Примена на арт терапија кај децата со попреченост

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

Примена на Арт -

терапија кај децата со


попреченост

Изработил: Билјана Бојаџиева


Специјален едукатор и рехабилитатор
Душата секогаш
мисли во слики-
Аристотел
ШТО Е АРТ - ТЕРАПИЈА?
Арт - терапијата е психотерапевтска метода со која
терапевтот наметливо остварува комуникација со детето со
цел да го ослободи од евентуалните трауми и да му помогне
да развие позитивна слика за себе и другите.

Терминот арт - терапија се однесува на ликовна терапија за


разлика од музикотерапијата, драматизацијата (психодрама)
и терапијата со игра и движење, а сите заедно спаѓаат во
групата на креативни терапии.

Се спроведува во група или индивидуално.


НА КОГО СЕ Е ПОТРЕБНА?
 На деца со потешкотии во однесувањето
 На децата со проблеми со социјализацијата
 На трауматизирани деца и возрасни
 Деца со церебрална парализа
 Деца со аутизам
 Личности со оштетен вид или слух
 Злоупотребувани личности
 Зависници
 Како поддршка на личности во регулација на телесната
тежина или некое друго пореметување во исхраната
 Како поддршка на личности заболени од малигни болести
 Како поддршка при лечење на анксиозност и депресија
РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ ЦРТЕЖ

Детскиот цртеж може да даде многу информации за


развојот и потребите на децата.
Во работата со децата цртежот може да послужи на два
начина:
 како облик на дијагностика - низ цртежот се проценуваат
детските способности, емоционални и социјални
вештини.
 како врста на терапија - со цртањето можат да се изразат
некои трауми, тага, страв.
РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ ЦРТЕЖ

Постојат некои законитости во тумачењето на детскиот


цртеж:
o ситни стиснати ликови често укажуваат на повлеченост,
срамежливост
o распоред на предметите на листот
o површен или пренагласен потег при цртањето
o во цртежот на кој е претставено семејството често може
да се одреди кој е доминантен лик (највеќе нацртан
лик)
РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ ЦРТЕЖ
o со црна боја се бојат страшните работи, предмети или
личности
o плава боја – мир, рамнотежа/потреба за дружење
o црвена боја-борбеност,сила/вознемиреност
o зелена боја-оптимизам/потиснување на емоции
o жолта боја- отвореност/љубомора и несигурност
o виолетова боја- смиреност
o тажни болни деца и/или деца со намалени
интелектуални способности помалку користат бои
ФАЗИ НА РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ
ЦРТЕЖ
ФАЗИ НА РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ
ЦРТЕЖ
1 фаза - фаза на чкртање 1-3 години

2 фаза – фаза на симболичко цртање 3-6 години


ФАЗИ НА РАЗВОЈ НА ДЕТСКИОТ
ЦРТЕЖ
3 фаза- реалистичка фаза 6-10 години

4 фаза- уметничко цртање над 10 години


НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ ТЕХНИКИ
ВО АРТ – ТЕРАПИЈАТА

КОЛАЖ- исечоци од весници и други видови хартија


испитаникот или групата треба да ги залепи според свој
избор. Преку изборот на исечоцитите се презентира
себеси, како се чувствува во сегашноста или што би
посакувал во иднина.
НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ
ТЕХНИКИ ВО АРТ ТЕРАПИЈАТА

МАНДАЛА-цртање на кругови и други геометриски форми


за релаксација
НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ ТЕХНИКИ
ВО АРТ ТЕРАПИЈАТА
ОГЛЕДАЛСКО ЦРТАЊЕ НА ФОРМИ: како подготовка за
пишување и во работата со децата со дислексија
НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ
ТЕХНИКИ ВО АРТ ТЕРАПИЈАТА
ФАМИЛИЈАРНА СКУЛПТУРА употреба на пластелин за
правење на фигури на членови на семејството, или на
фигури на животно (пр. кое животно би сакал да бидеш?-
направи го!)
НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ ТЕХНИКИ
ВО АРТ ТЕРАПИЈАТА

ПОМОШ ЗА ДЕЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА


терапевтот ја води раката на детето како помагател да
црта според желбата на самото дете
НАЈЧЕСТО ПРИМЕНУВАНИ
ТЕХНИКИ ВО АРТ ТЕРАПИЈАТА

ГРУПЕН ЦРТЕЖ-тимска работа, се црта на голем хамер,


цели: подобрување на социјалната интеракција и
соработка кај децата
ЗАКЛУЧОК

o Арт терапијата како кративен процес кај децата со


попреченост се користи за унапредување на
емоционалното, менталното и физичкото здравје.
o Во Арт терапијата продуктот не е важен, акцентот е
ставен на процесот на себеоткривање, изразување
на своите чувства, совладување на проблемите.
o Преку сликата детето може да објасни или да
раскаже некој настан што го доживеал, да изрази
бес, лутина, фрустрација или радост и среќа.

You might also like