Zagrozeni Vidovi

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Амурски Леопард

ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ
Амурскиот леопард (науч. Panthera pardus orientalis),
познат и под името кинески леопард или сибирски
леопард — вид од родот пантери (Panthera) од
семејството на мачките (Felidae) кој живее на
рускиот Далечен Исток (мала територија
помеѓу Русија и Кина). Овој вид е еден од најретките
видови на мачки во светот, и се проценува дека
постојат само уште 57 индивидуи. Меѓународниот
сојуз за заштита на природата го прогласил
Амурскиот леопард за критично загрозен вид, што
значи дека му се заканува опасност од изумирање во
дивината.
Од осумте подвида на леопардот,
амурскиот подвид има најразлична
шара на крзното. Има жолтеникава
боја (поготово за време на летниот
период) и широко
распространети розети со дебели црни
прстени и темен центар. Должината на
влакната варира од 2,5 сантиметри во
лето до 7,5 сантиметри во зима. Очите
на амурските леопасрди се светли
со синозелена боја. Слично на други
леопарди, Амурскиот леопард може да
трча со брзина до 59 km на час. Ова
неверојатно животно може да скокне
до 5.7m хоризонтално и до 3m
вертикално.
Мажјаците амурски леопард тежат од
32-48 килограми, со исклучоци кои
достигнуваат тежина и до 60-75
килограми. Женките се помали и тежат
од 25-43 килограми. Главен плен на овој
подвид е елен сика и срна, како и зајци 
и јазовци. Овој подвид се среќава со
потешкотии во регионите каде
живеалиштето го дели со тигарот, но
ова ретко се случува на територијата на
Русија. Истражувањата покажале дека
зголемената популација на тигрите во
југозападниот дел, не влијае негативно
на популацијата на леопардот.
ЖИВОТЕН ВЕК
Амурските леопарди во зоолошките
градини најмногу раѓаат млади кон
крајот на летото и почетокот на
есента. По носењето кое трае околу
12 недели, младенчињата се раѓаат
во легла од 1-4 индивидуи. Младите
леопарди остануваат со мајката и до
две години додека не станат
независни. Првото парење кај
женките е на возраст од 3-4 години.
Во дивината леопардите живеат 10-
15 година, но во заробеништво
достигнуваат и 20 годишна возраст.
Популацијата на Амурскиот леопард во 2007 била помеѓу 19 и 26
индивидуи. Денес нивната популација е зголемена на 84. Нивната
популација е намалена поради ловот и пожари предизвикани од
човек. Противпожарни тимови и екипи за против лов биле поставени
околу живеалиштата на леопардот. Едикациони програми ги
поттикнуваат локалните жители да ги ценат шумите и животниот
свет во нив.Исто така им се препорачува компензација на фармерите
кој што изгубиле стока во напад од леопард.
ИЗРАБОТИЛ:

БОРИС ЧАУШЕВСКИ I-2

You might also like