Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Употреба на ипекакуана во

традиционалната медицина на
јужноамериканските народи

Изработил:Каролина Мицева IV-7


Ipecacunhae radix- корен од ипекакуана
Cephaelis Ipecacuanha Fam. Rubiaceae

Ипекакуаната е повеќегодишно тревно растение,


кое расте како грмушка. Има издолжени, остри и
цели листови кои се наспремно поставени, а
цветовите се бели собрани во штит. Корените се
жилави и плитко поставени во подлогата. Има два
вида рио-ипекакуана(Cephaelis ipecacuanha) и
картагена-ипекакуана(Cephaelis acuminata).

Како дрога се користи исушен корен кој потсетува


на дождовен црв. Коренот од рио-ипекакуана е долг
и дебел, однадвор темнокафеав, а внатре светол со
широка кора и тесно дрво. Коренот од картагена-
ипекакуана е подебел за разлика од претходниот и
со црвено-кафеава боја. Има горчлив вкус.
Хемиски состав, дејство и употреба

Содржи: алкалоиди еметин, цефелин и нивни редуцирани


аналози психотрин и метилпсихотрин.

Дејство: еметично ( од цефалин), експекторантно и


амебицидно (од еметин). Еметинот ги дразни нервните
завршетоци во желудникот, со што се стимулира
бронхијалната секреција и се разводенува густиот секрет и
олеснува неговото искашлување.

При орална примена препратите од ипекакуана при


голема доза делуваат еметично, при многу ниски дози
делуваат експекторантно. Изолираните алкалоиди се
користат пер-ос за третман на амебна дизентерија.
Употреба во фитотерапија

Покрај употребата на ипекакуаната во современата медицина како еметик,


експекторанс и амебицид, ипекауканата има примена и во фитотерапијата пред се кај
јужноамериканските народи, па и кај нас.

Ипекакуаната се користи и за стимулирање и регулирање на дигистивната функција, а


со самото тоа и за подобрување на апетитот, во Јужна Америка се користи во третман на
бронхит и кашлица. Од растението се користи коренот како суспензија за перорална
примена. Бидејќи алкалоидите од оваа билка се токсични, дрогата и фармацетвските
форми на ипекакуаната се употребуваат само во мали дози и не се препорачува за
домашна редовна употреба бидејќи можат да предизвикат сериозни проблеми, како
оштетување на срцето, бубрезите, хепарот, цревата и скелетните мускули, а кај лица со
анорексија и булимија алкалоидите од ипекакуаната може да предизвикат летаргија,
кардиотоксичност, миопатија па дури и смрт
Дрогата се користи и за изработка на сируп против
кашлица. Прашокот од ипекакуана се користи
надворешно и има силно иритативно дејство врз кожата.
Застапени се и водените и алкохолните тинктури од
ипекакуана.

Ипекакуната се користи за цревни крварења освен ако


се предизвикани од улцерација на мукозната мембрана.
Исто така помага и при тешки менструации, крварење на
матката, хемоптиза и повраќање на крв, главоболка,
целосно губење на гласот поради студ и друго

You might also like