ЗА ПОЕТИКАТА

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 22

„ ЗА ПОЕТИКАТА“ - АРИСТОТЕЛ

 Во своето дело „За поетиката“ Аристотел ја


анализира структурата на трагедијата, а во некои
делови (глави) од книгата зборува и за епот.
 Според Аристотел, сета уметност (поезија)
претставува подражавање (мимезис = имитирање) на
луѓето и на природата. Но, тоа не е пасивно
отсликување на природата и на човековиот свет, туку
надградување на природата, при што се исполнува
(пополнува) она што природата не може да го
заврши
 Видови на поезијата
 1. Според средствата на подражавањето:
ритам, говор, хармонија;
 2. Според предметот на подражавање:
знаменити или обични луѓе;
 3. Според начинот на подражавање: со
раскажување, или со лица што дејствуваат, или
преку едно лице што постојано само раскажува.
 Дефиниција за трагедијата
 Трагедијата е, значи, подражавање на
сериозно (, цело) и завршено дејство со
определена должина во дотеран говор, и тоа
одделно за секој вид во неговиот дел, преку лица
што дејствуваат, а не со (пре)–раскажување, а
што со жал и страв го исполнува составот на
такви (т.е. жални и страшни) собитија.
  
Појаснувања за дефиницијата:
- подражавање е мимезис, односно имитирање.
- цело = она што има почеток, средина и крај.
- завршено дејство = она дејство што има крај.
- со определена должина = „трагедијата може да трае колку што грее сонцето од
изгревот до неговиот заод или со мало отстапување од ова“.
- дотеран говор = говор што има ритам, хармонија и песна.
- одделно за секој вид = едните само со стихови, а другите со пеење.
- преку лица што дејствуваат = подражавање, имитирање (мимезис).
- а не со прераскажување = со дејствување на лица, а не со раскажување како во епот.
- со жал и страв = жално и страшно: кога страдањата се вршат меѓу свои луѓе,
односно брат - брат, мајка - син, син - мајка итн., и тоа поради незнаење, а подоцна
доаѓа до препознавање.
- собитија = настани.
  
Делови на трагедијата што треба да се сфатат како
видови
Според Аристотел, секоја трагедија има шест делови што
треба да се сфатат како видови:
 1. Фабула.

 2. Характери.

 3. Израз.

 4. Расудување.

 5. Гледање.

 6. Музичка композиција.
Појаснување и дефинирање на деловите на трагедијата што треба да се сфатат како видови

 
1. Фабула
Фабулата е состав на собитија, односно збир (комплекс) од настани. Фабулата е основа и
нешто како душа на трагедијата. Фабулите треба да имаат должина, но така што да може тие
лесно да се запомнат.
 
Според Аристотел, постојат два вида фабули:
а) прости (едноставни) = со просто дејство.
б) сложени (заплетени) = со сложено дејство.
 
Просто (едноставно) дејство е она дејство што се развива без препознавање или пресврт,
односно дејство во кое препознавањата и пресвртите не се доминантни.
Сложено (заплетено) дејство е она дејство што се развива низ препознавање или пресврт,
или пак и со едното и со другото.
 Делови на фабулата
 Фабулата има три дела:
 а) Пресврт;
 б) Препознавање;
 в) Страдање.
  
 Пресврт е промена на дејствувањето во спротивен правец, според
веројатноста или нужноста.
 Препознавање е премин од незнаење кон знаење, и тоа или кон пријателство
или кон непријателство, на луѓе што биле определени за среќа или за несреќа.
Препознавањето е најубаво кога истовремено се случуваат и пресврти, како што
е во трагедијата „Цар Едип“ од Софокле.
 Страдање е нешто што причинува штета или болка, како што се убиствата
извршени јавно (пред нашите очи), измачувањата, ранувањата и слично.
2. Характери
Характерите, всушност, се лицата што дејствуваат. Характерите се добиваат поради или
преку дејствувањата.
 
3. Израз (текст)
Израз е, всушност, говорот на лицата. Изразот претставува објаснување преку именување на
предметите.
 
4. Расудување (т.е. мисли)
Расудувањата се делови од говорите со кои нешто се докажува дека е или дека не е.
 
5. Гледање (= претстава)
Гледањето е сценско прикажување на трагедијата. Тоа е, всушност, она што ние денес го
нарекуваме театар, театарска претстава.
 
6. Музичка композиција
Музичката композиција е најважниот дел од украсите во трагедијата. Таа е претставена преку
хорот во трагедијата. Хорот, исто така, треба да се сфати како еден од артистите и да биде
дел од целото и да земе учество на сцената. (Хорот во трагедијата многу често ја зема улогата
на сезнаечки - омнисцентен наратор и тој дообјаснува одредени сегменти од сижето во
трагедијата).
Делови на трагедијата според квантитетот, односно
според нејзината надворешна поделба

Постојат четири делови на трагедијата според квантитетот:


 
1. Пролог;
2. Епизода;
3. Ексод (исход);
4. Хорски делови (песни).
Појаснување и дефинирање на деловите на трагедијата според
квантитетот, односно според нејзината надворешна поделба

1. Пролог
Пролог е оној цел дел од трагедијата што се наоѓа пред првото настапување
на хорот.
2. Епизода
Епизода е цел дел на трагедијата што се наоѓа меѓу две цели хорски песни.
3. Ексод (исход)
Ексод е оној цел дел од трагедијата по којшто нема повеќе хорска песна.
4. Хорски делови
Хорските делови ги претставуваат песните на хорот во трагедијата. Постојат
два вида хорски песни: хорски парод и хорски стасим. Хорски парод е
првата песна на целиот хор, односно таа го претставува доаѓањето,
пристапувањето на хорот. Хорски стасим е песна што хорот ја пее стоејќи
откако ќе излезе на сцената.
 
 Трагичен лик и трагичен јунак
 Трагичен лик, според Аристотел, е човек што не се
одликува со својата добродетел и праведност, ниту пак
поради својата лошотија и злоба запаѓа во несреќа, туку
поради некоја грешка и тоа треба да биде некој од оние луѓе
што се наоѓале во голема слава и среќа. На пример, трагичен
лик во трагедијата „Цар Едип“ од Софокле е Јокаста.
 Поимот јунак се детерминира како главен лик. Тоа значи
дека трагичен јунак ќе биде главниот трагичен лик во
трагедијата. Трагичен јунак во трагедијата „Цар Едип“ од
Софокле е Едип.
 Трагичен ефект (= жал и страв)

 Според Аристотел, постојат три основни начини за


постигнување на трагичниот ефект:
 1. Дејството да се врши со полна свест и знаење;
 2. Дејството да се врши несвесно, а подоцна оние
што го вршат дејството да разберат дека убиениот
им бил близок;
 3. Кога некој се готви да направи некое
непоправливо дело поради незнаење, но да разбере
пред да го стори делото.
За характерите (карактерите/ ликовите/ лицата што дејствуваат)
Според Аристотел, характерите треба да бидат:
1. Примерни
Еден човек ќе има некаков карактер ако неговиот говор или неговото дејство
покажува некаква волја, односно намисла (намера).
2. Прилични
На характерите да им прилега она со што тие се карактеризираат.
3. Соодветни
Характерите треба да одговараат на реалноста. Овде, по сè изгледа,
Аристотел се повикува на своето сфаќање на сета уметност како мимезис
што, секако, има допирни точки со стварноста, односно со реалноста. Кога
Аристотел вели дека характерите треба да одговараат на реалноста, тој
упатува на тоа дека характерите треба да бидат онакви какви што се во
стварноста, во реалниот живот.
4. Доследни
Характерите треба да останат исти од почетокот до крајот на дејството во
трагедијата. Дури и тогаш кога характерите се недоследни, тие треба да
останат доследни во недоследноста.
Начини на препознавање
Како што веќе видовме, препознавање е еден од трите делови на фабулата
(пресврт, препознавање и страдање).
Во книгата „За поетиката“ Аристотел тврди дека постојат пет основни начини
на препознавање:
1. Препознавање со помош на знаци.
а) знаци од природата: меч. ѕвезди...
б) придобиени знаци: лузни (белези) на телото, облека, накит...
2. Препознавања измислени од самиот поет (вештачки) ≠ самиот лик кажува
кој е.
3. Препознавање по досетување
Кога некој лик ќе се сети на минатото со некаков поттик (песна, слика...).
4. Препознавање со заклучување
Тоа е начин на препознавање кога се заклучува едно нешто врз основа на нешто
друго.
5. Препознавање од самите собитија со изненадување преку веројатни
случки (како што е во трагедијата „Цар Едип“ од Софокле).
Заплет и расплет
Според Аристотел, секоја драма се состои од
заплет и расплет.
Заплетот е од почетокот на драмата до она
место каде што започнува преминувањето од
среќа во несреќа или од несреќа во среќа.
Расплетот е оној дел од драмата од каде што
започнува преминувањето од среќа во несреќа
или од несреќа во среќа па до крајот на
драмата.
 
Видови на трагедијата
Според Аристотел, постојат четири видови на
трагедијата:
1. Едноставна (проста)
Овој вид трагедија е без доминација на пресврти и
препознавање.
2. Сложена (заплетена)
Вид трагедија која е составена од пресврти (перипетии)
и препознавања, односно во која доминираат пресврти и
препознавања.
 3. Патетична
Ова е вид трагедија која е полна со страдања.
 4. Етичка
Вид трагедија со издиференцирани карактери.
 
ПОЕТИКА
 
Поимот поетика кај Аристотел има пошироко значење и
овој поим се сфаќа како дисциплина за проучување на
поезијата, музиката и балетот, односно на сета уметност во
антиката. Покрај поетските видови (трагедијата, комедијата,
епот...), во поетиката како научна дисциплина, според
Аристотел, спаѓа и проучувањето на авлетиката (свирење на
кавал, односно на зурла), китаристиката (китара =
инструмент сличен на денешната гитара), сиристиката
(сиринкс = инструмент сличен на усна хармоника) и
орхестиката (балетот). За поимот поетика најчесто се вели
дека тоа е старото (античко) име на поимот теорија на
литературата.
 МИМЕЗИС

Поимот мимезис (лат. imitatio) подразбира


подражавање (имитирање, отсликување) на
луѓето и на природата. Под поимот мимезис
се сфаќа сета уметност како подражавање на
стварноста, но не како пасивно отсликување
на природата и човековиот свет, туку како
надградување на природата, исполнувајќи го
она што природата не може да го заврши.
 ДИЕГЕЗИС
 
Според Платон, книжевниот говор се дела на
мимезис (подражавање) и диегезис (раскажување).
Тоа значи дека диегезис подразбира раскажување
за настаните (како во епот, на пример), а мимезис
значи прикажување на настаните (како во
драмата).
 Аристотел сета уметност ја сфаќа како мимезис,
додека диегезис, според него, е само еден начин на
мимезис.
 
КАТАРЗА
 
Зборот катарза значи прочистување. Под
поимот катарза во теоријата на литературата
се подразбира емоционално прочистување
што го предизвикува трагедијата кај
гледачите.

You might also like