-Сите живи организми се клеточни организми, се изградени од клетка. -Клетката е основна градбена единица на сите живи организми. Разликуваме: -прокариотска клетка -еукариотска клетка Во зависност од тоа дали во клетката има јасно диференцирано јадро или не, клетките се поделени на: еукариоти (кои имаат јадро) и прокариоти (кои немаат јадро) Сите живи организми на нашава планета Земја се групирани во 5 царства -Царството е најголема систематска категорија -Систематика или таксономија е гранка на Биологијата која се занимава со именување и подредување на живите организми КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМИТЕ НА 5 ЦАРСТВА Живите организми се групирани во 5 царства: -ЦАРСТВО НА БАКТЕРИИ -ЦАРСТВО НА ПРАЖИВОТНИ И АЛГИ -ЦАРСТВО НА ГАБИ -ЦАРСТВО НА РАСТЕНИЈА -ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ Биолошките имиња на 5 царства се: МОНЕРИ, ПРОТИСТИ, ГАБИ, РАСТЕНИЈА и ЖИВОТНИ -Во МОНЕРИ спаѓаат: БАКТЕРИИТЕ и МОДРОЗЕЛЕНИТЕ АЛГИ-тие се едноклеточни -Во ПРОТИСТИ спаѓаат:ПРАЖИВОТНИ ( амеба, парамециум и еуглена) и АЛГИ -ГАБИТЕ се поделени на:МУВЛИ, КВАСОЧНИ ГАБИ и ПЕЧУРКИ -РАСТЕНИЈАТА се групирани во 2 подгрупи:БЕССЕМЕНИ И СЕМЕНИ СЕМЕНИТЕ се поделени на 2 подгрупи (голосемени и скриеносемени) -ЖИВОТНИТЕ се поделени на 2 групи:’РБЕТНИЦИ и БЕЗ’РБЕТНИЦИ -Царство МОНЕРИ (опфаќа околу 5 000 видови) Најпримитивни едноклеточни организми-имаат клеточна мембрана без вистинско јадро и без органели -Царство ПРОТИСТИ (опфаќа околу 50 000 видови)- ПРАЖИВОТНИ и АЛГИ Сите се еукариотски организми-имаат клеточна мембрана, имаат вистинско јадро и органели -Царство ГАБИ (опфаќа околу 100 000 видови)- едноклеточни или повеќеклеточни еукариотски организми -Царство РАСТЕНИЈА (опфаќа околу 350 000 видови)- многуклеточни автотрофни организми Мовови, папрати, голосемени и скриеносемени -Царство ЖИВОТНИ (опфаќа околу 1 000 000 видови)- многуклеточни хетеротрофни организми -Од прокариотски клетки се изградени: модрозелени алги и бактерии -Од еукариотски клетки се изградени: габи, растенија и животни ВИРУСИ -Вирусите се на граница помеѓу живото и неживото. Немаат јадро