Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Наслов на семинарскиот труд:

Пандемија со Корона вирусот во Република


Северна Македонија
Абстракт:

Пандемијата со Корона вирусот беше нешто неочекувано кое наеднаш го


зафати целиот свет, па и нашата држава. Вирусот кој и ден денес е присутен
претставува еден вид предизвик за сите нас, но особено за здравствениот
персонал. Тие се оние кои храбро стојат во првите борбени редови во секоја
битка со ковидот. Здравствените работници и целата здравствена
организација во државата неуморно работи, организирајќи го секој потег,
преземајќи ја секоја можна мерка за да се спречи ширењето и да се подобри
состојбата со пад на заболените. Самата пандемија ни го смени секојденвниот
живот на сите, секојдневните навики и не направи поодговорни,
повнимателени, со помош на сите мерки кои беа преземени од страна на
Одговорните во државата.

Клучни зборови: Пандемија, вирус, заболување, здравствена заштита.


Abstract:

The pandemic with the Corona virus was something unexpected that suddenly affected
the whole world, including our country. The virus that is still present today is a kind of
challenge for all of us, but especially for the healthcare staff. They are the ones who
stand bravely at the forefront of every battle with the covid. The health workers and the
entire health organization in the country are working tirelessly, organizing every move,
taking every possible measure to prevent the spread and to improve the situation with
the decline of the patients. The pandemic itself changed the daily life of all of us, the
daily habits and made us more responsible, more careful, with the help of all the
measures that were taken by the Responsible in the country.

Keywords: Pandemic, virus, disease, health care.


Содржина

1 Вовед:.................................................................................................................................................4

1.1 Што претставува корона вирусот?............................................................................................4

1.2 Како се шири корона вирусот?..................................................................................................5

2 Како започна ширењето на вирусот?..............................................................................................6

3 Пандемија во Р.С. Македонија.........................................................................................................7

3.1 Кумултатривна состојба во Македонија...................................................................................7

4 Преземени мерки за спречување на ширењето на пандемијата................................................12

5 Организација на здравствена заштита..........................................................................................14

6 Заклучок...........................................................................................................................................16

7 Користена литература.....................................................................................................................17
1 Вовед:

1.1 Што претставува корона вирусот?

Корона вирусот припаѓа на големо семејство на вируси кои предизвикуваат


болести кои можат да се манифестираат како обична настинка до потешки
заболувања, како што се Синдром на респираторниот систем и тежок акутен
респираторен синдром. Корона вирусот (SARS-CоV-2) е нов сој на вирус кој
претходно не бил идентификуван кај луѓето и затоа не постои вакцина или
третман достапен за овој вирус.

Како и кај другите дишни заболувања, инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2


може да предизвика благи симптоми, вклучувајќи течење на носот, болки во
грлото, кашлица и треска. Кај некои луѓе, може да предизвика сериозна болест,
како пневмонија или останување без здив. Најчести симптоми кои се јавуваат се:
покачена телесна температура (38⁰C), треска, кашлица, замор и губиток на здив.
Освен тоа можат да се јават и придружни симптоми како болки во телото,
малаксалост, губење на вкус, главоболка, ментална конфузија, дијареа, гадење,
повраќање, губење на апети, згрутчување на крвта, напади на грчење и тресење,
оштетување на црниот дроб, оштетување на бубрезите, осип. Се сметат дека
вирусот е во мал процент смртоносен, но кај постари лица и лица со претходно
постоечки хронични состојби (како што се дијабетес и срцеви заболувања)
предизвикува смрт.
1.2 Како се шири корона вирусот?

Корона вирусот се шири главно од лице на лице по капков пат. Капките што
се создаваат кога заразеното лице кашла или кива може да слетаат во устата или
носот на луѓето што се во непосредна близина, или може да се вдишат во белите
дробови.

Може да се шири и од контакт со заразени површини или предмети. На


пример, едно лице може да добие COVID-19 со допирање на површина или
предмет на кој го има вирусот и потоа со допирање на сопствената уста, нос или
евентуално контакт со очите.

Слика бр.1
2 Како започна ширењето на вирусот?

Избивање на епидемијата од новиот корона вирус се случило на почетокот


на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина. Светската
здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-
CoV-2 и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето
на новиот корона вирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име
SARS-CoV-2. Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина,
а биле идентификувани и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и
во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле
потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.

На 11 март 2020 година, Светската Здравствена Организација прогласи


пандемија на новиот корона вирус COVID-19, поради фактот дека се работи за нов
вид на корона вирус, како и поради фактот дека е проширен на повеќе континенти.
Со ова, Светската Здравствена Организација упати силна и јасна порака до сите
земји во Светот дека состојбата со COVID-19 е крајно сериозна и дека секоја
држава, согласно својата поставеност и здравствен систем, мора да почне да се
подготвува за справување со оваа криза.

Овој вирус во Европа, во тој момент, беше проширен најмногу во Република


Италија, каде што брзината на ширење достигна енормни размери со огромен
број на заразени и голем број на смртни случаи.

Како постепено се ширеше и ги зафаќаше сите држави, така вирусот ја


погоди и Р.С. Македонија. Привиот случај се појавил кон крајот на февруари 2020
година, кога била дијагностицирана жена која го добила вирусот во Италија и таму
ја поминала инкубацијата. Бројот на заразени започнал интензивно да се искачува
од почетокот на март. До средината на мај починале повеќе од 100 заболени. На
крајот на јули смртните случаи поврзани со COVID-19 се над 450 луѓе. Кон крајот
на јули бројот на заболени во Македонија, броејќи од почетокот на пандемијата,
достигнал 10 илјади.
3 Пандемија во Р.С. Македонија
3.1 Кумултатривна состојба во Македонија

Вирусот и ден денес интензивно се шири и покрај сите преземени мерки.


Заклучно со 13.12.2020, пријавени се вкупно 73.851 случаи на COVID-19.
Состојбата во Р.С. Македонија во однос на пандемијата е следнава.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19


се регистрирани во 35 градови низ државата. Најголем дел регистрирани во
Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека
највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Крушево, Штип и Охрид.
Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

Каратограм бр.1
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во
Штип со 5.832,2 на 100.000 жители, Скопје (5.160,1/100.000), Свети Николе
(4.777,7/100.000), Кавадарци (3.989,9/100.000), Прилеп (3.855,5/100.000) и Велес
(3.699,2/100.000), инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира
во Дојран, Богданци, Македонски Брод, Радовиш и Крушево. ( Картограм 1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 37.750 машки и 36.101


женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 3.642,0/100.000, додека кај
женските 3.495,9/100.000.

Машки
Женски 51%
49%

Графикон бр.1 Заболени во однос на пол

3700
Починати лица во
однос на пол
3650

3600
Број на пчинати

3550

3500

3450

3400
Машки Женски

Графикон бр.2 Починати во однос на пол


Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се
регистрирани температура (69,0%), малаксаност (40,5%), кашлица (40,6%),
ослабен осет за мирис и/или вкус (26,4%), главоболка (22,0%), мускулна болка
(17,8%), болка во грло (15,1%), треска (13,8%) и отежнато дишење (10,2%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), кај 10.308


или 19.7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на
заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%), пријавени


се 355 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот
на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 99 се
асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=52.252; 70,8%),


регистрирани се 2.744 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 2.147 смртни случаи (Лт = 2,9%). Во однос на дата на смрт


најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=38), а
според недела на пријавување во тек на 47-мата недела (n=212). Од
регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години
(n=1.671) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 436,0/100.000
жители. Регистрирани се 1.359 смртни случаи кај лица од машки и 788 кај лица од
женски пол. Од починатите, кај 1.483 (80,3%) се регистрирани коморбидитети,
најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.145), дијабет (n=531) и белодробна болест
(n=234). Регистрирани се 8 смртни случаи кај бремени жени и 16 смртни случаи кај
здравствени работници. Сто триесет и еден (6,1%) од пријавените случаи
починале во вонболнички услови, а 2.016 (93,9%) починале за време на
хоспитализација.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 45 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 16.624 (22,5%) со
инциденца од 4.337,2/100.000, а највисока специфична инциденца од
4.872,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (13.547
заболени). Најниска инциденца од 678,5 и 1.255,7 на 100.000 жители се
регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.553 и
3.142 случаи соодветно (Графикон 3).

18000

16000

14000

12000 Над 60год


50-59год
10000
10-19год
8000 0-9год

6000

4000

2000

0
Заболени во однос на возраста

Графикон бр.3- Заболени во однос на возраст

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на


26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е
регистриран на 17.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020
година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на
заболени на неделно ниво (n=7.481) е регистриран 47-та недела (Графикон 4). Во
последните три недели се регистриран пад на бројот на ново заболени лица.

Графикон бр.4 – Заболени лица во однос на временски период(недела)

Од 15.02-13.12.2020 тестирани се вкупно 365.600 материјали (детектирани


73.851 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно
тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува
брз антигенски тест. Со ова во Р. С. Македонија се направени 176.689 тестови на
1.000.000 жители

Според исходот од заболувањето, 21.658 лица (29,3%) се активни случаи,


50.046 случаи (67,8%) се водат како оздравени (од нив 2.249 се здравствени
работници и 295 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по
домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од
случаите кои се водат како оздравени, 3.533 (7,1%) биле хоспитализирани додека
останатите 46.513 (92,9%) биле на домашно лекување.
4 Преземени мерки за спречување на ширењето на
пандемијата

Со самото ширење на пандемијата во Европа, уште при крајот на јануари,


Одговорните лица во Македонија ги преземале сите превентивни подготовки за
справување со вирусот доколку се појави во Македонија. Направени беа
подготовки во однос на кадарот, инфраструктурата, опремата, одредени беа
места за хоспитализирање на пациенти. Меѓу првите мерки против ширењето на
вирусот беше воведувањето на скенирање со термална камера на патниците
на аеродромот во Скопје за секој патник кој доаѓа од ризичните предели, потоа,
мерење на темепратурата, а дополнително патниците пополнувале и
прашалници. Истите мерки се вовеле и на граничните премини.

Како дел од мерките беа и одложување на патувањата и екскурзиите на


основните и средните училишта. Министерството за здравство било задолжено да
ги снабдува училиштата, детските градинки и јавните тоалети со дезинфекциски
средства, а на дел од установите и со заштитна опрема.

да се превенира ширењето беше овозможено да се пријавуваат сите


сомнителни симптоми налик на коронавирусот. За непочитување на мерките
против ширење на вирусот се казнуваше парично или со затвор до една година.

Бидејќи состојбата се влошување со зголемување на бројот на заболените


мерките се заоструваа. Како дел од тие мерки беше затворање на сите образовни
установи во земјата. Исто така беа воведени низа мерки за масовно спречување
на пандемијата, како што се затворање на угостителските објекти и трговските
центри, исто и аеродромите и граничните премини, Забранети беа и масовните
јавни собири.

Поради масивното ширење на вирусот како една од најостри мерки бше


воведување на вонредна состојба на целата територија на државата, во
времетраење од најмалку 30 денови. Исто така се воведе секојдевен полициски
час на територијата на целата држава во периодот од 21 часот навечер до 6
наутро заради справување со пандемијата. Со ова беше забрането движењето на
населението секаде во земјата во овие часови.

Но најважните мерки за да се спречи пандемијата се: носење маска,


држење дистанца и редовно миење на раце. Носењето на маска е задолжително
секаде надвор од домот, особено во затворени простории. Исто така еден од
најдобрите начини лично да се заштитиме, е со почесто миење на раце,
дезинфекција на работни површини, како и одредени делови од домот. Бидејќи
самиот вирус се пренесува при контак со друго лице, неопходно е одржување на
дистанца насекаде, при движење на улица, чекање ред во маркети и сл.

Во однос на заболените лесни случаи, кои се на домашно лекување,


потребна е изолација на истите, како и на сите оние лица кои били во контак со
заболениот.

Здравствените работиници, кои постојано се во контак со заболени пружајќи


им соодветна помош, задолжително е да носат соодетна заштитна опрема која
вклучува носење на маски, ракавици, медицинска облека и сл.

Слика бр.2
5 Организација на здравствена заштита

Поради пандемијата и големиот број на заболени, здравствената заштита


во Македонија претрпи одредени промени се со цел да се спречи ширењето на
вирусот. Во однос на тоа беа преземени одредени мерки чија примарната цел
беше да се растовари примарното здравство од одредени административни
процедури, но и да се сведе само на оние кои се од итен и неодложен карактер.
Со тоа, примарното здравство ќе може ефикасно да им ги пружи неопходните
здравствени услуги на пациентите на кои тие им се најмногу потребни.
Истовремено, во интерес на безбедноста на граѓаните на целата држава, чиј што
здравствен систем во целост е мобилизиран, со цел да се намалат штетните
последици од Коронавирусот „Covid – 19“, е да се минимизира непотребниот
контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар
само кога тоа е навистина неопходно. Затоа во однос на здравствена заштита се
преземани следниве мерки:

 Пациентите ќе можат да ги добијат потребните здравствени услуги и преку


телефон, така што осигуреното лице нема да има потреба да доаѓа во ФЗО
за отворање на ново боледување, ниту за продолжување на боледувањето,
туку треба да се јави телефонски кај матичниот лекар.
 Матичниот лекар може да издаде боледување до 14 дена (наместо до 7
дена) без да се придржува на Критериумите за дијагностички постапки и
оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда.
Боледувања за респираторни заболувања (JОО-99) матичниот лекар ќе
може да ги отвори – продолжи и по истекот на 14 дена, односно, до
завршување на мерките за спречување на заразата. Кога матичниот лекар
поради болест или изолација не е на работното место, здравствените
услуги ги пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и
лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на
втор лекар, а по потреба и друга замена.
 Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот Матичниот лекар може да
издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од
специјалистот/отпусно писмо е постара од една година. Рецепти за
хроничната терапија матичниот лекар да издава за 6 месеци.

Здравствени услуги од специјалистичко – консултативна здравствена


заштита и општа стоматологија.Поради спречување на ширење на Коронавирусот
здравствените установи од дејноста специјалистичко-консултативна здравствена
заштита и општа стоматологија треба да пружаат здравствени услуги само во
итни случаи.

Поради пандемијата со КОВИД -19 вирусот голем број од претходно


закажани прегледи останаа нереализирани. Сегашната епидемиолошка состојба
овозможува да се продолжи со нормална работа на специјалистичко-
консултативна здравствена заштита со запазување на препораките на Комисијата
за заразни болести. При тоа за закажаните, а нереализирани термини (услуги) ЗУ
се должни да ги контактираат осигурените лица и да овозможат нов термин. За
реализација на овие услуги може да се користат издадените упати за првичниот
термин.
6 Заклучок

Од претходно напишаното може да заклучиме дека состојба е доста


сериозна и не треба никако поинаку да се сфати. Исто така, целата оваа
ситуација со пандемијата ни ги промени начините на живот, како и начинот
на нашето размислување. Пандемијата не зближи со семејството, направи од
нас поодговорни и посочуствителни луѓе кои многу повеќе го ценат животот,
се грижат за себе и за своите блиски, бидејќи кога смртта се доближува толку
блиску, животот добива поинаква вредност.
На нас останува да ги прифатиме сите тие промени во секојдневното
живеење, со заштитни маски како дел од нашата облека, со одржување на
растојание и без поздравување со другите. Исто така да се прилагодиме на
работењето од дома, како и учениците и студентите кои ја следат наставата
преку компјутери. Затоа за што побрзо да се вратиме на стариот начин на
живот треба да бидеме одговрни и да ги почитуваме мерките бидејќи само
на тој начин може да се подобри состојбата со пандемијата која и понатаму
продолжува да се шири.
7 Користена литература

Министерство за здравство -
http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/04/info-COVID-19-do-16-april.pdf
Фонд за здравствено осигуеување на Република С. Македонија -
http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=0C49F67B6698A74C99D168DB41BB2F55
Институт за јавно здравје на Република С. Македонија
https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-7-do-13-12-2020/

You might also like