Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 19

ОСЕТИ, ПРЕТСТАВИ И ПЕРЦЕПЦИИ

ПРОФ.Д-Р. ДИАНА БЕЛЕВСКА


ОСЕТИ

Осет е чист непосреден сетилен впечаток на


примената дразба, кој во себе не содржи
искуство, односно тоа е свест за дејствување
на дразбата.

Осетот е субјективен одраз на објективната


реалност, бидејќи субјективноста е строго
индивидуална и доаѓа од стекнатото
искуство на индивидуата.
ОСЕТИ

Во основа на секој осет се наоѓа сетилен орган кој е приспособен


за прием само на еден вид сензорен импулс.

Зависно од локацијата и од функцијата на сетилата кои ги


примаат дразбите, се разликуваат два вида осети:
1. Внатрешни осети – кои доаѓаат од интерорецепторите кои се
сместени во тетивите, мускулите, коските, жлездите,
дигестивните органи итн.
2. Надворешни осети – кои доаѓаат од екстерорецепторите и кои
не запознават со промените во надворешната средина.
ПРЕТСТАВИ

ПРЕТСТАВИТЕ се содржини на свеста која се појавува при


потсетување на порано перцепирани објекти.
Претставите имаат голема улога во секојдневниот живот на
човекот и на некој начин придонесуваат за неговиот развој. Ги
развиваат: детските игри, учењето и творечката работа.

Претставите можат да бидат:


 ВИДНИ
 МИРИСНИ
 ВКУСНИ
 ....
ПРЕТСТАВИ

ЕЈДЕТСКИ ПРЕТСАВИ
Посебен вид на претстави кои се одликуваат со:
Субјективно доживување дека претставата се случува во надворешната
средина, додека истата се доживува во свеста и ејдетската претстава
може да се задржи во видно поле колку што сака ејдетичарот.
Треминот “ејдетски претстави“ потекнува од Јенш, кој го извлекол од
грчкиот збор “ejdet” – кој означува “идентично“, со што сакал да ги
доближи до перцепциите.

ХИПНАГОГНИ ПРЕТСТАВИ
Претстави кои се појавуват кај некои луѓе непосредно пред спиење. Тие
можат да бидат предизвикани по сопствена волја или пак се
наметнуваат како опсесивни претстави.
ПЕРЦЕПЦИЈА
Преку рецепторите и патиштата за сензитивни и
сензорни сетила ние сме постојано известени за
поединечни квалитети на околината и нас самите.
За да биде комбинацијата на сензорните и
сетилните чувства препозната мора да се
располага со искуства.

Поимот аперцепција се однесува на процесот на


сваќање, разбирање на она што е перцепирано.
Според тоа, за да препознаеме нешто потребни ни
се перцепцијата и искуството.
ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА

До пореметување на перцепцијата може да


дојде на ниво на:

 Периферни рецептори
 Преносни патишта
 Центрите во мозокот
 Но и при пореметување на вниманието,
афективитетот и памтењето
РАСТРОЈСТВА НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА

Во сфера на перцепциите се разликуваат три вида на


растројства:

I. АГНОЗИИ
II. ИЛУЗИИ
III. ХАЛИЦИНАЦИИ
АГНОЗИИ

Предизвикани се од мозочни растројства. За нив


карактеристично е дека поединецот уредно
перцепира и уредно ги опишува поединечните
изолирани чувства (сетилни впечатоци), но не е во
состојба да ги поврзе со претходното искуство на
сеќавање, да ги осознае, да препознае во нив некој
предмет или состојба.
ИЛУЗИИ

Илузиите се погрешни препознавања. Содржината е


уредно перцепирана, но под влијание на објективни
сетила таа е погрешно препозната. До погрешно
препознавање доаѓа под влијание на различни
токсикоинфективни агенси. Излуиите се чести кај
акутен мозочен синдром, делирантна промена на
свест, но и при конзумирање на халициногени
средства кои во суштина предизвикуваат акутен
мозочен синдром.
ПАРАИДОЛИИТЕ

Сличен феномен на илузиите. Кај параидолиите субјектот


под влијание на фантазијата, а од различни виуелни
впечатоци создава различни слики.
Параидолиите, од субјективен аспект, имаат необавезен
карактер и не претставуваат психопатолошки феномен.
ХАЛУЦИНАЦИИ

Халуцинации се перцепции кои не се темелат на


влијанието на надворешните сензорни и
сензитивни сетила. Некои халуцинации можат да
се предизвикаат со дразба на поедини мозочни
сензорни регии, но и со неспецифично дразнење
на рецепторите (алкохолен делириум).
Според некои автори халуцинациите се израз на
деструкција на свеста, односно на личноста, други
сметаат дека видот и содржината на
халуцинациите имаат симболично значење.
ХАЛУЦИНАЦИИ

АУДИТИВНИ ХАЛУЦИНАЦИ

АКОАЗМИ: аудитивни халуцинации кои се јавуваат во вид на: црцор, шум и


сл.

ФОНЕМИ – аудитивнни халуцинации со посложена форма т.е. карактер на


гласови. Гласови кои се обраќаат дирекно на личноста, гласови во
форма на интеракција, слушање на сопствени мисли, императивни
халуцинации со заповеден тон и автодеструктивна и хомоцидна
содржина.

АКУСТИЧНИ халуцинации – изворот на звукот секогаш е во просторот


надвор од болниот.
ХАЛУЦИНАЦИИ

ВИЗУЕЛНИ ХАЛУЦИНАЦИИ

1. ЕЛЕМЕНТАРНИ (фотопсии) – во вид на блесок

2. СЛОЖЕНИ – кога попримаат целосен сценски карактер

3. ЕКСТРАКАМПИНИ – кога субјектот гледа извесна содржина надвор од своето


видно поле

4. АУТОСКОПСКИ – кога субјектот се гледа самиот себе

5. НЕГАТИВНИ ХАЛУЦИНАЦИИ – кога субјектот негира дека го гледа она што се


наоѓа пред него.

Визулените халуцинации почесто се јавуваат пореметена изменета отколку кај бистра


свест.
ХАЛУЦИНАЦИИ

ХАЛУЦИНАЦИИ НА ВКУСОТ И МИРИСОТ

ГУСТАТИВНИ и ОЛФАКТОРНИ хауцинации се јавуваат кај


епилептички состојби и се со непријатен карактер.

ХАЛУЦИНАЦИИ НА ДОПИР

ТАКТИЛНИТЕ халуцинации се чести во состојбите на


делириум (алкохолен или од кокаин), кога болниот има
чувство дека го лазат бубачки, се чеша, се брани,
настојува да ги тргне од себе.
ХАЛУЦИНАЦИИ
ХАЛУЦИНАЦИИ

ХАЛУЦИНАЦИИ НА ДВИЖЕЊЕ И РАМНОТЕЖА

КИНЕСТЕТИЧКИ И ВЕСТИБУЛАРНИ халуцинации се


јавуваат кај состојбите на делириум (од алкохол
или халуциногени средства) и поретко се
сретнуваат кај шизофренија.
Болните имаат чувство дека лебдат, се движат или
имаат вртоглавица: предемтите лебдат околу нив
или тие околу предметите, што понекогаш
предивикува лошење или нагон за повраќање.
ХАЛУЦИНАЦИИ

ПСЕВДОХАЛУЦИНАЦИИ

Немаат карактер на реално во смисла на сетилно.


Се јавуваат во две димензии: како слика или
претстава. Изворот е од вантрешниот
субјективен свет.
ХАЛУЦИНАЦИИ

ФУНКЦИОНАЛНИ ХАЛУЦИНАЦИИ

Се јавуваат на надворешни дразби и траат до нејзиното престанување. Личноста


слуша реално постоечки звуци, а во исто време гласови и заканвачки
разговори. Со престанувањето на реалните звуци, престануваат и
халуцинациите. Кај овие халуцинации постои надворешна дразба, и за
разлика од илузиите, овде истовремено со објективно перцепираната
содржина се јавува и халуцинативна содржина.

МЕТАМОРФОПСИЈАТА е промена на големината или обликот на перцепираните


предмети или простор. Предеметите може да изгледаат смалени
(МИКРОПСИЈА), зголемени во огромни размери (МАКРОПСИЈА) или
деформирани (ДИСМЕГАЛОПСИЈА).

You might also like