Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Ендокрини жлезди

ХИПОФИЗА
Улога на ендокриниот систем
1. Улога на ендокриниот систем:
- тој е одговорен за координација на функциите на организмот која се остварува преку хормоните
- регулираат метаболички процеси
- реакцијата на организмот е бавна и подолготрајна
- функционира заедно со нервниот систем како нервно-хуморална регулација
Хормони
Специјализирани хемиски гласници – регулаторни материи кои се продуцираат и
секретираат од од ендокрините клетки и ткива
 Се транспортираат преку крвта (хуморално)
Своето дејство го покажуваат во многу мали количини
 Дејствуваат само на специфични – таргет ( целни) клетки на кои има соодветни
рецептори
 Регулираат долготрајни процеси
Хипофиза
Хипофиза (питуитарна жлезда или подмозочна жлезда) — релативно мала жлезда со маса
од околу 0,5 g. Сместена е во вдлабнатинката наречена турско седло (Sella turcica) во
основата на черепот. Преку хипофизарната дршка - инфундибулум таа е поврзана со
хипоталамусот, во кој се сместени повисоките (виши) центри на вегетативниот нервен
систем. Токму од хипоталамусот хипофизата ги добива потребните ,,инструкции" за
нејзината активност, и тоа преку ослободувачките хормони.
Според структурата и функцијата, хипофизата се состои од три дела
1. Аденохипофиза(преден дел)
2. Среден дел(pars in termedia)
3. Неврохипофиза(заден дел)
Хормони на предниот дел на хипофизата
(аденохипофиза)

Во зависност од функцијата на хормоните од аденохипофизата поделени се на:


1. Тропни хормони - поттикнуваат секреција на хормони од други ендокрини жлезди.
2. Соматотропен хормон(STH)
Соматотропниот хормон(STH)
Соматотропниот хормон(STH) или хормонот за раст (GH) е карактеристичен хормон со општо
дејствување. Овој хормон дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира
синтеза на протеини неопходни за растењето. Дејството на овој хормон е особено изразен во
периодот на детството и адолесценција до околу 24 годишна возраст, во кој се одвива
интезивно растење на коските.
Регулација на функцијата на
аденохипофизата
Активноста на аденохипофизата е регулирана од хипоталамусот, преку секрецијата на
ослободувачките хормони(releasing hormones). Хормоните од хипоталамусот до хипофизата
доаѓаат преку специфичен циркулаторен систем, каде дејствуваат врз соодветните жлездени
клетки од аденохипофизата и стимулираат секреција на соодветните тропни хормони.
Намалената секреција на хипофизарните хормони може да дојде како резултат на голем број
заболувања. Кај човек оваа состојба, покрај намалениот развој, предизвикува голем број други
пореметувања во активноста на ендокрините жлезди, кои се под контрола на хипофизарните
жлези(тироидна жлезда, надбубрежните жлезди, овариумите, тестисите).
Хормон на (pars in termedia)
Средниот дел на хипофизата секретира меланотропин стимулираќки хормон(MSH) кој ја
стимулира секрецијата на меланин (пигмент за боја на кожата) во меланоцитите.
Хормони на неврохипофизата
Хормоните од овој хипофизарен дел се синтетизираат во хипоталамусот, а се излачуваат на
нервните завршетоци во неврохипофизата. Од неврохипофизата се излачуваат два хормона
ADH( антидиуретичен хормон или вазопресин) и окситоцин.
АDH стимулира реапсорпција на вода од примарната урина во дисталните бубрежни
каналчина. Недостигот на секреција на ADH во организмот предизвикува Diabetes, а додека
зголемената секреција предизвикува стеснување на периферните крвни садови, што
доведува до зголемување на крвниот притисок.
Окситоцинот предизвикува контракција на мазната мускулатура на матката и на каналите
од млечните жлезди.
Изработил:
Зарески Адријан III-8

You might also like