Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Презентација на тема:

Апликативни движења
Изработила:Мила Стојановиќ 12221
Потскокнување и прескокнување
Потскокнување - форма на движење која се користи
во секојдневното движење. На часовите по физичко
и здравствено образование овие движења се
користат како движења на една или две нозе.
Прескокнувањата се користат за совладување на
ниски пречки (до 20 цм), одразувајќи се со една или
две нозе.
Од потскокнувањата особено се истакнуваат
детските и мачји поскоци, двоножни
потоскокнувања напред, назад и на страна,
имитирачки потскокнувања (кенгур, зајак)
Фрлање и тркалање
Кога се зборува за фрлање не се мисли на атлетски фрлања,
туку на фрлања на разни предмети (топчиња, топки). Во
првите две одделенија се користат двете раце подеднакво.
Фрлањето со двете раце ја развива координацијата на
движењата, не дозволува деформитети на телото. Може да
се изведат во место и во движење. Подоцна се изведуваат
фрлања на топки во спортските игри, па и фаќање.
Тркалањето подразбира тркалање на објекти по
површината или пак по надолжната осовина на учениците.
Индивидуалните тркалања треба да се изведуваат на мека
подлога (душек) со умерена брзина и 2-3 завртувања по
надолжната осовина на телото.
Ползење и качување
Ползењето во наставата има улога за правилно држење на
телото. Важноста на ползењето ја согледуваме и преку
кинезитерапевтските вежби за правилно држење на телото.
Некои положби во вежбите за корекција на телото, се
базираат на ползењето.
Качувањето може да се спроведува во спортска сала или
надвор, но да се води сметка до која височина ќе се качуваат
учениците. При качувањето треба да се внимава на начинот
на кој се фаќаат пречките, какво е користењето на нозете и
особено на безбедноста на учениците. Со овие начини на
движење се подобрува координацијата, рамнотежата и
манипулацијата со деловите од телото во просторот.

You might also like