Стилски фигури 2

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Фонетско-морфолошките - СТИЛСКИ ФИГУРИ

Наречени и фигури на дикцијата, се однесуваат на гласовните особености на


зборовите, повторување на исти гласови во стихот, или зборови со слично
звучење а различно значење и сл.

Асонанца (асонанција) е повторување на исти самогласки за постигнување на


звучен ефект. (На пр.: око соколово)

Алитерација е повторување на исти согласки или гласовни групи за


постигнување на звучен ефект.

Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од природата, од


животните итн. Секој јазик спонтано создава такви зборови: шушка, кукавица,
гугутка, гулаб, кокошка, грми, бучи, грака, крека итн. Ономатопејата ја има и во
поезијата и во прозата, а и во секојдневниот говор.

Парономазија е фонолошка фигура во која се повторуваат гласови во зборови


со различно значење. Тие зборови може да имаат ист корен, но сепак значењето
им е различно.
Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се
повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често се
повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие
фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата)
приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на
конструкцијата).

Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот


од стихот.

Симплохата претставува соединување на анафората и епифората,


односно повторување зборови и на почетокот и на крајот од
стихот.

Палилогија е кога еден или повеќе збора од крајот на стихот се


повторуваат на почетокот од следниот стих.
Асонанца
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој...
......................................
...„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна...“
(Ленка - К. Рацин)

Алитерација
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.


Глуво е се. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
(Ѕвона - Матеја Матевски)
Ономатопеја
Клип-клоп, клип-клоп, се носел
звук
во ноќта црна...
(Балада - Г. Тодоровски)

Парономазија
Јас не сум Вардар, ни завардарен,
не сум превардарен, ни
подвардарен,
може сум варден, та недоварден,
јас тек без ширина и должина!
(Гане Тодоровски)
Анафора
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди...
(Тутуноберачите - Кочо Рацин)

Епифора
Дошто сретнав омарнина и жито во
движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла
пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков
лубеница
беа како твојата уста, Дениција...
(Дениција - П.М. Андреевски)
Симплоха
Да видам Охрид, Струга да видам...
(Т’ га за југ - К.Миладинов)

Палилогија
А беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без
тебе,
па почнував да личам на сите мои
предци,
на сите мои предци, а најмногу на
себеси.
(Дениција - П.М.Андреевски)
Стилски изразни средства (семантички: епитет, метафора,
алегорија, симбол, метонимија, персонификација, хипербола,
литота, иронија, парадокс ) - тропи
Епитет во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на именката.
Во следниот пример има многу епитети и компарации:

Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува,


туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и
замена на значењето на еден збор со значењето на друг.

Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во


преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа,
но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се
засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со
одредени карактеристики.

Симбол е знак. Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната


алегориска ознака. На пр.: крст - значи црква; вага - правдина итн.

Метонимија е употреба на зборот во преносно значење.


На пр.: храбар и јак човек се нарекува сила.
Персонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните
предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини.

Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден


емоционален став.

Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување.


Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен.

Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го


кажуваме. На пр.: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме дека е лош).

Парадокс е она што е неочекувано. Порекнуваме некоја мисла која наизглед во


себе е противречна или спротивна на општото мислење. Парадоксот има
секогаш подлабока смисла.
Епитет

Кога бев преполн сила


што придојдува како матна речна глава,
кога се сетив вреден за мојот подвиг,
достоен за слава,
кога ми закрепна гласот за најдобар збор,
раката за најтежок меч,
ногата за најверен од —
тогаш се сломив.
Паднав како црешово дрво од премногу род.
(Болен Дојчин - Б. Конески)

Метафората

...Срце - порта највисока


срце - куќа најширока...
(Татунчо - К.Рацин)
Алегоријата
„Божествената комедија“ од Данте
Алигиери е во алегорија.

Симбол
Голапче мало хубаво, голапче
златокрилесто...
(Голапче - К. Миладинов)
(гулапчето е симбол на девојката)

Метонимија
Храбар и јак човек се нарекува сила.

Го читаш ли Достоевски? (Дали ги читаш делата


од Достоевски?)
Македонско име
нема да загине!
(народна песна)
Персонификација

Стивна сегде шумот ... градот


молкна.
Скопје заспа в ноќен сон.
(Зимска прикаска - Г. Тодоровски)

Хипербола

Глава има колку еден казан,


уши колку два таруна,
очи има колку два шиника.
Он ми сака голема таина:
на ден ми сака една фурна леба,
и ми сака по две бочви вино,
и ми сака по бочва ракија,
и ми сака по три млади крави...
(Болен Дојчин - народна песна)
Литота
Иронија
Нема да ти биде лошо таму.
(Таму ќе ти биде добро.)
Ти си ми навистина добар другар
(а мислиме дека е лош).
Тогај рече Марко Крале:
”Бог те убил, црна Арапино!
Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,
ал’ од кожува правот ми го тресеш?“...
(Марко Крале ја одменува свадбарината - народна
песна)

Парадокс

Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.
(Дениција - П.М. Андреевски)

Многузборлива немотијо, велиш ли:


и покрај се —
живееме, живееме, живееме.
(Нерези - Г. Тодоровски)
Стилски изразни средства (синтаксички: компарација, антитеза,
словенска антитеза, реторско прашање, инверзија, елипса,
асиндетон, полисиндетон, градација)

Компарацијата е една од најзастапените фигури и во минатото и


денес, а претставува споредба на еден предмет или појава со друг.
Секогаш при споредбата се употребува зборот како или ко.

Антитеза е спротивност, односно споредување кое се заснова на


спротивност. На пр.: Ситиот на гладниот не му верува.

Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно


творештво. Таа се состои од прашање, негација на прашањето и
одговор.

Реторско прашање е фигура во која прашалната реченица служи


како исказна. Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се
поставуваат за да добиеме одговор на нив, туку целта е да го
изразиме чувствениот однос.
Инверзија е преметнување на редот на зборовите - обратен ред од оној
што граматички е најисправен.

Елипса настанува кога од реченичната целина изоставуваме зборови, но


смислата сепак можеме да ја разбереме.

Асиндетон е кога нижеме зборови без нивно граматичко поврзување.

Полисиндетон е кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка


потреба.

Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови,


слики и мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење
од почетната позиција.
Компарацијата

— И најмил спомен што в душа ми


блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
(Везилка - Б. Конески)

Антитеза
Ситиот на гладниот не му верува.

Не сум вода да прелеам,


не сум змиа да се проврам,
не сум елен да прескочам,
не сум пиле да прелетам.
(од Поминуам, заминуам - народна песна)
Словенската антитеза

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,


Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?


ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,


ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,


тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој...
Реторско прашање

Везилке, кажи како се роди


проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
(Везилка - Бл. Конески)
Инверзија

Телото твое црна маслина...


(Во сонот на црната жена - А. Шопов)

Елипса
Дожд. (значи дека врне дожд). Асиндетон

А сè се случи една ноќ,


ноќ стебла,
ноќ лисје,
ноќ, студен ров.
(Небиднина - А.Шопов)
Полисиндетон

Од темни зори на утрини летни


до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
(Тутуноберачите - К. Рацин)

Градација

Прва година помина


грутка в срцето и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
(Ленка - К.Рацин)

You might also like