Наставник- Зацеска Марија Што е претставено на сликата? Кои предмети можете да ги идентификувате на сликата? Секој предмет што го идентификувавте е направен од различен материјал. Да ја пополниме табелата. предмет материјал Зошто баш така ја пополнивте табелата? Зошто клупата е направена од дрво и железо?
Значи ќе заклучиме дека предметите се направени од
различни материјали. Што се тоа материјали? Материјали се супстанци кои ги користиме за да направиме предмети. Пример дрвото го користиме за да направиме маса или чкорче. Како ќе опишеме еден материјал? Опишете го материјалот од кој е направена масата на претходната слика!
Материјалот го опишуваме преку неговите својства
боја, форма, густина, тврдина итн. Опишете ги материјалите од кои се направени предметите на сликите. Дали можете да најдете некоја сличност? Дали можете да најдете некоја разлика?
Можеме да заклучиме дека:
- еден ист материјал може да има различна примена - мало, големо, тешко, лесно не се својставо - својство кое е за нас битно е густината (во случајот густината на железото) Досега забележавме дека еден ист материјал може да има различна примена. Дали може за иста примена да користиме различен материјал? Да! На сликите подолу е даден пример со кутии за накит направени од различен материјал. КОРИСТЕЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ
Како ќе одбереме кој материјал ќе го користиме за да
направиме некој предмет? Изборот на материјал што ќе го користиме за да направиме некој предмет зависи од тоа за што сакаме да го користиме предметот. Од каков материјал се направени патиките? Зошто не се направени од железо? За наставната содржина имаш на страна 16 и17 од учебникот.
Што треба да знаеш?
- Да правиш разлика помеѓу материјали и предмети - Да ги опишуваш својствата на некои секојдневни материјали - Да ја поврзуваш примената на секојдневните материјали со нивните својства.