Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 8

► Под 

животна средина се подразбира збирот од сите надворешни


фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден
организам.
► Биотички фактори се влијанијата од членовите на истиот или
друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека
абиотички се неживите фактори - влијанијата на почвата,
водата и воздухот врз организмите.
► За секој фактор на животната
средина, еден организам има
опсег на толерирање во кој тој е
способен да преживее. Овој опсег
ја сочинува еколошката
валенца на организмот. Различни
единки или видови имаат
различни опсези на поднесување
за најразновидните фактори на
животната средина. Оваа
варијација ја
претставува адаптацијата на
организмот кон неговата средина.
► Способноста, пак, на еден организам да ја изменува својата
подносливост кон одредени фактори на средината како
резултат на промена во истите ја претставува пластичноста на
тој организам. Промените на подносливоста кон одреден
фактор се нарекуваат аклимација. Изложувањето на фактори
при кои организмот се наоѓа на границата на својот опсег на
поднесување, претставува стрес.
► Главни абиотички фактори
се:
►  светлина,
►  температура,
►  вода, 
► атмосферските  гасови
►  јонизирачкото зрачење
► кои влијаат на формата и
функцијата на единката.
► Биотичките фактори кои влијаат врз единката се членови на
истиот или друг вид. Интраспециските заемодејства се
огледуваат во потребата за парење со други единки, заштита со
собирање во група и компетиција за ресурсите, како храна,
светлина, хранливи материи и простор.

► Оптималната густина на популацијата зависи од достапноста на


ресурсите и од однесувањето, големината и стурктурата на
еден организам. Интерспециските односи може исто така што
бидат позитивни или негативни.

► На пример, при симбиотските заемодејства се остварува заемна


корист на единките кои се вклучени.
► Луѓето ја менуваат својата
животна средина многу повеќе
отколку сите останати организми.
На пример, ослободувањето на
стакленички гасови во
атмосферата доведува до
климатски промени на целата
планета. Како резултат на тоа,
има влијанија на
распространувањето на сите
други видови. Испуштањето на
загадувачи во животната средина
прави да организмите доаѓаат во
контакт со стресни влијанија со
кои тие претходно не се соочиле.
► За секој даден организам најчесто може да се идентификува
факторот на средината кој го ограничува неговиот опстанок и
раст.

► Ограничувачкиот фактор може да се смени со текот на времето.


Таква промена може да предизвика излегување од опсегот на
толерирање на организмот за тој или друг фактор на средината.
Во такви случаи, организмот преживува стрес. Доколку тој
стрес е екстремен, може да доведе до неповратно оштетување
или смрт.
Изложувањето на умерен стрес резултира во период на
аклимација, со кој организмот се прилагодува. Организмите кои
се изложуваат постепено на нови услови во средината обично
имаат повисоки шанси за опстанок отколку тие кои се изложени
одеднаш.

You might also like