Download as pptx, pdf, or txt
Download as pptx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Респираторен систем

Секоја клетка во нашето тело има потреба од кислород.


Клетките го користат кислородот за респирација.Притоа
како отпаден продукт произведуваат јаглероден диоксид.

Кислородот се наоѓа во воздухот околу нас.Застапеноста на


кислород во воздухот изнесува околу 20%.
Јаглеродниот диоксид што го создаваат клетките во нашето
тело се враќа во воздухот.
Застапеноста на јаглеродниот диоксид во воздухот изнесува
околу 0,04 %.
Респираторен систем е органски систем кој служи за дишење.
Го сочинуваат органите што учествуваат во преземање на
кислородот од воздухот и пренесување во крвта,како и
ослободувањето на јаглеродниот диоксид надвор од нашето тело.
Органи на респираторен систем се:
 носна празнина
 Голтка - pharynx
 Грклан-larynx
 дишник
 Бронхии
 Бели дробови( бронхиоли, алвеоли)
Носна празнина
Воздухот влегува во организмот низ носна ила усна
празнина.
Но подобро е да се дише низ нос затоа што во носната
празнина воздухот се:
-прочистува со помош на влакненцата.
-затоплува со помош на крвните капилари.
-навлажнува со помош на мукозната мембрана.
Носната празнина започнува со отвори кои се наречени
ноздри. На средината на носната празнина има носна
преграда која ја двои празнината на две празнини во кои
има влакненца, крвни капилари и мукозна мембрана.
Голтка
Од носната празнина потоа воздухот оди во голтка pharynx. Голтката е заеднички
орган и за респираторен и за дигестивен систем. На дното од голтката има капаче
epiglotis кое при голтање на храна го затвара дишникот за да не ни залетне храна
во него.
Грклан
После голтката следува грклан larynx. Тој е изграден од 'рскавица и неговиот
преден дел е испупчен кај момчињата и наречен Адамово јаболко. Во гркланот
има кожни набори наречени гласни жици, кои при струење на воздухот треперат
и со нивното треперење создаваат гласови.
Дишник и бронхии

Од гркланот воздухот оди во дишник trachea. Тој е изграден од


полупрстенести 'рскавици. Во својот долен дел се грани на две
дишнички гранки бронхии, кои навлегуваат во белодробните
крила.
Двете бронхии се разликуваат по тоа што десната бронија е
значително поширока и се разгранува на три гранки- бронхиоли
кои навлегуваат во трите резни на белодробните крила. Левата
бронхија е потесна и се дели на две гранки, кои навлегуваат во
двата резни на левото белодробни крило. Овие бронхии се
разгрануваат на помали гранки(бронхиоли) кои на крај
завршуваат со меурчиња наречени алвеоли(ѕидот им е од тенок
епител низ кој лесно помнуваат гасовите, а обложени се и со
крвни капиларии за гасовите да одат во крвта).
​Сите овие структури наликуваат на дрво поради што се наречени
бронхијално дрво.
Бели дробови
Белите дробови се органи кои се сместени во градната
празнина. Тие се изградени од сунѓересто ткиво. Во нив
навлегуваат десната и лева бронхија кои во нив се
разгрануваат на бронхијално дрво. Десното белодробно
крило е нешто поголемо и поделено на три резни, а
левото белодробно крило е малку помало и поделено на
два резни. Обвиени со двојна обвивка наречена плевра.
Таа со едниот дел налегнува на градниот кош, а со
другиот на самото белодрбно крило. Помеѓу двете
обвивки има течност која ги подмачкува обвивките.
Просторот помеѓу белите дробови се нарекува
средоградие. Во него се сместени срцето и поголемите
крвни садови.
Под белите дробови се наоѓа дијафрагма- мускул кој има
улога во процесот на вдишување и издишување.

You might also like