Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

MИНАТО

КЛАРА БОЈКОВСКА
 НАРОДНИ НОСИИ

 Облеката која ја носел македонскиот народ од


средината на 19 век па до Втората Светска Војна е
насловена како ``народна носија``. Самиот збор
народна посочува дека таа облека ја носел народот на
целата површина на Република Македонија.
 Како пример ќе ја посочиме женската носија, носењето
на кошула како основен елемент,носењето на скутина
за да се скрие предниот долен дел од телото, како и
некогаш носењето и на скутина на задниот дел со иста
намена, покривањето на главата,накитот и неговата
позиционираност во носијата и сл.
 Намената на облеката во минатото била толку голема што дури
служела и за распознавање на етнички предели. Облеката која ја
носеле била показател за местото во кое живее човекот што ја
носел.
 Економската состојба на човекот исто така се прикажувала преку
носијата, а највеќе преку накитот и примесите на срма, кои што не
секое семејство можело да си ги дозволи.
 Преку облеката гледаме како живеел народот порано, го гледаме
патријахалното изразување, ја гледаме сиромаштијата,
богатството, можеме да видиме како народот размислувал,како се
изразувал, како живеел и што уште не. Денес таа облека ни ја
раскажува својата приказна, а ние луѓето, пробуваме да го
вратиме тоа време, време кое повеќе не постои, а ни значи толку
многу. На некој начин токму народната носија ни е патот и
показателот за тоа ``кој сме ние``,а само времето најубаво ќе го
докаже тоа кога она што ние го нарекуваме денес ќе биде минато.
НАЈУБАВИТЕ СТАРИ ГРАДБИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Македонија е земја за која е докажано дека чувала живот уште


пред повеќе од 7 000 години. Во тој огромен временски период таа
се менувала многу за да дојде до овој модерен изглед кој го има
сега. Нормално е повеќето градби да бидат уништени, но има
многу објекти кои се зачувани, или барем нивните остатоци. Сите
тие објекти и археолошки наоѓалишта ја покажуваат прекрасната
историја на земјата. Невозможно е да се набројат сите, затоа
следува мал избор од неколку и приказните позади нив.
Тетовското кале или Тврдината Балтепе,
се наоѓа над градот Тетово. Најстарите
остатоци од тврдината се големите блокови
од бигор кои потекнуваат од IV-III пред нашата
ера. Се претпоставува дека била обновена во
средниот век и подоцна во турскиот период
во 1820 година од страна на Абдурахман
Паша. Местото има прекрасен поглед на
целиот Полог.
Скопскиот аквадукт или водовод се наоѓа во
близина на Скопје, кај Визбегово. Точниот
датум на неговата изградба е непознат. Се
смета дека потекнува од времето на Римската
Империја или Византија и бил направен во
времето на Јустинијан I, бидејќи е нарекуван
Јустинијанов аквадукт. Аквадукот се користел
за спроведување вода од изворот Лавовец на
Скопска Црна Гора до повеќе објекти, како
"топџиската касарна", Мустафа-пашината
џамија, Куршумли -ан и Сија-беговата џамија.
Водоводот бил поправен за последен пат во
1963, веднаш по земјотресот.
Шарената Џамија во Тетово е изградена во
XV век. Таа е популарна поради нејзиниот
изглед, поточно поради илустрациите на
надворешниот и внатрешниот дел. Амамот е
целосно зачуван и денес се користи како
уметничка галерија.

Хераклеја Линкестис е древен град којшто


се наоѓа во подножјето на планината Баба.
Градот бил основан во предримскиот период,
веројатно од страна на македонскиот крал
Филип II или Филип V. Често го нападнувале а
во еден период бил и економско-политички
центар. При крајот на седмиот век замира и
веќе не никогаш не бил подигнат.
Елен Скок или Елен Мост е мост направен од камен на
Гарската Река во западна Македонија. Мостот е изграден
кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден
лак. Архитектот е истиот оној кој го направил Стариот
мост на Неретва во Мостар, Мимар Хајрудин. Има повеќе
легенди за правењето на овој мост, но најпознатата е
онаа која раскажува за бегот кој со својата војска се
обидувал да улови еден елен којшто постојано им бегал.
Иако бил ранет, еленот не им се предавал во ниеден
момент. Кога се нашол на брегот на Гарска Река, скокнал
на другиот крај на реката и таму починал бидејќи не
успеал да скокне на другата страна. Во негова чест бегот
наредил да се направи мостот кој ќе биде симбол за
храброста на еленот.
Баргала е антички град кој се наоѓа во Штипско. Се
развил од римски воен логор наречен каструм, и бил
изграден како тврдина. Подоцна Баргала станала
цивилен град, а во петтиот век, во периодот кога владеел
Јустинијан I (527-565), Баргала го достигнал својот врв. На
крајот на шестти век бил нападнат од варваи и речиси
бил напуштен. Потоа продолжил како неурбанизирана
населба, а со време исчезнал целосно.
МАКЕДОНСКИОТ
ФИЛИГРАН

Филигранот во Македонија има историска традиција и


бил многу ценет во минатото, но како што гледаме и
денес.

Филигранската уметност е една од најстарите и


најубавите уметнички форми создадени од страна на
човекот.

Низ вековите, луѓето се служеле со овој занает колку за


да создадат прекрасен накит толку и за други украсни
предмети.

Филигранот бил особено раширен во старомакедонското


занаетчиство и како таков претставува наше наследство,
кое во турско време станува една од најзастапените
техники при обработката на накитот од сребро и од
злато, или подобро речено во нивната уметничка
обработка.
Едноставно е вчудоневидувачки што се’ може да се
изработи од сребрена жица. Тоа се обетки, прстени,
ѓердани, брошеви, алки, кутии за накит, табакери,
копчиња за манжетни, рачки за чадори, сервиси за
слатко, послужавници, чинивчиња, пепелници, прибори
за пишување, столни ламби, окови за икони, корици за
верски книги, крстови ... 
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ
ПЕСНИ

Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство


на нашиот народ.

Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат


(анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.

Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на


деветнаесеттиот век.  Димитар Миладинов се посветува на собирање народни
умотворби, како и на отварање училишта и наоѓање приврзаници и наследници. Со
макотрпна работа и со помош на брат му Константин, во 1861 година успеваат да го
објават Зборникот со народни песни. Освен браќата Миладиновци со собирачка
дејност се занимавале и: Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорѓија Пулевски и др.

Народните песни се делат на: лирски, епски и лирско-епски.


Лирски песни
Чувството е основниот елемент на лирските песни. Тие најчесто
биле интерпретирани од жени, па затоа се нарекуваат и
женски песни.

Во лирски песни се вбројуваат и едни од најпознатите


македонски песни како:
“Зошто си ме мајко родила”, “Туѓината пуста да остане”,
“Македонски девојче”,
“На струга дуќан имам”

Лирско-епски
Во народните песни често се среќава преплетување на
лирските и епските елементи. Тоа го среќаваме во
митолошките, тажачките и ајдутските песни, но како посебни
видови се јавуваат:
– баладата и
– романсата.
Една од најпознатата лирско-епска песна е “Учи ме мајко карај
ме”
Епски песни
Епските песни се одликуваат со богата идејна содржина. Основен мотив во
нашите епски песни е љубовта кон татковината и величање на јунаштината
на историски познати и непознати личности. Идеализацијата на јунакот е
главната цел во песните.
Во епски песни се вбројуваат “Болен Дојчин”, “Болен ми лежи Миле Поп
Јорданов”, “Слушам кај шумат шумите”.

You might also like