Налик на средновековно, фантастично, чудесно,сентиментално мистично...
Романтизмот е најсложениот и напротивречниот стил во литературата и во уметноста Појава на романтизмот • Започнува на крајот на 18 век и ги опфаќа првите три децении на 19 век. • Не се појавува истовремено во сите литератури и нема исти карактеристики. • Појавата и идеите на романтизмот се поттикнати од повеќе историски настани: Француската граѓанска револуција (1789), подемот и падот на Наполеон и др. револуционерни движења. • Романот „Јулија“ или „Нова Елоиза“ од Жан Жак Русо се смета дека го најавува романтизмот во литературата („Човекот е роден слободен, а постојано е во ланци“.) Романтизмот како реакција на класицизмот и рационализмот Класицизам Романтизам • Култ кон разумот • Култ кон чувствата • • Бунт против правилата Култ кон правилата • • Слобода на изразот, мистичност, Едноставност, јасност, хармоничност, симетрија чудно, чудесно, фрагментарност, иронија • Поучна функција на литературата • Естетска функција на литературата • Строга поделба на книжевните • Мешање на книжевните родови и родови и видови видови • Античката уметност • Средновековната уметност Особености на романтизмот • Светска тага/болка (како резултат на судирот меѓу идеалите и стварноста); • Незадоволство од стварноста, копнеж по непознатото и далечното, бегство од реалноста; • Култ кон минатото (среден век, крстоносни војни, хероизам); • Творечки индивидуализам (уметникот треба да ги изразува само субјективните чувства, ликовите се крајни индивидуалисти); • Стремеж за потполна слобода во создавањето (мешање на родовите и видовите и појава на нови литературни видови); • Доминираат лирските елементи во сите книжевни родови; • Култ кон народното творештво; • Идеализација на жената; • Пејзажот е во функција на изразување на чувствата/душевната состојба на уметникот; • Богат стил и јазик со стилски изразни средства, сликовит, музикален, ритмичен и др. Лирската поезија во романтизмот • Лирските дела се одликуваат со: 1. Спонтано изразување на најдлабоките доживувања на уметникот; 2. Нагласена звуковна организација на стихот и музикалност; 3. Пејзажот го симболизира поетовото душевно расположение; 4. Богат поетски јазик со епитети, метафори, антитези и оригинални поетски зборови. • Се појавува поемата како лирско-епски вид (дело во стихови, со нагласено емотивно доживување на ликовите и настаните). Епските и драмските видови во романтизмот • Како резултат на мешањето на лирските и епските елементи се појавуваат нови форми на романот: роман во писма (епистоларен), роман во стихови, роман во форма на дневник, мемоари и др. • Популарни се и историските романи и раскази, раскази со фантастични елементи. • Романтичарските ликови: ја сакаат слободата, имаат возвишени идеали, живеат во сопствениот свет на соништа, фантазија, се бунтуваат против општетсвените норми и др. • Во драмските дела преовладуваат лирски елементи, а честопати се испреплетуваат драмските ликови со писателот и публиката. • Темите на драмските дела се најчесто од историјата, од средновековни легенди, народната митологија и содржат многу фантастични и мистични елементи. Придобивки на романтизмот • Први започнуваат да го проучуваат народното творештво. • Романтичарскиот интерес за националната историја, уметност ја буди националната свест кај многу народи под туѓа власт. • Ги создале првите научни граматики во современа смисла на зборот. • Создале нови типови ликови. • Го збогатиле поетскиот јазик со нови зборови. • Создале нови литературни видови. • Ја ослободиле уметноста од строгите правила, стереотипи кои ја ограничувале слободата во творештвото. Претставници на романтизмот • Во Франција: Виктор Иго („Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“), Ф. Шатобријан, Мадам де Стал и др. • Во Англија: Џорџ Гордон Бајрон („Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Манфред“), С. Колриџ, В. Вордсворт и др. • Во Германија: Фридрих Шилер („Вилхелм Тел“), Јохан В. Гете („Страданијата на младиот Вертер“, „Фауст“) • Во Русија: Александар С. Пушкин („Евгениј Онегин“), Михаил Ј. Лермонтов („Херојот на нашето време“, „Демон“) Виктор Иго Александар С. Пушкин