Глаголи.Прости-глаголски-форми

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

ГЛАГОЛИ

● Глаголите се зборови што означуваат дејства или состојби

пр. пее, лежи, игра

- глаголите имаат најсложена структура

● Граматички категории кај глаголите: време, вид, лице, начин, преодност, залог, род и
број

1. Категорија време

- најкарактеристична категорија за глаголите

● сегашно време – дејството се врши во моментот на зборувањето, а тоа е моментот на


сегашноста

● минато определено свршено и несврешено време – дејството му претходи на моментот


на зборувањето

● минато неопределено свршено и несвршено време – дејството му претходи на моментот


на зборувањето

● предминато време – дејството се случило во минатото и тоа исто дејство му претходи на


друго дејство во минатото

● идно време – дејството следи по моментот на зборување

● минато-идно време – покажува идност, во однос на некој друг момент во минатото

● идно прекажано време – се искажуваат прекажани дејства

- Глаголите може да се употребуваат со:

● основно значење – значење што се одредува во однос на моментот на зборување или на


некој друг момент

● вторично значење – произлегува од тоа што зборувачот може да му пристапи на


дејството за кое соопштува од различни временски гледни точки

2. Категорија начин

- има функција да го означи ставот на зборувачот кон она што го соопштува, односно
субјективната оцена на зборувачот
- едно дејство може да означува: констатација (Читаш бавно), заповед (Читај побавно) и
можност (Би читал побавно, ако е потребно), па затоа разликуваме:

● исказен начин – неутрален став кон она што се соопштува – сите глаголски времиња

● заповеден начин – се изразува со посебни (императивни) форми на глаголот

● можен начин – дејство што означува можност да се изврши

3. Категорија лице

- оваа категорија го покажува односот меѓу учесниците во комуникацијата

- лицето се определува со формата на глаголот, преку наставката или преку отсуство на


наставката

Пр. вика – нема наставка; викам – наставка за прво лице еднина

Во македонскиот јазик, глаголот има три лица:

● прво лице – дејство што зборувачот си го препишува себеси

● второ лице – дејство што му се препишува на соговорникот

● трето лице – дејство што му се препишува на лице кое не е учесник во говорната


ситуација

- Разликуваме два вида глаголски форми:

● лични глаголски форми – глаголски форми кај кои се разликува категоријата лице

● нелични глаголски форми – глаголски форми што немаат промена по лице, пр. глаголска
л-форма, глаголска придавка, глаголска именка и глаголски прилог

- се среќаваат и безлични форми кои не се поврзуваат со вистински вршител на дејството,


пр. Грми. Сека.

4. Категорија вид

- Видот се определува врз основа на тоа дали се претставени дејството или состојбата како
процес или како сосема завршено дејство

- Според видот, глаголите се делат на:

● несвршени глаголи – дејство што не е завршено

Пр. оди, плива, чита итн.


- во оваа група има една подгрупа што се вика повторливи глаголи (означуваат
незавршено дејство што се одвива со прекини, со повторувања, пр. седнува, тропнува

- формален признак на овие глаголи е наставката -ува (потскокнува)

- вистински повторлив глагол е само оној што не може да се употреби во основното


значење на сегашно време и на МОНВ

Пр. седи (н) – седне (с) – седнува (п)

- тропа (н) – тропне (с) – тропнува (п)

- не значи дека сите глаголи што ја имаат наставката -ува се повторливи, на пр. верува,
чувствува и затоа е тешко да се постави остра граница меѓу повторливите и несвршените
глаголи

Пр. зајде (с) – заоѓа (н) – зајдува (н)

- најде (с) – наоѓа (н) – најдува (н)

- за да се определи еден глагол како несвршени или повторлив, во предвид се земаат


повеќе фактори: модалното значење на готовност за вршење на дејство, улогата на
префиксите, формата на глаголот, контекстот итн.

● свршени глаголи – дејства или состојби што се завршени

Пр. викне, падне – целосно извршени дејства

-пооди, поседи – дејството опфатило извесно време од своето извршување

-заноси, зачита – дејство што означува почеток

-прочита, исплива – дејство што означува крај

- Категоријата вид е поврзана со категоријата време

- почесто се образуваат видски двојки со помош на:

● префикси: пие (н) – испие (с), чита (н) – прочита (с)

● суфикси: седи (н) – седне (с), купи (н) – купува (с

- Во македонскиот јазик има глаголи кои означуваат и свршен и несвршен вид, пр. јаде,
руча, дарува, слика, слади, мине итн. и глаголите што завршуваат на -ира/-изира, на пр.
ангажира, специјализира

- Образување на свршени и несвршени глаголи


● изведување на несвршени од свршени глаголи

- со суфиксот -а: одговори – одговара, удри – удира

- фонетски промени: плати – плаќа, роди – раѓа

- со суфиксот -ува/-ва: крене – крева, каже – кажува

● изведување на свршени од несвршени глаголи

- со суфиксот -не: лета – летне, рипа – рипне

- некои глаголи со оваа наставка се од несвршен вид: гине, кине, гасне, кисне, секне,
плакне и сл,

- со додавање на префикси: тепа – отепа (нов гл.), кара – окара (разликување на видот)

- често се употребуваат заедно два или повеќе префикси, пр. изнакажува (из- го менува
видот на значењето, а на- покажува извесна засиленост на дејството)

- најфреквентни префикси се:

● в(о)- : втера, вовлече

● до- : донесе, дотрча

● за- : заоди, забрза

● из- : искачи, избега

● на- : нафрла, напише

● над- : наттрча, надлета

● об- : опише, обложи

● од- : однесе, одземе

● по- : покрие, пожолти

● под- : потпише, подмести

● пре- : префрли, прекрши

● при- : привлече, прибере

● про- : прободе, проколне

● раз- : разбега, расцепи


● с(о)- : собере, сплете

5. Категорија преодност

- оваа категорија се однесува на поврзување на глаголското дејство со предметот во


реченицата, па притоа разликуваме:

● преодни глаголи – што се врзуваат со предметот во реченицата

Пр. Марко чита книга (чита е преоден глагол затоа што глаголот преминува на предметот,
одговара на прашањето Што чита?)

● непреодни глаголи – не се врзуваат со предмет во реченицата

Пр. Петре стои на врата (одговор на прашањето Што? нема, па стои е непреоден глагол)

-границата меѓу преодните и непреодните глаголи е затеменета

Пр. Снаите го умреа свекорот (глаголот умре асоцира со значењето на преодните глаголи
убие, отепа и оваа појава е наречена секундарна (вторична) преодност или
транзитивизација

Пр. глаголите легне, седне првично не врзуваат предмет во реченицата и се непреодни


глаголи, но секундарно (во примерите: Го легнаа човекот; Го седна детето) се
употребени како преодни глаголи

-Стоев цел пат (стои – непреоден глагол)

Го стоев цел пат (вторично преоден глагол)

-Скокна преку ѕидот (скокне – непреоден глагол)

Го скокна ѕидот (вторично преоден глагол)

6. Категорија повратност

- оваа категорија е во тесна врска со категоријата преодност, а се разликуваат:

● повратни глаголи – се оние глаголи кои во својот состав ја имаат повратната заменка се

Пр. се мијам, се чешлам, се облекувам

-повратните глаголи што се изведени од преодни глаголи стануваат непреодни

Пр. мијам (преоден) – се мијам (непреоден)

-повратните глаголи покажуваат дека дејството останува во опсегот на подметот


(вршителот), а таа се однесува и на непреодните глаголи
● неповратни глаголи – нема ист вршител на дејството и предмет

-повратните глаголи се употребуваат за: означување пасивност (Сликите се нацртани од


Маја) и во безлични состави (Треба да се оди; Ми се јаде)

● заемно-повратни глаголи – означуваат дејство што различни субјекти го вршат еден на


друг, пр. се тепаме, се бориме итн.

7. Категорија род и број

- категоријата род се јавува кај безличните форми на глаголот

- глаголската л-форма и глаголската придавка имаат форми за машки, женски и среден род

Пр. учел/учела/учело/учеле; учен/учена/учено/учени

-глаголските именки се јавуваат само во среден род

- категоријата број се јавува кај сите глаголи, разликуваат еднина и множина

8. Категорија залог

- Залог (дијатеза) е начинот на кој се претставува глаголското дејство во врска со неговите


учесници, па според тоа разликуваме:

● активен залог – ако граматичкиот подмет е вистински вршител на дејството

Пр. Марко ја напиша задачата – активна реченица

● пасивен залог – кога трпителот на дејството, објектот станува граматички подмет

Пр. Задачата е напишана од Марко – пасивна реченица

-многу често се предава со формите од повратните глаголи, пр. Се молат присутните да


ги исклучат мобилните телефони и со конструкции од помошниот глагол сум и глаголска
придавка, пр. Конкурсот е отворен дваесет дена.

● Класификација на глаголите

- глаголските форми разликуваат:

- општ дел (се добива кога ќе се издели вокалот што се јавува во трето лице еднина, пр.
бег-а)

- основен вокал (зависи на кој вокал завршува глаголот)


- наставка (се додава на основниот вокал и со неа се покажува лицето, бројот и времето)

Пр. читам (чит – општ дел, -а основен вокал и -м наставка)

-Три групи глаголи се изделуваат според тоа на кој вокал завршуваат:

● А-група (гледа, чита)

- а-раздел: гледа – глед-а-в, чита – чит-а-в

● И-група (брои, носи)

- а-раздел: издржи – издрж-а-в, изброи – изброј-а-в

- е-раздел: оздрави – оздрав-е-в, изгори – изгор-е-в

- и-раздел: прати – прат-и-в, згреши – згреш-и-в

● Е-група (везе, пее)

- а-раздел: стане – стан-а-в, легне- легн-а-в

- е-раздел: запре – запр-е-в, умре – умр-е-в

- о-раздел: рече – рек-о-в, дојде – дојд-о-в

- раздел без основен вокал: чуе – чу-0-в, измие – изми-0-в

● Разделите се добиваат според формата за прво лице еднина во МОСВ (минато


определено свршено време), односно според вокалот на основата на кој се додава личната
наставка за прво лице -в

● Прости нелични глаголски форми

1. Глаголска л-форма

- во стариот јазик се викала активна глаголска придавка

- разликува три рода во еднина

- не може да врши атрибутска служба

- формите врел, зрел, гнил одамна се влезени во редот на придавките

- се образува со наставките -л, -ла, -ло, -ле од свршени и од несвршени глаголи


пр. копал, копала, копало, копале (од несвршен глагол)

-ископал, ископала, ископало, ископале (од свршен глагол)

- глаголите од е и и-група образуваат по две л-форми

пр. станал – станел; паднал – паднел

-несвршените л-форми немаат самостојна употреба, се употребуваат со честици, сврзници

пр. ако дојдел, да дојдел, ќе можел да се запише

2. Глаголска придавка

- во стариот јазик се викала пасивна глаголска придавка

- се образува од преодни и непреодни глаголи со помош на наставките -н, -на, -но, -


ни; -т, -та, -то, -ти (кај глаголи на кои општиот дел им завршува на -н)

пр. паднат, викнат

-од некои глаголски форми се образуваат по две глаголски придавки, пр. дере –
дерен/дран, бере – берен/бран

- глаголските придавки имаат форми на: придавка (разликува род, борј, член) и на глагол
(се јавува во конструкции со помошниот глагол сум и има)

пр. Поканети сме на роденден.

-Мајка ми има кажувано за тоа.

- главен признак е резултативноста (со неа се искажува резултатот од вршењето на


глаголското дејство

- може да врши атрибутска функција: учен човек

- влегува во состав на именскиот прирок

- има примери кога глаголската придавка може да се употреби самостојно и да добие


функција на именка (да се супстантивизира)

пр. Од пишаното не се бега.

3. Глаголска именка

- се образува со наставката -ње, што се додава на вокалот на основата на глаголот


(кај сите три групи), само кај несвршени глаголи
пр. одење, носење, викање

-многу ретко се среќава наставката -ние, најчесто кај свршени глаголи

пр. решение, признание

-глаголската именка има карактеристики на: именка (разликува род само среден, број и
определеност) и на глагол (се изведува од глаголска основа и означува име на дејство, без
да се укажува на вршителот на дејството)

4. Глаголски прилог

- се образува со наставката –јќи, што се додава на вокалот на основата (кај сите три
групи), само кај несвршени глаголи

пр. гледајќи, одејќи

-формата бидејќи се употребува како сврзник

- не се менува

● Заповеден начин (императив)

-претставува нелична глаголска форма затоа што не се поврзува со категоријата лице

- форми за заповеден начин има само за 2л. еднина и за 2л. множина и со нив се искажува
директна заповед

- за другите лица се употребуваат конструкциите со честиците да, нека + форми од


сегашно време што означуваат: индиректна заповед (3л. еднина и множина) и повик за
заедничко вршење на дејство (1л. множина)

- Заповеден начин се образува со наставките:

● -ј за еднина: играј, пиј, број

● -јте за множина: играјте, пијте, бројте

- кај глаголите од а-група наставките се додаваат на основниот вокал, а кај глаголите од е-


група и и-група се додаваат на општиот дел од глаголот

- кај глаголите од е и и-група на кои општиот дел им завршува на согласка се образува со


наставките:

● -и за еднина (се додава на општиот дел на глаголот): молчи, носи, кажи

● -те за множина (се додава на основниот вокал): молчете, носете, кажете


- одречни форми на заповедниот начин се образуваат: со негацијата не која се наоѓа пред
глаголот, пр. не оди, не играјте и со немој/немојте + да-конструкција, пр. немој да одиш,
немојте да играте

● основно значење – значење на директна заповед, закана или застрашување

- се образува од несвршени глаголи, пр. Не дојди, па ќе видиш

- од некои глаголи не се образуваат форми за заповеден начин, пр. може, студи, треба

● вторично значење

А) услов: Дај му малку власт, па ќе го видиш каков е (Ако му дадеш власт,...)

Б) личен став (чудење, негодување): Гледај го ти него како се однесува

В) севременост: Не слушај гаталец, ами паталец

● Прости глаголски форми


-Глаголските форми според составот се делат на:

● прости – еден глаголски збор

● сложени – со помошниот глагол сум или честиците би и ќе + прости глаголски форми

1. Прости глаголски форми

● Сегашно време

- формите за сегашно време се образуваат со следниве наставки кои се додаваат на


вокалот на основата:

● еднина – 1л. -м, 2л. -ш, 3л. -Ø

● множина – 1л. -ме, 2л. -те, 3л. -ат

Пр. А-група (чита)

Еднина Множина

1л. читам 1л. читаме

2л. читаш 2л. читате

3л. чита 3л. читаат


Е-група (везе)

Еднина Множина

1л. везам 1л. веземе

2л. везеш 2л. везете

3л. везе 3л. везат

И-група (носи)

Еднина Множина

1л. носам 1л. носиме

2л. носиш 2л. носите

3л. носи 3л. носат

● основно значење – дејство што се врши паралелно со моментот на зборување, пр.чита

- се искажува со несвршени форми од глаголи

Пр. пишува, носи, трча

-сегашно време може да се образува и од свршени глаголи, пр. дојде, рече, но тие не
изразуваат вистинска сегашност, не се самостојни и се употребуваат само со некои
сврзници, честици, пр. ако/да/дури да/додека да дојдам

- ваквото значење најдобро се согледува во реченица: Ако дојдам во осум, ќе учиме.

● вторично значење

а) минатост: Гоце Делчев умира во 1903г.

б) идност: Утре одам во Скопје.

в) севременост: Два петла на исто буниште не пеат.

г) повторливост: Секое утро одам на Факултет.

д) готовност: За еден час доаѓам кај тебе.


● Минато определено несвршено време (имперфект)

- формите за МОНВ се образуваат со следниве наставки што се додаваат на вокалот на


основата:

● еднина – 1л. -в, 2л. -ше, 3л. -ше

● множина – 1л. -вме, 2л. -вте, 3л. -а/-ја

Пр. А-група (гледа)

Еднина Множина

1л. гледав 1л. гледавме

2л. гледаше 2л. гледавте

3л. гледаше 3л. гледаа

Е-група (пее)

Еднина Множина

1л. пеев 1л. пеевме

2л. пееше 2л. пеевте

3л. пееше 3л. пееја

И-група (брои)

Еднина Множина

1л. броев 1л. броевме

2л. броеше 2л. броевте

3л. броеше 3л. броеја

● основно значење – да искаже дејство што трае и што е засведочено (дејството се предава
како факт од страна на зборувачот, како тој да бил сведок на дејството)

Пр. Мила долго разговараше на телефон

-се образува од несвршени глагол

- доколку се образува од свршени глаголи тогаш мора да се употреби со некои сврзници,


честици, пр. ако дојдеше/ да прочитавме
● вторично значење

а) услов: Ако учеше, ќе положеше на испитот.

б) блага заповед: Да ми дадеше малку пари.

в) повторливост во минатото: Секое утро одеше на тренинг.

г) готовност: Доаѓав кај тебе, да не беше толку жешко.

● Минато определено свршено време (аорист)

- формите за МОСВ се образуваат со следниве наставки што се додаваат на вокалот на


основата:

● еднина – 1л. -в, 2л. -Ø, 3л. -Ø

● множина – 1л. -вме, 2л. -вте, 3л. -а/-ја

Пр. А-група (прочита)

Еднина Множина

1л. прочитав 1л. прочитавме

2л. прочита 2л. прочитавте

3л. прочита 3л. прочитаа

Е-група (запре)

Еднина Множина

1л. запрев 1л. запревме

2л. запре 2л. запревте

3л. запре 3л. запреа

И-група (прати)

Еднина Множина

1л. пратив 1л. пративме

2л. прати 2л. пративте


3л. прати 3л. пратија

-2л. и 3л. еднина немаат наствки

● основно значење – означува завршено и засведочено дејство во еден определен момент


во минатото (во присуство на лицето кое зборува)

- се образува од свршени глаголи

- исклучоци се јавуваат во народниот јазик, пр. Многу време спав; Пив кафе.

● вторично значење

а) идност: Марко, те убив.

б) услов: Ги положив ли испитите, ќе одам во Германија.

You might also like