Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Историјат и поделба на

програмските јазици
Тема1: Програмирање и програмски јазици
Историјат на програмските јазици
 Луѓето порано меѓусебе комуницирале со помош на знаци,
гестови. Потоа се создаваат јазиците како основно сретство за
комуникација.
 Јазиците може да бидат:
◦ природни
◦ вештачки
 За комуникација меѓу луѓето се користат природните јазици.
 За комункација меѓу луѓето и машините создадени се вештачките
јазици.
 Посебен вид на вештачки јазици се програмските јазици. Со
програмските јазици се запишува алгоритмот т.е постапката за
решавање на некоја задача за да биде разбирлива од
компјутерот.
 Што е програмски јазик
◦ е јазик за изработка на програми, составен од симболи кои
компјутерот може да ги преведе во директни акции
Поделба на програмските јазици
(според развојот)
 А) нижи програмски јазици
◦ машинско ориентирани т.е. зависат од машината на
која се изведуваат
◦ Машински јазици
 е единствениот јазик кој компјутерот го разбира и
на кој што работи. Составен е од машински
инструкции кои се изразуваат само со 0 и 1.
 Ваквиот запис на наредбите е голем и непрегледен
и затоа машинските наредби на хартија најчесто се
запишуваат во хексадекаден броен систем.
 Пр. 101110001101011000010110
В8D616
◦ Симболички јазици
 е на повисоко ниво во однос на машинскиот јазик.
 Со текот на времето, а поедноставно и побрзо пишување на
програмите, машинските инструкции, програмерите почнале
да ги пишуваат со кратки едноставни зборови т.е. симболи.
 Така биле создадени симболичките јазици.
 Пр. MOV AX, 16D6 MOV DS, AX ADD AL, [0001] ADD X Y Z –
бројот зачуван во мемориската локација Х да се додаде на
бројот зачуван во мемориската локација Y и резултатот да се
зачува во мемориската локација Z.
 Симболичките јазици се поразбирливи за човекот во однос на
машинските јазици.
 Така, MOV е поместување (од move), АDD е додавање.
 Симболичките јазици не се разбирливи за компјутерот и не
може да ги изврши. Затоа се создадени програми
преведувачи - асемблери кои програмата од симболички ја
преведуваат во машински јазик.
 Симболичките и машинските јазици се машинско –
ориентирани јазици бидејќи секои компјутер или фамилија на
компјутери има свој симболички јазик што зависи од
процесорот.
 Б)Виши програмски јазици
◦ Се развиле кон крајот на 50 –те години на минатиот век кога
компјутерите почнале се повеќе да се користат.
◦ Се појавило прашањето како компјутерите да се доближат до
луѓето кои не знаат машинско и симболичко програмирање.
Идејата била програмите да се пишуваат на јазик близок до
човековиот природниот јазик.
◦ За кратко време вишите програмски јазици биле општо
прифатени поради:
 програмирањето е полесно бидејќи овие јазици се блиски до
природниот писмен начин на изразување на човекот
 овозможуваат брзо и едноставно запишување на методата за
решавање на поставениот проблем
 не бараат познавање на техничките особини на компјутерот
т.е. не зависи од компјутерот на кој е напишана програмата
па може да се ивршува на различни компјутери
 брзо и лесно се учат
 дава можност за размена на програми До денес се развиени
над 3000 програмски јазици. Некои од нив се: fortran, cobol,
algol, basic, lisp, pascal, c ada, c++, Delphi, java
Поделба на програмските јазици

 Поделба на програмските јазици:


◦ според начинот на пресметување
◦ според областа на примена
Поделба според начинот на
пресметување:
 императивни програмски јазици
◦ Во програмите напишани во императивни
програмски јазици проблемите се решаваат т.ш. се
потенцира како компјутерот ќе ги изврши
пресметувањата
 декларативни програмски јазици
◦ Кај програмите напишани на декларативен
програмски јазик се потенцира што ќе пресмета
Императивни програмски јазици
 Императивен доаѓа од зборот imperare што значи наредува. Затоа се нарекувааат и
наредбени јазици.
 Составени се од наредби со кои се менуваат вредностите на податоците.
 Во нив спаѓаат: fortran, cobol, basic, pascal, modula, c, ada.
 Се делат на:
◦ процедурални
 Со процедуралните јазици програмите се пишуваат според постапката која е
опишана со избраната метода за решавање на задачата.
 Притоа се користат техники на т.н. структурно програмирање со кое задачата
се дели на помали и полесни задачи.
 За секоја задача се користи соодветна метода за решавање со која од
почетните влезни податоци преку аритметички и логички пресметувања се
добиваат крајните резултати.
 Една метода може да се примени за различни влезни податоци.
 Пр. Ако радиус на кругот е 17 цм, со пресметување на плоштина на круг r 2
Pi се добива неговата плоштина, но ако 17 се годините на некој ученик (r 2 Pi)
со истата метода, резултатот нема никаква смисла.
 Овој недостаток е решен со објектно – ориентираните јазици.
 Меѓу најпознатите процедурални јазици се pascal, basic fortran
◦ објектно ориентирани
 Во нив секој објект (ученик, триаголник, автомобил, брод) има свои методи
кои може да се применат на неговите податоци.
 Објектно – ориентирани се c++, java, Delphi simula и др
Декларативни програмски јазици
 Функциски
◦ Програмите во функциските јазици претставуваат функција (или повеќе
функции) составена од попрости функции.
◦ Една функција може да повикува друга, а резултатот од функцијата
може да се користи како аргумент во друга функција.
◦ Главна карактеристика е тоа што се користат изрази и функции, за
разлика од императивните јазици кои користат наредби и процедури.
◦ Познати се: lisp, ML, scheme, Miranda
◦ Пр. Функцијата Ф со аргументи Х и У во lisp се претставува со(F X Y).
◦ Основните елементи кои се користат во lisp се наречени листи и атоми.
 Логички
◦ Логичките јазици се наменети за решавање на проблеми од вештачката
интелегенција.
◦ Ги користат принципите на т.н. формална логика каде се задава
множество на тврдења (аксиоми) и правила на заклучување.
◦ Со примена на правилата на заклучување врз тврдењата се доаѓа до
одговорот на поставената задача, односно се генерираат нови тврдења
и правила на заклучување.
◦ Најпознат програмски јазик е prolog. Во него тврдењето „Ивица е
пријател на марица“ се запишува: Prijatel(Ivica, Marica)
Поделба според областа на примена
 Со еден програмски јазик не може да се изразат решенијата на
проблеми од различни области.
 Пр. Во техничките проблеми има голем број на математичкии
пресметувања, а во економските опишување и табелирање.
◦ деловни апликации
◦ научни апликации
◦ системски софтвер
◦ компјутерска комуникација
◦ вештачка интелегенција
◦ специјална намена
 Вишите програмски јазици не зависат од машината на која ќе се
изведуваат и затоа се наречени машински независни јазици.
 Затоа при пишувањето на програмата не се води сметка за типот
на компјутерот на кој ќе се извршуваат програмите туку за
областа од која е проблемот што се решава и се нарекуваат
проблемско ориентирани јазици.

You might also like