Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

ПРИМЕРИ ЗА ПРОДАЖНА

ПРОМОЦИЈА
1.Пример за продажна промоција со бесплатни примероци. Пример во
супермаркет кога се купуваат два производи по регуларна, пазарна цена а се
добива еден примерок гратис. Со тоа се зголемува побарувачката и се зголемува
потрошувачката на тој производ.
2.Пример со купување на одредени производи од една марка,бренд со наградни
конкурси и натпревари. Компанијата која го застапува,поседува брендот, марката
на производот организира наградна игра за купени производи во одреден износ и
секој купувач има право да учествува во наградната игра.
3.Пример со изложби. Производите се изложуваат на промотивни штандови, саеми
и се со пониски цени се со цел да допрат до потрошувачите.
Пример за лична продажба
Пример 1. за лична продажба кога кога преку личен контакт на
продавачот се комуницира со купувачот. Пример продавач на
компнијата Херба Лајф –нутриционистичка компанија во директен
контакт со купувачот нуди, споделува, препорачува производи на
потенцијалниот купувач.
Пример 2. Трговци поединци, занаетчии кога нудат дел од своите
рачно изработени уникати на купувачите, со објаснување на
процесот на изработка за истите.
Одговор на прашања :
1.Промоцијата како инструмент на маркетингот е масовна
комуникација бидејќи е насочена кон широк круг на потрошувачи се со
цел да им го привлече вниманието, да ги натера на размислување, да
пројават интерес и крајна цел да станат купувачи.
2.Промоциониот микс го сочинуваат економската пропаганда,
промоции, личната продажба, промоција на продажба и односи со
јавноста.
3.Економската пропаганда е насочена кон директно поттикнување на
потрошувачите за да купат еден производ. Таа важи за агресивна
комуникација на производителот со потрошувачот. Тоа се постигнува
преку, тв,печат,радио,пошта,социјални медиуми.
4.Средства за пренесување на пораката кај економската пропаганда се :деловно-пропагандни
средства, директни пропагандни средства, репрезентативни, надворешно пропагндни,
медиуми за масовно информирање.
5.Економско пропагандни пораки содржат кратки веродостојни пораки кои се однесуваат на
потребите на купувачот а во исто време бидат ненаметливи.
6.Односи со јавност се специфичен вид на промоција. Тука настанува комуникација помеѓу
поединец или фирма со потенцијалните купувачи се со цел да се зголеми
потрошувачката.Целта на овој вид промоција е да се создаде позитивна претстава за
претпријатието.
7.Инструменти кои се користат во продажната промоција се следните: политика на
излагање, премии, купони, наградни игри и натпревари, демонстрации, изложби саеми и др.
8.Лична продажба
Непосреден,личен контакт со купувачот со пласирање на потребни, корисни информации за
производот и секогаж овој вид на продажба има најголем ефект кај купувачи кои за прв пат треба да
донесат одлука дали ќе купат некој производ или не. Тука се гледа вештината на продажба на
продавачот.

You might also like