Механизам на дишење

You might also like

Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

МЕХАНИЗАМ НА ДИШЕЊЕ

Дишењето е процес при кој воздухот се пренесува од


надворешната средина до белите дробови и обратно–
од белите дробови се враќа во надворешната
средина .

Респирација е процесот во кој кислород од


надворешната средина се предава на крвта,а од
неа се зема јаглеродниот диоксид.

Овие два процеси можат да се поделат во три


фази:
- белодробна вентилација
- дифузија на гасови и
- пренесување на кислородот
- Белодробната вентилација во која има размена
на воздух меѓу атмосферата и алвеолите во белите
дробови.
Се одвива во две фази: вдишување и издишување.

-Дифузија на гасови представува премин на


кислородот од белите дробови во крвта,а од крвта
јаглеродниот диоксид поминува во белите дробови.

-Пренесување на кислород до клетките и јаглеродниот


диоксид од клетките до белите дробови.Оваа задача ја
има крвта.
Физиологија на респирацијата
Белодробна вентилација
Размената на гасови во белите дробови се одвива со ритмичко
движење на градниот кош, односно со промени на неговиот
волумен. Истовремено доаѓа и до промени на притисокот во
градната празнина.
Движењето на градниот кош го следи движењето на белите
дробови. Овие ритмички движења се состојат од вдишување
(инспирација) и издишување (експирација) на воздух.

Човекот со едно вдишување прима околу 0.5 литри воздух и


издишува приближно иста количина.

Инспирацијата и експирацијата се повторуваат 12-15 пати во


минута што ја претставува белодробната фрекфенција или
бројот на респирации во минута.
Органите кои учествуваат во белодробната
вентилација се: градниот кош, ребрата и
меѓуребрените мускули.
Во овие движења голема улога има и
дијафрагмата.

Вдишувањето е активна фаза бидејќи во него


учествуваат меѓуребрените мускули и
дијафрагмата.

При вдишувањето:
- дијафрагмата се израмнува односно се
спушта, а со тоа волуменот на градната
празнина се зголемува. Истовремено
контракцијата на меѓуребрените мускули ги
подигнува ребрата нагоре, со што се шири
градниот кош. Со овие движења внатрешниот
притисок се намалува и белите дрoбови се
полнат со воздух.
Издишувањето е пасивна фаза во која
дијафрагмата се враќа во првобитната
положба, а исто и меѓуребрените мускули кои
го стегнуваат градниот кош и воздухот се
истиснува во надворешната средина.
При издишување со движење на дијафрагмата
нагоре и со релаксација на меѓуребрените
мускули ребрата се движат надолу, се
намалува волуменот на градната празнина и
белите дробови се празнат.
При овие движења на градниот кош белите
дробови се пасивни. Меѓутоа тие како
еластични органи се шират и се собираат
ритмично следејќи го движењето на градниот
кош.
Движењето на воздухот се одвива од надворешната средина кон
белите дробови, како резултат на тоа што гасовите секогаш се
движат од место со поголем парцијален притисок кон место со
помал парцијален притисок.
Кај децата бројот на вдишувања во минута е 20 до 40 пати, а кај
возрасните 12 до 20 пати.
Промени при вдишување: Промени при издишување:
-дијафрагмата се израмнува -движење на дијафрагмата нагоре
-контракција на меѓуребрените мускули и -релаксација на меѓуребрените мускули
подигање на ребрата и проширување -ребрата се движат надоле
на градниот кош -намалување на волуменот на белите
-намалување на внатрешниот притисок дробови
-белите дробови се полнат со воздух -белите дробови се празнат

You might also like