ЕФЕКТИ ОД ИНКЛУЗИВНИТЕ ПРАКТИКИ ВО РЕДОВНОТО УЧИЛИШТЕ

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

ЕФЕКТИ ОД ИНКЛУЗИВНИ

ПРАКТИКИ
ВО РЕДОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Кате Милошевска
Дефектолог во ООУ,, Кирил и Методиј’’
Свети Николе
ВОВЕД
Според законот за образование во нашата
република секое дете има право на образование
без дискриминација врз било кој основа. Инклузија
во образование подразбира вклучување на ученици
со пречки во развојот или со посебни образовни
потреби во системот на редовни училишта во кои ќе
им се овозможи квалитетно образование и развој.
Цел на инклузија во образование е обезбедување
квалитетното образованието за секој ученик,
подеднакви услови за сите, бидејќи право на
образование како човеково право, загарантирано со
меѓународнен договор ратификуван со Уставот на
Република Северна Македонија.
ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ

• М.Д. 8 години, ученик во ООУ,, Кирил и Методиј’’

• Забележан интерес за боење и цртање, желба


за игра, како и знаци на недостиг на внимание и
концентрација и минимални познавања
потребни за тргнување на училиште.

• Донесена одлука за повторно посетување на


настава во прво одделение и упатување на
прегледи во Завод за ментално здравје на деца
и млади.
• На почетокот на новата учебна година ученикот
повторно покажуважуваше знаци на
несоцијализираност, како и знаци на крајна
незаинтересираност.
- состанок на инклузивен тим.
 Дијагностицирано хиперактивно однесување и
недостаток на внимание, потешкотии во
совладување на училишните вештини,
интелектуално функционирање на ниво на
граничен случај и крајна едукативна
запоставеност.
 Проценка и идентификација на потребите преку
опсервација, индивидуален пристап и работа.
 Интензивно работење на социјализација и
подобрување на комуникација.
 Забележани позитивни промени.
 Во понатамошниот период се забележани позитивни
промени во начинот на однесување на ученикот на
часот, следење на поголем дел од наставата, во
начинот на комуникација со другите ученици и
вработените во училиштето.
 Тешкотии во препознавање и интерпретирање.
 Отсуство на соработка со родители.
 Дополнителна потешкотија во јазик.

 Стратегија која се презема за да се надмине


проблемот беше изготвување на индивидуален
образовен план. Во овој план се конкретизираа
целите согласно со индивидуалните потребите и
способности на ученикот.

 Во текот на учебната година, акцент беше ставен на


описменување на ученикот и по сите предмети се
планираа диференцирани цели.
 Се планираа и цели за надминување на
потешкотиите како на пример: задржување на
внимание, да научи да го дослушува
соговорникот, да усвојува нови поими.
 За сето ова да се реализира беше потребен
мултидисциплиниран пристап од страна на
стручниот тим кој е дел од инклузивниот тим со
цел давање на совети и подршка во текот на
образовниот процес.
 За успешно секојдневно функционирање во
паралелката беше потребно ученикот да има
свои задачи и активности за да може да се
покаже пред соучениците со своите постигања и
точно извршени задачи.
 Помош од друго лице.
 Целта на ваквиот пристап преку учество на повеќе
чинители во процесот на инклузија беше ученикот
да биде успешно вклучен во редовното
одделение, да постигнува во рамките на своите
способности и да се чувствува како дел од сите.
Во наставата со ученикот се применуваа:
- Индивидуален пристап;
- Работа во парови и мали групи;
- Метод на игра, метод на опсервација или
набљудување, метод на покажување(слики, предмети,
апликации, играчки), илустративен метод, дијалошки
метод, метод на практична работа, метод на разговор;
- Изработка на индивидуални наставни ливчиња за
индивидуалните образовни цели;
- Употреба на нагледни средства и интернет материјали.
 За оваа студија на случај најголеми ефекти се
гледа од следниве три области на делување:
проценка и идентификување на потребите,
изготвување на индивидуален план,
активно учество на инклузивен тим.
 Прв чекор претставуваше идентификувањето и
процената на индивидуалните способности и
потреби на ученикот. Да се процени во која
област е најдобар ученикот, а што е она што
треба да се надополни.
 изготвување на индивидуалниот образовен план
 Исто така, потребно е да се одржуваат почести
работилници на кои ќе се претставуваат
успешни примери за инклузија на кои ќе
учествуваат наставници, стручни соработници,
директори. Овие работилници би можело да се
организираат на локално ниво, на ниво на
општина или регион.
 Целта би била менување на крутите ставови кои
се сеуште присутни кај некои наставници,
согледување на ефектите од инклузија преку
позитивни примери ,поттикнување на
мотивацијата и предизвикот за работа со овие
ученици.
 Оваа студија на случај претставува позитивен
пример за да се увидат ефектите од инклузија
применета во нашето училиште врз конкретен
пример за тоа како треба да се постапува со
учениците со посебни потреби, како да се
постигнат планираните цели, на што да се
темелат постигнатите цели. Оваа студија би
можела да поттикне размислување за што да се
преземе дополнително за да се постигнат
подобри резултати.

You might also like