Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 28

СТАТИЈА ПРВА – на Велики Петок

Благословен си, Господи, научи ме на Твоите заповеди.

1. стих: Блажени се непорочните кои одат според законот на Господа.

Живот си, Христе,


Но в гроб Те ставија,
Ангелските воинства се исплашија
Славејќи го Твоето смирение.

2. стих: Блажени се тие кои со сето срце ги исполнуваат Божјите заповеди.

Животе, зошто умираш


И в гроб лежиш?
Но, царството на смртта го разоруваш,
Од адот мртвите ги издигнуваш.

3. стих: По патишта Негови одеа оние што беззаконија не твореа.

Исусе Царе,
Тебе Те величаме,
Гробот и маките ги почитуваме
Со кои не спаси од гниење.

4. стих: Господи , Ти си ни заповедал секогаш да ги исполнуваме Твоите заповеди.

Исусе Спасе,
Земјата ја измери,
А денес в тесен гроб Ти обитаваш
И од гробот мртвите ги издигнуваш.

5. стих: Боже, ако ги исполнам Твоите заповеди. Прави ќе бидат моите патишта.

Иисусе Христе,
Ти си Цар на сите нас.
Што бараше при оние во пеколот?
Не човекот ли од зло да спасиш?

6. стих: Господи, не ќе се посрамам, ако внимавам на сите Твои заповеди.

Навидум мртов
Е Господарот на се`
И в нов гроб како мртов е положен,
Празнејќи го сам гробот на мртвите.

7. стих: Боже кога ќе ги научам тајните на Твојата вистина, со чисто срце ќе те


исповедам.

1
Христе, Животе,
Во гробот си положен,
Но со Твојата смрт смртта ја победи
И за светот извор на живот стана.

8. стих: Не оставај ме, Господи, до крај ќе ги пазам Твоите заповеди.

Сам се приопшти
Христе кон злосторници
Од злото сите нас да не оправдаш
Од ѓаволски мрежи да не` избавиш.

9. стих: Господи и најмладиот ќе го исправи својот пат, ако ги запази Твоите зборови.

Прекрасен е светот
В добрина неспоредлив,
Тој е украс на целата вселена,
А сега в гроб лежи без убавина.

10. стих: Боже, Те барам со сето свое срце, не оддалечувај ме од Твоите заповеди.

Како, о Спасе,
Адот ќе те истрпи?
Тој ќе бидe сиот згазен и ослепен
Од блесокот на Твојата светлина.

11. стих: Господи, ги скрив зборовите Твои во срцето мое, за да не Ти згрешам.

Иисусе благи,
Светлино спасителна!
Можеше ли в темен гроб да се сокриеш?
О неискажливо ли трпение!

12. стих: Благословен си, Господи, учи ме на Твоите правдини.

Родот човечки
и бесплотните сили
зачудени стојат пред гробот Христе;
невидената тајна ги порази.

13. стих: Господи, со устата моја го објавив Твојот суд.

Чудо пречудно!
Необични нешта!
Животодавецот е лишен од живот,
Од раце Јосифови погребуван.

14. стих: Боже, се насладив од Твоите откровенија како од секое богатство.

2
Колку е дивно,
Христе мој, преславно!
Ти како човек в гроб мрачен лежиш,
Но неразделно со Отца остана.

15. стих: Господи, ќе размислувам за Твоите заповеди и ќе ги разберам Твоите


патишта.

Иисусе Царе,
На небо и на земја,
И ако Ти в тесен гроб беше заклучен, сепак на
Тварите Ти си Владетел.

16. стих: Боже, не ги заборавам Твоите зборови, ќе се поучам со Твоите заповеди.

В гроб положен,
О, Христе Создателе!
Основите пеколни се растресоа,
Се отворија човечките гробови.

17. стих: Господи, дај ми мене, на Твојот слуга, да живеам и ќе ги исполнувам Твоите
зборови.

Седржителе,
Задржан под земјата
Телесно си умртвен и в гроб затворен
Избавувајќи ги мртвите од адот.

18. стих: Боже, отвори ми ги очите ќе ги разберам чудесата на Твојот закон.

Животе, Спасе,
Излези од гниење.
Како мртов дојде Ти при умрените,
Ги искрши оковите адови.

19. стих: Господи, придојден сум на земјата, не скривај ги од мене Твоите заповеди.

Божјото тело
Како свешник на светот
Сега е скриено под гробната плоча,
Ја прогонува адската темнина.

20. стих: Боже, во секое време мојата душа ја сака и пожелува Твојата правда.

Силите ангелски
Со Јосиф и Никодим
Се собраа да Те погребаат во мал гроб
Тебе, за Кого мала е и вселената.

3
21. стих: Господи, Ти им се противиш на горделивите, проклети да се оние кои се
отклонуваат од Твоите заповеди.

Иисусе Христе,
Жизнодавче, Спасе мој,
Доброволно умре Ти и смртта ја прими,
Та мене мртвиот да ме оживиш.

22. стих: Боже, ослободи ме од гордост и отчајност; сакам да живеам според Твојата
волја.

Слово Божјо,
Со Твоето страдање,
Признавајќи Те Тебе, Творче сесилен,
Сѐ се измени страдајќи со Тебе.

23. стих: Господи, кнезовите седеа и ме клеветеа, а јас, слугата Твој, размислував за
Твојата правда.

Адот изедник
В утроба Те прими
Тебе, скапоцен камен на животот.
Тој ги поврати сите умрени.

24. стих: Боже, Твоите откровенија се поука за мене и Твоите заповеди – мои совети.

Иисусе Христе,
В гроб Те положија,
Човечката природа Ти ја обнови,
Од мртвите кога славно воскресна.

25. стих: Господи, кон земјата се приврза душата моја; помогни ми да живеам според
Твојот закон.

Христе Господи,
Ти слегна на земјата,
Слегна, да го спасиш Адама
И барајќи го, отиде во пеколот.

26. стих: Боже, Ти ги покажав моите патишта и Ти ме чу; научи ме на Твојата правда.

Наш Спасителе,
Како човек умираш,
Како Бог смртните си ги подигнал
Од гробовите и бездните на гревот.

27. стих: Господи, откриј ми ги патиштата на Твоите заповеди и ќе ги разберам


чудесата Твои.

4
О, Слово Божјо,
Земјата се затресе
И ѕвездата Деница лачите ги скри
Кога влезе в гроб Ти, вечна Светлино!

28. стих: Боже задрема душата моја од отчајноста; утврди ме во зборовите Твои.

Со солзни ридања
Пречистата Ти Мајка,
Иисусе, мајчински Ти извикуваше:
Како ќе Те погребам, о Сине мој!

29. стих: Господи, патот на Твојата правда да ми биде закон и секогаш ќе го


исполнувам.

Праотец Адам
Од завист е умрен,
Твојата смрт, Спасе, живот ми подари
Нов Адам кога в тело се јави.

30. стих: Боже, го засакав патот на вистината и не ги заборавив Твоите наредби.

Спасителе мој,
Под земја се скри Ти,
Сега ноќта црна Тебе Те покрива.
Озари не` нас Ти, вечна Светлино!

31. стих: Господи, ја засакав Твојата наука, не ме посрамувај.

Мој Спасителе,
Гробот сега Те сокрива,
Како луната сонце што помрачува:
Озари не` нас Ти, вечна Светлино!

32. стих: Боже, одев по патот на Твоите заповеди, кога Ти беше во срцето мое.

Христе Животе,
Откако смрт вкуси Ти,
Нас смртните од смртта нѐ ослободи,
Сега на сите живот ни даруваш.

33. стих: Господи, патот на неправдата да биде далеку од мене и со Твојот закон
помилуј ме.

Житно зрно си,


Фрлено во земјата;
Многу зрнест клас искласи, Спасителе,
Ги обнови децата Адамови.

34. стих: Боже, вразуми ме и ќе го изучувам законот Твој; ќе го чувам со сето мое срце.

5
Иисусе Спасе,
Небесните ангели
Трепереа мртов кога Те видоа,
Со крилјата лицата ги криеја.

35. стих: Господи, води ме по патеката на Твоите заповеди, неа ја засакав.

Јосиф Те симна
Со почит од дрвото;
Како мртовец во гробот Те положи;
Воскресни, Боже мој, Спасителе!

36. стих: Господи, приклони го срцето мое кон Твоите откровенија и од лакомство
избави ме.

О, Спасителе,
Ти си радост ангелска,
Денес си причина на тага,
Оти те гледаат мртов и без дишење.

37. стих: Боже, сврти ги очите мои од суетата на светот; да одам по патот на животот.

На крст издигнат,
Луѓето ги воздигна,
А под земја Тебе Те ставија,
Ти ги воскресна и сите умрени.

38. стих: Словото Твое, Господи, да ме научи на страв пред Тебе.

О, Спасителе,
Лежиш како мртов лав,
Како младо, силно лавче воскреснуваш;
Ја отфрлаш староста на телото.

39. стих: Господи, ослободи ме од смртниот живот, што сметав дека е прав; благи се
Твоите пресуди.

Ти, Створителе
Ребро зе(де) од Адама,
И од реброто Ева си ја створил;
За нас живот е реброто прободено.

40. стих: Ги засакав, Боже, Твоите повелби; со Твојата правда крепи ме.

Јагне невино,
Ти си јавно заклано,
Како некогаш тајно јагне пасхално;
Сега сите суштества ги очистуваш.

6
41. стих: Господи, да дојдат на мене според Твоите зборови, Твојата милост и Твоето
спасение.

Кој ќе искаже,
Ова што се случува,
И умира денес Тој за сите нас;
Како човек страда Владетелот на се`.

42. стих: Ќе им одговорам на оние што се подбиваат со моите зборови, оти Господи, се
надевам на Твоите откровенија.

Мртов го гледаме,
Изворот на животот,
Ангелите исплашени извикаа:
Боже наш, зошто в гроб си заклучен?

43. стих: Господи, не одземај ги до крај од мојата уста зборовите на вистината; на


Твојата милост се надевам.

Благи Спасителе,
Со копје си прободен,
Од реброто Твое нов живот потече
За спасение на нас грешниците.

44. стих: Боже, законот Твој ќе го пазам и ќе го запазам за секогаш.

Распнат си на крстот,
Ги собра народите;
Иисусе благи, в ребра си прободен
Со прошка и милост сите не поиш.

45. стих: Господи, одев слободно затоа што ги барав Твоите заповеди.

Добриот Јосиф
Страшно дело твори;
Тебе како мртов в гроб Те затвори
И исплашен од тоа тој трепери.

46. стих: Боже, пред цареви зборував за Твоите откровенија и не се срамував.

Силни Иисусе,
Доброволно слегна в гроб,
Мртвите на небо Ти да ги издигнеш,
Од каде излагани тие паднале.

47. стих: Се поучував од Твоите заповеди, Господи, многу ги засакав.

Иисусе слатки,
Мртов си за светот;

7
Ти си жив, како Бог живот им даруваш
На умрените, од небо пaднати.

48. стих: Боже, ги подигнав моите раце кон Твоите повелби што ги засакав

Навидум мртов,
Сепак, Спасе, Ти си жив,
Како Бог ги оживе умртвените,
Убивајќи им го умртвителот.

49. стих: Се вдлабочив и размислував, Боже за Твоите уредби.

О, чудна радост!
Неизмерна ли сладост!
Со нив ги исполни бездните на адот,
Светлината Твоја кога засија.

50. стих: Господи, спомни му ги зборовите Твои на слугата Твој, со кои мене надеж ми
даде.

Човекољупче,
Поклон пред Твоите маки!
Ти ги славам и погребот и силата;
Од гревовни страсти се ослободив.

51. стих: Боже, подари ми утеха во моето смирение, зашто словото Твое живот ми дава.

О, Христе Боже,
Мечот беше подигнат,
Но се затапи оној на противникот;
Мечот едемски сега е пронајден.

52. стих: Господи, горделивите го погазија законот Твој, а јас не се оддалечувам од


него.

Божјата Мајка,
гледајќи го Јагнето
на клање под нож, Таа горко ридаше,
поттикнувајќи го стадото да тажи.

53. стих: Господи, си спомнав за Твојата промисла и се утешив.

Христе Спасителе,
Макар што си погребен,
Ти појде во адот, него го обнажи,
мртвите ги дигна, гробовите – испразни.

54. Стих: Боже, жалам за грешниците што го оставија законот Твој.

8
Наш Спасителе,
Погребан драговолно,
Умртвените од века ги оживи,
Ги издигна до славата Очева.

55. стих: Господи, пееја песни за Твојата правда на местото каде што пристигнав.

Земјата трепери,
Во ужас е сонцето;
Божиот Син, за нас в тело е облечен,
За нас Тој сега смрт срамна поднесува.

56. стих: Господи, во ноќта си спомнав за името Твое и го запазив законот Твоја.

О, горчлив изворе,
О, потомство Јудино!
Во црна, длабока јама го фрливте
Оној што со мана вас ве хранеше!

57. стих: Боже, ја барав Твојата правда и Ти ми ја даде.

Вечниот Судија,
На суд пред Пилата стои,
Со неправедна смрт овој го осуди;
Тој го прикова на крстното дрво.

58. стих: Господи, Тебе Ти припаѓам; реков ќе го исполнам Твојот закон.

Горд Израиљу,
Злосторнички народе!
На слобода е убиецот Варава,
А на крст е прикован благиот Христос.

59. стих: Со сето мое срце Ти се молев Тебе, Господи; според Твоите зборови, биди
милостив кон мене.

Со раката Твоја
Адама го создаде,
Затоа по природа Ти стана човек,
А по своја волја распнат си Ти.

60. стих: Боже, размислував за Твоите патишта и го оставив злото.

Слово на Отца,
Ти послушен Божји Син,
Слегна дури до пеколот страшен и мрачен
И го воскресна човечкиот род.

61. стих: Господи, се приготвив и не се збунив кога требаше да ги исполнам Твоите


заповеди.

9
Светлино на светот,
О, светлино сакана!
Дева горко ридаше и му велеше:
Иисусе благи, Сине мој преслатки!

62. стих: Јажињата на грешниците ме врзаа, но Твојот закон, Господи, не го заборавив.

Луѓе зависливи,
Горди и убијци,
Срамете се од платното и убрусот
Сега од гроб кога Христос воскресна.

63. стих: Боже, на полноќ станав за да се исповедам пред судот на Твојата правда.

Предавник безумен,
Ти подли ученику,
Кажи ни причина за твојата злоба;
Како го предаде Христа за пари?

64. стих: Господи, содружник сум на оние кои се бојат од Тебе и живеат според Твоите
заповеди.

Неверен Јудо,
Залудно се преправаш
Дека си пријател на сиромасите,
А Христа мил за сребро го продаде.

65. стих: Господи, со Твојата милост е исполнета земјата; поучи ме на Твојата волја.

Проклет Сотоно,
Како Христа го цениш?
Што доби тука за цената Христова?
Безумство и пропаст сам си најде.

66. стих: Боже, по зборот Твој, Ти благо постапи со слугата Твој.

Лажен добротворе,
Што жалиш за мирото,
Како го продаде Мирото небесно
За злато – Го предаде Божиот Син.

67. стих: Боже, Ти ме научи на добрина, расудливост и знаење, оти живеев по Твоите
заповеди.

О, Божјо Слово!
О, слатка радост моја!
Утробата моја мајчински крвари
Над гробот Твој тридневен, о Сине мој!

68. стих: Господи, пред да се смирам, згрешив; затоа ги паметам Твоите зборови.

10
Богоневестата
Над Христа ридаше:
Кој ќе ми даде мене извори солзни
Достојно да го исплачам мојот Син?

69. стих: Благ си, Господи, со благоста Твоја поучи ме праведно да живеам.

Полиња, планини!
И безбројни народи!
Сите заридајте, со мене плачете,
Мајката на Бога, вашиот Господ.

70. стих: Се наголеми неправдата на горделивите против мене; со сето мое срце ги
преиспитувам, Господи, Твоите заповеди.

Мој Спасителе,
Дева горко ридаше:
Кога ќе Те видам, о вечна Светлино!
Ти си радост и среќа на срцето.

71. стих: Боже, нивното срце се исплаши, а јас, под Твојата закрила сум силен.

Наш Спасителе,
Ти си камен аголен.
Од реброто Твое жив извор потече
И не` напои со живот бесмртен.

72. стих: Господи, блазе ми мене што си ме смирил; лесно ќе се научам на Твојата
вистина.

Од реброто Твое
Тој извор полноводен,
Двојна река тече на сладоносни води,
Од неа пиеме живот бесмртен.

73. стих: Боже, сладок ми е законот на Твојата уста; го сакам повеќе од многу сребро и
злато.

О, Господе наш!
Човечка смрт Ти прими,
Но воскресна од гроб, како што прорече.
Од смрт го издигаш родот човечки.

74. Слава на Отца и Сина и Светиот Дух:

Слове, Те славиме;
Ти си Створител на се`.
Со Отца и Духот Свет Те прославуваме.
Го величаме погребението Ти.

11
75. И сега и секогаш и вечни векови. Амин.

Пречиста Дево,
Ти си Мајка блажена
На Христа Спасителот и нашиот Бог
Го почитуваме Неговиот свет гроб.

И пак се пее првиот напев:

Живот си, Христе,


Но в гроб Те ставија;
Ангелските воинства се исплашија
Славејќи го Твоето смирение.

Потоа мала ектенија и овој возглас:

Зашто се благослови Твоето име и се прослави Твоето царство на Отца и Сина и


Светиот Дух сега и секогаш и во вечни векови.

СТАТИЈА ВТОРА – на Велики Петок

1. Достојно е,
Жизнодавче, да Те славиме;
Рацете на крст ги рашири;
Ја победи сета сила пеколна.

2. стих: Господи, Твоите раце ме создадоа, вразуми ме и ќе се поучам од Твоите


заповеди.

Достојно е,
Да Те величаме, Создателе,
Твоето страдање не спаси нас;
Од погибелта се избавивме.

3. стих: Боже, тие што се плашат од Тебе, ќе ме видат и ќе се развеселат; на зборовите


Твои се надевав.

Спасителе,
В ужас беше земјата,
Сонцето исплашено се скри,
Кога Тебе, Светлино, гробот Те покри.

4. стих: Господи, разбрав дека се прави Твоите пресуди и навистина Ти ме смири.

Христе Спасе,
Заспа во гробот со природен сон;

12
И од тешкиот гревовен сон
Ти го разбуди родот човечки.

5. стих: Боже, да биде Твојата милост на Твојот слуга; според Твоите зборови утеши
ме.

Слатко чедо,
Мајка сум што без болки роди,
Болки големи сега трпам,
Пречистата плачејќи велеше.

6. стих: Господи, да се излие на мене Твојата милост и ќе бидам жив; Твојот закон е
поука за мене.

Спасителе,
Ти со Отца си неразделно,
А мртов долу на земјата,
Се чудат ангелите гледајќи Те.

7. стих: Да се засрамат горделивите, зашто неправедно ме гонеа, а јас ќе ги исполнувам


Твоите заповеди Господи.

Слово Божјо,
Поради Твоето распјатие,
Се раскина црковната завеса.
Ти си под земја, Светлино на светот.

8. стих: Господи, да бидам со оние кои се бојат од Тебе и ја знаат Твојата вистина.

О, небеса,
Од глетката се исплашивте:
Оној што светот го створи,
Мртов, без душа сега зајде под земја.

9. стих: Боже, да биде срцето мое чисто, според Твоите заповеди да не се срамам.

Створителе,
Ти си сега под земја;
Со сесилната Твоја власт
Од под земја луѓето да ги подигнеш.

10. стих: Се сомневам во спасението на мојата душа, на Твоите зборови се надевам,


Господи.

Христа умрениот
Со солзи да го исплачеме
Како некогаш мироносците.
Со нив да чуеме: радувајте се!

11. стих: Господи, се вдлабочувам во Твоето слово и се прашувам: кога ќе ме утешиш?

13
Мироносиците,
На Тебе, Животодавецот,
Како на мртов миро донесоа.
Слове, Ти си миро неисцрпливо.

12. стих: Господи, во тешкотии бев, но Твоите наредби не ги заборавив.

Спасе Христе,
Погребен, адот го победуваш,
Со смртта смртта ја уриваш,
Нас смртните од гнилеж не спасуваш.

13. стих: Господи, колку се деновите на Твојот слуга? Кога ќе им судиш на оние што
ме гонат?

Премудрост Божја,
Ти изливаш животни струи,
Ги оживуваш и мртвите,
Ги ослободуваш адовите пленици.

14. стих: Господи, законопрестапниците ми ја кажуваа својата мудрост, но вистината е


во Твојот закон.

Мајко Моја,
Не плачи ме, не ридај!
Јас телесно смртно сум ранет,
Да го обновам човекот паднат.

15. стих: Господи, неправедно ме гонеа, помогни ми; сите Твои заповеди се вистина.

Благи Боже,
Светлина си на правдата,
Ги дигна мртвите како од сон,
Разгонувајќи ја темнината пеколна.

16. стих: Господи, за малку ќе ми го одземеа животот, но не ги оставив Твоите


заповеди.

Пченично зрно,
Денес со солзи посеано,
Во утробата на земјата наша,
Но, изникнато, радост си на светот.

17. стих: Господи, биди милостив во сите денови на мојот живот и јас ќе ги пазам
откровенијата на Твојата уста.

Праотец Адам,
Во рајот се исплаши од Бога,
Во адот Го пречека радосно,
Тогаш паднат, сега се подигнува.

14
18. стих. Господи, Твоите зборови се вечни на небото и на земјата.

Мило Чедо,
Како што предрече, воскресни,
Мајка Ти Христе, редеше,
Кога телесно в гроб Те полагаа.

19. стих: Господи, Твојата вистина е од род во род; Ти си ја ставил земјата на тврди
основи и таа продолжува.

О, Спасителе,
Со болка Јосиф Те погребува,
Песни погребни со солзи пее,
Песни жални за Тебе достојни.

20. стих: Со Тебе денот денува; се` што живее Тебе Ти служи.

О, Слово Божјо,
Распнат Те гледа Мајка Ти,
Клинци од маки срце и` кинат,
Стрели пробиваат нејзина душа.

21. стих: Господи, ако Твојот закон не беше поука за мене, ќе бев сосема изгубен.

Иисусе слатки,
Мајка Ти со болка Те гледа
Што горчлив пиеш пијалок,
Со солзи лицето го мие.

22. стих: Никогаш не ќе ги заборавам Твоите поученија, Господи, оти преку нив ме
оживуваш.

Твојата Мајка,
Христе, плачеше и велеше:
Тешко сум ранета и страдам,
Гледајќи неправедно страдање.

23. стих: Твој сум, Боже, спаси ме; ја барам Твојата правда.

Јосиф ридаше:
Иисусе, како да Те закопам;
Како очи, уста да Ти затворам,
Како достојно да Те погребам.

24. стих: Господи, грешници ме чекаа за да ме погубат, но јас ги разбрав Твоите


откровенија.

Јосиф и Никодим
Надгробни песни денес пеат,

15
Тажен погреб на Христа прават,
Со нив пеат и серафимите.

25. стих: Господи на секој крај крајот му го видов; Твојата заповед е бескрајна.

Сонце на правдата,
Денес под земјата заоѓаш;
Жали луната што Те роди,
Лишена од Твојот светол лик.

26. стих: Господи, многу го сакам законот Твој; цел ден ми е поука

Животодавче,
Адот се исплаши гледајќи Те,
Ти му ги зеде богатството
И ги воскресна сите умрени.

27. стих: Боже, со Твојата заповед Ти ми даде мудрост поголема од мудроста на моите
непријатели; таа е секогаш со мене.

Вечно Сонце,
По ноќта Сонцето изгрева,
А Ти кога од гроб воскресна,
Ни подари светлина и топлина.

28. стих: Господи, разбрав дека Твоите заповеди се поука за мене.

Спасе, Создателе,
Земјата во прегратки Те прими,
Од страв и ужас трепери;
Со потресот мртвите ги подигаш.

29. стих: Господи, разбрав повеќе и од старците, зашто Твоите заповеди ги барав.

О, мој Христе,
Јосиф набожниот и Никодим
Денес со миро Те миросаа
И извикаа: земјо застраши се!
30. стих: Господи, им забранив на моите нозе да одат по лоши патишта, за да ги
запазам, Твоите зборови.

Творче на светлина,
Со Тебе зајде светлината;
Целата вселена трепери;
Те проповеда, Створителе на се`.

31. стих: Господи, не се отклонив од Твојата волја; Ти си мој законоположник.

Изглачен камен
Го покрива аголниот камен;

16
А смртниот човек Бога
Како смртен сега го покрива.

32. стих: Колку ми се слатки Твоите зборови, Господи! И од мед се послатки.

Еве не`, Чедо,


Мене и ученикот сакан.
Прозбори ни еден сладок збор –
Плачеше Мајката пречиста.

33. стих: Господи, ги разбрав Твоите повелби и го намразив патот на неправдата.

Животодавче,
На крст Те распнаа Јудеите,
Но Ти смртно не ги накажа,
Ги воскресна нивните умрени.

34. стих: Законот Твој, Господи, е светилник за моите нозе и светлина на моите патеки.

Христе Страдалец,
Без изглед и без убавина,
Но воскреснувајќи од гробот
Убавина вечна нам ни подари.

35. стих: Господи, се заколнав и решив да ги запазам пресудите на Твојата правда.

Христе Светоносец,
Ти во тело зајде под земја.
Не можеше сонцето да гледа;
Тоа потемна уште на пладне.

36. стих: Боже, се смирив сосема; според Твоите зборови, крепи ме.

О, мој Спасителе,
Темнеат сонцето и луната,
Како слуги верни и добри,
Нажалени, в црно облечени.

37. стих: Господи, благослови да зборувам што е право пред Тебе; научи ме како да
живеам.

Макар и мртов,
Стотникот за Бог Те призна,
А Јосиф исплашен извика:
Боже мој, како да Те допрам?

38. стих: Господи, душата моја е секогаш во Твојата рака, а законот Твој не го
заборавам.

17
Адам заспа,
Од ребрата Негови смрт истече,
Слове Божји, сега Ти спиеш,
Од ребрата Твои живот нов струи.

39. стих: Боже, грешниците ми ставија примки, но јас не се оддалечив од Твоите


заповеди.

Благи Спасителе,
Заспа; умрените ги оживе.
И кога Ти, Христе, воскресна,
Заспаните од века ги воскресна.

40. стих: Господи, ги примив Твоите откровенија; тие се радост за моето срце.

Лозо животна,
Слегна до дното на земјата,
Вино спасително ни подари;
Крст и страдање ние славиме.

41. стих: Боже, го приклонив срцето мое; сакам секогаш да ги исполнувам Твоите
желби, за да се оправдам.

О, мој Спасителе,
Како ангелите Ти пеат:
Окрвавен, наг и осуден.
И ја трпат грубоста на џелатите.

42. стих: Господи, ги намразив законопрестапниците, а законот Твој го засакав.

О, роде Јудејски,
Народ жесток и горделив,
Зошто Христа на смрт Го осуди?
А знаеше дека Тој ќе воскресне.

43. стих: Боже, Ти си мој помошник и заштитник; на Твоите зборови се надевав.

На се` Украсителот,
Кој што небото го утврди
И земјата чудено украси, –
Го облекуваше во срамна облека.

44. стих: Јас ги исполнувам повелбите на мојот Бог; отстапете од мене сите што
безаконствувате.

О, Слово Божјо,
Како феникс Те прободоа;
Мртвите чеда ги оживе
Влевајќи им нови сили жизнени.

18
45. стих: Боже, според Твоето слово, запази ме и ќе бидам жив; не посрами ме во
мојата надеж.

Навин туѓинци
Гонеше и сонцето запре,
А Ти , Спасе, појде под земја.
Сонцето од болка во мрак се скри.

46. стих: Господи, помогни ми и ќе се спасам; секогаш ќе се поучувам од Твоите


повелби.

Христе милостив,
Вечно, неразделно со Отца,
Благоволи Човек да станеш;
За нас, Христе, во пеколот слегна.

47. стих: Боже, Ти ги понижи сите што отстапуваат од Твоите заповеди, бидејќи
нивната мисла е неправедна.

На крст е распнат
Што врз вода земјата ја стави,
Сега без душа во неа лежи;
Од болки лути земјата трепери.

48. стих: Господи, сите грешници на земјата ги сметав за престапници, затоа ја засакав
Твојата вистина.

О, мој Сине,
Плачеше Дева: тешко ми мене,
Се надевав цар да Те видам,
Сега, осуден, на крст умираш.

49. стих: Боже, се исплашив од твојот суд; телото мое прикови го со Твојот страв.

Гаврил ми рече,
Кога при мене тој долета
Царството на Сина ми Иисуса
Ќе биде вечно и непреодно.

50. стих: Господи, судев и пресудив правда; не ме предавај на оние што ме


навредуваат.

Сега се исполни
Пророштвото на Симеона:
О, Емануиле, мечот Твој
Го пронижува срцето мое.

51. стих: Господи, прими ме мене, слугата Твој, со добрина, за да не ме обвинуваат


горделивите.

19
Јудеи бесрамни,
Засрамете се од мртвите
Животодавецот што ги воскресна,
Кого од завист вие го убивте.

52. стих: Боже, цел век од Тебе спасение чекам и од зборот на Твојата вистина.

Вечна светлино,
В ужас сонцето се помрачи
Гледајќи Те Тебе, Христе мој,
Без дишење, в гроб сокриен.

53. стих: Господи, стори го Твојот слуга според Твојата милост и научи ме на Твоите
повелби.

Горко плачеше,
Слове, Мајка Ти Пречиста,
Кога Тебе во гробот Те виде
Неискажливиот, беспочетен Бог.

54. стих: Господи, јас сум Твој слуга; вразуми ме и ќе ги разберам Твоите откровенија.

Мајка Ти Пречиста,
Христе, мртов Те гледаше,
Горко плачеше и ридаше:
Животе, оддели се од мртвите!

55. стих: Господи, го разорија Твојот закон; време е да работиме за Тебе.

Адот трепереше
Кога Тебе Те виде, бесмртни,
На вечната правда Сонцето,
Бргу ги пушташе затворниците.

56. стих: Господи, ги засакав Твоите заповеди, ги сакам повеќе од злато и скапоцени
камења.

О, глетка страшна!
Оној од Кого е животот,
На смрт и маки се предава,
Сакајќи мртвите да ги оживи.

57. стих: Боже, живеам според Твоите заповеди, затоа ги намразив патиштата на
неправдата.

Благи Господи,
В ребра прободен и прикован,
Ја лекуваш раната Адамова,
Невоздржанието на праотците.

20
58. стих: Господи, прекрасни се Твоите откровенија и затоа душата моја ги испитува.

Спасе, некогаш
Плачеа за синот на Рахиља,
Денес за Тебе, Синот на Дева –
Апостолите и Твојата Мајка.

59. стих: Боже, Твоите зборови просветуваат; тие се поука за младите.

Христа Господа,
Што човекот со рака го створи,
Со раце по лице го бијат.
Устата на ѕверот Тој ја сокруши.

60. стих: Господи, ја отворив мојата уста и со дух се исполнив; ги сакам Твоите
заповеди.

Христе, со песни
Ние верните го празнуваме
Распјатието Ти и погребот,
Со Твојата смрт од смрт нѐ избави.

61. Слава на Отца и Сина и Светиот Дух:

Боже Троичен,
Совечни Отче, Сине и Душе,
Ти си Бог силен и правичен;
Укрепи го родот наш во верата.

62. стих: И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Дево Пречиста,
Ти си му Мајка на Животот,
Спаси ја Црквата од соблазни;
Ти си блага, мир ни подари.

И пак првата песна:

Достојно е,
Жизнодавче, да Те славиме;
Рацете на крст ги рашири;
Ја победи сета сила пеколна.

Потоа мала ектенија и возглас:

Зашто си свет, Боже наш, Ти почиваш на престолот од херувимската слава, и Тебе Те


прославуваме со беспочетниот Твој и со пресветиот, благиот и живототворен Твој Дух,
сега и секогаш и во вечни векови.

21
СТАТИЈА ТРЕТА – на Велики Петок

1. Народите сите
Погребението Ти
Христе, со песни го пеат.

2. стих: Те љубам, Господи: погледни на мене и помилуј ме.

Денес Ариматеец
Од дрво Те симна
И во нов гроб Те положи.

3. стих: Моите нозе да чекорат по Твоите заповеди, Господи, и да не ме победи


никакво безаконие.

Жени мироносци
Миро Ти донесоа
Од сѐ срце, Христе мој!

4. стих: Боже, избави ме од човечки клевети и ќе ги запазам Твоите заповеди.

Сите твари дојдете


Богу да принесеме
Песни жални, погребални.

5. стих: Боже, научи ме на Твоите повелби; светлината на Твоето лице да ме просветли.

Како мртов Животот,


Со мироносиците
С миро да го помажиме.

6. стих: Господи, очите мои станаа солзни извори, затоа што не го запазив законот
Твој.

Јосифе преблажени
Погреби го телото
На Твојот Животодавец.

7. стих: Прав си, Господи, и прави се Твоите судови.

Со мана тој ги храни,


Тие неблагодарни,
Со зло се отплатија.

8. стих: Боже, Ти си ни ја открил Твојата правда и Твојата вистина.

На својот Благодетел
што им даде мана
оцет и жолчка му даваат.

22
9. стих: Господи, ме изеде грижата за Твојот закон; непријателите мои ги заборавија
Твоите зборови.

О, безумство страшно
На пророкоубијците,
Што тие Христа ни Го убија.

10. стих: Господи, огнено е Твоето Слово; Твојот слуга Го засака.

О, безумни Јудо,
Ти на Христа предавник –
Од мудроста се откажа.

11. стих: Боже, најмлад сум и унизен, но не ги заборавив Твоите повелби.

Јуда лицемерен,
Бога го остави
И пленик гревовен стана.

12. стих: Боже правдата Твоја е вечна правда, а законот Твој вистина.

Според Соломона,
Устите лажливи
бездна се на безумство.

13. стих: Господи, таги и маки ме нападнаа; Твоите заповеди се поука за мене.

Патиштата нивни,
криви и беззакони,
опасни се и трнливи.

14. стих: Боже, вистината на Твоите откровенија е вечна; вразумиме и ќе бидам жив.

Јосиф го погребува
Чесно со Никодима
Телото на Творецот.

15. стих: Господи, со сето мое срце викам кон Тебе: чуј ме и ќе ги запазам Твоите
повелби.

Жизнодавче Спасе,
Слава на Твојата власт,
Адот Ти го разурна.

16. стих: Боже извикав и ти ме спаси; ќе живеам според Твоите откровенија.

Пречистата Ти Мајка,
Гледајќи Те мртов,
Христе, жално Те плачеше.

23
17. стих: Господи, стигнав доцна, надевајќи се на Твоите зборови, Ти се молам: прими
ме!

Слатка моја Пролет,


О, премило Чедо,
Каде е Твојата Убавина.

18. стих: Пред зори станав, Господи, за да се поучам од Твоите зборови.

Пречистата Ти Мајка
Мртов штом Те виде,
Мајчински Те оплакуваше.

19. стих: Господи, по Твојата милост послушај го гласот мој и пази ме.

Жени мироносици
Дојдоја при Христа
С миро да Го помажат.

20. стих: Се доближија, Господи, оние што неправедно ме гонат и се далеку од Твојот
закон.

Христе мој, со смртта


Смртта ја уништуваш
Со божествена сила.

21. стих: Господи, Ти си секогаш близу до нас и Твоите патишта се вистина.

Се измами измамникот,
Луѓето се спасени
Со мудроста Ти, Боже мој!

22. стих: Господи, од Твоите откровенија разбрав дека се вечни.

Предавникот Јуда
В бездна на адот
Гние и се измачува.

23. стих: Боже, законот Твој не го заборавив; види го моето смирение и избави ме.

Патиштата на Јуда,
Очајникот безумен
Полни се с трња и примки.

24. стих: Суди и пресуди ме, Господи, но избави ме по милоста Твоја оживи ме.

Тие што те распнаа


Сите ќе загинат,
Сине Божји, Спасе мој!

24
25. стих: Далеку е спасението од грешниците; оти тие не живеат по Твоите заповеди,
Господи.

Во бездната на смртта
Гинат в страшни маки
Сите Твои злосторници.

26. стих: Господи, многу се Твоите добрини, по Твојата промисла пази ме.

Слове, Сине Божји,


Боже мој и Творче,
Зошто си примил да страдаш?

27. стих: Мнозина ме гонеа и ми досадуваа, но јас од Твоите патишта Господи, не се


отклонив.

Дева жално плаче


Гледајќи Те, Христе,
Тебе распнат на крстот.

28. Видов неразумни луѓе и жалев, но од Твоите зборови не се оддалечив.

Телото живоносно
Јосиф со Никодима
Денес го погребуваат.

29. стих: Господи, Ти гледаш дека ги љубам Твоите повелби; по Твојата милост спаси
ме.

Дева жално ридаше,


Со болките на мајка
Топли солзи ронеше.

30. стих: Боже, почеток на Твоите зборови е вистината и вечни се судовите на Твојата
правда.

Слатко мое Чедо,


Светлино на сонцето,
Како лежиш в мрачен гроб?

31. стих: Залудно ме гонеа силните на денот; а од Твоите зборови, Господи, се исплаши
срцето мое.

Мајко, Ти не ридај,
Страдам да ги ослободам
Адама со Ева од адот.

32. стих: Господи, ќе се зарадувам на Твоите зборови како на најголемо добро.

25
Големата Ти милост
Денес јас ја славам,
Заради која Ти страдаш.

33. стих: Ја намразив неправдата, Господи, и го засакав законот Твој.

Ти оцет и жолчка
Денес, Христе, вкуси,
Да не ослободиш од зло.

34. стих: Господи, заради Твојата правда, седум пати дневно Те славев.

Ти на крст си распнат
Што со столб од облак
Народот Твој го водеше.

35. стих: Боже, голем е мирот на оние што го љубат Твојот закон и за нив нема
соблазни.

Жени мироносици
На гробот Ти дојдоа
Спасе да Те миросаат.

36. стих: Господи, ги засакав Твоите заповеди; го чекав Твоето спасение.

Стани Жизнодавче
Од пеколна бездна
Воскресни не` нас умрените.

37. стих: Боже, душата моја ги засака Твоите откровенија и ги чува.

Тажната Ти Мајка
Солзи рони, плаче:
Воскресни Животодавче!

38. стих: Господи, сите мои патишта се пред Тебе; ги пазам Твоите заповеди.

Брзај да воскреснеш,
Радост да и` донесеш
На Твојата родителка.

39. стих: Господи, вразуми ме според Твојот збор; мојата молитва да стигне до Тебе.

Силите небесни
Многу се исплашија
Кога мртов Те видоа.

40. стих: Мојата прозба да излезе пред Тебе: Господи, избави ме.

26
Со страв ги почитаме
Твоите страданија:
Прости ни ги гревовите.

41. стих: Господи ги прославувам Твоите зборови: сите Твои заповеди се вистина.

О, пречудна глетка!
Слове Божји, Сине мој!
Земјата да Те покрива.

42. стих: Господи, ги прославувам Твоите зборови; сите Твои заповеди се вистина.

Некогаш со Јосиф,
Во Египет појде,
Друг Јосиф Те погребува.

43. Господи, Твоите заповеди ги засакав; Твојата рака да ме спаси.

Чистата Ти Мајка
Жали и Те плаче
Тебе мртов Спасителе!

44. стих; Господи, Твојот закон е поука за мене; го засакав Твоето спасение.

Разумот е в ужас
Боже наш Створителе,
Кога Го гледа Твојот гроб.

45. стих: Господи, мојата душа ќе живее и ќе Те прославува, а Твојата промисла ќе ми


помогне.

Жени мироносици
Рано в зори со миро
Гробот Твој го поливаат.

46. стих: Господи, залутав како изгубена овца; побарај го Твојот слуга, оти Твоите
заповеди не ги заборавив.

Мир на Твојата Црква,


Нам дај ни спасение,
Дај со Твојто воскресение.

47. Слава на Отца и Сина и Светиот Дух.

Тројца света славна,


Оче, Сине, Душе,
Сиот свет помилуј го.

48. И сега и секогаш и во вечни векови. Амин:

27
Дево, удостој не`
Ние да го видиме
Од гроб воскреснат Твојот Син.

49. Народите сите


Погребението Ти,
Христе, со песни го пеат.

Потоа: Ангелски собор… – Мала ектенија и возглас:

Зашто Ти си Цар на мирот, Христе Боже наш и Тебе Те прославуваме со


беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот и благ и живототворен Дух Твој, сега и
секогаш и во вечни векови. Амин.

28

You might also like