Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 23

НАОД И МИСЛЕЊЕ

НА ПСИХОЛОГОТ

Проф. д-р Диана Белевска


М-р Милена Спасовска
Наодот треба да содржи:

1. Генералии за клиентот;
2. Причина за психолошка експлорација/цел на
психолошката експлорација;
3. Применети техники;
4. Анамнестички податоци;
5. Опис на однесувањето на клиентот во текот на на
испитувањето;
6. Интерпретација на резултатите на тестовите;
7. Заклучок со психодијагностичка импресија;
8. Препорака.
Наодот треба да ја опишува
личноста, и тоа:

 Когнитивното функционирање
 Емоционалното функционирање

 Социјалното функционирање
ВО НАОДОТ СЕ ОПИШУВА И:
 Мотивацијата и интересите на личноста;
 Општата информираност;
Однесување во различни ситуации;
Како се соочува со секојдневните стресови,
потешкотии, барања и слично;
Со каков капацитет на знаење располага, какво му е
искуството;
Формирање на врски, сексуален идентитет, сексуално
однесување;
Физички и психолошки потешкотии на кои се жали дека
му го попречуваат адекватното функционирање.
Да тргнеме по ред
1. Генералии за клиентот
 Име и презиме;
 Година на раѓање (за дете, датум на раѓање);
 Занимање (за ученици и студенти се пишува година на
школување);
 Работен статус (за ученици и студенти не треба, за сите други:
вработен, невработен, пензионер, домаќинка итн.);
 Брачен статус (оженет, омажена, разведен/а, вдовец/ца,
неоженет/немажена);
 Родителски статус;
 Место на живеење;
 Со кого живее, каде живее (во семејна куќа, заштитен
дом...).
Кој го упатува, упатна дијагноза или причина за
психолошка експлорација

 „Клиентот е пратен од матичниот лекар за


процена на неговата работна способност“;
 “Клиентката сама бара психолошка
експлорација”;
 “Клиентот го упатува психијатарот/неврологот за
проценка на личноста или процена на
интелектуалното функционирање, структура на
личноста, органицитет...“.
3. Применети техники

Да се набројат со скратеници:

1. Клиничко интервју;
2.Тестови за проценка на когнитивни
способности: PM (Прогресивни матрици),
WB-II, WB-I, ВИТИМ;
3. Тестови на личност: MMPI, PIE , ZS,
Лишеров тест;
4. Тестови за органицитет: TVP, Bender-gestalt, WB-
SP;
5. Проективни техники: TNR/IPS, Лишеров
тест, Rorschah, Маховер, HTP.
4. АНАМНЕСТИЧКИ ПОДАТОЦИ
ОПИС НА ПРОБЛЕМОТ

На психолошката експлорација момчето доаѓа во придружба


на двајцата родители а поради психички потешкотии од депресивно
анксиозен круг.
 Во текот на разговорот се дознава дека ваквите потешкотии се присутни од пред
3-4 месеци кога се раскинува врската со неговата девојка со која се забавувал 10
месеци. Врската ја раскинува неговата девојка поради тоа што се заљубила во
друго момче. Пред да ја раскине врската со нашиот клиент девојката излегувала
со новото момче 1 месец а клиентот за тоа знаел. Од тој период почнува
чуството на безвредност, ниска самодоверба, тага, несоница, напнатост,
повремена раздвиженост, панични моменти кога е сам во надворешна средина,
престанал да оди на училиште, повеќе седел дома во своја соба, не разговарал
со никого но повремено имал вербално агресивни испади кон неговата мајка кои
најчесто биле поврзани со разговор за неговите можности, способности и сл.
4. АНАМНЕСТИЧКИ ПОДАТОЦИ
ОПИС НА ПРОБЛЕМОТ

 Целата симптоматологија ескалирала и во еден наврат кога


клиентот зборувал за својата неспособност, безвредност, бил
расплакан, напнат, раздвижен , вербално агресивен кон неговите
родители и во еден момент се заканил дека ќе се фрли од балкон
, се затрчал кон вратата од тераса но неговиот татко бил побрз и
присебен и го спречил во намерата. Од тој ден неговите родители
не го оставаат сам ни во соба, го однеле на лекар, на психијатар
и психијатарот го праќа за целокупна психолошка експлорација.
Анамнестички податоци

Од хетероанамнестичките податоци се дознава дека клиентот е роден со


извесни постнатални потешкотии. Во раниот развој имал чести соматски
проблеми од респираторна природа. Во неколку наврати бил
хоспитализиран. Бил дете кое било презаштитувано од страна на мајката
поради сите здраствени проблеми.

Исто така неговите родители даваат податок дека тешко ги преболувал


губитоците (смрт на баба на негова 8 годишна возраст) кога освен тага
покажал и стравови, поради што спиел со неговата мајка скоро цела
година. На негова 12 годишна возраст се преселиле од помал град од
внатрешноста во Скопје. Преселбата исто така тешко ја поднел, се враќал
во својот град и останувал кај неговиот дедо со месеци и слично. Се добива
впечаток дека мајката е позаштитнички усмерена од таткото кој смета дека
никогаш немало цврста рака во неговото воспитување.
5. Опис на однесувањето

 Се проценува:
 Изгледот (висина, тежина, надворешен впечаток кој го
остава);
 Говорот ( срамежливо, гласно, тивко, вокабулар кој го
користи);
 Емоции;
 Процес на мислењето/текот и содржината;
 Перцепциите;
 Вниманието;
 Менталните капацитети;
 Став према испитувањето и испитувачот.
Опис на однесување – клинички наод

–Во текот на интервјуто момчето се однесува примерно, активно


учествува во разговороти воспоставува адекватен контакт со
егзаминаторот. Изразува загриженост за својата состојба, особено за
тоа дека му е страв да излегува сам од дома а од друга страна му е
срам да излегува со неговите родители. Сака да ја надмине оваа своја
здраствена состојба но се плаши дека нема доволно капацитет
,недоволно верува во себе и своите способности како и во својата
контрола. Во однос на суицидалните мисли, тие не се актуелни но се
плаши дека во момент на напнатост дека ќе посака повторно да ги
прекине своите потечкотии. Се проценува дека ризик од од acting-
out однесување постои.
Опис на однесување во тест
ситуација
 Како ја прифаќа тест ситуацијата;
 Колку ги разбира тестовните задачи;
 Колку ги разбира тестовните инструкции;
 Колку брзо и лесно или тешко ги изработува тестовните
задачи;
 Дали работи по пат на обиди и грешки или во еден обид ги
решава тестовните задачи;
 Колку е ефикасен;
 Колку брзо се заморува во изработката;
 Колку се користи со секојдневнои искуство, претходно
искуство од слични ситуации;
 Каков став има кон тестовниот материјал и целокупното
испитување.
6. Интерпретација на тестовните
резултати

 Ги мериме општите когнитивни способности,


односно интелигенција;
 Даваме интерпретација во која категорија на
актуелно интелектуално функционирање спаѓа
клиентот;
 Дали има пад на ментална ефикасност;
 Интелектуално функционирање на примарно
интелектуално ниво;
 Интертесно и интратестовно ниво на квалитет на
одговори;
 Скатер анализа (кои се јаки страни а кои слаби на
когнитивно ниво на функционирање).
Врз основа на Скатер анализата се дава интерпретација за:

 Општата информираност;
 Ефикасност на старото памтење и асоцијативно мислење;
 Интереси, усмереност;
 Ефикасност на практичното знаење и способност за практично
расудување;
 Моралните капацитети на личноста, социјабилност;
 Механичко памтење;
 Ниво на внимание;
 Квалитет на концентрација;
 Ефикасност на ментална контрола;
 Когнитивни капацитети за нивото на памтење,
ригидност/флексибилност на ментално функционирање;
 Математичко –логичко резонирање, мисловна еластичност;
 Ниво на мислење;
 Квалитет и начин на мисловно функционирање, среденост
и ефикасност на мислењето при дефинирање на поимите;
 Сфаќање на ситуацијата во целина, мисловна и перцептуална
организација, социјална интелигенција, способност за ефикасно
решавање на социјални проблеми;
 Разликување на битно од небитно
 Мисловна-перцептуална организација и визуелно моторичка
координација
 Мисловно планирање
 Апстракност и флексибилност на мислењето, прецизност,
истрајност, стабилност
 Асоцијативна еластичност на мислењето, брзина на ментално
реагирање, ефикасност при траен душевен напор.
Заклучок за когнитивно ниво и
мислење
 Функционира на ниво...

 Има/нема когнитивен дефицит, пад на ментална


ефикасност...

 Мислењето е на ... ниво (апстрактно, функционално,


конкретно или флуктуира меѓу сите три или две нивоа);

 Евентуална психопатологија во мисловниот тек и квалитетот


на содржината.
Ниво на памтење

• Каков е коефициентот на памтење;

• Дали има или нема грешки во


графомоторната изведба на тестовите за
органицитет;

• Заклучок за евентуално постоење на


органско церебрално оштетување.
Личност

– Анализа на тестовите на личност –


прашалници и полупроективни;
– Карактеристики на личноста;
– Структура на личноста;
– Психопатолошки карактеристики;
– Интерпретација на профили на
личност;
– Колку сака да се покаже во социјално посакувано
светло (анализа на ММПИ,ПИЕ, ЖС).
Ставови и конфликтни зони

 Анализа на ТНР и ИПС;


 Каков е ставот кон семејство, родители,
пријатели работа, сексуално функционирање и
слично;
 Се идентификуваат конфликтни зони и
амбивалентни ставови.
Анализа на Маховер и ХТП

– Карактериситики на личност во однос на стабилност,


конфликтни зони, сексуален идентитет, его состојба,
самодоверба и слично.
Заклучок

– Кратко за когнитивното функционирање;


– Карактеристики на личност;
– Психопатолошки карактеристики;
– Психодијагностичка импресија;
– Препорака.

You might also like