Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Галичка Свадба

 Галичката свадба или Петровденската Галичка свадва —


манифестација која се одржува секоја година на Петровден (
12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу
единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на
свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со
сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и
небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај
на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е
со најмногу сватови. Галичката свадба во своето опстојување
придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и
ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните
песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена
со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја
година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се
венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем
еден од младите да потекнува од Галично семејство.
Обичаи
 Секоја година за време на Галичката свадба, се
почитуваат голем број на обичаи кои ја
карактеризираат оваа свадба: чукањето на
тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на
вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак,
канењето на мртвите, бричењето на зетот,
земањето на невестата, замесувањето на лебот,
венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и
други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе
содржат и кријат многу детали од животот на
Галичанецот во минатото. Во Галичник сега живеат
само два житела , но на Петровден има над 5000
посетители и туристи кои доаѓаат да ја гледаат
оваа Галичка свадба.
Струмички карневал

 Струмичкиот карневал е годишен карневал што


се одржува во Струмица и е еден од најзначајните
обичаи и традиции од таков вид во Македонија,
којшто отишол можеби најдалеку во својата
трансформација од сите традиционални игри под
маски, како по времето на одржување, така и по
својата цел и функција. Струмичкиот карневал се
одржува традиционално секоја година во рамките
на тримерските денови, односно на почетокот на
големиот Велигденски пост, а и самото име
„карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум,
односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на
пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.
Традиција

 Почетокот на постот, односно првите три дена се


наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат
од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во
нивни рамки односно во вторник вечерта е
традиционалната карневалска вечер, кога маскирани
групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што
има верени, армасани девојки и каде што остануваат
до раните утрински часови. Меѓутоа, што се однесува
до поврзаноста на карневалот со тримерски денови,
треба да се направи разликување, односно треба да се
напомене дека нивната поврзаност е само временска
т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински,
бидејки по својата суштина тримерите се еден 
христијански обичај, додека карневалот претставува
остаток од еден култ од паганско време.
Историја

 За карневалот во Струмица се смета дека е


многу долга традиција. Тој бил споменат од
страна на познатиот отомански
 патеписецот Евлија Челебија уште во 1670
година. Тој, минувајќи низ Уструмџа,
запишал: ...Дојдов во еден град,
расположен во полите на еден висок баир и
видов како таа ноќ маскирани луѓе
претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок
и песна... што јасно укажува на можноста
дека се работи за тримерските карневалски
свечености во Струмица..
Карактеристики

Како еден показателен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и


старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и
предметите кои останале во употреба (облеки од кожа и рогови од разни животни, 
бик, прч, овен итн.), како и алузијата на многуте сакатници со патерици кои се
појавуваат на самиот карневал (истерување на злите духови, желбата за здравје,
плодност итн.) и кои се карактеристични само за неговата изворна паганска форма.
Карневалот подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма,
односно маска, којашто сѐ уште ја паметат најстарите Струмичани, бидејки
карневалот од кои и да е причини, за кои сѐ уште само се претпоставува, се
поклопува со тримерите, односно празникот на верените. Тоа се гледа од
најчестите мотиви коишто провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат. Тие
мотиви се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно
верените; Циган и Циганка со бебе, со значење како циганите имаат многу деца,
така и новите младенци да имаат бројно потомство, т.е. многудетност; поп кој ги
благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот; Ѓаволот, најчесто
со рогови, со опашка од вол или некое друго животно и со вила во рацете, кого сите
го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би
можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив што се
јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со
што се покажува најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената
и обратно.

You might also like