Professional Documents
Culture Documents
14. Скриеносемени растенија
14. Скриеносемени растенија
14. Скриеносемени растенија
Биологија 1
Проф. Нена Милковски
Тоа се најсложените и воедно најбројната група која ја населува Планетета Земја. Постои голема
разновидност на видовите, поради приспособеноста на различни услови за живот. Меѓу нив има
некои што живеат една година, некои и помалку, но има и некои што живеат и стотици години.
Формата им е најразлична, од приземни, ситни и тревести, до зелјести, грмушести и дрвенести
растенија. Главна карактеристика на сите овие растенија е семката која е затворена и заштитена
со плодот. Во процесот на нивното опрашување голема улога играат ветерот, водата, инсектите и
птиците.
Скриеносемените растенија се поделени во две поголеми групи:
- Дикотиледони - Монокотиледони
Дикотиледони Монокотиледони
Никулец со два котиледона Никулецот со еден котиледон
Стебло расте секундарно во дебелина Стебло не расте секундарно во дебелина
Отворени спроводни снопчиња Затворени спроводни снопчиња
Мрежеста нерватура на листот Паралелна нерватура на листот
Осков коренов систем со главен корен Жилест коренов систем
Цветот најчесто петочлен Цветот најчесто тричлен
Дикотиледони растенија
Дикотиледоните се најбројна група растенија. Тие се
класифицирани во повеќе редови, фамилии и родови.
Лутичиња,
fam.Ranunculaceae
Тоа се зелјести растенија, едногодишни, две и повеќегодишни. Многу од нив се култивирани, се одгледуваат
за храна на човек и животни, како и во фармакологијата за лекови. Карактеристичен вид е обична зелка,
карфиол, трупка, црн синап и овчарска торбичка.
Овчарска торбичка Capsella bursa
Brassica oleracea
Слезови,
Fam.
Malvaceae
Тука спаѓаат дрвенести и зелјести, листопадни и зимзелени, повеќегодишни растенија. Многу од овие растенија се
култивирани и се користат во исхраната. Се користат и како лекови. Често се декоративни растенија по нашите градини
и паркови, а од нивните мирисни цветови се екстрахираат етерични масла. Видот, дива роза или шип, Rosa canina,
содржи многу витамини и се користи како лековито растение. Тука спаѓаат: јаболко – Malus domestica, круша – Pyrus
domestica, слива - Prunus domeastica, цреша - P. avium, праска - P. persica, кајсија - P.armeniaca, малина - Rubus idaeus,
капина - R. fruticosus, јагода - Fragaria vesca
Шип - Rosa canina јаболко – Malus domestica јагода - Fragaria vesca
Пеперугоцветни
Fam. Fabaceae
Тука спаѓаат голем број видови, од зелјести едногодишни, до дрвенести повеќегодишни растенија. Голем број од овие
диви видови кои растат по ливади и пасишта, се користат како добиточна храна: детелина Trifolium, јонџа. Некои видови
заземаат и значајно место во исхраната на човекот: грав – Phaseolus vulgaris, грашок - Pisum sativum, леќа - Lens esculenta,
кикирики - Arachis hypogaea, соја - Soja hispida. Се користат нивните семиња кои се богати со протеини, или целиот плод,
пример мешунката на боранијата. Од дрвенестите, претставник е багремот, со потекло од Сев.Америка, а се користи за
пошумување кај нас Robinia pseudoacacia
Детелина - Trifolium Грашок - Pisum sativum
Луковиците на овие
растенија се богати со
алкалоиди, кои се користат
во фармакологијата.
Кокиче, Galanthus nivalis Нарцис, Narcissus poeticus
Лилјани,
Fam.
Liliaceae
Тоа се зелјести повеќегодишни растенија. Овде спаѓаат градинарските растенија, кои човекот ги користи во
исхраната: кромид – Allium cepa, лук – A.sativum, праз – A.porum, како и украснитре растенија: лале – Tulipa
sp., крин – Lilium sp., зумбул, момина солза. Од мразовецот (качунка) Colchicum sp., во медицината се
користи алкалоидот колцихин, како цитостатик.
Кромид - Allium cepa
Orchidaceae
Перуники,
Fam.
Iridaceae