Контролна Технологија

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

КОНТРОЛНА ТЕХНОЛОГИЈА

КОНТРОЛА НА ПНЕВМАТИЦИ
Пневматиците се една од поважните безбедносни
карактеристики на возилото и во голема мера
влијаат за сигурно управување со возилото: на
неговиот сопирачки пат, на бучавата на возилото,
па дури и на потрошувачката на гориво. Со други
зборови, пневматиците влијаат врз безбедноста и
удобноста на патувањето. 
Правилниот избор на пневматици е тешка одлука за
сопственикот на возилото, која треба да ја донесе
правејќи компромис меѓу безбедноста и удобноста на
патувањето и семејниот буџет. Токму затоа,
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на
патиштата за сите возачи подготви совети и препораки
како да изберат вистински пневматици за возилото.
 Прво и основно, најважно е да не се праваат
импровизации. Во секој понов автомобил има упатство
од кое може да се добијат прецизни информации какви
пневматици се најсоодветни за вашето возило.Треба да
се прочита упатството за постапување на истото. За
постарите автомобили кои немаат упатство или од
одредени причини не постои можност да се користи
Како Прво и основно, најважно е да не се праваат импровизации. Во
секој понов автомобил има упатство од кое може да се добијат
прецизни информации какви пневматици се најсоодветни за вашето
возило. Со прочитување на упатството и постапувањето по истото. За
постарите автомобили кои немаат упатство или од одредени причини
не постои можност да се користи упатството, препорачуваме да се
консултирате со овластени сервиси.
При изборот на пневматици, секој возач треба да се води од типот на
возилото, од неговата намена, од навиките на возење, од средината
во која најчесто го користи возилото итн. Важна разклика за изборот
на пневматици ја прави секојдневната употреба и намената на
возилото: дали се користи претежно во населени места или на
автопат, дали возилото е почесто товарено. Ова посебно се однесува
на таканаречените Pickup возила, комбиња, џипови, дали користи
приколка или се користи пред се како патничко возило. Во зависност
од намената, брзината, навиките за возење, се усогласува и изборот
на пневматикот.
ЧИТАЊЕ НА ОЗНАКИТЕ НА ПНЕВМАТЦИТЕ
На секој пневматик има ознаки кои ги потенцираат неговите
карактеристики и особено е важно да се информирате за пневматикот
пред да решите да го употребите на возилото.
Најчесто ознаките на пневматиците се од типот „P195/60 R16 63H M +
S“, каде:
„P“ го означува видот на возилото за кој е наменет пневматикот. Ако
кодот за  големина на гумите започнува со LT наместо со P, тоа значи
дека пневматикот е наменет за лесен камион, а не за патничко возило.
„195“ - трицифрениот број ја означува ширината на пневматикот во
милиметри
„60“ - двоцифрениот број по косата црта го означува соодносот на
страничниот ѕид во споредба со ширината на пневматикот. На пример,
пневматик со големина 195/60 R16 бројот 60 значи дека висината е
еднаква на 60% од ширината на гумата.
Буквата „R“ во големината на пневматикот е за Radial, што значи
дека слоевите се протегаат радијално низ гумата.
„16“ - означува дијаметар на пневматикот, дијаметарот е
големината на пневматикот што се мери од едниот крај до
другиот. Големината 195/60 R16 е направена за тркало со
дијаметар од 16  инчи.
• „63H“ - рејтинг на брзината што претставува способност на
пневматикот да ја растури топлината или да спречи зголемување
на топлината. Топлината е непријател на гумата. Колку повеќе
топлина, толку побрзо гумата сe троши и расипува. Најчесто
користени типови се H и T и тоа значи способност на гумата да
растура топлини или помалу трошење на гумата при поголеми
брзини. S е ознака на пневматици наменети за возила кои се
движат претежно во населено место со помали брзини.
„М“, „S“, „M+S“ ја означува намената на пневматикот, зимски,
летен, комбиниран и други.
ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ПНЕВМАТИЦИ

Правилниот избор на пневматици е од витално значење


за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Тој
избор не вклучува само избор меѓу зимски, летни или
универзални пневматици, туку и избор на
производител. Од неодамна, во Република Македонија
има наплив на голем број пневматици со азиско
потекло, со сомнителен квалитет, кои не ги
задоволуваат европските стандарди за безбедност. Со
купување на овие производи, возачите ја
компромитираат својата безбедност, како и
безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Затоа,
препорачливо е да се користат пневматици  од
Во однос на користењето на т.н. универзални гуми, би
истакнале дека истите не нудат добри перформансии ни во
летни ни во зимски услови и затоа претставуваат лош
компромис кој секако се одразува на безбедноста во
сообраќајот. РСБСП препорачува  да се користат летни
пневматици, во услови на пролет и лето со температура над
7 степени целзиусови и зимски пневматици со знак на
снегулка, во временски услови кога температурата е под 7
степени. Според правилникот за користење зимска опрема,
во Република Македонија, во периодот од 15 ноември до 15
март, обврска е да се користат зимски гуми, додека во
периодот од 15 март до 15 ноември да се користат летни
гуми. Ваквиот избор на пневматици ја гарантира безбедноста
во сите услови, а со тоа се продолжува и животниот век на
ЗИМНИ ПНЕВМАТИЦИ
ЛЕТНИ ПНЕBМАТИЦИ
ИЗРАБОТИЛЕ
ЉУПЧЕ ГАЛЕВ
ЛАЗЕ ДРАСКАЧЕВ
ДАВИД ТРАЈКОВСКИ

You might also like