• Стрептококции претставуваат акутни инфективни бактериски заболувања.
• Етиологија : Стрептококциите ги предизвикуваат бактерии од родот Стрептококус (streptococus). Грам позитивни, аеробни и анаеробни, неподвижни, немаат капсула и не создаваат спори. Имаат големина од 0,6-1μ, се култивираат на подлоги кои содржат крвен серум или асцит. Најчесто се појавуваат здружени во форма на синџир. Стрептококите излачуваат екстраклеточно разни токсини и ензими: еритроген токсин, стрептолизин О и Ѕ, стрептокиназа А и В, фибринолизин, хијалуронидаза А, С и 6, никотинамид - аделин - динуклеодитаза и други.
• Епидемиологија: Извор на зараза се болни лица од која
било стрептококција, реконвалесценти и клицносители. Се пренесуваат аерокапковно или со индиректен контакт со контаминирани предмети и храна. Начинот на ширење во човечкиот организам може да биде хематоген, лимфоген, или per continuitatem. Влезна врата се респираторната, дигестивната и урогениталната слузница или ледирана кожа.
• Патогенеза: По влегувањето и адапцијата се размножуваат на слузниците на влезната
врата, излачувајќи притоа ензими и токсини. Локално предизвикуваат воспалителни процесипри кои доаѓа до некробиоза на ткивата и гноење. Ресорбираните токсини во крвта доведуваат до токсични и токсоалергиски компликации во повеќе органи, а особено на бубрезите, кардиоваскуларниот, остеоартикуларниот систем и ЦНС. • Клинички манифестации: Стрептококциите се манифестираат на кожата, слузниците и внатрешните органи. На кожата се во вид на имретиго, интертриго, флегмона, еризипел, шарлах, целулитис, еритема нодозум, ревматска пурпура, дисеминирана еруптивна пустулоза, ехтима и други, а на респираторниот тракт, како тонзилитис, фарингитис, синузитис, мастоидитис, ринитис, бронхитис, бронхопневмонии и други. Стрептококите можат да предизвикаат и менингитис, ендокардитис и ревматска треска, на уринарниот тракт: циститис, уретритис, пиелонефритис и гломерулонефритис, на дигестивниот: труења со храна, апандицитис, улцерозен колитис и други. При навлегување на стрептококот во крвта, настанува сепса. • Дијагноза: Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, епидемиолошките податоци и лабораториските иследувања. Идентификацијата се врши со култивирање и микроскопирање. Од серолошки реакции се користат антистрептолизински (AST) и антихијалуронидаза тест со кои се следи титарот на антитела во организмот кои настанале под дејство на излачените ензими и токсини, а од кожните проби, Дикова проба и Шурц- Шарлинтов тест, интрадермални проби и други. Хематолошки постои леукоитоза со неутрофилија. • Имунитет: По прележувањето на било која стрептококна инфекција во организмот останува типски специфичен антитоксичен имунитет, што значи дека луѓето може повеќе пати да боледуваат од стрептококции. • Прогноза: Во денешнава ера на антибиотерапија стрептококциите се лесни инфективни заболувања и имаат добра прогноза со ретки компликации. • Терапија: Лекувањето е каузално со пеницилин кој се ординира во дози од 800.000-1.600.000 ј.е. во траење од 7-10 дена, а поволни ефекти во превенцијата на компликациите имаат депо пеницилински препарати (extencillin) во дози од 600.000-1.200.000 ј.е. Стрептококите осетливи се и на цефалоспорини, линкомицин и еритромицин. Во текот на лекувањето се применуваат и симптоматски средства, а во однос на негата спрема болните се спроведува соодветен хигиенодиететски режим. Се вмесуваат цинк, селен, Ц витамин, цитруси, портокали итн.