Professional Documents
Culture Documents
Митарствата според блаж. Теодора
Митарствата според блаж. Теодора
1
смирението, постовите и многу други подвизи од животот на преподобната. Потоа се
појавил и преподобниот старец Василиј и почнал да им говори на ангелите:
„Покровители мои, оваа душа многу ми послужи, тешејќи ја мојата немоќ и старост.
Му се молев за неа на Господа и Он ми ја даруваа оваа утеха”.
Притоа, преподобен Василиј на ангелите им дал некакво ковчеже, додавајќи:
„Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова
ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови”. Ангелите ја зеле преподобната и
упатувајќи се нагоре кон Небесата како да летале во воздух.
Одеднаш, на патот, го сретнале првото митарство, кое се нарекува митарство
на празнословие и пцовки. Мачителите барале да се даде одговор за се што преподобна
Теодора некогаш лошо зборувала, ја обвинувале за непристојно смеење, потсмев, грди
песни. Сето тоа светата го заборавила зашто поминале многу години откако почнала да
живее богоугоден живот. Но, ангелите ја заштитиле.
Над тоа се наоѓало митарството на лагата. Злите духови што се наоѓале таму
биле многу гадни, одвратни и свирепи. Тие почнале луто да ја клеветат светителката,
но ангелите им дале нешто од ковчежето и поминале покрај нив.
Кога преподобната дошла до третото митарство на осудата и клеветата,
истапил еден постар зол дух и почнал да зборува со кои лоши зборови преподобната го
клеветела некого во својот живот. Зборувал многу нешта и лажно, на зачудувачко било
тоа како детално и точно злите духови го запаметиле и она што преподобната го
заборавила.
Слугите на четвртото митарство – прејадувањето и пијанството, како грабливи
волци биле подготвени да ја зграбат светителката, сеќавајќи се како јадела наутро не
помолувајќи му се на Бога, како јадела пред ручекот и вечерата без мера, како ги
нарушувала постовите. Обидувајќи се да ја грабнат душата на Теодора од рацете на
ангелите, еден од злите духови рекол: „Нели си му ветила на својот Господ Бог, на
светото крштавање, дека ќе се одречеш од сатаната и сите дела негови и од се што му
припаќа на сатаната? Давајќи таков завет, како си можела да го правиш она што си го
правела?” И злите духови ги набројале, дури сите чаши вино што преподобна Теодора
ги испила во текот на целиот живот. Кога таа рекла: „Тоа беше и на тоа се сеќавам”,
ангелите повторно дале нешто од ковчежето на свети Василиј, како што правеле на
секое претходно митарство и се упатиле понатаму.
„Дали луѓето, што се наоѓаат на земјата, знаат што ги чека овде и со што ќе се
сретнат после својата смрт?” ги прашала ангелите преподобна Теодора.
„Да, знаат” и одговорил ангелот, но насладите и измамите на животот толку
силно делуваат на нив што го преокупираат нивното внимание, па не сакајќи
забораваат на она што ги чека после гробот. Добро им е на оние што не го забораваат
Светото писмо и кои даваат милостиња или прават некои други добри дела што можат
да ги искупат од вечните маки и од пеколот. Но, тешко на оние што живеат безгрижно,
како да се бесмртни, мислејќи само за утробата и за гордоста. Ако смртта ги затекне
одненадеж, ќе ги погуби неповратно зашто тие не ќе имаат никакви добри дела што би
ги заштитиле. Душите на тие луѓе, мрачните кнезови на овие митарства, после силните
маки ќе ги одведат во темните места на пеколот и ќе ги држат таму до Христовото
доаѓање. Така и ти, Теодоро, ќе пострадаше, ако не добиеше дарови од угодникот
Божји Василиј што овде те спасија од се лошо.
2
Во таков разговор стигнале до петтото митарство – мрзливоста, каде што
грешниците се мачат за сите денови и часови поминати без работа. Тука се задржуваат
оние што живееле на готово, оние што биле мрзливи да одат во храмот Божји во
деновите на празниците. Тука се испитува малодушноста и негрижата како на
мирјаните, така и на духовните лица и се испитува негрижата на секого за својата
душа. Многумина одовде се турнати во провалија. Ангелите, недостатоците на
преподобната, ги надоместувале со даровите од св. Василиј и продолжиле понатаму.
3
Одненадеж се нашле пред петнаесеттото митарство – магионичарството,
гатањето (гледањето), труење и призивање на зли духови. Овде се наоѓале многу
змијолики духови, на кои цел на постоењето им била да ги наведат луѓето на соблазна
и разврат. По благодатта Христова, преподобната брзо го минала ова митарство.
После ова, таа ги прашала ангелите дали човекот, за секој грев што ќе го
направи во животот ќе биде мачен на митарствата или постои можност уште во овој
живот да се очисти од гревот и да не биде мачен на митарствата. Ангелите и
одговориле на преподобна Теодора дека не ги испитуваат сите толку подробно
(детално), туку само оние што, како неа, искрено не се исповедувале пред смртта.
„Да исповедував пред духовниот отец, без срам и страв, се грешно и да добиев
опростување”, рече преподобна Теодора, „без пречки би поминала низ сите овие
митарства и не би ме мачеле, но бидејќи не сакав искрено, пред отецот, да ги
исповедувам своите гревовите, сега овде ме мачат. Секако, многу ми помогна тоа што
целиот живот се трудев и сакав да го избегнам гревот. Оној што усрдно се труди да се
покае, секогаш добива простување од Бога, а преку тоа и слободен премин во
задгробниот живот. Злите духови, што се наоѓаат на митарствата заедно со своите
записи, отворајќи ги, не наоѓаат ништо напишано, зашто Светиот Дух сето напишано
го прави невидливо. И тие гледаат и знаат дека се што е напишано е избришано
благодарение на исповедта и многу се бесни. Ако човекот е уште жив, се трудат на тоа
место повторно да напишат некои други гревови.
Навистина големо е спасението на човекот во исповедта! Таа го спасува од
многу неприлики и несреќи, му овозможува непречено да помине низ сите митарства и
да се приближи до Бога. Некои не се исповедуваат во надеж дека има уште време и за
спасение и за простување на гревовите. Некои едноставно се срамат, на исповедта пред
духовникот, да ги кажат своите гревови – токму таквите ќе бидат строго казнети. Има
и такви што се срамат се да му кажат на еден духовен отец, па избираат неколку
духовници и му откриваат едни гревови на едниот, други на вториот и така натаму. За
таквата исповед ќе бидат казнети и ќе мора да претрпат многу при преминувањето од
митарство во митарство.
Незабележително се приближило шеснаесеттото митарство – блудот.
Мачителите биле гневни што светата без пречки дошла до нив и кога почнале да
зборуваат што направила таа во животот, дале многу лажни тврдења, како потврда
наведувајќи многу имиња и места. Исто така постапиле и слугите на седумнаесеттото
митарство – прељубата.
4
во пеколот. Заблагодари му на Бога, Теодоро, што си поминала покрај овие блудни
мачители по молитвите на твојот отец. Повеќе нема да видиш страв.”
5
09.08.2018
6
Преподобна Теодора Цариградска
Монахиња и послушничка на св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се
јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги
минувала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во
вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.
Превземено од:
https://preminportal.com.mk/polezno-i-potrebno/20369-nashata-dusha-posle-smrta-mitarstva
05.04.2021г.