вклучува точно опредени чекори кои сигурно водат до
решение, доколку не ни се дадени се испробуваат сите можни решенија што
зазема многу време, и не е погодно за секојдневни проблеми, додека кај
хевристиката субјектот пробува да реши преку чекори кој сам ги
конструира и може и да не дојде до решение.
20. Според категоризацијата на Џим Грено,каков проблем претставуваат анаграмите?
- проблеми на уредување
21. Илустрирај преку пример како функционалното фиксирање може да го попречи
решавањето на проблемот
- на пр ако две јажиња висат на таванот но се многу далеку и личноста не
може да го допре едното и да оди кај другото,а на масата има штрафцигер и
неколку парчиња памук..доколку ние не увидиме дека со штрафцигерот
можеме да го решиме проблемот со јажињата тогаш функционалното
фиксирање ке го попречи решавањето на проблемот.
22. Кател укажал дека вербалните и нумеричките способности ја чинат
- кристализираната интелигенција
23. Според Пенфилд и Робертс кои зони во мозокот се особено важни за говорот?
- постериорната област,париетотемпоралната област, Броковатазено во
антериорната област и моторната област во супериорниот дел од мозокот.
24. Како можеме да ги дефинираме парите
- конотативно значење-извор на среќа
- денотативно значење-нешто со што можам да си купам облека
25. Според која хипотеза говорот го обликува мислењето?
- Јазичен релативизам на Ворф
26. Чија теорија на учење истакнува дека учењето настанува од еден пат,по принцип на
се или ништо?
- на Гатри
27. Објасни го поимот когнитивна мапа во теоријата на учење на Толман!
– Ментална претстава за средината и нејзините карактеристики.

You might also like