Големите географски откритија - Ива.Ева

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Големите географски

откритија

Изработено од: Ива Ристовска


Ева Ристовска
Причина
Големите географски откритија го опфаќаат периодот на
позначајните провидби преку кои луѓето од XV до XVII откривале
нови копна на Земјата.Сe’ започнало како операција за проучување
на океаните и барање на нови трговски партнери,но стигнало до
колонизирање т.е. населување на овие нови територии од страна на
Европјаните.  Најбарани стоки на европските пазари
биле златото, среброто, свилата и различни зачини. Сето ова било
покренато од развојот на науаката во периодот на ренесансата. Тоа
овозможило еврпските држави да изградат нови и
поиздржливи бродови кои можеле да пловат и по мориња кои биле
многу потешки за пловидба од Средоземното. Од друга страна, пак,
напредокот во астрономијата и географијата овозможил полесна
навигација низ морињата.
Постојат повеќе причини за започнување на оваа ера на
истражување на земјата. Првиот од истражувачите
бил Џовани да Пиан дел Карпин кој патувал
за Монголија и назад, од 1241 до 1247 година. Најпознатиот
патешественик е Марко Поло, кој патувал
во Азија од 1271 до 1295 година. Неговото „Патешествие на
Марко Поло“ било распространето и читано во
цела Европа. Во 1239 година, Николо Да Конти го
публикувал своето патешествие до Индија и Југоисточна
Азија. Во периодот од 1466 до 1472 година, рускиот
трговец Афанаси Никитин од Твер патувал до Индија, што
е опишано во неговата книга.
Првото патување околу светот
Во 1519 година, шпанските власти ја финансирале
експедицијата на португалскиот морепловец Фернандо
Магелан. Целта на патувањето била пронаоѓање
на Молучките Острови, и нивно ставање во шпанската
сфера на политички и економски интерес, а не патување
околу светот.
Магелан со 5 брода и 265 луѓе запловил кон запад
во 1519 година на 10 август. Пловејќи по Атлантскиот
Океан, на југ стигнал до теснината Огнена Земја и преку
неа запловил во Тихиот Океан. Бидејќи немало многу
бранови како што тоа било случај при пловидбата по
Атлантскиот Океан, Магелан овој океан го нарекол Тихи
Океан.
За време на патувањето условите биле тешки. Немало доволно храна, а
парите кои ги поседувале биле неприфатливи за домородното население
што го сретнувале по пат. Чести биле и судирите со таквото население.
На 16 март 1521 година преку Тихиот Океан, Магелан пристигнал
на Филипинските Острови. Во судир на домородното население на
Филипинскиот остров Макатан на 27 април 1521 година тој загинал.
Должноста да го заврши патувањето му останала на шпанскиот
морепловец со баскиско потекло Хуан Себастијан Елкано. На 6 септември
 1522 година тој успеал да стигне назад во Шпанија  со само 18 морнари на
еден брод од петте брода. Тоа бил бродот Викторија (победа).
Од политичка гледна точка патувањето на Магелан било неуспех, зашто
овој поморски пат бил непрактичен - Магелановиот премин (на југот на
Јужна Америка) бил премногу јужно, а Тихиот Океан бил премногу голем
за да биде исплатливо патувањето.
Од друга страна, пак, во XV век речиси било потврдено дека земјата е
тркалезна, а не рамна плоча како што тоа го тврдела католичката црква.
Со ова патување се потврдило мислењето на научниците од тоа време
дека земјата е тркалезна. За црквата ова бил уште еден тежок удар по
којшто таа останала без аргументи за своите тврдења.
Откривањето на Америка
На 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер
Колумбо којшто работел на шпанскиот кралски двор со
бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта тргнал на
долгоочекуваното пронаоѓање на морскиот пат за Индија. Тој
најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6
септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот
Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога
морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.
Колумбо сметал дека стигнал до Индија,па затоа луѓето што ги
нашол ги нарекол Индијанци. Тие го пречекале Колумбо со
најголеми почести, а тој тоа го искористил, па на враќање
во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство.
Морскиот пат кон Индија
По подвигот на Кристофер Колумбо, Португалците и
натаму имале желба и мотив да стигнат повторно до 'ртот
на бурите од каде што ќе можат полесно да стигнат до
Индија. За таа цел на 8 јули 1497 година од Лисабон со 4
брода на пловидба тргнал познатиот португалски
морепловец Васко де Гама. Неговото храбро патување
покрај брегот на Африка го донело до 'ртот на бурите од
каде што се упатил на север и по повеќе од девет месеци
пристигнал до Индија на 20 мај 1498 година. Со тоа тој
успеал да воспостави врски на Европа со Азија и по морски
пат со што се овозможило слободно одвивање
на трговијата по водите на океаните.
Крај на ерата на географските
откритија
До почетокот на XVII век, европските бродови биле доволно
добро изработени, што им овозможувало на морепловците да
патуваат скоро насекаде по планетата, без никакви тешкотии.
Европското проучување на прекуокеанските области продолжило
и понатаму. Во почетокот на XVII век, западните и северните
брегови на Австралија биле картирани, а на источното крајбрежје
се чекало повеќе од еден век. Во касниот XVIII век, Тихиот Океан
станал фокус на подновен интерес. Арктикот и Антартикот не
биле проучувани до XIХ век. Америка била проучена во XVI век,
но ова истражување завршило во XIX век. Австралија и Африка до
почетокот на XIX век, исто така не биле истражени до XIX век.
Ова се должило пред сè на недостатокот на трговски потенцијал
како и со сериозните проблеми околу заразните тропски болести
во Африка на југ од Сахара.
Последици
Големите географски откритија се од суштинско значење и претставуваат
еден од најзначајните периоди во светската историја. Големите географски
откритија предизвикале големи промени во тогашниот свет на Европа. Тие
претставуваат почеток на периодот на светска хегемонија на оној мал дел на
крајниот запад од Стариот свет, што денес се нарекува Западна Европа. Овој
период на доминантна улога во светската политика на западноевропските
држави завршува дури со крајот на Втората светска војна.
По овие откритија биле отворени нови можности во новиот свет. Една од
најголемите последици од големите географски откритија е создавањето на
колонијални империи, од кои како најголема се оформила Шпанската
колонијална империја. Шпанија завладеала со целата Средна Америка и со
голем дел од Јужна и Северна Америка. Суровините од новиот свет биле
искористувани максимално, а тамошното население го претворале во
робови.  Главниот соперник на Шпанија, Португалија завладеал со дел
од Јужна Америка и крајбрежјето на Африка (Ангола, Мозамбик). Но како
многу помала држава, со многу помалубројна војска, Португалија создавала
територии само по крајбрежјата, преку кои се организирала трговијата на
Попознати морепловци
Кристофер Колумбо, кој во 1492 година ја открил Америка
Џон Кабот и Родриго де Тријана се меѓу првите морепловци кои
стапнале во Америка.
Васко де Гама, првиот човек кој открил морски пат
од Европа до Индија, тотално избегнувајќи го Патот на свилата кои
минувал низ тогашната Отоманска империја.
Фернандо Магелан, докажал дека земјата има топчеста форма
Џејмс Кук, го откри источниот брег на Австралија, многу острови
во Јужен Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска.
Америго Веспучи, пловејќи стигнал до бреговите на
денешен Бразил и Хондурас. Бил уверен дека открил „Нов свет“,
што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот
континент го доби името Америка.

You might also like