Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

USE CASE дијаграми:

Модел е поедноставен приказ на реалноста

UML е визуелен јазик кој се користи во процесот на ОО моделирање на некој ОО систем. UML се
состои од множество на елементи и множество на правила за начинот на комбинирање на
елементите

Дијаграмот е графичка презентација составена од множество на елементи. Дијаграмот не ја носи


семантиката на системот, туку претставува приказ на сегмент(и) од моделот на ОО системот

Use Case дијаграмите се користат за моделирање на функционалностите на системот ì Use Case


дијаграмите се користат за прикажување на интеракцијата на системот со надворешниот свет

Дијаграми на активност:

Преку дијаграмите на активности се покажуваат чекорите кои треба да се направат (секој чекор се
нарекува активност) во одреден бизнис процес (или корисничко сценарио) за да се постигне
одредена функционалност

Активностите во дијаграмот на активности меѓу себе се поврзуваат со транзиции (стрелки) кои


се активираат по завршувањето на одредена активност.

Условно гранење: Кога текот на активности треба да исполнува одреден услов

Паралелни текови: Кога текот на активности може да вклучи било која гранка без проверка на
одредени услови

Кај некои дијаграми на активности, со цел подобро да се визуелизира решението, се користат т.н.
пливачки патеки (swim lanes) .
Класни дијаграми:

При визуелизацијата на класите се користат правоаголници поделени на три дела.

Статичките атрибути во УМЛ се прикажуваат со повлекување на линија под атрибутот на местото


каде што се појавува во класата.

УМЛ стандардот дозволува приказ на врски, релации, помеѓу класите во класниот дијаграм.
Постојат следниве начини на поврзување на класите помеѓу себе:

Зависност, асоцијација, генерализација и агрегација

пр.класен дијаграм

Дијаграми на состојби:

Преку дијаграмот на состојби во UML нотацијата се прикажува граф на состојбите во кои може да
се најде одреден објект, заедно со транзициите помеѓу состојбите

Се користат следните префикси: еntry, do, exit


Секвенцен дијаграм:

При цртањето на секвенцниот дијаграм се земаат во предвид следните елементи:

 Објекти кои влегуваат во комуникацијата

 Размена на пораки-повикување на методи помеѓу објектите

 Димензија ВРЕМЕ

Секој секвенцен дијаграм се состои од објекти кои се поставуваат најгоре во дијаграмот, при што
времето се прикажува со испрекината линија која излегува од објектот и ја прикажува животната
линија на објектот

Комуникацијата помеѓу објектите се одвива преку пораки

Активирањето и времетраењето на некоја метода од објектот се нарекува активација и се


прикажува со правоаголник вдолж животната линија

Доколку е потребно да се прикаже некој услов или циклус, тогаш се користат средни загради [ ] во
кои се става соодветниот дел од наредбата. Ако треба да се креира објект, тогаш во временската
точка каде треба да се креира објектот се црта симболот за објект, заедно со неговото име, а во
објектот треба да влегува стрелката од пораката која го креирала истиот  Ако треба да се уништи
некој објект, тогаш во моментот кога треба да се уништи на неговата животна линија се поставува
Х
Колаборациски дијаграми:

Колаборацискиот дијаграм е сконцентриран и е тесно поврзан со објектните дијаграми

 Со помош на колаборациските дијаграми се покажува како објектите од објектниот дијаграм


комуницираат (колаборираат-соработуваат) меѓусебе

 Разликата помеѓу секвенцните и колаборациските дијаграми е во тоа што секвенцните


дијаграми се организирани околу времето, а додека пак колаборациските околу просторот

КОМПОНЕНТНИ ДИЈАГРАМИ:

Функционалностите кои ги овозможува компонентата се нудат преку нејзините интерфејси

ì Кога се градат компонентите, треба да се има во предвид дека тие може да се искористуваат
повеќе пати

ì Многу често различни делови од еден објектно ориентиран систем може да се сместат во
пакети

Пакетите од UML нотацијата служат за групирање на зависните UML елементи кои даваат една
функционална целина
Развојни дијаграми:

Со помош на развојните дијаграми се специфицира како хардверските компоненти ќе бидат


распоредени и како ќе комуницираат помеѓу себе

Секој хардверски елемент се нарекува јазел

Ако во развојниот дијаграм се прикаже кои делови од софтверот ќе бидат сместени во


соодветните хардверски елементи, тогаш се добива имплементациски дијаграм

Симболот за јазел е тродимензионална коцка

ì Постојат два типа на јазли: процесор (јазел кој може нешто да пресметува) и уред

ì Тие се разликуваат според додадениот стереотип «processor» или «device»

ì Поврзувањето помеѓу јазлите се врши преку комуникациски линии


Класен дијаграм:

You might also like