Нивоа на превоз

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

СУГС„Владо Тасевски“-Скопје

Тема:Нивоа на превоз на поштенски пратки


Македонска пошта
• Македонска пошта е јавно претпријатие кое врши дејност на јавен
оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај на
Република Македонија
• Формирано е со поделба на поранешното претпријатие ПТТ (Пошта-
телефон-телеграф) на Македонска пошта и Македонски
телекомуникации на 1 јануари 1997
Превоз на поштенски пратки
• Превозот на пратки е фаза што го опфаќа процесот на работа од
отпрема до пристигнување со што се обезбедува меѓусебно поврзан и
синхронизиран сообраќајно-технолошки процес на пренос на пратки на
сите нивоа
• Писмоносните пратки во внатрешен и меѓународен сообраќај се врши
најчесто со поштенски вреќи, пакети или пакетски поштенски вреќи
Нивоа на превоз на поштенски пратки
• Превозот на пратки е организиран во три нивоа
• Првото ниво на превозот на поштенски пратки ги опфаќа линиите што го поврзуваат
поштенскиот центар со со единиците на поштенската мрежа кои припаѓаат на
подрачјето на тој поштенски центар.
Ова ниво има за задача:
-да ги пренесе пратките до поштенскиот центар, по правило до 19 часот, за да се
изврши целосна концентрација на сите пратки што се примени во поштите на
подрачјето на поштенскиот центар,
-пристигнатите пратки во поштенскиот центар да се преработат и да се пренесат во
одредишните единици на поштенската мрежа, најдоцна до 11 часот, за да му се
врачат на примачот.
• Второто ниво на превоз на поштенските пратки ги опфаќа линиите за
превоз на пратки меѓу поштенските центри.
Превозот на поштенски пратки на второто ниво почнува по извршената
концентрација и обработка на пратките во поштенскиот центар, а
завршува со враќање на транспортните средства во поштенскиот
центар.
• Третото ниво на превоз на поштенските пратки ги опфаќа линиите што
се организираат за превоз на меѓународни заклучоци во поаѓање,
доаѓање и во транзит.
Работници и возила кој учествуваат во
превозот на пратки
• Работниците кои учествуваат во превозот на поштенските пратки се должни за
секоја патна релација со себе да носат Преглед на патување, во кој се внесуваат
хронолошки податоци за времето на пристигнување и поаѓање на возилото во
единиците на поштенска мрежа, во обете насоки.
• Возилото што се движи на одредена патна релација треба да биде технички
исправно и со соодветна опрема, со уредно пополнет патен налог и однапред
одреден возач.
• За превоз на поштенски пратки во меѓународниот поштенски сообраќај по
сувоземен пат се потребни следниве документи:
- патен налог, меѓународна дозвола и пасош за возачот
-сообраќајна дозвола и зелен картон за возилото
-дозвола за превоз и царински исправи за превоз на пратките.
Крај

                                                                  Изработил:
                                                                   Велимир Стојаноски II-1
                                          
                                                                                             
                                                                                 
                                                                                    

You might also like