Востанија и буни

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 26

Востанија и буни

Мариовско-прилепска буна (1564-


1565)
• Прва буна
• Поради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на
селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на раст на Османлиската империја, кога со неа
владеел Сулејман Величенствениот.
• Водачи на буната биле Димитри Стале од с.Сатока, попот Димитри од с.Градешница, Стојан Пејо и попот Јако
од с.Старавина и Матјо Никола од с.Велиште. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села.
Турскиот султани испратил наредба до кадијата во Прилеп и Скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на
буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови.
• На 4.12.1565 год. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се
смета дека оваа буна била крваво задушена бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје
(Бешиште), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано.

Втора буна
• Во декември 1565 година започнала повторно буна во Македонија овој пат во Прилеп на преку 1000 граѓани
кои поднеле тужба против незаконското собирање на даноци. Буните не биле добро подготвени па затоа
биле жестоко задушени, но значајни се бидејќи се први масовни вооружени протести на Македонскиот
народ.
Карпошово востание

• Карпошово востание е вооружено востание дигнато во 1689 на


територијата на Македонија. Востанието го носи името по својот
водач Карпош. Непосреден повод и охрабрување за подигање
на востанието дала големата Австро-турска војна, а неговите
корени лежеле во незавидната економско-општествена и
политичка положба на македонскиот народ.
• Во 1683 година Османлиите по втор пат се обиделе да ја заземат Виена. Меѓутоа по двомесечна
опсада, на градот му пристигнала помош од австриската, а исто така и полската војска предводена од
полскиот благородник Јан Собјески, па турската војска претрпела пораз што довел до огромни
територијални, материјални и човечки жртви.
• Набргу потоа, во март 1684, против Османлиската империја била создадена Света лига, во која покрај
Австрија и Полска, влегле и Венеција, а подоцна и Русија. Продирајќи постепено кон југ, Австријците
стигнале дури до Македонија. Веќе на 25 октомври 1689 тие, предводени од генералот Пиколомини,
влегле во Скопското поле, каде што со радост ги пречекало населението од околните села. Истиот ден
влегле во напуштениот град, кој бил полн со прехрамбени продукти и трговски стоки. Премногу
оддалечен од својата главнина, Пиколомини решил веднаш да се повлече од градот, кој претходно го
опожарилпоради чума. Пожарот беснеел цели три дена на 26, 27 и 28 октомври 1689 и го уништил
најголемиот дел од Скопје. Скопје тогаш бил споредуван со Прага. Во писмото до австрискиот цар
Леополд, генералот Пиколомини пишува: „Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини
и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки.“
• По повлекувањето од Скопје, австријците извршиле уште
неколку пробиви во длабината на македонската територија.
Таков еден пробив извршил херцогот Холштајн, кој во
меѓувреме го заменил умрениот од чума Пиколомини.
Тргнувајќи од логорот крај кумановското село Оризари,
австриските одреди се нашле пред Штип, во зорите на 10
ноември 1689.
• Тука дошло до најжестокиот и најголем судир помеѓу австриските и
турските војски на територијата на Македонија. Оставајќи зад себе
околу две илјади мртви, турските војски биле принудени на
повлекување. Австријците го запалиле градот, а потоа на враќање, тие
разбиле уште еден турски одред од 300 души. Во средината на
ноември кон Тетово биле испратени доброволци, кои успеале да
уништат преку 600 турци и да запленат неколку стотици грла добиток.
Најпосле, на 20 декември од Приштина кон Велес тргнал еден
австриски одред, предводен од капетанот Саноски. Одредот влегол во
Велес, каде биле отепани триесет турци, а имало и заробени. Градот
бил ограбен и делумно запален, но на враќање одредот бил нападнат
од јаничари, при што Саноски добил смртоносни рани.

Во годините на Австро-турската војна дошло до нагло влошување на
економската и политичката положба на населението во земјата. Даночниот
притисок, несигурноста и насилствата зеле дотогаш невидени размери.
Воените операции ја гонеле државата да го засили принудниот откуп на
житата, фуражот, добитокот, дрвата и на други селскостопански производи,
по цени далеку под нивната вредност. Биле воведени и ред нови вонредни
давачки. Во ова тешко време рајата страдала и од зулумите на турските
вони дезертери и одметници од централната власт, меѓу кои посебно се
истакнувал злогласниот Јеген-паша, бившиот румелиски беглербег, кој со
околу 10.000 одметници пљачкосувал по Балканот. Централната власт
успеала да го ликвидира дури во февруари 1689 година.
• Воената катастрофа и хаотичната внатрешна положба во
Османската империја создале погодни услови за широк замав
на ајдутството во сите делови од Македонија, а особено во
Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско, во Доспат
Плаина во северното гранично подрачје. Во таквата атмосфера,
ненадејниот продор на австриската војска имал посебно дејство
врз расположбата на македонскиот народ.
• Кон средината ан октомври 1689, во севериостичниот дел на Македонија, на
просторот помеѓу Ќустендил и Скопје избувнало востание, на чело со
познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната
востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била
ослободно турско утврдување, изградена во 1636 година. Тука на
востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците
изградиле и сосем ново утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да
биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето
на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното
народно предание го титулираат Карпош како „крал од Куманово“, која
титула му ја дал или потврдил австрискиот цар Леополд ПРВИ, праќајќи му
притоа и калпак, како надворешен знак за признанието.
Пораз и последици од
востанието
• Набргу дошло да пресврт на воено-политичката ситуација на
Балканот, што имало пресудна улога за натамошната судбина на
востанието. Османлиите презеле енергични чекори за
стабилизација на ситуацијата во земјата и заполнале
подготовките за напад против македонските востаници и
австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал
кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки
татарски одреди.
• На советувањето во Софија, на 14 ноември 1689, било решено во
напад да се тргне преку Ќустендил, односно најпрвин да се
ликвидира Карпошовото востание. Прва на удар била Крива Паланка,
каде неколку илјади востаници се подготвувале за напад на
Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќност на противникот,
востаницте ја запалиле Крива Паланка и отстапиле кон Куманово.
Веќе идниот ден турските и татарските одреди се појавиле и пред
овој град. Востаниците го дочекале непријателот пред
новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош заедно со
голем број востаници. Последен отпор бил даден од трврдината, која
била преземена на јуриш, а нејзините бранители биле уништени.
• Победниците сега се упатиле кон Скопје, водејќи ги со себе
заробените востаници. Во Скопје, крај Камениот мост на
Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на
колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката.
Тоа се случило во првите денови на декември 1689 година.
• Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот
на востанието
Разловечко востание

• Разловечкото востание е востание на македонскиот народ против


Османлиската Империја, од 1876 година во Источна Македонија, со
центар во селото Разловци.
• Вo втората половина на 18 век Османлиската империја западнала во
тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно
влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што
останале во нејзин состав.

Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле


злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои
вршеле грабежи и убиства.
• За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите
години на 18 век револуционерното движење на поробените народи за национално
ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 г., па во
Бугарија во април 1876 г. Потоа започнала и војната меѓу Србија, Црна Гора и Русија против
Турција во јуни 1876 г., која многу допринела за влошувањето на положбата на
македонскиот народ, бидејќи тој одтогаш бил изложен на голема експлоатација; морал да
работи Ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку
плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на
собирачите на даноците и полските чувари (пољаците), како и од разбојничките банди.

Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на


вооружено востание против турската феудална власт, а за национално ослободување.

Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски


(1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.
Кресненско востание Македонско
то востание
• Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил)
1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била
сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници
и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот
гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници.

По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во


околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско,
Демирхисарско. Настанала голема слободна територија
Кумановско востание

• Кумановското востание е организиран отпор на македонското населние во северна Македонија против Отоманската империја кон
крајот на Руско-турската војна. Востанието ги зафатилео кумановско, кривопаланечко, кратовско, овчеполско, а центар на
востанието бил манастирот Забел.

• Една од главните причини за започнувањето на овие борби е фактот што Македонија и во втората половина на 19 век и понатаму се
наоѓала во рамките на Отоманската империја, а дополнително влијание имало социјалните услови во кои живеело населението и
постојаните напади на албанските разбојнички банди.

• Учество на македонците во војните на Србија, Црна Гора и Русија протв Турција

• Започнувањето на Руско - турската војна имала силен одsив меѓу македонските печалбари во Србија, Романија, Бугарија и Грција.
• Еден дел од македонските доброволци кои учествувале во Српско - турската војна се префрлиле во Романија и заедно со
тамошните македонски печалбари се приклучиле кон руската армија и со неа преминале во Бугарија. Организирањето на
македонските доброволци му биле доверени поранешнот руски конзул од Битола, Хитрово и Стојан Везенко од Крушево. Од околу
400 македонски доброволци биле формирани неколку чети на чело со од по истакнатите Дедо Иљо Малешевски, Ѓорѓи Пулевски,
Антонов и други. Во рамките на српската војска исто така имало македонски доброволци, го зазела на Врање на 19 јануари 1878
година по што биле заземени и неколку села во Кумановско . Предните делови на српската војска успеале да стигнат до
Табановечката шума и Четирските Врвови и тука застанала со напредувањето зошто Русија и Отоманската империја склучиле
примирје во Одрин.
• Албански банди
• При чекањето на српската војкана во почеткот 1878 година, населението од
кумановско и пчиња, стремејќи се за слобода, почнал да се одметнува на
планине Козјак и Герман. Меѓутоа Албанците истовремено започнале да
пљачкаат села и христијанското население.
• Една група од 17 Албанци влегла во куќата Арсе Стојков од села Осларе. Арсе
загинал убивајќи го водачот на бандата, а целото село набргу се кренало, така да
ни еден Албанец не излегол од него. Истовремено, друга арнаутска банда је
нападнала куќата бујановечкиот кмет Ташко. 40 Арнаути ги силувале Ташковата
снаа и ќерка, додека тој со синиовите врзани биле принудени да гледаат. Кога се
ослободиле, Ташко и негови синови го кренале Бујановац и формирале потера.
Кај Челопек, Арнаутите биле пресретнати и сите 40 разбојници биле ликвидирани.
• Навлегувањето на македонските чети
• Уште пред да биде фиксирана демаркационата линија меѓу завојуваните
страни, македонските доброволци од руската и српската војска побрзале:
да ги реализираат своите стремежи за ослоодување на Македонија, за што
и стапнувале во оваа војна.
Паниката во турските редови дополнително им дале мотивација на
македонските чети да навлезат во Македонија. Дедо Иљо Малешевски од
Ќустендил се упатил кон источна Македонија, а македонските доброволци
кои се бореле во составот на српската војска на чело со Јаким Челопечки,
Никола Алгунски и други се упатиле во Кумановско и Кривопаланечко.
Демирхисарски заговор

• Демихисарскиот заговор или Брсјачката буна е организиран


отпор на македонското население во југозападна Македонија
против власта на Отоманската империја, незадоволно од
Берлинскиот конгрес и останувањето на Македонија под турска
власт. Заговорот ги зафатил териториите помеѓу Крушево, Охрид,
Битола, Прилеп и Кичево.
• По Берлинскиот конгрес во југозападна Македонија дошло до
засилени на напади на качачките банди од малисорските и
корчанските краишта на Албанија. Овие банди почнале да
убиваат, грабат и палат масовно низ македонските селa во овој
дел на Македонија стигнувајќи до реката Вардар. Разбојниците
при нападите го одземале добитокот од населението и го
пренесувале во Албанија или пак слободно го продавале на
пазарите во Дебар. Албанските банди со својата дејност го
попречувале и нормалното функционирање на патната мрежа,
трговијата и снабдувањето на градовите со потребните
производи и намирници.
• Овие напади на разбојниците биле искористени од турските и
албанските полјаци кои ги зграбиле нивите на христијанското
население кое неможело поради бандите да ги обработува
своите имоти .
Тушимско востание

• Тушимското востание започнало во септември 1902 година во Воденско,


Македонија под водство на офицерот Иван Пожарлиев и со содејство на
војводата Иван Карасулијата . Двајцата биле дејци на Врховниот комитет и
самото востание било резултат на врховистичката провокација во Македонија.
Од оваа врховистичка агитација во Воденско, односно во Солунскиот
револуционерен округ произлегло Тушимското востание, додека пак во
Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ дошло до Горноџумајското
востание. Тушимското востание не преставува востание во вистинска смисла на
зборот бидејќи востаничките сили изнесувале само 40 души, а од друга страна
пак населението во тој дел од Македонија не востанало. Но историчарите за да
напрвата динстикција меѓу Горноџумајското востани и врховистичката
провокација во Воденско последната е наречена како Тушимско востание.
Горноџумајско востание

• Горноџумајското востание започнало во септември 1902 година и ги зафатило териториите од левата и


десната страна на реката Струма . Организатор на востанието бил Врховниот македонски комитет на чело
со Стојан Михајловски и Иван Цончев, тие дејствувале со согласност на бугарската влада и кнезот
Фердинанд 1.
• Треба да се истакне дека не станува збор за востание во вистинска смисла на зборот, бидејќи
населението во Македонија не востанало.
• Оваа раздвижување во Македонија допринело да дојде до една реформска иницијатива која е позната
како Февруарски или Падарски реформи. Најголемата последица од врховистичкото движење е што тоа
во голема мера влијаело да дојде до предвремено кревање на Илинденското востание.

Кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година врховистите ги зазеле Горноџумајско, Малешевско и
Петричко, а во останатите делови на Македонија врховистички чети ја продолжиле својата пенетрација.

Врховистичката пенетрација најсилно се почуствувала во Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ.


Овие два округа се граничеле со Бугарија од каде што доаѓаал врховизмот, врховистичката акција била
кординирана од еден центар и преставува единствен процес во двата реона .

You might also like