ЗНАЧЕЊЕ ПРИДОБИВКИ И РИЗИК ВО ПЛАНИНАРЕЊЕТО

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Значење, придобивки

и ризик во
планинарењето
Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка
активност која се одвива во природа. Терминот планинарство е само
поширок поим за бројни активности и спортски дисциплини кои
потпаѓаат под планинарство, а тоа се: разни излети,посети на лесно
пристапни планини и сл. Планинарењето претставува релаксација од
психичките напори што човекот ги доживува на работното место и
градските бучави предизвикани со брзото темпо на животот. Да се
бави со планинарење, значи да се запознаат убавините на
татковината, да се збогатуваат чувствата. Тоа бара од човекот и
одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот ако
се во разумни граници. Значи, планинарството има голема улога и
значење во животот на човекот.
Придобивки
Освен тоа што има корисен ефект врз здравјето на
кардиоваскуларниот систем, планинарството ги зајакнува и
мускулните коски, го поттикнува метаболизмот и работата
на ендокриниот систем и ја зајакнува одбранбената сила на
телото. Освен тоа имаме и многу други придобивки како на
пр:

1. Го намалува ризикот од хронични заболувања и го намалува нивото на холестерол

Движењето во свеж планински воздух го намалува ризикот од хронични заболувања, како што се
ревматоиден артритис, астма, хипертензија, остеопороза.Редовното пешачење исто така помага да се
спречи дијабетес тип 2 со тоа што нивото на шеќер во крвта е ниско.И искачувањето и спуштањето по
планината го намалуваат нивото на холестерол. Интересно е тоа што пешачењето надолу има двојно
посилен ефект врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта и подобрувањето на толеранцијата на
гликоза.
2. Го зголемува капацитетот на белите дробови и го зајакнува срцето

Искачувањето на ридот или планината бара одреден физички напор, кој ја поттикнува работата
на срцето и целиот циркулаторски систем. Луѓето кои имаат предиспозиции за срцев удар и
други болести на циркулацијата со редовно пешачење можат во голема мера да го намалат овој
ризик. Покрај тоа оваа активност на свеж воздух, исто така го намалува крвниот притисок . Дури
и нагло качување ќе го зголеми бројот на отчукувања на срцето и ќе изгори дополнителни
калории. Ако носите малку тежок ранец дополнително ќе го зајакнете грбот и целиот горен дел
од телото. Совет : Користете планинарски стапчиња за време на пешачењето за да ги
стимулирате мускулите на горниот дел од телото и уште повеќе кардиоваскуларното работење.

3. Ги зајакнува коските и мускулите

Со планинарење докажано е дека се зајакнуват коските, ја поддржува нивната здрава структура и го


спречува почетокот на остеопорозата. Покрај тоа, со искачување рид или планина се зајакнуват мускулите
на задникот, бутните мускули, мускулите на долниот дел на нозете и колковите. Планинарските патеки се
повеќе нежни за вашите зглобови отколку, на пример, асфалт или бетон. Затоа ако имате повеќе
чувствителни глуждови и колена, планинарењето е подобар избор за вас отколку трчањето. Искачување и
спуштање по нерамни терени не само што ги гради и ги зајакнува мускулите и коските, туку исто така
придонесува за вашето чувство на рамнотежа и стабилност. Со цел да се одржи рамнотежа на таков ридски
терен, исто така ќе ги активирате вашите стомачни мускули, кои ќе работат понапорно.
4. Ја подобрува работата на мозокот и расположението

Престојот во природа го подобрува менталното здравје и когнитивните функции, придонесува за


подобра концентрација на работа и ја поттикнува креативноста. Истражувањата покажаа дека
луѓето кои поминуваат повеќе време во природата отколку на компјутер, се дури 50 отсто
покреативни во решавањето на секојдневните предизвици и проблеми. Тие исто така имаат
подобра меморија од “домашни” типови на луѓе.
Пешачењето го подобрува расположението и го намалува чувството на анксиозност и депресија.
Тој работи со намалување на ефектот на дел од мозокот кој е задолжен за лошо расположение.
Дополнително, ако останете подолго во природата, подобро ќе се усогласите со природниот
ритам и циклуси.
5. Го олеснува стресот и депресијата

Ако сте наклонети постојано во едно исто негативно размислување и емоции, одберете планинарење, што во
голема мера ќе ви користи. Имено, покрај ублажувањето на влијанието на стресот врз вашето здравје, тој
исто така работи и на намалување на тенденцијата на прекумерна анализа и негативни емоции. За разлика од
вежбите во затворен простор, за време на пешачењето или планинарење, можете да ги видите
најразновидните пејсажи пред вашите очи. Токму оваа промена на природните слики ви го подобрува
менталното здравје и го олеснува стресот и вознемиреноста. Со присуството во природа без Wi-Fi, како во
планина исто така го намалува негативното влијание на технологијата врз вашето здравје, како и менталниот
замор.
6. Придонесува за губење на тежината

Повеќе пешачење, кое вклучува поголеми качувања, бара многу физички напор.
Со тоа можете лесно да изгубите калории и килограми.
Со интензивно и брзо пешачење во планинаскиот терен, можете да согорите околу 400 калории
на час , во зависност од напорот на качување. Редовното пешачење ги претвора масните
наслаги и масти во мускули ! И ова е уште една причина зошто дебелите луѓе треба да ја
изберат токму оваа исклучително здрава активност. Но, се разбира ако имате повисока телесна
тежина, започнете со помали планинарски предизвици, а потоа кога вашата состојба ќе се
подобрува, можете да поставите поголеми предизвици и потешки патеки.
7. Го подобрува квалитетот на спиењето

Благодарение на подолг престој во свеж воздух и физичка активност, ќе забележите дека по пешачењето,
спиете подобро и дека вашиот сон е подобар. По пешачењето ќе почувствувате “сладок” замор, што не е
како вид на исцрпеност и тежина што се чувствувате поради стрес или повеќекратна работа пред вашиот
компјутер.

8. Го намалува ризикот од предвремена смрт

Истражувањата покажаа дека ако сте физички активни 7 часа неделно, на пример со планинарење,
вашиот ризик од предвремена смрт е намален за 40 проценти ! Затоа ако сакате да го продолжите
животниот век и да останете витални и здрави долго време, наполнете го ранецот и тргнете на планина!
Ризик
Како и секоја човечка активност и планинарењето носи свои
опасности, а можат да се поделат на објективни и субјективни.
Додека објективните опасности не зависат од нас, субјективните
се случуваат поради лошите проценки, неисправната опрема,
недоволната подготвеност или грижа.

Не треба да се биде уплашен од опасностите, бидејќи тоа


непотребно го попречува нормалното однесување и расудување,
но треба да се биде свесен за сето она што ни се заканува и да
бидете психофизички спремни да ги направите неопходните
заштитни мерки. Ако претчувствуваш опасност, не оди кон неа.
Никогаш не оди сам на планина, затоа што во случај на несреќа
нема никој да ти пружи помош! Пешачењето е друштвена
активност, а не индивидуално лутање, само доживувањето е
индивидуално. Крајната цел на секое патување треба да биде
враќањето дома.
Временските (не)прилики често се причина за проблеми во планините, без
разлика дали станува збор за дожд, снежна бура, силни ветрови или магли.
Во случај на невреме, неопходно е што побрзо да се стигне до најблиското
засолниште и да остане во него, сѐ додека невремето не престане.
Вреди да се знае дека, за време на грмотевици, осамени дрвја, тесни
гребени, врвови, карпи и други места кои се експонирани на гром не се
добро засолниште. Сепак, кога ќе се стигне до какво такво засолниште,
луѓето обично се чувствуваат спасени и забораваат дека е многу важно да
се зачува телесната топлина и да се спречи настинка или замрзнување!
Замрзнувањето заедно со лизгањето, е најчестата причина за страдање на
планините, и всушност е резултат на незнаење или не доволна опременост,
а може да се спречи. Топлината на телото најдобро се одржува со
движење, а во мирување телото да е покриено со астрофолија или повеќе
слоеви облека.
Покрај негативните атмосферски влијанија, треба да се заштитиме и од
сонцето, а особено од висока топлина и прекумерна количина на УВ зраци.
Чувајте го вратот, главата, рамената и очите од сонцето и избегнувајте
искачување при повисока топлина и јако сонце!
Паѓањето на карпа или лавина кои лесно постигнуваат голема брзина а
притоа добиваат огромна сила, може сериозно да повредат и убијат човек
ако и се најдат на патот. Движењето по снег, мраз и кал бара зголемена
претпазливост, бидејќи теренот е нестабилен и многу лизгав, многу лесно
може да изгувите контрола по падината. Секој чекор мора да биде
внимателен и стабилен!
Совети за планинарење
1.Консултирајте се со некој искусен за патеката по која планирате од одите, соберете клучни
информации за типот на теренот, како и за флората и фауната таму.
2. Земете со вас најмалку еден пријател, а колку е поголема групата со која планинарите, толку
подобро, така го елиминирате ризикот да залутате во непознат правец.
3. Креирајте груб план каде ќе се движите со време на поаѓање и враќање и оставете му го на некој во
вашиот дом.
4. Смислете план за итни случаи кој опфаќа дали ви е полна батеријата на телефонот, но и кое е
најблиското место да се обратите во случај на незгода.
5. Подгответе се за временските услови и секогаш проверете ја прогнозата пред поаѓање, но дури и при
најдобра прогноза имајте опрема за ненадеен дожд.
6. Спакувајте ги задолжителните работи: Прва помош, навигација, очила за сонце и млеко со заштитен
фактор, кабаница за дожд, светилка, кибрит, храна за најмалку еден ден плус, вода и ќебе или шатор за
итни случаи.
7. Проверете ја опремата за прва помош, дали има во неа завој, ханзапласт, антиалергиски апчиња итн.
Благодариме на вниманието

Изработиле:
Анастасија Кареска
Мила Цветковска
Наталија Велевска
Рената Димовска
Јасмина Мурговска
Сандра Трпчевска
Јулијана Милошевска IV8

You might also like