Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Фонетика

Поделба на гласовите
Фонетика
 Фонетиката е дел од науката за јазикот што
ги проучува гласовите, нивното
образување, нивниот изговор и поделба. 
 Зборовите се делат на најмали делови

– гласови.
 Глас е најмал и неделив дел од говорт.
 Гласовите ги бележиме со писмени знаци-

букви. Во македонскиот јазик има 31 глас.


Поделба на гласовите

 Според фонетиката, основна поделба на


гласовите е на:
 самогласки (вокали) и
 согласки (консонанти).
Самогласки
 Самогласките се изговараат без пречки,
широко, со слободно поминување на
воздушната струја во усната шуплина и имаат
поголема звучност. Во македонскиот јазик
самогласки се: а, е, и, о, у.
Самогласките имаат слоготворна функција.
Тие ги оформуваат слоговите, односно
претставуваат јадрото на слогот.
 На пример:
 збо – ро – ви
мост
пе – е
 Освен самогласките, во нашиот јазик и
гласот р може да има слоготворна
функција.
На пример:
 прст

кр – вав
пр – вак
Поделба на самогласките
 

 Самогласките се делат:
 според височината (поставеноста) на

јазикот се делат на: високи(и, у); средни (е,


о), и ниски (а);
 според движењето на јазикот напред-назад

на: предни (и, е), средни (а) и задни (у, о);


 според положбата на усните на:
 заокружени (о,у) и незаокружени (а, е, и).
Согласки

 Согласките (консонантите) се помалку


звучни од самогласките, односно при
нивниот изговор воздушната струја не
поминува непречено. Во македонскиот
јазик има 26 согласки кои ги делиме
според разни критериуми.
 Според местото на образување во усната шуплина
согласките се делат на:
 — уснени: п, б, м, ф, в
— забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з
— венечни: љ, ч, џ, ш, ж, р
— меконепчени: к, г, х
 Според начинот на образувањето согласките се
делат на:
 — преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г
— теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р
— преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ
 Третата поделба на согласките е според нивната
звучност:
 звучни     Б  В Г Д Ѓ З Ж  Ѕ Џ /
 безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х
 сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ
 Звучните и безвучните согласки во
македонскиот јазик се во парови (секоја
звучна си има безвучен парник), освен Х кое
е безвучно. Сонантите се позвучни од
звучните согласки и им се доближуваат на
самогласките.
Поделбата на звучни и безвучни согласки е
важна за гласовните промени. Тие се
случуваат кога ќе се најдат една до друга
согласки со различна звучност (едначење
по звучност).

You might also like