Professional Documents
Culture Documents
Џ.Г.Бајрон „Странствувањето на Чајлд Харолд" II 4 и II 5
Џ.Г.Бајрон „Странствувањето на Чајлд Харолд" II 4 и II 5
Џ.Г.Бајрон „Странствувањето на Чајлд Харолд" II 4 и II 5
Бајрон-
„Странствувањето
на
Чајлд Харолд“
Џ.Г. Бајрон (1788-1824) –
живот:
- Претставник на романтизмот
во Англија;
-Потекнува од осиромашено
семејство, но има благородничко
потекло;
- По смртта на негов роднина се стекнал (наследил) богатство и титула (Лорд).
Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на
англискиот парламент, каде ги застапувал правата на работниците и затоа
козервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите, решил да
патува во средоземноморските земји;
- Бил убав, но куц (едната нога му била покуса од другата),а односите со мајка му
биле чудни – на моменти била мила и нежна, а потоа хистерична и насилна.
Бајрон уште како дете го гледал распуштениот живот на мајка му, исполнет со
забави и оргии. Ваквиот начин на живот го продолжува и тој;
- Се оженил за грофица, но таа го напуштила;
- Повторно ја напушта Англија и се приклучува во ослободителното движење на
Грција, каде што починал од силна треска (најверојатно сифилис).
https://www.youtube.com/watch?v=YmNmrOu5_So (линкот содржи анализа на животот на Бајрон)
„Странствувањето на Чајлд харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема
Составена е од 4 песни
ТЕМА: Патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд
ИДЕЈА: Да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и
Европа
Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција.
Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало патувањето, притоа
задржувајќи се на позначајните места:
Што е поема?
• војните на Наполеон
•Грција – ја величи античката цивилизација
• ја опева славата и пропаѓањето на Рим
• Ја опишува битката кај Ватерло,
•потенцирајќи го ужасоти апсурдот на војната
Поемата започнува со описот на
Чајлд Харолд, кој е млад човек,
почитуван и познат, од
благороднички род, кој наместо да
се посвети на полезна и товречка
работа, се оддава на бурен,
развртен живот со оргии.
Презаситен од таквиот живот,
решава да го напушти родниот
крај. Разочараноста не
произлегува само од ваквиот
живот, туку и од односите во
општеството, па решението го
бара во бегството, во
осамувањето, во потонувањето на
сопственото јас.
На чиј живот ве потсетува
животот на Чајлд Харолд?
Каков е односот на
романтизмот кон
природата?
Во последната песна при посета на
Италија, исто така се навраќа на
нејзиното античко минато. Тој и
понатаму е во исто расположение,
осамен бунтовник кој останува
само набљудувач на
општествените збиднувања.
ЗАКЛУЧОК
Основни карактеристики на Бајроновиот јунак се:
• чувството на светска тага;
• откривањето на нови егозтични простори;
•Поддршка за ослободување на угнетените европски народи