Скопска Црна Гора

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Предмет: Нашата

Татковина

СКОПСКА ЦРНА
ГОРА
Ментор: Адријана
Апостолова
СОДРЖИНА:

 Местоположба
 Начин на настанок и изглед
 Потекло на името
 Населени места
 Туристички места
Местоположба

    СкопскаЦрна Гора е средновисока планина во севернот


дел од Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од
југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во
Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се
протега во правец ЈугоЗапад-СебероИсток, со највисок врв
Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и
Душановец.
Начин на настанок и изглед

    Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и


еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни
седименти. Со долината на Липковска Река поделена е на два дела:
западен повисок и источен понизок познат под името Карадак. На
Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови.
Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу
богат со цркви и манастири, на пример манастирите Матејче и Свети
Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света
Богородица на западната страна.
Фотографија од Скопска Црна Гора
Потекло на името

    Не е познат периодот од кога оваа област се нарекува со своето


денешно име или назив со кој се именува, меѓутоа се смета дека за
првпат била спомената во XIII век кога бугарскиот цар Константин
Асен ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно
се споменува во 1300 г., во повелбата на кралот Милутин во црквата
Свети Ѓорѓи во Скопје. Во XV век Црна Гора е спомената во житието на
деспотот Стефан Константин Филозоф. Турците по освојувањето на
Скопје го превеле името од Црна Гора во името во Кара-Даг, и овој
израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес
Населени места

   Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради
присуството на цркви и манастири во поголемиот дел на територијата,
преставува населено место со селата (тргнувајќи во правец општина
Гази Баба - кон север) Смилковци, Брњарци, Црешево, Горно Оризари,
Радишани, Страчинци, Бразда, Глуво, Чучер-Сандево, Мирковци,
Булачани, Горњане, Бањане, Кучевиште, Побожје, Раштак, Љубанци,
Љуботен, Блаце, Бродец, Брест и Танушевци. Сите овие села се наоѓаат
на одалеченост од 1,2.-4-7 км едни од други. Секое православно село се
одликува со посебна црква и манастирски комплекс кои изобилуваат со
природна убавина и пленат со својата старост. 
Фотографии од
Скопска Црна Гора
Туристички места

   Покрај природните убавини и планинскиот масив неизбежно е да не се споменат туристичките


места и локаци за рекреативен одмор, освен во манастирските комплекси и во нивната непосредна
близина, во туристички места се вбројуваат и: 
■ Национален ресторан Чардак
■ излетничка локација „Две реки„ с. Бродец/Побожје
■ Археолошко наоѓалиште - с. Бразда
■ Врв Рамно
■ Етно-ресторан „Вила Весница“
■ Рибник - с. Бањане
■ Пицерија „Рибилимус“ - с. Глуво
■ Кафе-бар „Интимо“
ИЗРАБОТЕНО ОД:
АРЕЛЕНА ГОСТИМИРОВИЌ

Извор на информации:
wikipedia.com

You might also like