Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 37

ОСНОВИ НА

МОЛЕКУЛАРНА
БИОЛОГИЈА

СТРУКТУРА НА НУКЛЕИНСКИ
КИСЕЛИНИ
ВОВЕД
•Молекуларна биологија е биолошка дисциплина
која ги поврзува двете биолошки науки-
биохемија и генетика.
Биохемијата ги изучува ензимите – биокатализатори
на клеточните процеси.
Генетиката ги изучува гените (ДНК) кои ја
одредуваат структурата на ензимите и другите
протеини во клетката.
Молекуларна биологија ги изучува гените (ДНК)
и ензимите т.е. протеините на молекуларно ниво
и нивната функција во клетката.
НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ

• Секоја клетка без разлика дали е едноставно или


сложено градена мора да ги содржи и пренесува
информациите потребни за создавање на протеини.
Докажано е дека нуклеинските киселини се
материјални носители на информацијата за
синтеза на протеини и одговорни се за пренесување
на наследните својства кај организмите
(Во DNA се запишани информациите за синтеза на
протеини, а RNA ги пренесува овие информации
што се важни за создавање на протеини)
Структурата и функцијата на нуклеинските
киселини откриена е со биохемиска анализа на
генетичкиот материјал на бактериите
•Подоцна такви биохемиски анализи се направени
и кај еукариотските клетки при што се примениле
современи методи и техники .
• Нуклеинските киселини се макромолекули кои се
одликуваат со голема молекулска маса.
За прв пат се изолирани од јадрото (nucleus) од
страна на Miescher (1868)по што го добиле и името.

Подоцна DNA фрагменти се откриени


и во некои органели, а RNA е пронајдена уште и
слободна во цитоплазмата.
СТРУКТУРА НА
НУКЛЕИНСКИТЕ КИСЕЛИНИ
Нуклеотид

Нуклеотид е основна структурна единица на


нуклеинските киселини кој се состои од три
хемиски соединенија кои се ковалентно сврзани:
1. Пентозен шеќер
деоксирибоза (кај DNA) и рибоза (кај RNA)
2. Азотна база:
пурински: А (аденин) и Г(гванин) –
пиримидински:  Ц (цитозин) и Т (тимин),
кај RNA доаѓа базата У(урацил) наместо Т
3. Фосфатна група од фосфорна киселина
Пентозни шеќери
• Азотни бази
• Нуклеотид

Азотна база

Фосфатна група

шеќер
Азотната база е ковалентно поврзана за првиот С
атом на пентозата и двете соединенија вака
поврзани градат нуклеозид.
Фосфатната група поврзува два нуклеотида преку
фосфодиестерска врска што се воспоставува
помеѓу петтиот С атом на едната пентоза и третиот
С атом на другата пентоза.
На таков начин поврзани нуклеотидите градат т.н.
полинуклеотидна низа (верига).
една азотна база
Петтиот С на пентозата
го претставува 5‘ крајот
на полинуклеотидната низа пентозен шеќер

5‘ 3‘ фосфат
насока
Низата расте кон
3‘ крајот

Третиот С на пентозата
го претставува 3‘ крајот
на полинуклеотидната низа
СТРУКТУРА НА ДНK (DNA)
• Ватсон и Крик во 1953 год. го предложиле моделот за
структурата на DNA. Тие први претпоставиле дека
молекулот на DNA е составен од две полинуклеотидни
низи поврзани во двојна спирала, па оттаму и името на
DNA – дихеликс .
Двете полинуклеотидни низи меѓусебно се поврзани
преку азотните бази.
Поврзувањето на базите во молекулот на DNA се
врши преку слаби водородни врски (мостови)
Постои строга специфичност во поврзувањето на
азотните бази т.е. А(аденин) секогаш се поврзува со
Т(тимин) со двојна врска; а Ц(цитозин) се поврзува
со Г(гванин) со тројна врска. 
За овие парови на бази велиме дека се
комплементарни (се надополнуваат).
!
А=Т
С≡G

Водородни врски
Од тука и двете полинуклеотидни низи се
комплементарни. При тоа ако се знае редоследот на
нуклеотидите во едната низа – може да се определи
редоследот на истите во другата
За да се формира спирална структура двете
полинуклеотидни низи се свртени обратно меѓу себе
(антипаралелно) т.е. едната има насока 3‘-5‘, а другата 5 -3‘

Во состав на молекулот на ДНК влегуваат од неколку


илјади до милиони .
СВОЈСТВА НА ДНК
1.РЕПЛИКАЦИЈА

2.ГЕНЕТСКА ИНФОРМАЦИЈА

3. МУТАБИЛНОСТ
2.ГЕНЕТСКА ИНФОРМАЦИЈА
Се однесува на постојаноста на редопследот на
азотните бази по должината на полинуклеотидните
низи.

3. МУТАБИЛНОСТ
Можност ДНК да претрпи наследни промени
РЕПЛИКАЦИЈА НА ДНК
• Сите телесни клетки на еден ист вид имаат
еднакво количество на ДНК.
Бидејќи сите клетки во телото настануваат со
делба, при создавањето на нови клетки мора да
дојде до удвојување на количеството на ДНК за да
и новите клетки имаат исто количество како и
клетката од која се добиле.
Процесот при кој од еден молекул на ДНК се
добиваат два е познат како репликација.
Репликацијата обезбедува пренесување на
наследната информација од клетка во клетка (при
растење) и од генерација на генерација (при
размножување.
Репликацијата започнува со расплетување на дел
од молекулот на ДНК кое е проследено со кинење
на водородните врски со кои се поврзани двете
полинуклеотидни низи преку азотните бази.
Така двете низи се одвојуваат.
Одвојувањето на низите е слично со отварањето на
патент.
Одвоените низи на ДНК служат како калап за
синтеза на нови низи-комплементарни на нив.
Всушност на двете стари низи комплементарно се
надоврзуваат нуклеотиди со што се формираат две
нови низи.
При тоа едната новаО низа се синтетизира
непрекинато (континуирано) и е т.н. водечка низа.
Другата се синтетизира со прекини при што се
формираат фрагменти познати како Оказаки
фрагменти.
Тие се поврзуваат во континуирана низа со помош
на ензимот – DNA-лигаза (генско лепило)
3’
5’
5’
3’
3’

5’
3’
5’

5‘’
3‘
3’

5’

водечка низа 3’
5’

5’ неводечка низа
3’
3’

Оказаки фрагменти 5’
На таков начин од една се добиваат две нови
молекули на ДНК кај кои едната низа е стара, а
другата-нова
Овој начин на репликација на ДНК е познат како
О
семиконзервативна синтеза
О
DNA молекул

Расплетување на
DNА молекулот
нуклеотиди стара низа

нова низа
Одмотувањето на
DNK дихеликсот е со
брзина од 50 обртаu
Репликацијата се одвива во секунда.
со брзина од 1000
нуклеотиди во секунда
Ензими на репликација

Хеликази- ги раскинуваат водородните врски


помеѓу базите
Нуклеази- ги раскинуваат фосфодиестарските
врски помеѓу нуклеотидите
DNK полимерази - додаваат нови
деоксирибонуклеотиди во правец 5’-3’
Лигази – ги спојуваат нуклеотидите со
фосфодиестарским врски
Освен ензими кои ја условуваат репликацијата
на DNA постојат и ензими и протеини кои
учествуваат во поправки и отстранување на
погрешно врзаните или оштетените
нуклеотиди.
Сите тие се познати со едно име - систем за
репарација
СТРУКТУРА НА РНК
За разлика од ДНК, РНК е единечна низа која е составена
од 100 до 100 000 нуклеотиди.
На одредени места таа може да се превитка и само
во тој дел е двоверижна.

водородни врски

азотни бази
шеќерно-фосфатен скелет
Видови на РНK (RNA)

Молекулите на РНK се доста различни. Така, во


различни клетки на еден ист организам, па дури и во
една клетка,застапени се различни видови на РНK.
Во зависност од некои структурни особености и
нивната специфична функција, се разликуваат неколку
видови на РНK:

Рибозомска РНK (r-RNA) - ја претставува главната


маса на РНK во клетката бидејќи е застапена со повеќе
од 50% од вкупната РНK во клетката. Служи за
изградба на рибозомите
.
Информациона РНK(i-RNA) - служи за пренесување
на генетичката информација од гените до рибозомите
(во процесот синтеза на протеини).
Се синтетизира од ДНК низата.
Бројот на i-RNA молекулите е приближно еднаков на
бројот на протеинските молекули кои клетката ги
синтетизира.

Транспортна РНК  (t-RNA) - служи за транспорт на


одделните амино киселини до рибозомите во
цитоплазмата.
Се синтетизира од ДНК низата

You might also like