Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

ПРИЛОГ 3

ОБРАЗЕЦ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ПАТНИЧКИ


ВОЗИЛА И ОСИГУРУВАЊЕ НА АВТОКАСКО НА ВОЗИЛАТА

Склучен на ден _______________ година, помеѓу:

1. Акционерското друштво за осигурување и реосигурување “__________” - Скопје,


Деловна единица ______________ филијала ______________________, (во натамошниот
текст: ОСИГУРУВАЧ), застапувана од директорот
__________________________________, и

2. ______________________________________ (во натамошниот текст: ОСИГУРЕНИК),


застапуван од ____________________________________.

Предмет на осигурување

Член 1

Предмет на осигурување со овој Договор е кредитот за продажба на патнички возила што


осигуреникот им го одобрува на купувачите спрема презентираната лагер-листа.

Исто така, предмет на осигурување со овој Договор е и автокаско.

Осигуреникот ги осигурува кај осигурувачот сите одобрени кредити за продажба на


патнички возила и ги осигурува од автокаско продадените возила, најмалку за време на
отплатата на кредитот.

Осигурени ризици

Член 2

Со овој Договор се осигурува ризикот, кој може да настане, поради нередовна отплата или
неплаќање на стасани рати спрема амортизациониот план.

Обезбедувања на кредитот

Член 3

Осигуреникот се обврзува, пред продажбата на возилото да ги изврши следните


обезбедувања:
А. За физички лица

- да одобрува кредит на лица кои се кредитоспособни и кои се во редовен работен однос и


имаат редовни месечни примања најмалку двојно поголеми од месечната рата, со можност
да се вклучат и членовите на домаќинството;

- да го утврди идентитетот, адресата на живеење на кредитокорисникот, со наведување на


матичен и регистарски број на личната карта;

- за физички лица вработени во сопствени фирми, приходот да го утврди преку


последниот платен список или потврда за пријавен приход издадена од надлежната
служба на Управата за приходи;

- документот со кој се утврдува кредитната способност да не биде постар од 30 дена од


денот на издавањето;

- да вгради одредба во договорот за купопродажба, ако во случај на неплаќање на две


еднаподруго рати, целиот кредит станува наплатив и да не може да го продаде возилото
додека има обврска;

- да обезбеди меница потпишана и од двајца кредитоспособни жиранти;

- осигуреникот да го осигура возилото од автокаско осигурување за цело времетраење на


кредитот и полисата да ја винкулира во корист на осигуреникот;

- да е државјанин на Република Македонија, што се докажува (со македонски пасош,


уверение за државјанство или лична карта).

Б. За правни лица

- да го утврди идентитетот и точна адреса на кредитобарачот;

- да вгради одредба во договорот за купопродажба, ако во случај на неплаќање на две


еднаподруго рати, целиот кредит станува наплатив и да не може да го продаде возилото
додека има обврска.

Бонитетот се докажува со следните докази:

- да остварил добивка двојно поголема од обврските по кредитот и трошоците, која се


утврдува на основа Годишната сметка;

- да не е блокирана сметката во последните 6 месеци;


- во претходните 6 месеци да прима редовно плата;

- осигуреникот да го осигурува возилото од автокаско осигурување за цело времетраење


на кредитот и полисата да ја винкулира во корист на осигуреникот;

- да обезбеди три бланко акцептни налози и при секоја промена на името на фирмата да
достави нови акцептни налози.

Сума на осигурување

Член 4

Сума на осигурување претставува кредитот зголемен со каматата во девизна основа.

Премија на осигурување

Член 5

Осигуреникот е должен двапати месечно на (1-ви и 15-ти), на осигурувачот да му


доставува список на продадени возила на кредит.

Списокот треба да ги содржи следните податоци: (име, презиме, адреса, број на договорот,
тип на возилото, вкупно одобрен кредит во девизи и денари, број на месечни рати,
месечна рата и пресметана премија) и амортизационен план за секој купувач.

Премијата за осигурување се пресметува секој месец врз основа на сумата на осигурување


од членот 4 од овој Договор по следните стапки:

- за кредити со рок на траење до 12 месеци, премиската стапка изнесува 0,4 % месечно;

- за кредити со рок на траење над 12 месеци до 36 месеци, премиската стапка изнесува 0,3
% месечно.

Премијата за осигурување е искажана во валута зависно од должината на кредитот и


влегува во амортизациониот план и се плаќа секој месец до отплатата на кредитот.

На премијата за осигурување, осигуреникот го плаќа и данокот на промет.

Фактурирањето, секој месец го врши осигурувачот, спрема амортизациониот план.

Осигуреникот е должен фактурираната премија да ја плати во денари во рок од 8 дена по


добивањето на фактурата, во спротивно ќе му се пресмета камата до денот на плаќањето.

На секои 6 месеци се врши корекција на премиската стапка за идните купувачи, спрема


следнава табела зависно од техничките резултати:
Ред. % на исплатени и резервирани штети % на намалување или
бр. споредени со техничката премија во зголемување на премиската
изминатиот период од 6 месеци стапка

1. Под 70 % Намалување на 30% на разликата


помеѓу процентот на штетите и
70 % на техничката премија.

2. Помеѓу 70 % и 100 % Нема намалување ниту


зголемување.

3. Над 100 % Се зголемува за 50 % на


разликата помеѓу 100 % на
техничката премија и процентот
на штети.

Обврски на осигуреникот

Член 6

Осигуреникот се обврзува:

- наредниот ден, по втасувањето на првата рата, на купувачот да му достави препорачана


писмена опомена со повратен рецепис за неплатената рата;

- ако купувачот не плати во рок од 15 дена од првата опомена, му доставува втора опомена
на купувачот и жирантите;

- во рок од три дена, по втасувањето на втората рата, да му достави трета писмена опомена
со препорачано писмо со повратен рецепис на купувачот и жирантите;

- за правни лица, доколку во рок од три дена, од рокот утврден за плаќање на втората рата
не ги платил стасаните рати, осигуреникот му го активира акцептниот налог.

Исплата на штета

Член 7

Штета настанува, ако купувачот не платил две редовни рати по истекот на рокот за
плаќање, утврден со договорот.
Осигуреникот поднесува оштетно барање во рок од 15 дена, од договорениот рок за
плаќање на втората рата.

Со оштетното барање осигуреникот ги поднесува следните докази:

- договор за продажба, со прилози од член 2,

- амортизационен план,

- меница,

- книговодствена картица,

- писмените опомени, повратни рецеписи на купувачот и жирантите;

- доказ дека е платена премијата за осигурување;

- полиси за каско-осигурување на возилото.

Осигурувачот како оштета ги исплаќа двете неплатени две рати во височина на


осигурената сума на втората рата, во денари, спрема индикативната курсна листа на
Народна банка на Република Македонија, по која е пресметана премијата.

Осигурувачот е должен, ако барањето е комплетирано, штетата да ја исплати во рок од 8


дена по комплетирањето на барањето, во спротивно, осигурувачот е должен да плати
камата за задоцнувањето.

За купувачите, кои и покрај опомените и натаму не ги плаќаат ратите, обврската за


исплата ја презема осигурувачот. На осигуреникот, секој месец во рок од 8 дена му ја
исплаќа ратата во височина на осигурената сума, ако купувачот не плаќа и ако за него
редовно се плаќа премијата за осигурување.

Каско – осигурување

Член 8

Осигуреникот се обврзува, со секој купувач на патничко моторно возило да договори


обезбедување на возилото преку склучување на автокаско-осигурување.

Автокаско-осигурување ќе се склучува со добитна франшиза во секоја штета од 1.000 Еу


во денарска противвредност на денот на исплата на штетата.

Член 9

Премијата за автокаско-осигурување ќе се пресметува, според важечката тарифа, посебно


за секое купено возило на полиса на осигурувачот и ќе се наплаќа од осигуреникот, во
еднакви месечни рати, во Еу во денарска противвредност по среден курс на индикативната
курсна листа на Народна банка на Република Македонија, на денот на ратата од кредитот.

Во случај на штета, целата премија стасува за наплата.

Член 10

Полисата за автокаско-осигурување да се винкулира во корист на осигуреникот, само од


кражба и тотална штета.

Право на регрес

Член 11

Со исплатата на штетата, сите права што ги има осигуреникот, спрема купувачите,


преминуваат на осигурувачот.

Преодни одредби

Член 12

Ако осигуреникот по исплата на оштетата примил уплати од купувачите, должен е во рок


од 8 дена примените износи да му ги дозначи на осигурувачот, во спротивно, за
задржување на средствата ќе плати камата.

Важност на договорот

Член 13

Овој Договор се склучува на неопределено време и секоја страна може да го откаже со


препорачано писмо, со отказен рок од 90 дена.

Надлежност на судот

Член 14

Во случај на спор, ќе биде надлежен судот во седиштето на осигурувачот.

Осигурувач, Осигуреник,

_________________ _________________
ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ

АД за осигурување ______________ Вид на осигурување___________

Претставништво _______________ Тарифа (тарифна група)_______

Експозитура во ________________ Класа на заштитни мерки _____

Застапништво _________________ Класа на опасности __________

Замена на полиса бр.____________ Сектор ______________________

Замена на лист за покритие бр. ____ Заеднички ризик со полиса бр.


____

Осигурувач: АД за осигурување имоти и лица „НН” од _________

Договарач на осигурувањето: ____________________________

Адреса на договарачот: __________________________________

Осигуреник: ___________________________________________

Место на осигурување: __________________________________

Долгорочното осигурување почнува на _____________________ и трае до


________________ во смисла со условите на осигурување,

Повеќегодишното/ Краткорочното осигурување почнува на ____________ и трае до


__________________.

Премијата за долгорочно/повеќегодишно осигурување втасува секоја година на ден


_______________.

Сумата на осигурувањето е __________ денари.

Вкупната премија е ____________ денари.

Ова осигурување е заклучено во смисла на Општите услови за осигурување на имотот и


условите за осигурување од Законот за облигационите односи
____________________________, кои се предадени на договарачот на осигурувањето и
кои претставуваат составен дел на овој Договор за осигурување (полиса)
Ред. СЕ ОСИГУРУВА Сума на осигурување Премија на осигурување
бр.
Денари % Денари

итн

ВКУПНО

Премија за наплата.............

Премија за време од __________ до __________ во износ од ____________ денари, е


платена ___________________________.

Осигурувачот го задржува правото на исправка во случај на каква било грешка од страна


на застапникот.

Во ______________ на ден ________________година.

Осигурувач, Договорувач на осигурувањето,

__________________ ___________________________

You might also like