Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Трговско право

Командитно друштво
Дефиниција на Командитно друштво

 Историски развој - оваа форма се развива во


средниот век од договорот “commenda” кој бил
карактеристичен во поморската трговија.
 Дефиниција според ЗТД (член 148):
 Командитното друштво е друштво во кое се
здружуваат две или повеќе лица од кои најмалку
еден содружник одговара за обврските на
друштвото солидарно и неограничено
(комплементар), а најмалку еден содружник
одговара за обврските на друштвото само до
износот на запишаниот влог во друштвото
(командитор).
Карактеристики на Командитното
друштво
 Командитното друштво се основа со договор кој го
склучуваат основачите во писмена форма, и во кој се
уредуваат односите помеѓу членовите.
 Друштвото мора да има 2 вида на членови:
комплементари и командитори.
 Фирмата на друштвото задолжително го содржи
презимето на еден или на сите комплементари и
кратенката КД.
 Комплементарите мора да ги имаат својствата што треба
да ги има трговецот, и се сметаат за трговци, додека
командиторите го немаат тој статус.
 Основачи можат да бидат домашни и странски физички и
правни лица.
Карактеристики на Командитното
друштво
 Кај ЈТД не постои законски утврден минимален
износ на основна главнина.
 Комплементарите мора да учествуваат со најмалку
1/5 од вкупниот износ на влоговите.
 Имотот на друштвото е поделен на удели, и секој
содружник може да има само 1 удел.
 Влогот на членовите на друштвото може да биде во
пари, предмети и права пресметани во парична
вредност, но не може да биде во труд и услуги.
Внатрешни односи во Командитното
друштво
 Односите меѓу комплементарите се идентични со однoсите
меѓу содружниците на ЈТД;
 Комплементарите имаат обврска за лично учество во
работењето на друштвото.
 Управувањето, и водењето на работите на друштвото им
припаѓа на комплементарите;
 Командиторите немаат право на водење на работи и
застапување на фирмата;
 Командиторите имаат право да учествуваат во делбата на
добивката;
 Командиторите имаат право да ја контролираат работата на
друштвото, да извршат увид во деловните книги на
друштвото.
Надворешни односи во
Командитното друштво
Надворешни односи на членовите на друштвото се
манифестираат преку:
 Фирма на КД – мора да содржи презиме барем на
еден комплементар;
 Застапување на КД – застапувањето на друштвото е
во исклучива надлежност на комплементарите;
 Гаранции на членовите на КД – за обврските на
друштвото комплементарите одговараат лично
солидарно и неограничено, додека командиторите
одговараат само до висина на впишаниот влог.
Престанок на Командитно друштво
 КД може да престане со (Член 64 ЗТД):
 Истекот на времето за коешто е основано;
 Одлука донесена од сите содружници;
 Стечај над друштвото;
 Правосилна одлука на суд;
 Одземање на дозволата за вршење на дејност;
 Смрт или престанок на комплементар правно лице;
 Стечај над комплементар;
 Отказ на комплементар; освен доколку договорот не предвидува
поинаку
 Губење на деловната способност на комплементар; освен доколку
договорот не предвидува поинаку; и
 Други случаи определени со закон и со договорот за друштвото.

You might also like