Реедукација На Психомоторика-општа

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Реедукација на

психомоторика

Доц. д-р Александра Каровска Ристовска


Институт за дефектологија
Филозофски факултет
-Развој на идејата-
 Џон Конели – можности за ослободување од врзувањето на
психијатриски болните и ефикасноста на работната терапија
 Движењето е природен пат на осознавањето
 Сеген го открил движењето во самата природа со цел
поттикнување на сознајните процеси и социјализацијата на децата
со пречки (метод познат како физиолошка едукација)
 Марија Монтесори – „Сеген ги извади идиотите од вегетативниот
живот во живеење во сооднос со срединатата...идиотот стана
човек, влезен во човечко опкружување...тој никогаш повеќе нема
да биде индивидуа која нема моќ за адаптација во општеството.“
 Уште од средината на 19ти век се знае дека човечковите движења
се патот на размена меѓу човековиот начин на постоење и
придодата во која растеме.
Педро Понсе де Леон

 Игумен – свештено лице


 Пружал помош на глуви лица
 Ги отфрлил ставремениот поглед кон глувоста и ставовите на
Аристотел (дека од природата на глувите им е дадено да не
прозборат)
 Работел со 12 деца со неразвиен говор преку имитација на
фацијалната експресија на учителот, имитирање на пишани знаци,
читање и пеење на гласовите кои се обележуваат со тие пишани
знаци – докажувајќи дека и лицата кои се глуви од раѓање може да
прозборат
Переира
 Прогонет со семејството од Шпанија (евреин)
 Следбеник на Педро Понсе де Леон
 Ја подучувал на говор својата глува сестра (според некои девојка)
 Својата работа ја преточил во метод (според документацијата од
Француската академија на науките)

 Тој знаел дека кај лицата без развиен говор проблемот е во


оштетениот слух, бидејќи глувата личност произведува гласови но не
ги контролира и не ги вообличува;
 Си го поставил прашањето: со која друга човечка способност треба
да го замениме неразвиениот или оштетениот слух, со цел глувото
лице да може да владее со своите гласовни капацитети?
Переира
1. Тој ја открил тоталната комуникација (метакомуникација и
движења кои ги разменуваме со другите)

2. Ја воочил врската меѓу допирите на прстите ставени на


надворешниот ѕид на ларинксот и волевото ангажирање на
модулацијата на тие вибрации според желбата на субјектот. Ја
засновал идејата на фид-бек системите со кои може повторно да се
воспостави оралната комуникација. Успеал да ја премести спрегата
глас-слух на глас-тактилитет преку перципирање на вибрациите на
ларинксот.

3. Треба да се набљудува природниот развој на говорот кај децата


од редовната популација. Треба да се обновува доживувањето на
детството – Фројд 20 години подоцна кажал-Детето е татко на човекот.

4. Исцелителска љубов
Жан Итар

 Лекар, хирург во Наполеоновата армија


 5 години работел со момчето од Ајверон (длабок аутизам)
 Последната година од својот живот работел со Сеген кој тогаш го
сретнал и Ескирол и следела плодна соработка

Значењето на Итар:
 Сензомоторика – пат за дијагностичко и терапевтско делување
 Него го следеле Сеген и Монтесори (обид за будење на сетилата,
работата на перцепциите, извлекување на емоциите во социјалното
поле)
Сеген
 Син на лекар, студент на медицина во Париз, фундаментален
демократ, борец на рамноправност во општеството
 Со поддршка на Ескирол се вработува во болницата Бисетр
1. Работна терапија со неизлечливо болните. „Јас сум среќен ако
детето барем научи да го држи моливот во рака“. Настојувал неговите
пациенти да бидат среќни.
2. Педагозите му замерувале дека нема официјален план и програма
за работа. Тој е првиот кој се залагал за индивидуализирана работа.
3. Постуралност на телото – чувство на сигурност и удобност во
сопственото тело
4. Движењето секогаш се остварува со двонасочен правец на
перцепциите кои заедно со чувствата го надминуваат чинот на празната
комуникација и стануваат доживување. На овие доживувања Сеген ја
базирал психомоторната реедукација тогаш нарекувајќи ја метода на
физиолошка едукација.
5. Децата кои немаат играчки ќе ја сфатат реалноста подоцна и
никогаш реалистично.
Марија Монтесори
 Слободарски дух
 Одобрение од папата да студира медицина
 Избрала психијатрија и работа со деца со интелектуална
попреченост
 Метод на научна педагогија

Принципи:
1. Мускулите се привилигиран орган на телото бидејќи со нив се
остварува самиот чин на живеење на човекот во светот... Патот на
развојот е воден преку движењето. Таа верувала во можностите на
делување на менталните функции преку перцепциите,
препознавањето, сензомоторните активности и психомоториката.
Монтесори материјали...
2. Волјата има предност во развојниот процес. Послушноста е дел од
волјата.
Марија Монтесори

3. Менталниот развој се одвива од внатрешниот живот и


субјективитетот кон надворешниот свет. Кога детето ќе завладее со
своето внимание до таа мера да може да се врзе за реални работи-
неговиот ум е исцелен.

4. Детето е секогаш субјект во учењето. Единствено нешто што


можеме да му пружиме на поединецот е прилика да ги оствари своите
мотиви.

5. Децата трчаат кој оној кој се обидува да ги разбере...детето се


зближува со личноста која се обидува да му помогне.
Анри Валон
 Психолог кој се занимавал со детскиот развој и улогата на другиот
(алтер) во развојот
 Ставовите ги засновал на зреење на нервниот систем и развојот на
движењата кои че се обликуваат во своето социјално поле со
употреба со тек на време
Според Валон:
Првите активностите на детето од 0 до 3 месеци се само прости
моторни или гласовни распрснувања или реакции и немаат значење
за детето;
Од 6-8 месеци се добиваат првите прочистени форми: оттурнување
со раката, удирање со раката, поздрав за чао, разбирање и
користење на показалецот за карање;
Анри Валон
На 9 месеци почнуваат ехокинезиите кои се први обрасци на
имитација по модел;
До крај на првата година се јавуваат чувствата: радост, тафа, бес,
бол;
До крај на третата година детето развива два вида интелигенција:
практична (која ја користи за ракување со предмети) и дискурзивна
(со имитација и усвојување на говорот и јазикот);
На 3-4 години се развива претставна имитација;
После 6 години се јавува размислување и расудување или логичката
фаза на развојот.
 Влијанијата на социјалното поле ги разгрануваат човековите
чувства соодветно на квалитетот на надворешните дразби.
 Важно е телото да се осознае во околината, да се формира трага
при одењето, да се исперцепира одекнувањето на гласот, сликата
на ретината...
 Некои лица со вежбање може да одржат израз на лицето преку
кој не можеме ништо да дознаеме...додека некои се однесуваат
така што веднаш им се гледа што мислат...како деца.
 Луѓето од околната средина само му озвозможуваат на субјектот
да се изрази и да се оствари. Валон ја надминува таа поделба на
социјалното и биолошкото.

You might also like