Download as ppt, pdf, or txt
Download as ppt, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Опис на пиновите на

микроконтролерот
PIC16F84
Распоред на пиновите на микроконтролерот PIC16F84
Распоред на пиновите на микроконтролерот
PIC16F84

1. RA2-втора линија на портот А


2. RA3- трета линија на портот А
3. RA4/TOCKI- четврта линија на портот А, може да
биде и влез на тактот за тајмер/бројач
4. Инвертиран MCLR- ресет влез при појава на ниско
логичко ниво и Vpp напон за програмирање на
микроконтролерот при впишување на програма
5. VSS- маса на напојувањето
6. RB0/INT- нулта линија на портот B и влез за
надворешен прекин
7. RB1- прва линија на портот B
8. RB2- втора линија на портот B
9. RB3- трета линија на портот B
10. RB4- четврта линија на портот B или извор на
прекин при промена на логичко ниво
11. RB5- пета линија на портот B или извор на прекин
при промена на логичко ниво
12. RB6- шеста линија на портот B и влез за тактот во
програмскиот мод(при впишување на програма)
13. RB7- седма линија на портот B и линија за влез на
податоци во програмскиот мод
14. Vdd- позитивен пол на напојувањето
15. OSC1- пин кој служи за спојување со
надворешниот осцилатор
16. OSC2- пин кој служи за спојување со
надворешниот кристален осцилатор, а ако имаме
на OSC1 RC осцилатор, тогаш служи како делител
на фреквенцијата на OSC1 со 4
17. RA0- нулта линија на портот А
18. RA1- прва линија на портот А
Генератори на такт
 PIC16F84 може да работи со две различни
конфигурации на осцилатори- кристален
(XT) и RC осцилатор со работен такт од
4MHz, 10MHz или 20MHz во зависност од
типот на микроконтролерот
 На третата слика се прикажува обликот на
сигналот при вклучување на осцилаторот. На
осцилаторот му е потребно одредено време
ΔТ за да се стабилизира на одредена
фреквенција.
Спојување со кристален осцилатор
Спојување со RC осцилатор
Облик на сигналот при вклучување на
осцилаторот
Ресетирање
 Со ресетирањето сите пинови на
микроконтролерот се доведуваат во
почетна состојба.
 Значи, ако микроконтролерот се „смрзне“
или само што сме го уклучиле, треба да
се ресетира.
 За да спречиме случајно доведување на
„0“ на пинот инвертиран MCLR, потребно
е тој пин преку отпорник да се спои на
позитивниот пол на напојувањето Vdd,
како што е прикажано на сликата
PIC16F84 има повеќе начини на
ресетирање
1. Power-on reset (ресет при вклучување
на напојувањето). Тој трае исто колку
што му треба на осцилаторот да ја
стабилизира фреквенцијата(ΔТ ),
односно 72ms
2. Доведување на 0 на MCLR пинот
3. Ресетирање за време на SLEEP
начинот на работа
4. Ресетирање при пречекорување на
Watchdog тајмерот
Brown Out Reset
 Овој импулс го генерира самиот
микроконтролер ако напонот на
напојување падне под дозволената
граница која е потребна за нормална
работа на микроконтролерот, па го
„држи“ 72ms во ресет, колку што е
потребно да се стабилизира
фреквенцијата
Ресет при пад на напонот

You might also like