Professional Documents
Culture Documents
Prezentacija Za Trienje
Prezentacija Za Trienje
Триење
Големината на триењето зависи од материјалот од кои
се направени двете површини . На пример, книгата
потешко ќе се движи при туркање на тепих отколку на
дрвен под . Ова е затоа што има повеќе триење помеѓу
тепих и книгата отколку помеѓу дрвото и книгата.
Триење, исто така, произведува
топлина. На пример,со триењето на
дланките се создава топлина, нашите
дланки стануваат потопли .
• Триењето може да биде многу корисно
.Триењето ни помага да одиме без да се
лизнеме, како и автомобилските гуми да се
движат на патот без да се лизгаат.
• Мразот предизвикува помало триење.
Корисен е за уметничкото лизгање при што се
користат посебни чевли – лизгалки.
Понекогаш сакаме да се намали триењето. На
пример, подвижни делови во внатрешноста на
моторот на автомобилот се подмачкани со
масло, за да се намали триењето помеѓу нив.
Намаленото триење овозможува да има
помалку абење на метал, а притоа помалку
топлина се создава.
Отпорот на воздухот е вид на триење што
ги забавува предметите кои се движат во
воздухот . Кога авионот лета низ воздухот,
воздухот врши отпор врз авионот, со тоа се
отежнува движењето на авионот низ
воздухот.
• Отпрот на водата , исто така , ги
забавува предметите кои се движат
водата .
• Рибите имаат зашилени , слаби тела за да ја
сечат водата. Нивниот облик го намалува отпорот
на водата .
•Најбрзите спортски автомобили имаат тесни
зашилени форми , на тој начин го намалуваат
отпорот на воздухот при движење.