Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

ВИДОВИ ДРАМИ ВО ПОТЕСНА

СМИСЛА НА ЗБОРОТ
Паралелно со развитокот на општеството се
развивала и драмата. Таа ги одразувала потребите
на општеството, а со тоа ги стекнувала своите
одлики и во содржината и во формата. Низ својот
развиток поминала низ повеќе фази и со
тематиката ги прикажувала различните степени на
општествениот развиток и промените што се
случувале во општеството.
Терминот драма потекнува од грчкиот збор drahme
што значи дејство.
Средновековна драма
Во средниот век од верско пропагадни причини,
наметнувајќи ја својата културна превласт и сакајќи
духовно да владее со човештвото, црквата создала
еден вид драма за потребите на таквата чисто
верска пропаганда. Во црквените драми, врз теми
од Светото писмо, се прикажувал животот на
Христос или Богородица или на личности во врска
со нивниот живот. Тие, всушност , се создале од
самиот литургиски и строго се придржувале кон
библискиот текст и кон црквениот обред.
Подоцна во таквите драми се внесувале и други
поединости. Затоа тие почнале да се изведуваат и
надвор од црквата. Со текот на времето почнала да
слабаа религиозната насоченост во нив и да прима
световни елементи, особено кога преминала од рацете
на свештениците во рацете на занаечиските еснафи.
Така, средновековните драми почнувале да го
изразуваат своето време и средината во која се создале.
Тие, всушност, покажувале дека развитокот на драмата
како литературен род бил условен од општествено –
историскиот развиток, дека во неа било неминовно
внесување на световни елементи, во прв ред на
народниот јазик, кој со своето силно влијание создал
основа за развивање на другите литературни родови и
видови.
Ренесансна драма

Ренесансната драма донела нови теми и нови форми,


зависно од развитокот на граѓанската класа. Таа, чувајќи
ги старите закони на класичната драма, ги чувала и
нејзините теми, но со прилагодување на содржините кон
новото време и кон новото општество. Таа со тоа
донесувала и нови содржини и нови форми. Сакајќи да
ги задоволи потребите на пробуденото граѓанско
општество, ренесансната драма силно се развила, и
тематски и формално. Ваквата драма особено била богата
со теми од граѓанскиот живот. Така, во неа биле внесени
мноштво нови и разновидни ликови, типови, ситуации,
нови средини и нови идеи.
Класицистичка драма

Класицистичката драма свето се предржувала до


класичните драмски закони. Темите за овие драми
биле земени од старата древна историја на другите
народи, па на таа содржина и се додавале
класичната и драмска форма. Во класицистичката
драма драмските форми биле строго почитувани.
Бидејќи личностите биле возвишени, тогаш стилот
морал да биде таков: возвишен и патетичен. Во тие
драми посебно се равиле монолозите во таквиот
патетичен стил морал да дојде до посебен израз.
ГРАЃАНСКА ДРАМА
Граѓанската драма обработува теми од граѓанскиот
живот. Во согласност со сфаќањата на
рационалистичкиот XVIII век, таа веднаш ги
освоила симпатиите на гледачите и наметнала
моралистичка содржина, со повеќе реализам.
Таа нова драма давала можност да се докажуваат и
да се бранат сиромашните пред силните, да се
истакнуваат вистинските татковци, селанецот да
му се спротиставува на аристократот, да се штитат
незаконските деца, односно да се укаже патот кон
реформата и кон семејниот и општествениот
живот, да се шират знаењето и просветата, да се
најде почиста природа наспроти изопаченостите
на кои било изложено тогашното општество.
Романтична драма

Во обој вид драми спаѓаат тие драмски дела во кои авторот гo
прикажува фантастичниот свет од бајките. Во тие драми се
прикажуваат необични и невозможни поединости. Во нив има
симболика, а се обработува мотив од општествениот, но и од
семејниот живот. Настаните и личностите се исклучителни.
Јунаците на романтичната драма се борат за подобрување на
животот и тие со својата борба се стремат да ги остварат идеалите
во некој идеален свет, во кој човекот живее слободно, по сопствена
волја, и независно од никого и од ништо, освен од своите чуства.
Таквите драми го развиле силниот емоционален израз, создале
темпераментен и егозотичен стил, преполн со стилски фигури, но
и изложен на вербализам. Во овие драми имало многу лиризам,
долги монолози и силен емоционален набој.
Реалистична драма

Во овој вид драма, животот, општеството и


судирите на јунаците се прикажуваат на
реалистичен начин. Тема во неа е широкиот
општествен или семеен живот и се стреми
општествените и семејните судири да се прикажат
што поблиску до стварноста. Темата е од
секојдневниот живот, од некој значаен настан, а
поради начинот на прикажување предизвикува
зголемен интерес кај гледачите. Ова е најчест вид
драма во современата драмска литература.
Психолошка драма

Во овој вид драма судирот на јунакот со средината која


живее и со неговите страсти е главно откриен преку
психолошкото откривање на тој јунак. Затоа драмското
дејство е развлечено и бавно. Овде вниманието на
авторот е свртено кон душевната борба на јунакот, кон
противречностите во него. Во психолшката драма
најчесто се откриваат размислувања на јунакот за некој
општествен или личен проблем, се откриваат неговите
душевни состојби и борби низ долги монолози, кои го
задржуваат драмското дејство. Затоа овие драми повеќе
се за читење, а помалку за сценско прикажување.
Социјална драма

Во социјалната драма се третира некој општествен


проблем. Во неа најчесто се укажува на потреба за
борба против назадните сфаќања, против
поробувањето на човекот, за хумани човечки и
општествени односи. На прв план се поставува
борбата против општествените злосторства и
социјалните неправди.
Симболична драма

Во не се прикажува секојдневниот живот, но низ


одредени симболи за смртта, животот, љубовта,
сонот, среќата, несреќата. Нема динамично дејство
тоа е драма за читање. Таа често применува и во
областа на фантазијата, измислицата.
Мелодрама
Тоа е дело со неприродна и сентиментална
тематика, со патетични личности и неуверлив
расплет. Во не се среќно завршува. Мелодрамата е
таков драмски вид во кој сентименталното се
нагласува со посебен патетичен тон. Во овој вид
драма не се уверливи ни заплетот, ни расплетот.
Поради оренагласената патетичност и
сентименталниот тон, таа најчесто има слаба
уметничка вредност.
Фарсата

Фарсата е еден вид комедија во која ликовите се


силно карикирани, а заплетот се гради со
недоразбирање.
Водвиљот

Овој вид драма е сличен на фарсата. Тоа е,


всушност, лесна комедија со популарни мелодии.

You might also like